Ауу се ми е јасно. Значи какви мајки сме ние,не смееме на фризер да отидеме или па не дај боже на лекар. јер одењето на лекар може да биде во 5 до 12
Темава е препукување која е по мајка. Чување од баби и дедовци доколку своеволно се понудиле (немора и да се понудиле де може некој и сам ги прашал за помош) и го сакаат тоа е во ред. Не е во ред да им се наметнува затоа што имаат внуци истите тие да им се обврска. Ускокнување по потреба е човечки но ете не секој сака и има воља да помогне. Ете мојата на гости беше кај нас прв пат да си го види внучето по 5 месеци и кога и рековме пази го да исчистиме заедно побрзо, она одглуми дека и се слоши и легна па ние на смени дома среднивме, е кога средивме рипна од кревет се спреми за шетање, ама нејзин избор никогаш не реков (иако помислив) леле како не и е ќејф да поседи до 5 месечно бебе (немаше други обврски дома бев). И да можам би ги носела на одмор за да одморам затоа што цела година немам одмор ни кога сум болна ( имало случај со стомачен вирус да неможам да стојам, а мм мораше на работа) па зашто да не можам да испијам кафе на само со мм додека сум на одмор. На крај све зависи од ситуација до ситуација, ама ако некој не сака да ускочи да помогне не сака, следен пат не ни барам помош и тоа е тоа, не плачам наоколу како бабата не сака да си го чува внучето. Ова на @Цвет88 ми е пострашно од тоа да не сака да ни се најдат во дадена ситуација.
^ јас сум дома па мм некогаш ја зима после работа во 16:30... Не гледам потреба зошто да мора порано, посебно па ако двајцата се вработени.
Како јас да сум го пишувала ова. Истото го правеше и госпожата со мене. Јас бев за неа (и уште сум) неспособна за чување деца. Дека без родител, затоа. А она ни самата не знае колку е проста. Она се фалеше дека она ми го исчувала поголемиот. А кога дојде (непоканета) ништо не правеше. Само седеше на кревет и го држеше детето за раце. И после се фалела по комшилук дека не знам да чувам дете. Море мрш таму. Да не ја видам уште еднаш.
Стално гледате само црно и бело. И доста со тоа препукување кој е најсамостален во гледање. Секоја чест на тие кои се снаоѓаат сами оти немаат друг избор. Јас имам две баби на располагање. Ама и двете работат и имаат свои обврски. Малото иако оди во градинка, со мм ни треба и помош оти јас сум во смени, а он со денови некогаш не е тука. И фала им затоа што секогаш излегуваат во пресрет. Не сакав да го гледат цел ден, градинка беше прв избор, ама чување по некој саат го разбирам како нешто нормално. Е сега ако воопшто не сакаат тогаш не знам. Мене не ми е својствено, ама од друга страна, нивното поминало. И такви ги има. Веројатно не би требало да се лутам. Не знам. Мене најмногу ми се наоѓа баба ми. И иако гледаме со мм да се кординираме за што помалку да ја малтретираме, пак кога е болен ми скокнува во помош. Оти боледување не ми даваат. И нит некоја префлила нешто, ниту па они се чукаат во гради дека го растат.
Мене па ова не ми е јасно со робови. Какви робови,па своите внуци ги сакаат и сакаат да поминуваат време со нив. Чување дете не е тешко кога сакаш. Моите не ми чувале ,бев дома дур беа мали,завршував факултети,само повремено,ама би чувала без проблем. Според мене подобро кога се во пензија да продолжат да имаат некоја обврска. Инаку ги фаќа старачка депресија, целодневно гледање сериии,измислување болести,страв од смртта и сл. Кај нас пензионерите не се пуштаат на шетање кога ќе добијат пензија,дома се затвараат. Ако сакаат да чуваат и можат , зошто е тоа проблем? Во периодите кога ми ги чуваа повремено бабите,ми уживаа децава. Убави спомени денес носат.
Не разбирам како секоја тема се претвора во најмајки и немајки. Ама навистина. И како снаи и свекрви стана таква. Не е воопшто проблем ако сакаат и се понудат да чуваат. Ако и родителите се сложуваат тогаш супер, сите среќни. Проблем е кога не сакаат, а од нив секако се очекува дека мора да ги чуваат, а мора и да сакаат да ги чуваат. И после има мрчење како не сакале да чуваат деца.
Секое дете си има свои потреби, како не е тешко? Да го пресоблечеш, да му направиш за јадење, да го нахраниш, ама не било што, туку тоа што треба да јаде. Потоа да му најдеш занимација, ама не дај му го телефонот нека си игра или седни го цел ден пред телевизор да зјапа. Па треба да го пазиш цело време што прави, да не се повреди, да не можеш на раат да појдеш ни до wc зашто некогаш и секунди се во прашање за од играчка плачка да стане. Па и да го прошеташ малку, да го фати воздух, да се издува малку што се вика. Ако е мирно детето полесно ќе се справиш, ама ако е некое немирно, место што не го држи, е богами ќе ти ја исцица цела енергија, да трчаш по него цело време, па да се тегнете за пресоблекување и за јадење, па уште што не. А на 50-60+ години не можеш да ја имаш истата сила како на 20-35 години.
Добро де,не е најтешка работа на свет,не е тешко кога се сака и се може. И ручек да им се направи посебен и да се анимираат и да ги прошетаат и се по ред. Не се неспособни ако имаат 50+ или 60+ Па и да потрчаат по нив ,па што,ќе се рекреираат малце Не се старци од 90 год. Силата можеби ја немаат,ама па често се и потрпеливи и од родителите,сум видела низ многу примери ,па на работилници доаѓаа и толку труд да прават изработки со внуците немате видено,а 65+
Затоа што после спиење децата се муваат наоколу и им пуштаат телевизија дур не ги земат. Е да гледа 2ч тв мало сутра.
Ај па и ти... зар и треба живот неа? Внук и се родил, за него треба да живее Може па снашката ќе биде “добра” како онаа што викаше дека ги издржувала старите со тоа што им купувала гаќи еднаш, два пати во годината и фрижидерот им го полнела неколку пати годишно. Стари се, што им треба повеќе