Мене трудна одма отказ ми дадоа ама тогаш не бев при себе па нит се побунив нит ништо. Беше место на кое не можеш трудна да работиш ама се уште не знам дали те следува нешто така.
Оти да не можиш да разбериш? Ваљда има право да одлучи како ќе го мине времето жената. Кај пиши дека бабите и дедовците мора да ги чуваат внуците?
Неможам да разберам таа да е дома да не оди на работа а не сака да го чува внучето за мајката да оди на работа за да му обезбеди подобар живот на детето. Е тоа никако неможам да го сфанам. Зошто да не го чува??
Реално и мене ми е чудно да не сака, меѓутоа тоа не би ми било проблем да го разглабам, не сака - не мора. Јас никогаш не се ослонив на свеки да ми чува дете, баш затоа што не мора, откако кажа дека сака, а гледам и дете е среќно таму тогаш почнавме да ја оставаме на чување. @Lovely22 треба да се помириш дека не сака и да бараш друго решение. Со сила не бива.
Па нели не сакаше да го носиш таму дека мирисало на цигари? Ти едноставно си бараш причини да се караш со свекрвата, која патем има право да прави што сака и не ти е должна да ти изиграва дадилка. Однеси го детето во градинка, тоа е во секој случај многу подобар избор отколку да чмае дома по цел ден.
Можеби жената знае што следува после во најголем дел од случаите... пушела пред него, дозволила да се удри во масата, му дала чоколадо... Некои и со тефтер го оставаат детето на чување. Вака на раат ќе си е свекрвата, чиста сметка долга љубов. Па и секоја што би ја прочитала темава би добила уплав внучето да го чува.
Немора дома да пуши, ништо нема да и биде ако пиши надвор за доброто на НЕЈЗИНОТО ВНУЧЕ. Добро бе, да сте само на една плата на овоа скапо време, таа е дома нема никаква обврска и во лице ти вика јас нема да го чувам (во градинка не го примаа) тебе сеедно ќе ти биде? Како може да споредуваш баба и дадилка?? Како има баби кои ги чуваат внуците?
А зашто да се нервираш? Што ќе смениш? Ти кажала јасно и гласно дека не сака. Прифати ја ситуацијата каква што е и барај друго решение.
Свекрвата си постои затоа што си постои, не постои за да трча по твоето дете. Срамота е малку. Ти си му мајка, погрижи си се за детето
И свекрва ми е дома, па не ги чува децава. Ама само моите. За другите не е проблем. Мајка немам, така што јас си ги чувам. И ние сме со една плата.
@Lovely22 Ти си типичен македонски менталитет. За некое време ќе го примат во градинка и ќе почнеш да работиш. Не може цел живот да не го примаат. Наместо енергијата да ја насочуваш на тоа што свекрвата не сака да го чува пренасочија на досаѓање во градинката и наоѓање соодветна работа.