Само отсечно и на прва не дозволвај да те газат,сега имаш плата,придонесваш и главата горе.Работи на самодовербата,ценисе себеси,и со сопругот не попуштај ако не те подржи нападниго ти него,не се повлеквај.. Честитки и прегратка до тебе
Здраво уште еднаш морам да ви признаам дека навистина многу ми значи вашата подршка ве гушкам и поздравувам .Па искрено од мажми некако незастанал позади мене заби да покаже него така абе мамо па немој не се нервирај ајде сеа знаеш ние младите има некоја си страхопочит према нив како ли да ја кажам нека ги почитува сепак родители му се али знае да претера мислам мамино синчеее ама нека тера битно дечињата ми се ок тоа мие најбитно сеа брзо му одржав еден говор бидееќи имаше еден период нон стоп мама мама мама баба баба баба и пукнав бидееќи психијатарот ми рече не дозволувај да оди далеку кажувај во моментот што ти смета одма пресечиго јас тоа си го сфатив здраво за готово и така си терам и му реков слушај сонце мое најмило јас сум им мајка на овие деца јас ги родив ти ги праеше у чемује проблем што секој ден мајкати е на дневен ред во нашава куќичка и абе знаеш па денес праела компот и многу е убав викам сакаш јас да ти напрааам и ме гледа па правеше епа шо мене вака не ме збореше виде дека сум отсечна и крај мислам ја збори ама не до толку кога несум дома се симнува доле децава ми кажуваат тоа е негово нека оди јас и децава сме си зафатени бидееќи ги запишав на курс по англиски на карате и излегуваат оваа ке пукне мислам се разболе луѓееееее невероватно нешто неможам да ја сватам срамота било што женсково дете ми оди на карате народот ме озборувал а башка И ЖЕНСКО БИЛА ТРЕБАЛА ДА РАЃА ужассссссссс ама јас си терам по мое нема попуштање шо биде нека биде а него само го посмтрам искрено чуствата и некако како да ми се замрзнати ама не се давам ке издржам МАЈКАМИ КАКО ВИКА ЌЕ ЌУТИШ СРАМОТА НАРОД ЌЕ ТИ СЕ СМЕЕЕ хххеххе е боже боже ВЕ ГУШКАМ СИТЕ
осамена мајко држи се цврсто на тој став што си го имаш сега успешен е да знаеш кај нас има една изрека и вели господ бава али не заборава значи ке се забави али ке се врати така да добра ти е стратегијата држи се со неа и ке успееш да си ја сочуваш фамилијата а и тој простак од маж што го имаш со тек на време е увиде кој колкупари вреди и ке се сврти кај тебе ке биде само чувај си ги нервите и не ги приметувај напред се гордеам од вакви жени како тебе
Снаа оди кај свекрвата на гости: - Стави ми една ракија. - Ти во ред ли си? - Ќе ти дадам 100 денари! Свекравата и ставила ракија. - Стави ми уште една ракија! - Ги помина сите граници! - Еве ти 500 денари! Свекрвата ги зела парите и и ставила уште една ракија. - А да испиеме по една ракија заедно? Ќе ти дадам уште 500 денари. Свекрвата се согласила и испиле по една ракија. - А да ти удрам еден шамар? - Ти не си во ред?!?! - Ќе ти дадам 1000 денари! Свекрвата се согласила и снаата и удрила еден силен шамар. Во тој момент на снаата и ѕвони телефонот. И се јавува маж и и ја прашува: - Драга и ја даде ли пензијата на мајка ми? - Да, да сега и ја давам...
