Толку ќе да и на на мојава чување на малата... Вчера дојдоа од парк.. Се потепа пошо бабичка ја чувала, жива среќна... Арно ама дете не ги пушташе да си одат, мм и мајка ми си дојдоа од работа. Седат они у дневна а мм со дете, мене ме стегна пролив(извинете на израз) и нормално отидов во вц. Дете вриштеше по мене и имаше тантрум зошто сум отишла во вц. Она ја слушам се умешува.. Излегов си земав дете и со неа на шоља. Сега мајка ми ми кажува она искоментирала: мораше ли сега пак да оди на цигара... Ете така.. са ние снаите не чиниме. Се напнав ептен.
јас ен гледам тука нешто за лутење свекрвица се излајала со тоа морали да оде цигара ама не е нешто страшно
Луге а мојава што е ем Шуто ем боде??? Остани ја ја на чување без памперс плачела вака така не и ја оставај дете не видела збори по роднини... Најлошото е што сме иста кука не можам да ја гледам веке
Зошто и збори на мајка ми стално такви работи. После мајка ми се нервира. Трагедија, ко да го напиштив детево и отидов кој знае каде.
Кажи и' на мајка ти да не и' верува.. И ако нешто и' издроби, прво тебе да те праша како било вистина.
А шо и да си запалила цигара. Ништо страшно, имаш право на тоа. Нека коментира шо сака, ако имаш дете не значи дека не треба да имаш живот. Се смараш за глупости. Не е лесно ама пробај од едно влегува, од друго излегува.
Oвaкви oд штo немa зa штo дa се зaкaчи дa се кaрa ќе се фaти зa ситници. Јaкa ти душa, јaс дa бев дете немaше сo oчи дa види . Енергетски нaрцисoиден вaмпир. Тoлку ли немa oбврски, нештo дa се зaнимaвa вo живoтoт ?
Какви луѓе сте вие кои лошо се изразувате " ем шуто ем боде" "нит се тера нит се води" и сл? Зошто на човек кој се изразува вака пред аудиториум да му веруваме дека е ОК?
И јас истото го мислам, нели не го остаив само у соба па да си терам свои желби... Не битно, таква е, мора да пецне. Демек она е јака плеска се у фаца, ама ете мене не се дрзнала у фаца да ми каже. Па стварно и нема за што да се закачи. На што ќе најде замерки. Мада и нема право да наоѓа за било што, не треба да ја засега. Ама ете, мора да се пецне.. да се каже... Демек сеа мајка ми на клада ќе ме стаи што сум излегла од собата а дете плачело... Се надурли и зошто не сме ја носеле на бајачка, а уствари не и е за дете нејзе, нејзе и е зошто дете не оди кај неа. Значи не ми се верува дека сите проблеми се околу детево...
Не е исто точно Затоа реков се излајала у превод читај се изтрчала И сеа што? Спушташ граници нњма живеачка одма а? Демек ти никогаш не си се изтрчала??? Си Само шо не си се приметила Ајде уживај таму
Многу такви истрчани има она пред мајка ми, која е најмалце должна да го слуша. Нек каже пред мене ако смее. Тоа не е истрчување, намерно е за да ја пецне мајка ми. Не и е прв пат. Секое гледање пецка нешто така.
Е мајка ти малодете ли е да не знае да и се одговоре? Мајка ти маместо да те пиштеде од нервозо трче да ти каже Ете и она колку а мисле Не бе бог да чува се старите и мои и негови не делам
Па не мислат.. да мислат нема да има проблеми. И од една и од друга страна. Нема шо они две да зборат за нас и нашето дете.
Е тоа е тоа главното И мои и негови шо е можно по на дистанца Не мислат без разлика дали е свекрва или мајка исти се
Те цитирам за да ти кажам дека џабе си ги трошиш нервите. Не се ова проблеми за кои што вреди да се нервираш, иако сега ти изгледаат како такви. Во едно уво влегло, од друго излегло
Не се, ама се едни мали во морето на проблеми кои се прават без потреба. Затоа викам јас у нејзиниот дом не се мешам. Си има маж, па ќе си се пожали ако му смета нешто. Исто и мм има право да се пожали кога нешто не чини. Дојди кога сакаш поиграј со внучето и биди си среќна, не боцкај. Ооо па да имаше тема за мајки... Мада пишав нешто во друга... Не знам па неа како да ја опишам. Тотално не заинтереаирана за свое здравје... а ти се жали како и е лошо. Ти и викаш легни, одмори доста работиш... Е тоа ли.. само да седам а, како цвеќе... Да ги кажувам нивните бисери мислам само јас ќе пишувам на темава. А си седнал со сите си напраил муабет, паднал договор. Ама деца, само вие што сте со нас ние сме среќни.. Дали??? Едноставно некогаш мислам дека ние постоиме само за да им угодуваме нив. Не, не материјално.. туку ете се пунат себе кога ги тапшаш дека се во право. Кога ќе направиш баш како што сакаат тие. Пошо баш така треба. А јас сум таква, криво ми е кога луѓе до толку ќе се сменат што ме крши тоа, како да е најстрашно на свет. Ме депримира. Не сум таков човек и едноставно никому не сакам да направам лошо, ни несакајки... Едноставно некогаш не знам како да се поставам. Ај да не си многу мек, ама да не си ни многу строг. Ај мисли и на маж.. и на дете... на сите. Само на себе не.
Мој совет е ако мајка ти сака мир во куќа нема што да ти пренесува што рекла, посебно кога знае дека ти ќе се нервираш. Ете јас да сум на место на мајка ти никогаш не би ти кажала бидејќи твоето здравје и твојот мир ќе ми се пред се па и пред тоа да покажам каква лоша свекрва има ќерка ми. Затоа убаво викаат подалеку и од едните и од другите. Вакви ситници се банални да се коментираат а уште повеќе да си ставаш на срце, невреди до толку. А и навистина зошто воопшто им придавате значење да трошите дел од живото за нервози за било кој. Ова верувај ти го кажувам од сопствено искуство.