Не треба да се 24/7 достапни. Јас го делам твоето мислење. Не мораат, ами имаат право да го искористат времето како сакаат и тоа не значи дека не си ги сакаат внуците. Чинам и со лајк те поддржав на тие мислења, не знам. Јас само се надоврзав на муабетот погоре дека е во ред ако родител смета дека детето треба да го зема порано од градинка, па и не е важно од кои причини, а за него валидни, а при тоа, да го собере бабата или некој кој е во можност за истото (не затоа што мора) Оти има и друг избор, односно има баби, кои навистина своеволно го сакаат тоа. И зошто да не, ако им е понудена помош. Лошо е ако родителите почнат да го злоупотребуваат тоа. И лошо е кога родителите мислат дека бабите мораат.
Темава станала карам каша. За се се збори само за свекрва и снаа не... Опуштете се и како сакате гледајте ги своите деца... Битно е да уживате додека растат.
А зошто да не и го земе некој во 15ч ако веќе има таква опција. Детето ќе е најадено средено додека да дојде мајката. Еве јас ги земав до скоро во 17ч и секој ден ми беше стресен бидејќи ги мислев дека се гладни. И гладни беа. И самите знаете во колку е ручек а во колку ужинка и после тоа седат гладни. Се случувало и да бараат за јадење и да и дадат суво лебче. Треба ли секоја причина да ја нагласуваме и да се правдаме. Како што велиш и ти самата имаш финасиски средства и ќе ги испратиш на одмор. Така и другите си имаат златни свекрви што се прават за внуците и на нив им се може. Има се - може се. И да заборавам да нагласам дека јас кога ги земам во 17ч дур ги средам, нахранам, зготвам за нив за дента или утредента, скоро и да не останува време за убаво да се изиграм и да им се израдувам.
И сега се мислам која ли да ја прогласиме за мајка на годината Ќерка ми оди во градинка. На почеток доста често се разболуваше, а не секогаш можевме да отсуствуваме од работа, па ја чуваше и чува свекрва ми која е пензионерка. Ако не сакаше да ја чува ок, но според мене е крајно себично да не те интересира за свое внуче. Кога му требаш на човек најдиму се. Двојни аршини имате за овие работи. Ако некоја каже дека не сака да се грижи за свекрва или мајка кога се болни и ги однесе во старски дом, одма ќе почнете да рипате како е себично. Епа и јас утре може не сакам да напуштам комфорна зона и да трчам по лекари и кај нив, ама родители се, не боли. Многу себично општество станавме, самотници и сами на себе доволни. Како бе да не те боли за родител или за свое дете? Да се мачат, да не знаат глава кај им е а ти да гледаш сеир и да си ја прчиш... Сите ги кривите старите спратови што кревале да ги контролирале младите. Границите сами си ги поставувате вие како сопружници. Ако мажите ви се мамини синчиња и во Австралија да се преселите, свеки ќе ви прави проблеми... Ние замислете сами си направивме спрат над свекрва ми. Под кирија пари не фрлам, а стан да отплаќа на 30 год не ми е опција. Од надвор скали, клуч на врата. Одиме, доаѓаме на никој сметки не полагаме. Тука сме за неа и она за нас. Никогаш немало проблем затоа што маж ми знае кој му е семејство, а кој поширока фамилија. Знам примери што живеат во други градови со свекрвата, а ја немаат мојата приватност и мир.
Само подалеку за мир во куќа. Како што не ги боли за моите деца, така и мене нема да ме боли кога ќе залегнат во кревет. Со прст нема да мрднам.
Premnogu otidovte na temata...da ne recam kade... Pa ima li neato drugo da se iskomentira ili ja izbriseme,veke nema vrska ni so svekrva ni so snaa. Prekrstete ja vo gradinka ili baba servis???!!! Ili babite za ili protiv!!! Stvarno sekoja banalna tema se ispisuva so po 200 stranici nadvor od domenot na dijalog .
Седите дома и се замарате со глупости. Абе барај било каква работа, а детето во градинка. Бабата дома и не сакала да го чува? ОК не сака, подобро. Детето ќе се дружи со деца од негова возраст, ќе се социјализира, ќе научи нешто, ќе има обврска секој ден да станува во исто време, да јаде, да спие итн, Наместо дома до баба му да слуша старски муабети, да гледа турски филмови, да диши чад од цигари итн.
Некои деца не ги примаат во градинка така да донекаде ја разбирам и фрустрацијата на снаите кога свекрвите одбиваат да ги чуваат децата. Ама на крајот од денот тоа е твое дете и ти треба да си го чуваш, свекрвата ги пораснала нејзините. Убаво е да сака да го чува, ама не можеш против нејзина волја да и го оставиш на чување.
"Ме боли" што не сака да ги види. А не што не сака да ги чува. Имам пишано зошто не сакам да ги чува. Никој не и забранил да ги гледа. Проблемот е што она сака да изиграва мајка на моите деца, затоа што јас сум неспособна според неа.
