Нема што да им докажуваш. Тие си имаат нивно мислење и нека им остане, свадбата е ваша, ако сами си ја плаќате имате апсолутно право да одлучувате како ќе ја правите. Мене овде ми изгледа како да не добиваш поддршка од сопругот. Се додека вие сте еден покрај друг и се поддржувате, другите не можат ништо. Едноставно ќе ги известите за каква свадба сте се одлучиле и тоа е тоа.
Свадбата е на младенците, ама прашање е КОЈ ЈА ПЛАЌА Ако ја плаќаат старите, тогаш ќе се игра по нивна музика. Секогаш е така, ретки се случаите каде старите даваат слобода да си режираш по свој терк. Но, јас од секогаш сум била против тоа, да им дадам пример 2000 евра и да им се качам на глава.Ама тоа си е мое мислење. Компромис дечки. Ако ние како невести сме сонувале за своја приказна на тој ден и тие исто сонувале за тој ден. Ако сами си финансирате, тогаш отворено ќе им кажете дека се ГОСТИ на вашата веселба. Ама ако е обратно, за да не избива куршлуз, барајте компромис и разумни решенија зашто не вреди да си го уништувате денот кој ќе го памтите цел живот.
Уште ова ни сум видела ни сум чула... Тука Јајца бојадисувале во сабота и свекрва и и така и мојава си продолжила.... Се чудам цел ден.
Знам ама сите што ги знам си прават три денес па другите сабота ,мајка ми денес сите ги прави . И си има своја симболика како што знам вапцувањето денес.
Македонија е многу диверзивна земја. Секој град, секое село.. море секое маало, фамилија, си има башка адети. Секој нека си прави како што си знае. Ако тебе ти значи да бојадисаш три во четврток пред изгрејсоце, бојадисај. Ако свекрва ти не прави така, нека не прави.
Абе за јајцата ли се фативе Мајка ми бојадисувала кога, како. Јас бојадисувам едно во четврток, другите во сабота. Некој гледам три бојадисува денес.... така што, кој како сака. Убаво рече @WildMk секое село, различни адети. Уживајте и не се замарајте за глупости
Кај нас пак обратно, свекрва ми бојадисуваше во четврток, сите јајца. Јас првата година не се ни мешав, нека си прави како сака. Ама откако живееме сами го бојадисувам сите во сабота, каков четврток, какво два-три пати. Битно е што носиме во душата, а адетите сама си ги смислувам, односно како мене ми одговара во моментот.
Уште не сум официјално мажена, ама долго време сме заедно, долго време живееме заедно а пред 6 месеци се веривме. Со идната свекрва секогаш сме биле ОК, и таа кон мене и јас кон неа (се надевам). Вчера отидов во маркет целата пресреќна, си купив јајца, бои, лепенки, слами, корпи... Многу ми е мерак прв пат годинава да си вапцам официјално сама јајца. Денеска помина идниот свекор да ни остави нешто плус намирници за викендов. Жената пратила 10тина јајца во разни бои. Сигурно и било мерак да направи за сите ама кога ги видов дома се разочарав. Јас планирав 15 максимум да направам бидејќи сме само ние двајцата и на тие не знам што ќе им правевме ама плус и овие 10 од стариве... каде со 25 јајца Сега си се пожалив инкогнито на чет на најдобрата другарка. Ме посоветува сепак да си вапцам ја како што сум си планирала, да си го направам меракот (ова според некои нејзини лични искуства). Што изедеме, изедеме, остатокот може и некое кученце/маченце да се нахрани. Сум против фрлање храна, ама нешто слично се деси и за бадник - јас све спремна, све испазарено за посна вечера, прв пат сама ќе месам лепче со паричка и оп! отидовме да вечераме кај неговите. Ќе си вапцам јајца во сабота (работев ноќеска до касно, не можев сабајлево да станам за црвените како што прави мајка ми) ,ќе се слушнеме со неговите секако за празник, да си честитаме, па планирам да си се пофалам дека и јас сум си вапцала свои. Се надевам нема да се навреди и ќе сфати дека само пробуваме да си формираме сопствено семејство со сопствени традиции, не се одродуваме од родителите побогу.
Се замараш со глупости. Колку сакаш толку вапцај си. Ако се навреди ти е гајле. Сигурно нема неа да ја прашуваш за дозвола дали да вапцаш јајца
Ова твоево реално и не е проблем,сигурно тоа што ти пратила јајца не е со лоша намера,секако нели на најблиските секоја година им носиме, ни носат, така да не е ништо страшно, а и нема што да се лути ако сакаш и ти да фарбаш. Ти си имаш посебен дом, секој за себе, нема зошто да се замараш. И јас ќе фарбам во сабота, мојата само црвени фарба цел живот, друга боја не, мене ми викс ти фарбај си какви сакаш, јас не јадам никакви освен црвени,само тие се вкусни, другите не ми се убави. Ок твоја работа,јас какви сакам ќе фарбам.
Чекај па таа направила правилно, за Велигден си менуваш јајца со најблиските. Сега треба и ти нејзе да и пратиш од твоите.
Воопшто не се секирај...ти пратила зш полициски час да имате јајца не со намера да се навредиш да невапцаш или да се навреди навпример во вторник ти и пратиш од твоите .. кога веќе секој дома си го празнува Велигден убаво е да си направиш и ти и дадеш на негови твои од нив... ништо страшно никој никого не навредува... баш напротив
Заблагодари и се културно и спомни и дека и ти си вапцала од мерак за вас, нема што да се фалиш, ќе си се надоврзеш во благодарноста. Може ќе разврзете тема за боите како ви испаднале, а може и не. Прави си како ти е мерак на душата, ама и почитувај да им направиш чест на постарите. Нив единствена радост им е радоста на своите деца и нивните партнери.
ве читам и ви се чудам со какви глупости се замарате бре женички и после проблеми кавги епа да кога ставате се на срце и се замарате со секоја постапка на свекрвата ... Многу полесно ке си поминете ако не се замарате кога сака нека вапца јајца ти си извапцај ако си во можност ти кога сакаш , ти пратила голема работа нека стојат извапцај си ти и готово .. без многу размислување и толкукување на постапките многу полесно ке си поминете отколку да си тупете глава зошто тоа го направила вака требало онака требало ..
Жената ги нема пратено јајцата со никаква лоша мисла, во тоа сум сигурна. Ем и било мерак, ем сакала да помогне. Дај Боже само вакви "проблеми" да имам во иднина. Ама приметувам дека родителите како резултат на малку повеќе слободно време, во својата желба да помогнат често знаат да забегаат малце и всушност ни одмагаат на нас помладите (може ова со јајцава и не е којзнае каков пример) Да, за празникот се даваат јајца-по едно, две на човек не 10 Да, знае дека обемот на работа ми е зголемен последниве месеци и сакала да ми заштеди време. Се е тоа кул, не се инаетам, не покажувам непочитување ама нема да идам ни против својот мерак. Фала ви на сите за советите, ви посакувам убави празнични денови
Те разбирам, таа ти ги дала мислејќи да не вапцаш ти па ајде 10, а можела 2 или 3. Ама не се замарај со тоа, направи си го кејфот и вапцај си колку сакаш. Не е само за неа празник, и за тебе е
И за јајца ли? Мене би ми било драго ако свекрва ми ми прати 10 јајца. Јас ќе си исфарбам 7 и готово.