Во сите градинки има телевизор. Цртани пуштаат откако ќе станат од спиење и изедат ужинката, некаде после 14.45 / 15.00 па додека ги земат децата. Ама не секогаш... многу често си играат со коцки, цртаат, играат игри од типот ринге, ринге, јаја и слични... Барем кај ќерка ми е така. Мене не ми смета. Дали дека јас не планирам да ја изолирам 100% од ТВ, па затоа? Или сум лоша мајка? Или пак не барам влакно во јајцето
Во приватните кои јас ги гледав немаше. Во сите државни има. Што ќе се буниш, сите нормално го доживуват тоа. Проблемот е системски. После спиење нема воспитувач, а реално не се малку саати ако земаш дете во 17-18ч. Не е темата за тоа, да не одиме оф, мене ова ми е една од причините за земање во 15ч и помош од баба
Да им плаќам одмор и 7 или 10 дена се задно.Нормално после тоа односно во август моите си одат со друштво или сами,и ние исто си одиме заедно. Абе што тресеш зелни.Се дешава една сабота/недла од месецот да се прошетаат моите со детето некои си 2/3 часа и после сите заедно се собираме на ручек.
Мене и сестра ми не чуваше баба ми, ама секогаш се расправаа со мајка ми за тоа, секогаш се пререкуваше по нешто. Бабите немаат обврска да ви ги чуваат внуците само ако сакаат нека ги чуваат, да помогнат исто ако сакаат. Не може да очекувате бабите да сакаат да ги исполнуваат вашите замисли. Имате други можности за да си помогнете со децата а да не вклучуваат помош од бабите.
Па не прочита погоре?! Да, побитно ми е детето да се истча 2ч, отколку да зјае во телевизор. И олабај малку. Не може секој да мисли ко тебе. Ти ја ангажираш мајка ти еден ден во неделата целодневна, јас секој ден по малку. Јас си знам кое е подобро.
Да,да сигурно зимото во 15 часот детето ќе трча до кај 17 часот или пак летото таман у најголемата вруќина убаво ќе се истрча.Моите една сабота/недела во месецот си се шетаат со внуци не секој викенд.Читаш како тебе ти одговара не како што е пишано.
Мила, не можам да ги дочитам сите мислења ама сакам да ти пишам (се извинувам доколку некој веќе го кажал ова). Втор пат на овој пост се отвара огромна дискусија. Она што тебе во суштина те мачи е неуважувањето на твоето чедо, а каде има неуважување таму има огромна болка и потиснати емоции. Да, навистина е тешко некој (а тој некој не е комшијата) да не е среќен за свое внуче, да нема мерак да го гушка, чува и сака. Во глава си бараш одговори - па не оди на работа, слободна е, нема некои обрски да речеш не може, а тоа уште повеќе боли. Верувам дека вакво нешто и во други полиња на животот ти се случува, ти имаш мака, а други те напаѓаат како да не е во ред тоа што те боли. Те боли, и нека те боли. Кој осетил знае што значи тоа. Свекрвата нема да се промени можеби, а можеби еден ден ќе сфати дека не постои ништо поубаво од семејство, љубов, заедништво и уважување на сите нешта што ќе се пројават. Во нашиот менталитет ги уважуваме многу повеќе смртта и негативните емоции, отколку раѓањето, барање на работа, успех во кариера, едукација, свадби итн. Јас те разбирам и само сакам да те изгушкам силно најсилно и да знаеш дека си сакана, и тоа дете е сакана, најсакано од тебе. Како ќе расте ќе биде сакано многу многу, само те молам учи го дека е прекрасно и дека заслужува да биде сакано, и покрај тоа што е неуважено од баба и дедо. Тие не се побитни од него. Крени ја главата, за ова има огромна причина и биди благодарна. Земи пример каква не треба да бидеш (а не има секакви). Давај си себеси и на детето љубов и едноставно тргни црта. Ќе успееш и покрај оваа болка. Ти со важна, твоето дете е важно, твојот сопруг исто така. Ќе појде во градинка, ќе дојде редот кога ќе можеш да работиш и да се оствариш на друго поле. Сега заблагодари се на се што било, дозволи си да тагуваш, но задржи ја цела свесност дека само себеси се менуваме, а другите автоматски ќе се сменат кога се менуваме и ние. Се додека толку многу ја уважуваш свеки, не оставаш простор за себе. Те гушкам! Слободно пиши ми порака доколку имаш потреба да се испразниш некогаш!