Здраво на сите. јас сум во заедница и некогаш се гушам и мн ми е тешко свекор,свекрва, золва и девер.освен со свекривата со другиве немам проблеми али оваа немам штто да и правам. Едвај чекам дасе вработам па со мажот ми да си излеземе во станче но ке треба малку време за тоа бидејки сум трудна веке 7месец и неможам да барам работа во оваа ситуација. Мојава многу се меша и се и смета тоа што идам кај мајками,сто спијам до 9 максимум и само ме боцка со зборови.На почетокот се си кутев али сега се му кажувам на мажот ми пошто така ми е полесно. Значи трудна сум таа пак ме нервира,таа немала свекрва и не знае како да се понаша со снаа. Маж ми вика да не ја тинтрам и ич да не ми е гајле што ке кажела таа ама јас не сум навикната на такви жени со брз јазик а спор мозок
златна не и се замарај и јас ја имам истата дома никаква оде и само зборе по мене како некое тропатало е ама што да правам јас ја истрпев некако и еве 9 месец сум ама што се мн нервирав од неје 2 пати лежев во болница немој да се нервираш ке му наштетиш на бебенцето не и се замарај знам како е ама ингорирај ја прави се дека ко зборува си се умислила во нешто и ке се затне а ако се расправаш душата ке ти ја јаде и мене ми беше така заш идам кај моите заш и кажувам се на моите а она денар пара не сака да даде за контроли и за мене јас ко сум дошла она немала што да јаде а моите имаат мн повеке пари па и дадоа се за зимница се и изнакупија само да не кука ама ете таква е изелица ем нејзе свекрвата не ја сакал бидејки била мн мераклика на времето ова го имам слушнато од мн близок роднина на свекрвата нејзина ама тоа е кози низаедни
леле леле значи не е само мојава а сите ми викаат така дане се замарам али не е лесно кога стануваш сабајле и директвно нејзината фаца и ја гледаш и од култура и викам добро утро иначе срцево ни тоа несака да го казам.додека идев на факс супер ми беше али откако завршив тогаш осетив како е со свекрива. А што се однесува до моите мајками заради нејзе не и се доага ич тука пошто знае каква е и многу ми е тешко што моите на 3 месеца еднаш доагаат,али затоа јас идам почесто и оваа пука али сварно не ја свакам што има лошо во тоа... Она сака ко во старите времиња снаите да слушаат рано да стануваат и се по кеф да и прават
Штом имаш имаш поддршка и разбирање од сопругот според мене тоа е најбитно.Гледај да не ти прави проблеми и сплетки со сопругот ,се можеш да очекуваш од нив.По можност воопшто не се замарај со нејзе колку што можеш избегнувај контакти со неа,остави ја нека си зборува, нека тропа ко празна канта ,ти прави си по твое,немој да и попушташ.Немој ниту пак премногу да и ќутиш и да се полниш со нервози а не посебно во твојава состојба,не и дозволувај да ти се качува на глава,нека не ја искористува добрината твоја зошто ќе трпиш и трпиш некое време но,не можеш вечно,човек си не си камен.Се што ти смета и пречи кажи и полесно ќе ти биде на душата.Со такви прости и конзервативни свекрви само така !
Ич да не се нервираш и да не земаш све за срце оти сите свекрви се исти,некои по малу,некои повеке во главно иста приказна насекаде.Најбитна е поддршката од сопругот бидејки има некои и не сакаат збор да им речеш за мамичка,кој мислат дека само таа е во право.Не ги фаќај за озбилно критиките и некогаш противречии, но не како на карање онака благо некогаш поќути,но не оставај да те подгази и што е најважно немој да се закаруваш,оти тогаш се бетер.Јас првите години од бракот све си земав на срце и немаше ден да не се затворам во соба и да плачам,па кога ке се фатеа со золва ми двете па срцето да ти го отпараат. И јас имам и девер те разбирам потполно како тие е.Но еве золвами се омажи деверот се ожени и си замина во друга држава и одма почна да се понаша поинаку па кога ке дојдеше золвами со поплаките што и рекла свекрва е како и направила,е тогаш ја чукна главата.А сега што и да рече бројам до десет и назад да не и се истурам ми проаѓа нервозата и си терам по мое па ке види ке невиди и ке се заќути.Само стрпи се и не си фаќај за срце ништо не дозволувај ни една солза да пролееш за неа.
Бога ми имаш среќа што маж ти те подржува....Јас кога бев трудна на маж ми ич не му беше гајле дали се нервирам или не...ако кажев нешто за мајка му одма избиваше казна....ама што да правиш тоа е....заради детето останав само!!!!
