@Цвет88 , кај тебе ситуацијава е да свекрвати се покаже како сезнајка.Според мене ако сакаш во иднина да избегнуваш несакани ситуации подобро е да не кажуваш што точно се случува.За тантруми посети доктор,џабе ќе објаснуваш ама баш никад нема да те сфатат.
За да маминото синче не се нервира јадното. Не, туку синот треба да седне да маса и да каже како стојат работите. И он е засегнат, зошто и он е повреден или вмешан. Домот и детото се и негови. Само штедете ги мажињата на овој начин. Се кажува тоа, ако син неможе со мајка муабет да направи. Ако се било во ред 30 години, ќе биде и сега. Мајка ми мене увек ми викала, каков сака нека е, ако ти си среќна, јас уште посреќна. Дали чисти, пере, пегла или не, не треба да засега никој друг. Снаата си има маж и тој е тој што треба да ја прекори доколку му смета. Ако сме одлучиле у заедница, таа да готви пере итн, нема наоѓање маани како е тоа сработено и обратно. Ако не сакам да ми чува дете некој, не сакам и крај... Ако не сме во заедница пак никогк не треба да занима дали дома е исчистено. Јас ич не и се секирам дали чисти готви пере пегла дома, нит па кога бевме заедно.. нејзино си е.. Јас си гледав моето да завршам. Таа е негова мајка, тој треба да укаже, а не да се најде навредена зошто нешто добронамерно сум кажала. Исто и му велам на мм... не може и јас да сум сосем ок,мораш да збориш и да укажуваш на грешки. Не ме чекај само мене да одиме кај твоите,оди сам со дете некогаш, зошто знаеш дека јас не можам. За да не испадне после и го бранам и синот и внучето. Значи, не е до снаите баш. Или до свекрвите. @AsteryStella ма посетено е... се е во ред. Најтрагично е што не кажуваме се.. Зборам за ситуации кога они се тука и гледаат...
Мајката или жената, зависи од ситуација.. Ебате мажот ако секад си стои по страна и пука сеир... Мамино синче... он совршен, жена му караконџула. Го скара со мамичка...
значи зајдовввввв за гомцето што се стркалало под кревет во секој случај страшно кажи му на маж ти да си направи муабет со мајка му зошо ова е веќе претеризам..
Треба баланс на работите..ни свекрвите се совршени ни снаите. .ама тоа дека снаите се само лоши и мани наоѓаат па баш и не држи вода.. Се они знаат, поготово кога ќе се роди детето..зошто за ќерките си ќутат и викаат а нема проблем ти си знаеш (во случајов кога се снаа и золва ) а за снаата не знае ништо овој јаден мој син.. е после го одвоила од мајка му..па што се женел ако треба со нив да седи и нивен да им биде??? Еве еден поука до сите млади снаи(јас веќе со искуство од 15 години сум стара снаа): не им се лутете на свекрвите, не знаат дека прават лошо не се свесни, затоа уочете им некои работи и терајте си работа. Не држте лутина и болка во душата ќе се разболете..Глеј те си мажите и децата и свиркајте си.. Убав викенд
Е ако де, бар да се насмееме малце... Шо ќе праи сирот муабет... Или се праи или стварно не слуша жената... И кажува секој пат, не смеам од тоа да се жалам. Ама не разбира... мисли дека само нејзе ја кривиме, за што и да кажеш против неа, како примерот со јадењето. Дете јадено, она нуди, дете не сака да јаде нормално. Она мисли и браниме она да и даде. Ако кажуваш дека е јадена веќе... нејзиниот мозок другачие перцепира.
Абе само маж и свекрва збори вака... Друг треба да си ја чукне главата... Ај објасни како тоа мажот никогаш не е крив???
А жена како збори? Мајката му збори на мажот нешто и смета со снаата. Жената му збори на мажот нешто и смета со свекрвата. И после мажот крив. Mајката вели жената го контролира мажот. Жената вели мамино синче. Што е мажот, судија ? Адвокат? Решавајте си ги вашите женски хормонални дисбаланси меѓусебно.
