И тоа ако треба, кога е болно и не оди во градинка. Боледување за кашлици не даваат туку така за јас да седам со неа, а нема кој да ја чува друг. Јас не велам да им застане животот затоа што неговото височество внукот се родил, ама и нив нема светот да им се сруши ако помогнат на свое дете кога истото има потреба.
Имам јас другарка која буквално ја цеди мајка и. Она и маж и постојано се некаде, а мајка и ги чува децата. Ми вика - Баба е. Мора да ги чува. Е како така мора? Не ми е јасно. Ок е ако е болно детето, да го земеш од градинка, и сл. Ама некогаш се претерува.
Јас не викам дека сум во право. Можеби сум имала големи очекувања и на крај сум се разочарала. Можеби мислам дека и таа треба да мисли како мене а всушност сите сме различни... Имате близок однос со нив? Седнувате да пиете кафе?
Да. И се караме, и кафе пиеме, и сме спиеле во ист кревет.. Некогаш јас ќе попуштам, некогаш таа.. Некогаш јас ќе се налутам, некогаш таа... Долг е животот, за да чуваш лутина и да си ја труеш душата.
Јас да си кажам ма не инцидентно, секојдневно ќе го чувам внучето, само нека се роди одма отказ си давам, ма иди е*и кариера, каква кариера кај нас Подобро да ме благословува снаа и од уста да не ме вади кава добра свекрва има отказ си даде внуче да чува, не дека снашката не ја бива сама да обави родителска улога туку јас како баба од ќефој, најќефој го чувам. Па подобро #најбаба од #небаба Исто подобро #најмајка од #немајка или исто да не е ова? Ај сега кој ќе пали мозок да мисли
Не се родила снаа што ќе фали свекрва толку многу. Не знам дали уопште некоја ја има воопшто фалено бар малку.
Ама овде не збориме за болно кога е. Туку за цело време чување дури е мајката на работа. И спомна во претходниот коментар себично било. Е добро де, себично е, и? Нема право после 40 години на работа, деца изгледани, пораснати да е себична? Времето да сака да си го користи само за неа? Прво мене ми е срам на мајка ми тоа да и го барам, без да ми рече
А чекај чекај сега, ако свекрва даде отказ да чува внуче зарем само на фалење да остане снајка, под итно биста да и дигне треба со посвета со сВе
Мојата ме има фалено. И ко ќе ме пофали друг за нешто, трча да ми кажи полна со себе си. То шо и ќе се скараме периодично, не менва ништо. Исто ко со мајка ми. Ако ја изнервирам ќе се налути, ако напрам нешто ко шо и' е ќеф, ќе ме испофали.
Да. Се си кажуваме. Кафе не пиеме, некогаш какао некогаш чај, некогаш ништо така си муабетиме само и си го занимаваме бебчо.
И ја сум иста со свекрва ми и со мајка ми. Како со едната така и со другата. Не ми менува . Ако сакам мм да ја респектира мајка ми, мора да ја респектирам мајка му, оти ни мојата е совршена , ни неговата. Не ми е сеисто и мене за некои работи, ама ќе премолчиш, ќе се искараш, на крајот од денот таа е и не можеш да ја смениш.
Ни биста ќе и кренам ни нозе ќе и мијам. Најнормален однос како до сега ќе имаме. Не знам што ви е финтата со такви иронични коментари. Не е ни чудно ни смешно.
Ја не би дозволила во денешно време да даде отказ жената за да ми го чува детето. Ќе треба нејзе да и плаќам. Од што ќе живее жената?! Само размислувам гласно.