Точно е дека повеќето бракови се растуриле или се на прагот за да се растурат поради родителите од страната на мажот или од страната на жената. Повеќе умешуваат прсти од страната на машкото. До сега не сум видела да се согласуваат снаа и свекрва,освен во филмовите! Кај нас,мама и свекрва и (баба ми) ич не разговараат. А ниту јас разговарам со нив. Со свекрва и золва поарно да не живееш во иста куќа,поарно!
имате право али оваа мојава емоционалност нависитна ме победува... и јас така порано у соба се затварав и немисе излагасе додека дојде мажот ми од работа ама сега од инат не сакам ни солза да пуштам..леле уште мажот ми дане ме подржуваше ке полудев, а најлошо е што и деверот и золвата ја држат ко кралица и она е нај нај но едно не свакам како они кога она ке ми пререче нешто си кутат место да ја предупредат и даја потсетат дека сум трудна не бе гајле им е...а најтешко ми е кога треба да идам кај моите и на госпогата многу и сметаа тоа сака се дома да и седам. Инаку одвај чекам золвава и деверот да се омажат/оженат. Го молам Господ детенцето да ми се роди здраво и живо да се вработам и да си земеме кредит за станче пошто со една плата богами тешко е...фала ви на сите многу ве поздравувам
бидејќи е старо мислењево ќе го цитирам и ќе кажам енца потполно си во право за се што имаш напишано од збор до збор посебно за ова Од мажот зависи дали вие ќе бидете третирани како царица или магарица.
Никогаш не би помислила дека ќе пишувам на оваа тема Ама ајде и јас да си ја кажам маката со мојата тазе свекрва и золва. Навистина не ми е јасно како тоа ама 90 % според мене свекрвиве се исти. Само знаат да боцкаат со зборови, да пецкаат... Ама јас како што ме дал Господ не ќутам многу. Свекрва ми многу сака не директно туку индиректно да ги кажува работите, не в лице туку онака уз муабет ќе ти го лупне, ама јас ја научив и веќе и јас така почнав да си ја "мотам". И така има многу работи што можам до утре да лупетам овде да пишувам ќе спомнам нешто онака сигурно некој ќе се препознае Имаме такви "муабети" од типот "Зошто спиеш до толку часот, ајде легни си порано; Зошто ќе одите таму немора да одите; Да си наместите темен ламинат, овa овде да стои, овде она да стои; Ајде сега не седи многу на компијутер; Вака ќе направите (прави муабет за мене и вереникот мој како ќе правиме свадба со колку луѓе, кои луѓе). Дома како да ни биде наместо, како ќе одгледуваме деца ми кажува во иднина, зошто тоа сум го облекла, кај сум одела така непеглана (ма што те боли сакам да и речам некој ден како сакам и кај сакам ќе одам).... и ред многу други работи од ваков тип. А мене како што ме дал Господ ШЛБ (шалабајзерка), како што ме дал Господ да ми биде прво јазикот па после умот, е тогаш мисли му ја И јас знам да вратам ама така некако не арогантно, туку онака пополека, пополека.... убаво ама полека враќам и јас, и не ќутам му кажувам на вереникот вака и вака и тој знае дека сум во право и вика АЈДЕ БАТАЛИ НЕ СЕ ЗАМАРАЈ зошто знае дека сум во право. И после неа и вика вака и вака и таа ќе заќуте некој ден после иста песна. БОЖЕЕЕЕЕЕЕЕ.... А пак таа золвата моја БОЛВАТА, пољубоморно суштество немам видено има 26 години нема дечко, исфрустрирана е некако (така ми изгледа барем мене да не грешам душа) некако како љубоморна ми е мене дека имам работа, имам маж покрај мене имам се што ми треба, а таа некако с с с не знам како да ја опишам нејзината арогантност спрема мене, само пецка, само ме боцка ама знам убаво да и вратам, идниот ми мој муж и вика ПРЕКИНИ или ќе ја седне ама не пред мене ќе ја испее малку да не зборува многу. Оф леле маки Ама ајде ќе се среди се да сме здрави и живи. Може и ние такви ќе бидеме кој знае, само треба да сме силни, да издржиме и до крај да одиме и да не попуштаме. Поздрав девојки.