Ај уште еднаш.. Ако жена ти не го дава детето на мајка ти, тоа е нивен проблем, па сами нека го решат? Ако жена ти пред тебе ја вреѓа мајка ти, ќе си ќутиш?? Дека тоа меѓу нив си е. Значи нит жена нит мајка цениш. Ако земат да се бодат со ножеви пак ќе си ќутиш... Оти не те засега тебе меѓу нив си е. Не збориме дека е крив побогу.... Туку дека и тој треба некогаш да пресече, не зависно која страна е виновна. Секако ако чувствува нешто и тој.
Епа да. Од што ги ценам и двете ќе ги оставам да се избодат ако решиле. Ако тие решиле да се навредуваат, мажот е крив ? Тој ги предизвикува? Тој ли и дава ножеви да се бодат?
Ако пресече мажот, тогаш пак двете страни ќе се незадоволни. Едната ќе мисли дека мажот е повеќе наклонет кон другата. Мислиш дека маж може да ви го реши проблемот ?? Не ме смеј
Да де мажот не треба да се меша овие две нека копаат очи, мажот нека молчи ко некое муле. Се слагам од збор до збор со тебе.
Хормонални дисбаланси? Во право си, следниот пат кога ќе трча свекрвата низ куќа со бебето в раце и кога снаава ќе ја моли да и го врати ќерчето, нека оди некој заб да и распука па ќе видиме дали тогаш ќе кажеш решавајте си ги сами хормоналните дисбаланси. Пошо за мама боли. Ако не е мама кој ќе ти го брише газето на 35 години. Пази само да не останеш цел живот со мама да си правите ручек секој ден заедно. И по другари збори после како се жените лоши и само богати бараат. Ти си супер ама жените се лоши
Ве читам и решив да ви пишам. Како "стара снаа" од 10години веќе сакам да ви кажам дека се нервирате за глупости. Премногу е краток животот за толку мислење. Оставете ги бабите да бидат баби.Сум се нервирала и јас и уште некогаш се нервирам за нешто ама научив да се смирам и да си поќутам. Гледам дека тоа им е најголема радост на старите па нека се порадуваат. Се додека не е претерано од нивна страна. Сум живеела и во заедница,сега сами, па не сме се скарале со свеки. Едино многу ми пречи што дава телефон , ама и кажав и се реши тоа. После па ми беше криво дека и реков. Секако не е секој ден со децава. И за благо и за се. Баби се тоа си ги радува нив. Си знаат дека мајката се грижи за "посериозните работи". Би ви рекла да си бидите паметни и политички да се понашате со свекрвите, а богами и секоја помош да си ја искористите. Порано го карав маж ми ако бараше јадење таму, му викав ќе речат жена ти не ти готви. А сега искрено, радо би прифатила донесен или да појдам на ручек .
Никој не и забранува да ги види децата. Ама треба да сфати дека е баба, не мајка на децата. Ако јас на децата не им давам да јадат паштети (ова го земав за пример), она треба тоа да го почитува. Треба да ги занимава децата, а не да ги носи по комшии да слушаат они секакви муабети. Што правевте кај баба ви - Бевме кај некои тетки. Она нека ги носи по комшии, ама не секојдневно. Наместо да си поигра со нив, она се глупира. И ако детето се намокри треба да го пресоблече, а не да го остава така. Ништо не му фалело. Така се растело. И не ме чуди. Самата не води хигиена.
Јас сум 'млада' снаа ама ова со ручекот не го пропуштам. Доста различни карактери сме со свекрвата ама преубаво готви. Многу и прави мерак кога ќе и речам пример 'леле таа питата преубава беше, викај ме кога ќе ја правиш' и одма утредента ќе ми се јави. Одам, ќе ја испофалам и двете задоволни Во принцип сум мирна и преќутувам и сфатив дека за се треба 'дипломатски' однос ако сакам да испадне по мое, а да не се скарам. Од примери околу мене има многу лоши свекрви ама и снаи, да бидеме реални