Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.787
    Допаѓања:
    141.972
    Прво сопругот зеде породилно, па јас одмор, па он одмор, па он почна 2ра смена само, јас прва само, па кога не биваше градинка, он си даде отказ, па почна да работи ноќе о нлајн нова работа и така...

    Свекрва идеше повремено, ама не како обврска. Планираше она да чува дете ама скрши нога. Затоа, сами :)
     
    На Milobebence, LejlaD, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.639
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе си го тупите мозокот со прашања зошто и како толку ќе ви биде потешко.Била дома и не сакала да го чува?!Несака,несака.Затоа вие сте млади,здрави,прави за сами да си ги исчувате.Не е лесно воопшто.
    Јас две чувам.Никој никогаш не ги причувал.Па еве уште сме живи.Лавли викаш да го причува да одиш до продавница.За тебе тоа е ситница ама еве од мој агол гледано е голема помош.Јас за да одам до продавница зимам дете со мене,дали било -20 или +40.Тоа е што е.Кога одев да се пораѓам го носев големиот со мене.Во 12 навечер.Умотано во ќебе поспано.Мене водењак пукнат,болки на секоја минута,и замисли го држев во скут.Несмеев ни да викнам од болките да не го исплашам.Не е лесно да ги чуваш сам.Ама па и никој кога ги воспитувам не ми се меша.Нема она дојди кај баба мама да не те кара.И се минува,децата брзо растат,а како растат се полесно е.Е сега косата белее,нормално ќе белее.Ама знај за некого тоа што го викаш минимално,за некого е огрооомна помош.На преглед одев со нив,во банка,ма секаде.Помири се со тоа дека ти си мајка а за чување на детето се одговорни само родителите и никој друг.Се друго е желба на останатите.

    Јас на пример неможев да разберам како свекорот и свекрвата не доаѓаат да ги видат децата.Ако ги однесеш кај нив ок ако не ништо.На пр моите неможат да не ги видат.А другиве само си бараат изговори,те немале кола,немале пари,итн.Еден ден си реков што си па ти будала да се замараш дали сакале или не да ги видат.Они губат не јас.
    А како добро би ми дошла помош еднаш во недњлата некој да ги занимава 3 4 саати за ја да направам генералка без некој дете да ми се влече за нога.
     
    На Lolipop23, LejlaD, kikin и 13 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.823
    Пол:
    Женски
    И јас не би сакала да чувам внуци. Еве сега ми е редот за чување, си го чувам детето со сите салтанати и јас како што сакам и мислам дека е најдобро. После она кога ќе си има деца може и треба да си го прави истото. Ќе си биде нејзина обврска. Јас како баба можам да ги поиграм и разгалам, ама да чувам дете по осум саати и кусур на ден, секој ден? Нема шанси. И не гледам тука апсолутно ништо за лутење. Посебно што децата бараат многу енергија, а постари луѓе веќе и ја немаат толку. Подобро е градинка отколку баба и дедо.
     
    На thequeen95, Milobebence, LejlaD и 18 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Свекрвата на @Lovely22 е свесна дека голема одговорност е да се чува дете.
    Чист прост пример и е дека ќе и поставува прво правила како треба, ќе треба да не пуши и ред други работи што и јас да сум свекрвата нема да сакам.
    Нема што да го чува си има мајка, татко ќе го чува.
    Тоа е нејзиното мото.
     
    На IRBBB, cresa-jagoda и RosettaStone им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.326
    Допаѓања:
    190.038
    Абе луѓе, не знам што не јасно. Во рекламата беше, моите ќе купат креветче, твоите количка. Немаше продолжение таа реклама, дека мајка ми ќе ги чува децата а ти ќе и кажуваш како.
     
    На kikin, bibiiii, IRBBB и 17 други им се допаѓа ова.
  6. AsteryStella

    AsteryStella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    @Lovely22 ,абе ти сериозна си?Ајде мајкату нека даде отказ,не одговори на прашањето?Сите носиме деца у градинка и не умревме, јас моето од 8 месеци го носам,сите идеа на работа а и јас и маж ми.Се разболувала да,ќе земеш боловање,одмор комбинации еден куп со маж ми.Доаѓале тогаш за помош и мајками и свекрвами али не можам јас да врзам некој бре 5 дена по 10 саати дете да ми чува.Ако можеле они да чуваат деца на тие години,ќе раѓале.Јас стварно не разбирам што е тоа ќе родам дете и сите ќе ми се тресат околу мене,зошто јас сум родила и треба да идам на работа.Смешно ми е.
     
