Ама добро, животот да застане ако она не сака да го чува? На се му се наоѓа крајот, па и на ова. Братучед ми и двете деца од 8.5 месеци ги носат во градинка, сами се во Ск, родителите им се во внатрешноста , па на децата ништо не им фали.
ке се мењате со маж и твоите ке ти помагат тие што се во странство што немат свекрва со нив како ги гледаат не е лесно точно ама не е и неизводливо
Ни овде не бркаат од работа за боледување, од каде тоа? Ако за тоа те избркаат, можеш да ги тужиш, да ги изгориш. Со мажот ќе се организирате за детето. Јас работам на раб место кај што се оди 3 смени, 99 посто сме жени на работа, се со мали деца. Еден куп се дојдени од други градови, без баби овде, па по две три деца исчуваа. Со градинки, со боледувања, со денови одмор, менување смени, се' се може кога се сака. Ниедна баба не е должна да чува внуци, ниту па би сакала да ми чува дете ако неубаво се однесува со него.
јас така сама 9 години гедам деца порасна моите тешко е да ама не и неизводливо штом мм е во странство ти седи си и гледај си ги децата дома
@No Makeup Децата се од мајката и таткото. Свекрвата во никој случај не е виновна ако не работиш односно ако не сака да го чува. Болно дете си ја бара само мајката. Штом маж ти е во странство по логика не би морала на цело работно време да работиш, работи на пола или нешто повремено или ич не работи. Во странство е лесно да се плати жена па по таа логика маж ти може жена во Мк да плати (уште поефтино ќе му е отколку да сте странство) и ти ќе можеш да работиш. Ако ти дадат отказ поради боледување за тебе или за дете ќе пробаш да ги тужиш и рекламираш насекаде. Должни се да обезбедат доволно вработени и да смее некој болен да биде. Ако и така не оди како што имаш замислено ќе одите и ти детето странство, ќе работиш и ќе имаш и за градинка и за жена и свекрвата нема да е крива за ништо и нема да те избркаат ако земаш боледување за тебе или за дете. И пак речам твојава свекрва не е крива ни што не го носи до продавница ни што нема да го носи во градинка кога ќе работиш.
Хаха јас во 7ми месец трудна добив закана од рсботодавецот дека ќе бидам отпуштена ако земам уште еднаш боледување, а морав да земам тогаш, имав проблеми со притисокот. Башка кога дознаа дека су трудна од пријавена на 3 месеци ме пријaвија на 1 месец, за ако сака побрзо да ме избрка. Кога си на неопределено пријсвена законот е за се на твоја страна, а кога не си, се вадат на истекување договор, па и трудна да си зсконот ти бара докази дека намерно те избркал и секако губиш. Јас кога земав боледување за нега на дете 15 дена зошто беше болно, шефиците и газдите се чуделе како таками дале боледување пс не сум била јсс болна. Ништо да не ве чуди. Секако дадов отказ сама после тоа.
Мене тоа не ми е јасно ама за во друга тема е. Член на фамилија веќе 5 години работи на исто место и цело време со договор на 3 месеци. Нема ли некој закон за тоа? @Cka Ти ги познаваше законите? Како е тоа можно? Брат ми веќе година и пол добива договор на 3-4 месеци нз точно. Кај мене на работа на пример после две години мораш да добиеш договор на неопределено. Прво на 6 месеци, па на 12 и најчесто на 18 месеци на неопределено. Како е ова цел живот на 3 месеци договор? Закон?
Јас кажав да се изјадам не барав совети искуства и лекции. Башка што ситуацијата е многу мн покомплицирана. Викам жена на жена поддршка ама...
Полесно ќе ти е ако си самостојна. Ако не зависиш од никого нема да имаш ни од кого да се разочараш. Подршка ќе ти бидеме за сама да ја водиш борбата градинка и работа. Ќе ти дадеме подршка за соодветно решение како да уклопиш градинка и работа.
@No Makeup проблемот во твојот случај се твоите очекувања како свекрва ти да се однесува со внука и. Вака да си правиме муабет и мене ќе ми дојде малку чудно тоа што свекрва ти не покажува основно внимание кон внука и но секое чудо три дена па и ова плус да знаеш не е само кај тебе ваква ситуацијата. Затоа пред се за одгледување и воспитување на дете треба да си самостојно и емоционално и психички и финансиски спремна, дека ништо денес што имаме и луѓето кои ги имаме околу нас не ни се вечно загарантирани. Намали ги очекувањата и нема да се јадеш самата себе си. Малку подобро организирај си се со ќерка ти и со тек на веме нема да приметуваш ништо од тоа што не прави свекрва ти ем повеќе време ќе минуваш со девојчето и уште посилна ќе ви биде родителската врска мајка-ќерка.
малце настрана од свекрвите ама ај да ти одоговорам да сосем законски е да ти направе договор и на 1месец и на 3 и на 2 и на 6 на колку сака на толку така е днесен законот а кој ги ное законите и ој ги има фирмите знаеме така даа заклучокот е си ги носат законите работодавците баш како што нив им одоговара
После 5 години во иста фирма или непрекинат стаж, мораш да си нс неопределено пријавен. Ама овде кај нас во државичево е све наопаку и не важи законот за секого. Јас кога сфатив и прочитав дека може да ме избрка и трудна се запрепастив. Каков е тој закон кој ги дели луѓето според начинот на кој се пријавени
Како бе зошто? Па нели на бабите и дедовците најмили им се внучињата и се што е во нивна можност ќе направат за нив. Свекрва ми седи со син ми само кога мажот ми ќе и рече да го причува пола саат. Тоа е од што и рекле а не да изрази желба да седи со него. Навистина неможам да разберам. Дочекале внуци а воопшто не се заинтересирани