А добро луѓе, навистина ме интересира какви беа односите пред бракот? Знам сите велите дека се се сменило, меѓутоа дали пред бракот мажите застанувале на ваша страна при одредена ситуација? Дали сега и тие се смениле? Свекрвите на страна, верувам дека нивниот однос е поинаков, туку што со сопругот?
Се беше ок додека да останам бремена со поголемиот. Одма почна да командува. Маж ми си ќутеше. Ми викаше - Остави ја. Е откако се породив почнаа проблемите. Изгледа му ја наполнила главата. Ама ја средив.
Епа не живеат заедно и не се испитале еден со друг дали функционираат под ист покрив. Што е безвеза, затоа е врската, пред да влезеш во брак треба да си милион посто сигурен. Кај нас срамота е да живеат заедно невенчани што ја отежнува работата, а уствари во реалноста може и да ја олесни па да заврши врската пред брак одколку после со развод или да се нервираш цел живот.
Твојата свекрва ти ги врши домашните обврски што е преголема помош, ти го чува детето за да можиш да одиш на работа и нормално дека само пофални зборови имаш за неа. Браво за жената. Да ти рекла дека несака да го чува детето и да немаш буквално никаква помош незнам дали исто би размислувала.
Се слагам со тебе. Ама да сакам да барам влакно во јајцето, не едно, сто ќе најдам. Аман од нервози. Животов е прекраток.. сакам и јас да уживам во него а и они.
Свекрвата и свекорот ги викаат мама и тато, ќерките сине... Не се знае кој во какво сродство е. Тежок е македонскиот јазик.
Сабалјето син ми не сакаше да оде во градинка. Плаче, вришти на цел глас два саата. Јас се дерам по него. Абе хаос. Во ред е свекрвата да не се качи да праша што е проблемот? Слуша дека нешто се случува, како место ја држеше да не дојде да праша што е проблемот со детето
Најинтересни се кога пред други ќе речат - Ела кај баба сине. Па ги лигават децата. А уствари не се интересираат за внуците. Ама пред народ мора да се глуми.
Во ред е. Кога и велам да не ми се меша во растење на детето, мислам да не ми се меша и проблем ко ќе имам. Не може само мене кога ми одговара. Ако сакаш помош ќе побараш. Јас сум го родила, нема да очекувам некој друг да ми решава проблеми. Ај цело време збориме да не се мешаат и на крај ќе напишете зошто не дошла да ми исмука.
Ако не праша што му е на детето зошто не прашува, ако праша што му е на детето се меша. Ај одлучи се што сакаш во животот и прави така а за свекрвата око да ни ти трепне. И подобро да не ти се меша ама со тек на време ќе сфатиш
Ако сака ќе се интересира, ако не не. Не е фер да кажуваме нејќам да ми се меша, ама сакам да се заинтересира за моите проблеми, да ми исмука. ручек да ми направи. Зошто да направи ручек? Никакви очекувања немам од свекрвата. Затоа кога се меша кај што не и е место имам чиста совест да и посочам. Ако велам дека јас го зедов маж ми за маж и само маж ми а не нејзе, тогаш немам што јас да очекувам од нејзе да ми го олеснува животот. Некои свекрви очекуваат ручек да им прави снаата, да им поставува, да им раскрева. И снаите се лутат со право. Зошто тогаш да очекувам свекрвата да ми прави ручек?
Се зафркаваш? Да се качи да праша што е проблемот таа ќе си го добие. Јас не сакам да се качи и да праша што е проблемот! Можеби и таа се плаши од твојата реакција, а сепак е загрижена зошто плаче детето. Ако толку ти е чудно или сакаш да се качи, слези ти и побарај помош на пример што знам...
@Цвет88 многу убаво се изнакажа. Мислам дека го начна коренот на сите проблеми, феноменот се вика проблеми со стари луѓе. Пошто и мајка и свекрва спомна. Не мора да се многу стари, доволно е така да се чувствуваат, сепак староста е релативна категорија. Некои стари луѓе или поточно жени на кои им се испразнило гнездото, т.е. децата заминале од нивниот дом, не знаат баш што со себе па прават драми, некои дури и театар. Ептен те разбирам, и јас сум мајка на специфично дете. Можеби дека растеме без баби, кога ќе ги видиме еднаш годишно, никако не можеме да се најдеме на иста бранова должина. Можеби ќе беше исто и да ги гледавме почесто. За снаите со свекрвите- пробајте да замислите дали иста ситуација би се случувала кога би живееле со ваша мајка наместо со свекрва. Можеби е до свекрвата, можеби до вас, можеби до староста. Ама родители се, биле тука за вас, имајте малку повеќе трпение и разбирање и вие за нив.
@Lovely22 кога ќе и го оставаш детето на чување тогаш мисли му ја. Кога одам кај свекрвата јас трчам по децата. Амо има желба да ги изнесе надвор, ок. Ако и ги оставиме на чување (што е реткост кога сме таму) она се 'грижи' за нив.
Абе ич нека не иде. Повеќе ќе те изнервира само. да е мојава ќе се трупоса после 15 минути и повеќе ќе ме нервира зошто ќе каже "бабе, што е бабе" во рок од 5 минути 200 пати и она ќе почне да плаче со него. Озбилно ова со плачењево. Кога помал и се корнеше од плачење оваа идеше и од жал повеќе од него плачеше. Да незнаеш ал е смешно ал е за лекар работава.
Си ги читала ли жениве во темава кога се жалат од свекрвите со кои живеат во заедница, штом заплаче детето одма тие трчаат, дури и сред ноќ со целиот памет ќе им се пикнат во спална и ќе изигруваат поголеми мајки од мајките. Како мајката не може да си го смири детето, па тие ќе се плеткаат да го смируваат, како тие сè да знаат. Е тие жени имаат проблем. Ти немаш. Биди среќна што немаш таков проблем, некоја да ти го качува притисокот. Имаш супер свекрва што си го знае местото и не сака да ти се меша.