    На LejlaD, bibiiii, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Тууу се јавија најмајките во темава! На никоја нема да и е криво ако има кој да го гледа детето, а не сака, па вие мора да користите броени денови одмор, да земате боледување и да земате помалку плата. (facepalm) Па место на летување да одите, вие нема да имате денови одмор и ќе си седите дома. (fingers)
    Многу јаки сте на зборови!

    И јас сум на став дека никој нема обврска да ми чува дете, ама да ускочи кога треба да, очекувам. Ако не си помагаме како фамилија, кој ќе ни помага.
    Нашите баби (бар повеќето) беа домаќински тип и повеќето со ќејф гледаа внучиња. Мене по цела недела ме оставале кај баба ми. Богами и на добар дел околу мене. Нашиве си сакаат и разонода. Не дека е лошо. Фала богу дека е здраво да се активни на постари години. Дружби, шетање, одмори, се е во ред. Ама да не сака да ми помогне еднаш кога ќе ми треба, е извинете, ама себично е.
     
    На Anyshka, ma4e1311, Martka и 18 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.823
    Пол:
    Женски
    Едно е еднаш кога ќе треба. И неколку пати и колку и да се. Друго е да го чува секој ден по десет саати.
     
    На kikin, IRBBB, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.392
    Пол:
    Женски
    Што значи тоа да ускочи кога треба? Чување 5 дена во неделата по 8 сати дневно? Јас кога ќе почнам да земам пензија сакам пензионерски живот да живеам, а не пак полно работно време.
     
    На bertold, kikin, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.367
    Пол:
    Женски
    @kukla21 и мене баба ми ме гледала, затоа што не работеше. И сите овие генерации сме исчувани од баби, оти скоро никоја не работеше. Денешниве МОДЕРНИ баби, НЕДОМАЌИНСКИ типови, како што излегуваат во случајов, одат на работа. Има голема разлика. А секако не спорам дека убаво е да ни помагаат, оти да не.
     
    На NEA, Nausicaa и WildMk им се допаѓа ова.
  11. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Аман па и ти рекламите се Холивуд за финансиски подпросечни семејства, ако веруваме на се што гледаме или пак читаме може да помислиме дека свекрвата НЕ СМЕЕ ДА ПУШИ и МОРА ДА САКА ДА ЧУВА ВНУЧЕ инаку е
    #небаба:tmi:
     
    На IRBBB, Cka, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.639
    Пол:
    Женски
    Јас пак ниедна не ја прочитав да рече несакам детето од градинка да ми го земат,несакам да ми зачистат по дома,или да го причуваат на саат два за да испијам некаде кафе раат.Сите тие што немаат помош,ја немаат од некоја причина.Тука се зборуваше за чување на детето 5/6 дена во неделата.Еве мене искрено ми е срам на моите родители да им кажам чувајте ми го.Сите одат на работа по 8 ч дур стигнат дома поминале 9 10 ч.И они се уморни.Едно е причувување друго чување.А некогаш очекувањата не се исти со реалноста.
     
    На An-na, IRBBB, happygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.626
    Допаѓања:
    181.665
    Еве јас да си кажам за мене
    како шо се модерни новите деца не е чудо да ме сторат свекрва за некоја година па нормално ке дојде и внук внука
    И еве да си кажам дека внуци да чувам НЕ САКАМ и НЕМА ДА ЧУВАМ
    Да ПРИЧУВУВАМ некогаш коа му е тесно може унапред кажао за да си изпланирам јас мој тек на денот и обврските ама да му текне у 5за 12 дој чувај дете у никој случај
     
    На LejlaD, kikin, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  14. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Исто!!! :)
    Леле кога пишуваш себеси се читам. :*
     
    На ALISA0000, RosettaStone, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.898
    Да се ускокне е едно, друго е да го чува детето секој ден.
    Искрено и ме занимаше возраста на свекрвата не за друго, туку често тука читам за свекрви што имаат 42, 45, 50 години, што е далеку од возраст што јас ја ставам во стари години кога треба да си наоѓаат луѓето соодветни активности и да се скрасат.
    И јас спаѓам некаде во тој опсег на старост, гледам мало дете, ама да беше веќе возрасен со своја фамилија, ни на сон не би помислила да останам дома да чувам внуци. Пријателка моја на 50 се спрема маратон да трча, друга на 45 со женско друштво ќе патува низ Европа онака од ќеф, трета на 43 има бебе, внуци и е се во дааалечна иднина (како и моите внуци). Сите имаме кариери, круг на пријатели, различни интереси, и во нив да, спаѓа помош за фамилијата (и јатрва ми да рече да ги почувам внуците некој ден, ќе прифатам, а не пак од мое дете), ама некој да ми рече да седам дома затоа што тоа е најубавото нешто на светот, нема теорија. Деветте месеци од породилно најискрено ми беа доста.
     
