^ Поубаво од тоа амин. Дедо ми кренал два спрата за вујко ми, ден денес им плаќа сметки. На негово име е се, усно се договараа да плаќаат и они, ама они не плаќале па еве пола пензија му е од извршители блокирана. Нејќат на нивно име да се префрли ништо за да не плаќаат. И дедо ми сеа вика-ќешки стан да купев што кревав два спрата.
И јас стојам супер со свеки. Имавме шкљ периоди, меѓутоа се надминаа, со разговор и толеранција. Инвестицијата во катот ќе беше пола стан. И пак немаше да биде мое. Па ни на мм. Во иднина би било. Катот си стои за нас секако. Никогаш не замерија што не останавме таму, баш напротив. Дури и помогнаа колку можеа и сакаа.
Сите што терате инат со свекрвата колку да се тера инат ај послушајте совет од паталка не гаталка. Престанете со инатот и не покажувајте слабост пред зборовите на свекрвата и со ладна глава слушајте/гледајте што зборува и како се однесува може ќе сфатите што сака да ви каже и у суштина дека нема лоша душа свеки, а можда и ќе се убедите дека е 100% за никаде свеки. Како и да е со смирено однесување и размислување многу ќе ви стане појасно. Или ќе видите дека е добронамерна свекрвата ама мрчало и прифаќате таква е и живот тече понатаму или ќе видите дека е олош и ставате на игнор и пак живот тече понатаму. Еве денес ситуација со мојава, ја земавме со нас ја прошетавме и вели вие многу патувате. Да беше порано ќе се налутев и помислев кај те шетаме со нас уште си земаш слобода и право да ни се мешаш во плановите. Ама по год. искуство си ќутам и она продолжува со муабетот не ми пречи што шетате него се секирам кога сте по патишта, па вируси-корона и бла бла, па да не ви се случи нешто и она си реди се што и лежи на срце јас си гледам по пат пејзажи си сликам, си потпевнуваме со мм на по некоја песна на радио и така. Поминал патот она си кажала нејзиното ние нашето и пак животот тече понатаму. Дали ќе дозволите да ви тече во нервози или во весеље само лично од вас зависи и од никој друг ни маж што рекол/направил ни свекрва што рекла/направила. А за катот на куќата на ниедна снаа не и е до катот, како секоја снаа што сака на раат да си тера домаќинлук како и одговара така и свекрвата треба да прави и чини. Секој свој оџак да гледа како му чури. Ама не иде работава енде и има опција кирија е има и опција кредит до 101 и назад за отплата, ама раатот е бесценет и тоа е, врти-сучи изборот е ваш.
Не збориме за мрчатори, ниту тера некој инат. Да се седне на маса и да се направи план, јас барем за тоа зборам, а не само желбите нејзини како неизживеана. Затоа игнор.
Јас и маж ми сме едни од тие кои "имаат спрат" од 200 квадрати за 3ца браќа плус мајка му и татко му. Нормално нели, не ни сакавме да седиме и вложуваме таму и си купивме свое. Од тогаш почнаа проблемите Навреди, уцени, забрани и што уште не. Да беа постари, па може и ќе разберев да размислуваат така уназадено дека синко "треба" да седи со нив, но луѓе од 45 години
Наместо да креваат спрат, подобро е парите во банка и да им ги дадат на децата кога ќе им затребаат. Ама они сакаат да си ги контролираат синчињата. Во комшии имам 4 фамилии во иста куќа.
Токму тоа, да ги контролираат. Какво ставање пари во банка хаха тие секој денар што ќе им дојде во рака го трошат, поважно е да се шета и коли да се купуваат, за тоа збори народ . Спратот е кренат пред 10тина години и уште немаат намера да го опремат и да се преселат да живеат во нормални услови, ако не за нив, барем за двете малолетни деца. Во подрумски простории живеат каде што нема нормални услови за живот од друга причина која не сакам тука да ја наведувам.
Ретко кој се нафаќа да оди под кирија кога веќе има свое. Маж ми се нафати. Господата си опремиле дел за него. И нормално, јас не сакав таму да живеам. Одма почнаа проблеми.
Добро е што имаш современ маж. Јас не знам како може да гледаат проблем кога се трудиш да створиш свое и не чекаш од нив. Ама не, мора да се биде со нив и они да раководат со сите финансии и со сечиј живот. Да бидеш слуга и дома и плус на работа да одиш, затоа што нели, женско си. Епа нема. И одма "губиш" наследство мислејќи дека така ќе те премислат. Каде со тој памет, синот го гледаат ако некаде случајно го сретнат, а внукот само на слика која некој друг ќе им ја покаже.
Тоа со финансиите свекрвата мислеше дека кај мене ќе го применува. Викаше - Вашите плати ќе одат кај мене. Хахах. Мало сутра. Кој фактор е она за јас да и ја давам мојата плата.
Па затоа кога ќе прави куќа на повеќе спратови се става посебен струјомер и водомер, секој нека си плаќа иако куќата е на едно име и не е поделена.
Ова бе!! Просто неверојатно дека воопшто е можно. На другарка моја баба и покојна беше шеф дома. Палеше-гасеше. Финансиите кај неа, и од татко и, и од мајка и, па таа управуваше со парите. Почина пред некои 15-16 години и мислев тоа е последниот примерок од таков вид. Полошо нешто од тоа да си зависна од маж и да му бараш пари за влошки, е да работиш и да ја даваш платата на свекрва ти, па од неа да чекаш пари за влошки. И после ќе речат патријархат, а поише личи на матријархат. Абре од менталитетот си патиме.
Џабе. Ако се води на дедото, пак дедото ќе треба да плаќа. Будала шо не ја продал и да си купел станче за него, па кој-како сака нека се снаоѓа.
Ако се уште не е поделено едниот приклучок за струја ќе го исклучат, дедото пак ќе има. Ако сакаат да имаат и тие ќе си платат.
Да се чудиш. Она имаше план да живееме јас и маж ми со неа. И сакаше нашите плати на неа да и ги даваме. И свекорот неговата плата и ја дава на неа.
Сакала да биде госпожата министер за финансии и внатрешни работи Јатрва ми ми имаше кажано, дека и нејзе и побарала да и ја дава платата додека живееа заедно. Не знам, не ми е јасно што си мислат во главата со таа идеја.... Дека си мало дете што незнае со пари? Дека е она Big boss? Стварно не капирам каков е тој мозок.Како изгледа тој момент кога ги бара парите?? И како со вакви ќе градиш однос, ќе воспоставиш комуникација, или било како ќе се разбереш.(предлогот на членки погоре). Кој е компромисот тука, да и се даде пола плата и двете среќни задоволни? И драмите, бурите што ги креваат ако сакаш да живееш одделно. Кога се работи за ваков тип на жени нема разбирачка тука и компромиси. Само драстични мерки.
Во контекст на муабетов, во фамилија имам снаа - 50 години, не работи ама платите на сите кои работат се кај неа - на маж и и на двете деца, па она им дава џепарац.
Убаво реков јас. Само дрско со такви. Јатрва ми така постапи па на неа не смее збор да и каже. @NEA и свекрва ми не работи. Зашто да работи кога може да си тера мајтап со свекор ми.
Е како не работи, министер е за финансии Па таа истата ќе биде утре и свекрва шо ќе ги бара платите на снаите. Инаку за твојот случај од многу луѓе сум чула оправдување, као ете може синовите ги трошат на безвеза ствари па она им ги штеди. Ма ајде.