Дали сте сериозни? Не можам да поверувам дека има луѓе кои ги бараат платите на својата фамилија на "чување" има да ја откарам у три лепе и никогаш да не и текне ни денар да бара. Јас не ни можам да ја замислам ситуацијата некој да ми рече парите од плата кај мене. Што нем по светов.
Па што мора да живеат во иста куќа ако трчат низ неа двете како ненормални Не боли за мама. Боли тоа што две жени не знаат да си ги решат меѓусебно хормоналните дисбаланси. Мене лично не ми го брише газето никој од 18 години. Живеам сам од 18 години, сега сум среќно оженет со дете и си живеам самостојно. Не мораш да ми се обраќаш лично. Ги немам јас овие проблеми само гледам наоколу што се случува. И според мене снаите се криви и никој друг. Требало да си го покажат вистинското лице дури се во врска. А не потоа во брак и со родено дете, да се прават шерифи. Или запоти си газот па се прави шерифи. А такви за пари што свекорот и свекрвата со мама и тате што ги нарекуваат има милион.
Мојата викаше ако сме биле од аирот ќе сме и давале сите тројца дома по 50 еур и ќе било како и таа да работела. Што сум јас должна на некоја што сака да е домаќинка цел живот, да и давам пари кои се лично мои? Јас и се изнасмев толку слатко што не и текна да спомне пак. Ако е она е аирот не ќе правеше таков муабет.
Да бе жените се криви со хормонален дисбаланс, а мажот кој не знае да и покаже и каже на мама каде и е местото и си ќути како муле не е за ништо крив. Алал да ти е што живеете посебно и се, ама утре ако дојде мајка ти и почне да ја вреѓа жена ти, а таа од почит кон тебе не и враќа со иста мера, жената е крива а не ти што не знаеш да ја одбраниш и да застанеш на страна на твојата фамилија. Сите сте исти бре, само мама да е среќна.
Среќно оженет, а може жена ти најактивна е во темава Жал ми е за таквите ко тебе што и возрасни се плашат од мама.
Сериозна сум. И на мене не ми се веруваше. Платата, сега веќе пензијата на свекорот е кај неа. Колку ќе му даде она, толку ќе потроши. И на едниот девер платата е кај неа. Да се чудиш.
хехехехе, ај важи се плашам од мама. Жена ми не е на форумот, нема време за глупости. Не мешај баби и жаби. Секако дека секој маж треба да си ја одбрани жената ако некој ја навредува и напаѓа. Тука нема компромис. Јас зборувам за тоа дека жените кога се во врска тогаш не и сметат ни свекрва ни маж и е муле или мамино синче како што сакате да кажете. Вие си имате една цел, само вашата фамилија е битна, само вие имате родители, не ги цените родителите на вашите мажи. Секогаш вие први го почнувате проблемот. Впрочем заради вас и брат со брат не се сакат. Ама за вашата фамилија се најдобро. Тоа ви е у вашата природа и мора тоа да го признаете.
Брат со брат не се сакаат пошо се глупи. Никој не им е крив што се глупи А ти кажи од која планина си слезен
Како да ги ценам родителите на маж ми кога они мене не ме ценат. Со свекорот немам проблем, ама со жена му, да.
Неколку членки ги погоди мојот прв коментар, изгледа се пронајдоа во пишаното. Па потоа ме окарактеризираа како мамино синче или слезен до планина. Нападот е најдобра одбрана За тие што се сеуште во врска. Покажете си го вистинското лице уште сега. Да не настанат после проблеми во брак.
Не се сеќирај утре за ќерка ти ќе бидеш најарен ако и викаш дека е крива за се', не се покажала пред брак.
Ќе ја советувам да си го покаже вистинското лице пред брак. А не покасно. Затоа тука има секакви примери. Затоа што си ќутеле у врска, се и било погодено тогаш. Не ја сфаќате поентата. Одма вреѓате, мешате ќерки. Толку ви е капацитетот.
Ама нормално е дека и било погодено кога на пример се уште не живеела кај нив или немале бебе. Од кај да знае дали ќе и го дава бебето после свекрвата да го држи или ќе мора со полицијата мајката да го зема бебето од свекрвата. Да земе кукла во врска и да вежбаат на неа? Како да живеат и во врска заедно кога за некои свекрви тоа е срамота.
Шо да им смета додека не живеат заедно? 2-3 саати на ден, неколку пати во неделата, најчесто и помалку... како ќе ти каже каков е некој ако делиш дом со него? Мажите отпосле си го покажуваат вистинското лице - можеш и така да речеш. Нели?
Има да,и јас имам таков случај од роднина.Снаата не работи и секој месец братучед ми на неа и ја дава платата.Тоа е некој комплекс.Луѓе што не работеле цел живот тоа го прават.