Да, јас сум таа со цигарите. Што ти е јасно? Дека неможам да разберам како баба неможе да биде заинтересирана за внуче?
Како има, има така некако. И мене баба ме има чувано додека можеше па не ми избега градинката на крај. Прифати си дека твојата свекрва не сака да го чува вничето, тоа сепак е нејзино право. А и дека му пуши во иста соба со внучето биди среќна и што не сака да го чува, и ти од неа на раат и детето на раат од чадот од цигарите.
Проблемот со тебе е што никако не можеш да разбереш дека не може ем да бараш услуга, ем при тоа да поставуваш услови. Тоа се вика ем шуто ем боде. И скурчило на жената ем да ти се наоѓа за чување ем да те трпи како и душкаш по дома дали им дала на гостите да пушат внатре и нормално дека не сака да си прави секојдневни стресови. И како тоа не го примаат во градинка?
Има случаеви во малите места. Кај нас градинката е полупразна, ама на пример деца над 2 ипол/3 години не ги примаат во градинка ако не се одвикнати од пелени.
Прават прекин од 1 ден за да нема континуитет од 2 години за да не дадат решение за стално. Вака се согласно закон А лавли, само ти и маж ти имате обврска да чувате дете. Никој друг. Детето за рака и у градинка.
Чим може пушти го во градинка барем ќе се радува до деца штом сега го примаат, а ти најди си работа и уживај во времето поминато надвор од дома, барем за неколку саати нема да се замараш со неа. Јас се молам да нејќе да го чува ама мојава секој ден по 10 пати ни вика јас ќе го чувам, та јас.
Што се бе должни свекрвите да ви ги чуваат децата? Па изговор ете демек затоа не работам.! Море има да го носам од 8 месеци ако треба и ќе работам, оти свесно сум го донела на свет и јас сум таа која треба да му ги обезбеди сите неопходни поволности. Нит мајка, нит свекрва ме натерале да родам, па да очекувам дадилја неплатена со полно работно време.
Мене само ме интересира колку години има свекрвата што треба само на внуци да се радува и се останато во животот да подреди на нив.
Сакам еден ден да имам снаа која по своја желба ќе дојде да живее во мојата куќа и при тоа ќе сака да ми створи ред во мојот дом. Т.е кога да спијам, кога да го чувам нејзиното дете, да ми забрани да пушам кога сакам и колку сакам. Едноставно да ме научи да живеам онака како што таа си зацртала дека нејзиниот живот ќе биде поубав доколку мене ме стави под нејзина контрола. Страшна работа!!
Е добро јас немам свекрва имам три деца и одам на работа. Значи ако може за три да се организирам со мм за едно не станува збор. Тоа е носиш во градинка, школо, воншколски активности зимаш и се тоа по три па не би останала дома под изговор дека нема кој да ги чува. И дека седите дома вака си наоѓате проблеми кај што ги нема. Седите дома и само гледате што прави што не прави свекрвата. Да одиш на работа нема ни да ти текнува на неа.
Најверојатно сопругот си има земено породилно Јас навистина не знам на тебе како да ти се долови дека бабата нема ама баш никаква обврска околу твоето дете. И зошто не дадеш одговор на нешто што те прашаа погоре? Зошто не и кажеш на мајка ти да си даде отказ од работа и да се пресели кај тебе да ти го чува твоето дете. Или нека си најде работа каде ќе оди само втора смена , а ти прва. Така ќе има на кого да го оставиш. И тоа нека иде кај тебе дома. Ваљда е непушач мајка ти. Али и да Е, ќе и кажеш да не пуши
@Lovely22 очигледно дека и за претходниот твој проблем и за сегашнава дискусија си убедена дека си во право, и секој друг коментар за тебе е неприфатлив, дури и кога е комплетно логичен и убаво објаснет. И јас се ставам себеси во категорија "лоши снаи", строга сум, инат, се расправам за детето со сите ако не е по мое. Ама ти си на сосема друго ниво. Твоите желби и потреби, и тие на твоето дете, се твој проблем да си го решиш, и не знам зошто не разбираш дека никој не е должен да се замара со нив. Супер е да се има помош, дали од мајка или свекрва или кој и да е друг близок, ама реално овие маки се твои и на маж ти, и немате никакво право да очекувате некој "да ви излезе во пресрет" со чување на деца или домашни обврски. Тоа што живееш во иста куќа со свекор и свекрва не значи дека тие се должни да ти угодуваат, исто како што ти како снаа не си должна да им се притресуваш. Ја тагнав Лавли, ама ова општо го кажувам за сите снаи во темава. Или преземете си обврска за децата и домот во целост, па не се замарајте со постарите, или очекувајте да ви ги чуваат децата и да бидете безгласна буква во НИВНОТО семејство наместо да уживате во своето. Јас го запишав детето во градинка да почне на 9 месеца. После мајка ми се понуди да го искористи одморот за да подоцна почне со градинка. Нити сум и рекла да чува одмор, нити очекував. Бабите што сакаат да чуваат внучиња си кажуваат, јас на ниедна баба не сум и го оставила детето кога мене ми текнало. На забар и гинеколог не сум била од кога е родена зошто секаде ја носам со мене, следнава недела ќе одам што ќе почне во градинка. За да исчистам веце се договарам со маж ми да ја чува он. А имам две баби на располагање што знам дека нема да ме одбијат за чување. Ама пошо сакам да не ми се мешаат бабите во мојата куќа, не се мешам и јас во нивната. Некои луѓе не сакаат да чуваат деца, без разлика што им се внуци, не знам зошто тоа е проблем да се разбере. Со сила не можам да им оставам дете по цел ден секој ден.