Правите како имање и чување внуче да е терет. Има мајки и свекрви што со задоволство би си го чувале внучето и сами изразуваат желба за тоа. Сега родителите треба да одлучат што и како е најдобро за нивното дете. И не сфаќам што е со судење на се што е поразлично од она што вие го правите. Океј е се, се додека децата, родителите и бабите се среќни и задоволни. Секој си знае за себе како му е ситуацијата. Вие сигурно не му ја знаете од 2 реда прочитани на форум па да водите расправии. Убав ден денес
Па и не мора да се истрчка, така е муабетот. Ова ако има избор за поквалитетно да се искористи времето, него пред тв, зошто да не? Има кој да го земе и нема проблем тука. Стварно некад претерувате.
Контрадикторна си. Од една страна велиш не треба бабите да помагаат, а од друга страна за викенд и на одмор го праќаш детето. 10 дена - 10. Ако мислиш дека не треба да помагаат бабите, не го праќај де воопшто. А друго кажи ми, мажот оди на пат, а жената работи и втора смена. Еве треба помош некој да го земе детето од градинка. Кажи ми што да се прави во тој случај, м? Да напуштам работа порано за да го земам детето, а мајка ми е слободна и може тоа да го направи.
Грешка си.Значи јас никаде не кажав дека бабите не смеат да го гледаат внучето воопшо.Јас кажувам дека родителите се тие што треба да трчаат за своите деца, а бабите се тие што треба да се радуваат со внуците зошто они своето го имаа одработено тоа со нивните деца.ЈАс цело време кажувам дека бабите се тука кога ќе затребаат, а не се тука за ние да ги претвориме во робови 8 часа во денот / 5 дена во неделата.Нормално е секој баба/дедо сака да се изнарадува на своите внуци,да ускочат кога е ептен зорт.Моите сакаат 10 дена да поминат на летовање со внуците, а јас финансиски можам и сакам да им биде од мене платено.Доколу не би можела они сигурно ќе продолжат да одат тој период со внуците на одмор и сами тој одмор да си го платат.
Пишував на другата тема мислам за ова. Кај нас во смени одат негователката и воспитувачката. Која денес го испраќа утре го пречекува. Па се чудев на муабетите од тука дека нема воспитувач. Очигледно различно е секаде. Имаат тв. Ама не се сеќавам да бил пуштен. Обично им пее едно цд на касетофон со македонски песнички. Ама и тоа не е секој ден.
Vo site ima tv kolku jas znam,barem vo kv. Zosto bi se bunelez pa deca se toa.normalno deka ne e 10h pusten i nisto dr da ne pravat.
Никој не вика да не ги земаат или чуваат ако сакаат... ама дека мораат?! На нив со раѓање на внучето животот треба да им заврши и 24/7 треба да се на располагање... Стварно... Ете има и такви кои не сакаат да чуваат. Зошто, не треба да не интересира, нивно право. Просто е...
Го отупевте искрено да ви кажам. Најубаво и најидеално е да си оди во градинка и ти да си го земеш во пристојно време, ама ова не е идеален свет и такви убавини ретко има. Цело време ги читам коментариве и двете страни одите во крајности. Кога бабите/дедовците ќе понудат своеволно помош зошто да не се искористи? Или пак зошто да не ни излезат во пресрет ако имаме итна работа на неколку часа? Од друга страна пак несфатливо ми е да барате од било која баба да даде отказ и да го чува вашето дете. Ова е Македонија, платите ги знаеме, од што мислите да живее таа баба? Ова го оправдувам само ако бабата своеволно побара да го чува детето и сака да си даде отказ или пак е дома, не работи/во пензија е. Нивниот живот не завршува истиот момент кога ние ќе добиеме дете, си продолжува збогатен за уште еден член. Мене додека работев детето мајка ми ми го чуваше, а притоа одеше и на работа. Ама јас не го побарав тоа од неа, сама сакаше бидејќи сметаше дека ќе го чува подобро од некоја непозната жена( барав жена за чување). Кога веќе потпорасна и неа и стана понапорно ми кажа дека не може повеќе и толку. Ни се лутев, ни ништо. Од друга страна домашните никој не сакаа да го чуваат ни на два часа, ако закаснев барем 15 мин. од на работа одма имаше лутење. Да бидам искрена ми беше малце криво, ама пак си реков не е нивно,твое си е, тие нивните си ги пораснале веќе. И уште ова. Јас и брат ми секогаш одевме први во градинка, седевме со чистачката додека дојде негувателка/ воспитувачка и секогаш последни си одевме, седевме со дежурната. Да имаше кој да не земе во 15-15:30 мислам дека ќе летавме од среќа. Ни пуштаа тв и седи пукај од досада дур те земат.
Цело време тоа зборам,ама кој сака чита како што е пишано кој не сака го превртува муабетот.Најбитно сите да сме живи и здрави , убав викенд на сите.