Свекрва, Мајка , Свекор, Татко,Брат, золва,Девер ......... Све ми се дојдени прегу глава ми се иде да се размавам и се да отерам...................... не је битно ке те побудалат коса ке ти обелат........... све ти се това напасници на моменти. Како едните така и другите......... најубаво сами со мажето и детенцето........ па нек си скршат главите нека идат по ѓаолите. Това ти је това подобар избор и подобра стуација нема од това.
така е у нашава Мала земја со мали плати мораш со старциеве барем некое време да живееш да се нервираш и ич да не си раат. Абе едноставно најубавите години да не ги осетиш... Јас на почетокот кога се омажив од вознемиреност осекав тахикардија ама со тек на времето си реков да не се правам будала да не ја рецкам. Зоолвата е 30годишна нема ни дечко ни ништо и немате појма абе некогаш уста не и се отвара ништо не работи по дома ни сега ништо не помага иако знае дека сум бремена демек уморна од работа се врака и ни сад не може да измие... Енца имаш право за се али сега ситуацијава ми е таква што не можам да се вработам и барем колку толку да не ја гледам ама тешко е дека мажот ми е на работа до 4, 5 а дома сме само јас и она и леле некогаш не ми доаѓа ни збор да прозборам.Тешко е стварно кога многу усти зборат во една кука ве поздравувам сите
ех колку си во право ена за се... сеуште не сум во брак али вакви глупости ми се случиле за овие 3 год врска. и мајка му и сестра му... али ништо не пречутив пред дечко ми. се што беше се си кажав и да ме подржа тешко му паѓаше кога ќе речев нешто за нив ама што е најбитно знае дека сум во право и ме подржа. татко му мн мн не го знам не коментирам за него. мајка му - увек дотерана на фризер оди на 2 дена а синовите непеглени, во секој момент се обидува да те понижи и од уста не ј вади ќерка си најучената најпаметната најкреативната сестра му - има завршено педагоски факултет и не знаете кооооолку е паметна. се знае а сите околу неа не и се ни до рамена а всушност таа не ми е ни до колена. брат му - си гледа за себа и ништо не го интересира друго. кога ќе појдам таму ако дојди мајка му ја „брка“ му реков дека ми е незгодно и ми вика и ич да не се секираш. иначе уште од првиот ден кога се запознавме со мајка ми таа ми кажа дека не планирала да купува злато за невестата, свадбата е трошок се немало пари и сл значи читајте првиот пат кога се запознавме со неа и мн други работи. ама ако мисли таа дека е попаметна не е. јас никогаш нема ништо да и речам н незе ни на било кој друг. ако дечко ми ме подржува за се тие ич и не ми требаат.
Стварно не ми е јасно како си зимаат за право, на туѓо дете да кажат зошто до толку спиеш, не седи пред компјутер, не одете ваму, таму.... Јас уште не можам да се пожалам, ама па гледам да си ги наредам работите како јас си сакам уште од сега. Свекрва ми често знае да каже, јас сум цел живот со свекрва, нема и моето дете да го поминува истото(дечко ми е единец). Ние сме секој ден заедно, така да и неа ја гледам секој ден. Кај нив имам дозвола да си се однесувам како дома. Јас и дечко ми бидејќи не јадеме се, таа знае да каже дека тенџерчето си го нашло капачето....ама не ме повредува тоа зошто е вистина, ама знам и да вратам, што да ви правам, таква снашка ви одбрај синот, каква е таква е ваша си е...и на тоа добивам одговор дека сум во право. Ама буквално се однесувам како што сакам....се галам, се мазам...коа ќе отидам им мафнувам и им викам ја стигнааав....И и се познава на женана во очите среќата кога сум таква насмеана и откачена... пред некој ден заедно со неа гледав кујни на интернет, каква сакам да ми биде во станот....има милион случки и ако пишувам ќе нема крај..... Има денови кога не е расположена и тоа и се гледа на лицето, ама никогаш не го споделува со нас, туку си држи во себе....Ако ни дојдат гости, без да кажеме нешто се повлекуваат во соба....Кога не се дома, а ние сме ручале ќе се јави и ќе каже...нека не ми се мачи снаичето, ќе ги ставам јас во машина садовите... И стварно е греота да кажам нешто лошо..А за во иднина, не се секирам, нема да има промени, зошто со сигурност знам дека нема да живееме во заедница....