Откако живееме по башка и секоја си гледа свој оџак да и чури како треба односот ни е на место, близок колку што треба според мој укус да е помеѓу жена и мајка на мажот. Не, мојава не пие кафе, повеќе чај преферира
@darcy тоа сакав да кажам. Еве и мојата мајка се спрема за маратон и јас сега да очекувам да биде како баба ми кога мене ме чувала.... Па и со мајка ми ќе си замериме, а не со свекрва, други времиња се, а со тоа и начин на живот.
Сметки ние ќе плаќаме како и до сега. Јадење секако купувам за нас каде три таму и четири чинии. Сега не дај Боже да и требаат пари за лекари се знае дека ние треба да одврземе џеб. Ама па ако сум плаќала жена да ми го чува или ако платам приватна градинка исто ти се фаќа.
Значи читај во наведениот случај дека не е барано, туку е понудено од самата свекрва. Или читаш тоа што ти одговара?
Ти срами се. Јас со мајка ми имам близок однос. Ако од неа не можам да побарам и да се ослонам, тогаш не знам од кого би.
Не се чуди. Не се блиски со мајките, затоа така зборуваат. Роднина на мм живее далеку од мајка и и башка не е ни блиска со неа,па ми љубомори што мене мојата ми помага и што одам кај неа кога сакам.
Да побараш можеш и од мајка и од свекрва, ама не можеш да очекуваш одговорот да биде Да. Може ќе те одбијат и си имаат право на тоа.
Не ме сфаќај грешка ама само тоа ли е животот, да јаде и сметки да и се покријат?Сето убаво од неа што се понудила, браво. Ама каде пари за нешто да си купи за неа, за нејзиниот дом, па еве и за внучето.
Има жената нешто спечалено не е без ич. Знам дека готова пара е се троши ама сигурно нема да ја оставиме е така ако видиме дека и треба нешто. Малку време е ќе земе и пензија уште малку. Не напоменав дека се жали и дека и е тешка работата и зима минималец. Маж ми чачка нешто и приватно за викенди, па се нафати да му помага. Не е којзнае што ама доволно е што ќе се вртка околу него. До сега јас бев, но со бебе сега нема да можам. Сакам да кажам повеќе ќар ќе сме дома да си седи одколку на работа да оди. А и нејзе и се допаѓа организацијава. Да речеше не, нормално ќе го разберев и тоа и ќе баравме други опции.
Јас не бев толку детална како тебе ете ме надополни дека е своеволен отказ не ми земај при срце наведов погоре мозоков треба да го запалам, читаш ти или исто како ти одговара?
Абе само ти имаш близок однос со мајка ти, ние немаме. Ете да се изразам поточно, јас не очекувам од мајка ми да ми чува дете кое јас сум го родила пошо мене ми е жал да трча на стари години по дете со преголема енергија и нејќам да бидам неблагодарна за се' што направила за мене па да и давам обврски што треба јас да си ги завршам. Јас ја сакам мајка ми и сакам да си поужива во староста пошо таа нејзиното со чување деца си го завршила. Малце осет треба да се има. Појасно ти е сега?
Едно е да работи за минималец тешка работа, па испаѓа, а била, а не била работава и ќе остане дома детето да го чува. И јас така ќе останам. Ама ако е жена со убава работна позиција, не знам дали ќе изрази ваква желба. И никој не вика оти не е убаво помош. Убаво е, ама па кога нема, никој на сила не можеш да натераш.
Каква и да е работата ја ставаш во позиција еден ден да ти го пререче како таа заради неспособноста на снаата добро да се организира и го одгледа сопственото дете ја напуштила работата. Поголем шамар од тоа нема 2во1. Ни како снаа кон свекрва не те бива ни како мајка кон дете. Ама ако барам помош за на кратко се согласувам дека си треба помош. Се со усул и умерено си треба и од двете страни. Ама треба и како е читаме
Леле боже сачувај. Баш ме интересира ти како ќе се организираш сама без никој да ти помогне ако работиш до 16часот,а дете од градинка треба да земеш во 15часот? Еве и некој друг што е во иста ситација нека сподели. Многу ме интересира.
@WildMk твојата те фали, а мојава се жали. Колку и да и прави човек добро, за неа сите се неспособни.
И јас викам боже сачувај ама тоа е. Сигурно нема свекрва ми да даде отказ ни принуден/ни своеволен. Јас би прашала а што ако свекрвата ја нема/непостои што тогаш?