Ако не ги примаат во градинка ќе се најде некоја жена за пари што ќе ги чува или еден од родителите си наоѓа работа во две смени и двајцата ќе си ги чуваат. Ама повеќето сакаат да не плаќаат жена и некој за џабе да им ги чува. Денешните татковци мислам дека и толку не се замараат со децата. По тоа што имам видено кога ќе им ги остават да ги чуваат веднаш ги носат кај бабите, за да имаат време за шетање. Порано се знаеше старите живееа на село, а детето или во градинка или мајката и таткото во смени си ги чуваа. Ок е да го причува ако треба да се оди некаде, ама да го чува пола ден и повеќе не.
Се' е тоа во ред доколку може финансиски да си дозволиш да плаќаш жена, зборувам за случаи кога платата е минималец или нешто над минималец и во тој случај џабе работиш затоа што цела плата ќе ти оди на жената за чување. Или пак не мора да имаш мала плата, може имаш кредит па не можеш да си дозволиш жена заради тоа, има еден куп причини. За делот со татковците не знам што да речам, не сум се сретнала со таков што само го префрла детето кај баба му, ама верувам дека ги има.
Јас скоро цела плата ја давав на жената што ми ги чуваше децата. Поарно така, отколку да го оставав детето со баба му.
Па не можеш ни да чекаш бабата да го чува 8-10 саати дневно 6 дена во неделата, само затоа што немаш да платиш друга жена за чување. Не сфаќам ем не сакате да ви се мешаат старите, нели ваше дете е ем не прифаќате кога не сакаат да ви ги чуваат децата. Немаат пари родителите за дадилка, тогаш останува да се бара работа во смени. И порано нашите немале голема помош, ни големи плати, па во смени не чувале.
Имам пишано поназад си дадов отказ затоа што немаше кој да ми го чува, не го примаат во градинка, саглам жена не можев да најдам за чување и тоа е. Така да дефинитивно не чекам на никој А за делот за одење во две смени не знам што да ти кажам, освен дека не е така едноставно. Сопругот работи една смена до 16 часот, а почесто и до покасно, а јас одев во две смени. Втора смена почнува во 14/14:30 што значи има луфта од најмалку два часа додека тој се врати од работа. Кој ќе го чува детето за тоа време? Еве јас ги замолив домашните на убав начин ако може за тоа време да го чуваат и ме одбија со муабет дека им било обврска. Ок, нема проблем, сега вистина помал е и домашниот буџет со една плата ама пак затоа имам и план б кој за брзо ќе се реализира.
Дали се слушате што зборувате? Овај муабет да го слушнат надвор од Балканов ќе ве направат ненормални.Кој ви е бе должен да ви чува деца ало?Ако не сте способни сами ,немајте деца.Или платете си жена.На никој баба и дедо животот не им се подредува според внуците.Тие ги одгледале своите деца и сега се слободни.Не се ваши робови.А што ако имаат 8-9 внуци од повеќе деца?Одма кавги после,моево не го чуваш,неговото го чуваш..Абе аман
Јас немам деца сега и баш размислувавме со маж ми како би постапиле ако тука каде што сме имаме дете, јас, а и тој е согласен дека не сакаме да доаѓаат свекрва или мајка да ми го чуваат. Немам нерви да седам со мајка ми, а камо до свекрва во две соби за да ми помага и да го чува. Градинките се скапи тука точно ама додека не се снајдеме ќе си го чуваме ние, ќе се организираме со работа, ќе се стиснеме малце со трошење и ќе се снајдеме. Свекрва ми цело време вика тоа, да дојде време да чувам внуци, значи има желба и секако ако сака ќе и ги оставам на причувување ама кога ќе потпораснат, а не додека се бебиња и мали деца. И секако мислам на причување, а не на тоа таа да ми го израсне детето. Јас и моите братучеди пораснавме седејќи викенди кај баба и дедо, ама само викенди, тоа ми се најубавите моменти од детството. Иако живеевме во стан со другите баба и дедо, они работеа, па откако се сеќавам јас и брат ми пораснавме сами дома, се сноѓавме, мораше. Како и да е сметам дека поздраво е за дете да оди во градинка отколку да го израснат баба и дедо, прво ќе се социјализира, ќе се дружи со деца, ќе учи и нема да и биде обврска на баба и дедо туку радост кога ќе го видат. Знам пример кај другарка, го израсна свекрвата и татко на свекрвата, детето гледа турски серии по цел ден, разгалено е, плус другарка ми живее таму и сама си кажува дека нејзе и е обврска понекогаш што мајка му постојано го остава детето таму иако го сака највеќе на свет. Епа ако на млад човек е обврска, замислете на некој што пораснал дете, внуци и сеа паравници да чува. Не иде
Се објаснувате за нешто за кое нема правило. Нема две жени исти, нема две снаи исти, нема две баби исти. Како вие ќе си се договорите со мајка ви/свекрва ви, така ќе си терате. Работата е, да не ги присилувате вие на нешто, нити тие вам. Ниту да се разочарувате ако не правеле како сакате, или тие да се разочаруваат оти не сте правеле како сакаат. Толку.