    На 1209, LejlaD, bibiiii и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.992
    Допаѓања:
    13.775
    И да оди во градинка детето, мора некој да го земе. Не работат сите од 8 до 4.
     
    На SummerGirl и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.670
    Пол:
    Женски
    Точно и јас очекувам да ми излезат во пресрет.
    Секогаш го оставаме со баба ако имаме некоја работа каде што бебе или дете не е за таму.
    Доктори, кафани касно навечер, дружби со пријатели, шопинг и слично. И кога е ептен ладно/жешко а сакаме да го шетаме со нас баба дури ќе е понуди да го оставиме да не го мрцвариме детето непотребно на секаква временска неприлика.

    И ќе речам се е до карактер на свекрвата. Еве мојава сама се понуди си даде отказ од работа и сака да го чува дека греота бил да го пуштам на 8 месеци во градинка.
    Не сум и барала такво нешто, сама се понуди и мене ми одговара. Инаку ќе барав жена да ми го чува барем до година ипол две.
    Бабата има уште 5години до пензија.
    Кога ќе тргне во градинка супер ќе ми дојде за носење и зимање, бидејќи и двајцата ние тргнуваме во 7,а се враќаме во 17часот од работа. До 17часот мене нема да ми чуваат дете во градинка мора да го земеш најкасно до 15и30.

    Едит. И мајка ми се понуди не знаеше за договоров дека така ќе правиме. Рече не е мое да се мешам јас да се нудам вие како сакате ама ви стојам на располагање ако сакате да ви го чувам нема да одам на работа.
    Она има 10год до пензија.
    Мене ми одговара свекрвата да го чува бидејќи ми е во куќа и ми е полесно за земи го остави го.
    Да ми бидат само живи и здрави :D
     
    Последна измена: 20 февруари 2020
    На Mimmi39, emiliana, Yowannty и 10 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    И мене ми ја чуваше свекрва ми.
    Сама сакаше, и' ја давав.
    Проблеми излегуваат кога друг ти чува дете.
    Нема шанси да ти го чуваат ти како што сакаш, тоа прво, второ, си земаат за право да ти делат совети што и како да правиш со детето, трето... четврто... петто..

    Ама рака на срце, ко бев со пост-породилна депресија, да не беа тие, не знам како ќе излезев на крај со мајчинството.
    Сама на себе не си чинев, не пак на детето да му чинев.

    Работата е во очекувањата.
    Кога очекуваме некој друг да ни заврши работа, или да реагира, или прави ние како што сакаме, следат разочарувања.
    Колку помалку очекуваш од луѓето, толку помирна ќе ти биде душата.

    Не е ич убо да седиш и мислиш секој ден: Оти неќи да го чува, оти ова го прави вака, оти она го прави онака.
    Ми требаше и мене време да сфатам... долго време.
    Не бев од освестените и решителните родители и сопруги.

    Не си клавајте трн в нога.
    Сака-сака.
    Неќи-неќи.

    Помали очекувања, помали разочарувања.
     
    На 1209, LejlaD, Ladyyyy567* и 14 други им се допаѓа ова.
  19. AsteryStella

    AsteryStella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Како бе така немајки,со кое право.Може ли да биде немајка таа што сама со маж и си го гледаат детето.Знаеш ли што значи да му тупнеш на некој дете да ти чува 5/6 дена.Од што се они од железо?Ај ви се молам се изнаработеле па остајте ги да поуживаат,нек се најдат ептен кога треба а не секој ден.
     
    На 1209, LejlaD, kikin и 3 други им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.754
    Допаѓања:
    38.565
    Пол:
    Женски
    Во право си. Да чувам внуци за синот и снаата да си ги прчат на одмор, мало сутра. И јас кажувам дека нема да чувам внуци. Нека се снајдат. Освен ако е итен случај.
     
    На cresa-jagoda, RosettaStone, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.