За намирниците не се изнервирав воопшто, фала му многу. Овој мојот се изнервира пошто не биле правите намирници ама му реков ок е има и денес ден да се допазари што треба. Отидовме денес, доземавме што треба, па и за нив неколку ситници, да имаат за секој случај. Не е дека се изнервирав премногу и за јајцата само малце првично се разочарав од помислата дека тоа би значело дека јас не треба да вапцам годинава. Отпосле сфатив дека никој не ме спречува во тоа. Знам ова делува како глупа работа и смешно е да се жалам земено во предвид какви се други проблеми членките имаат напишано тука за жал. Јасно ми е дека форумов е далеку од safe space каде што би можела да споделам размислувања или искуства на било каква тема ама секогаш има исклучоци кои знаат со одмерен тон да се надоврзат како што сега впрочем направи и ти Бубче.
Мене смешно ми падна , искрено Па и она дека си и' се јавила на другарка да се 'жалиш' за фамозните јајца. Ако вака се 'нервираш' и фаќаш касавет за све што ќе направи/ каже свекрвата ехеее нерви ќе изгубиш. Некогаш ќе премолчиш, некогаш ќе и негодуваш, некогаш ќе се правиш на три ипол, некогаш и стварно ќе се изнервираш... Ама све тоа е дел од животот Кешки само вакви 'проблеми' да имаме Фарбај си јајцата и уживај
Татко му оди да се бута по гужвине да му испазари на синчето па уште се изнервирал што не биле правите намирници. Ах бе после Цацко ви е крив кога се карате
Не беше ОК од негова страна, баш како мало дете ми заличе и мене на момент. Испадна си имал некоја мака па на погрешно место се истури (пак незрело и тоа). Инаку неговите имаат кола па знаат да се понудат пред вака долг викенд, за да не влечкаме голем број на кеси, ама ете и тоа бидна денес и преживеавме
Ама проблемите од некаде 'мора' да почнат. Замисли членката да е била некоја ептен разлигавена пуфла , па да почнела одма на кавга . Прво на маж и : Еве ја мајка ти , сака да ме команда, она ќе ми вапца јајца, она ќе ми диригира у моја куќа! Па да и ги врати јајцата назад. Па свекрвчето ќе крене притисок, ќе почне да плаче на син и'.. И така се до недоглед.
Смешки. Ем ви пазарат со нивни пари претпостсвувам, ем чекаат редици, ем се изложуваат на вирусен атак, а синот изнервиран оти не биле "правите" намирници, а снаата разочарана оти свеки испратила 10 јајца. Сачувај Боже!
Пари им се даваат обавезно, не се они должни да ни плаќаат на нас храна, двајцата сме работносподобни и имаме примања далеку поголеми од нивните пензии. Времето кога родителите финансиски не издржувале одамна поминало и за мене и за вереникот и така треба и да биде. Сами си пазариме преку недела и земаме и ние за нив, баш за да не стојат секој втор ден у редици. За храната ние што им ја носиме инсистираат да ја платат, се навредуваат ако не земеме пари. За долги викенди се нудат да ни донесат нешто ако фали затоа што они имаат кола, ние немаме а најблискиот маркет е на околу 20 минути. Не пазарат специјално за нас, туку во склоп на нивното пазарење за викенд. Синот треба малце да си го смени однесувањето спрема нив, сепак реакцијата беше далеку од ОК. Ама се додека свеки се труди да помогне како што знае и умее, постои реална шанса да не заебе и да не си ги научиме сами животните лекции па и синот да си продолжи со понашањето. Да беше мајка ми во близина и она ќе пуштеше и јајца и друга зготвена храна што ќе беше исто погрешно. Ги почитувам и донекаде разбирам. Им благодарам за сета досегашна и идна помош ама нема апсолутно ништо погрешно во тоа да имам желба сама да се грижам за своето идно семејство во партнерство со идниот сопруг. Утре кога ќе имаат внучиња повторно помошта ќе биде добредојдена ама секако до одредена мера. Кој разбра, разбра. Останатите feel free и понатаму да се ужаснувате од моите ставови. Btw, како за прв пат јајцата супер испаднаа
А што треба? Да ќутиме и да трпиме и после на глава да ни се качат? Секој да знае кај му е местото. И мојата свекрва праќа јајца па не правам проблем. Нека праќа што сака само нека не ми се меша.
Во секоја од нас се крие бар по една малечка "драма квин". Сега зависи колку сакаме да си признаеме Сакам да се сметам себеси за рационална особа, ама кога ќе се сетам што се ме иритирало порано а немало воопшто потреба, сфаќам и дека не сум баш. Темпераментот не "јаде" повеќето. Ма да , ако сум искрена, свекрва ми никогаш не ме извадила од кожа како мајка ми. Стално се навраќам на оваа тема иако никад не сум имала проблеми со свекрва, повеќе ми е као "case study" за меѓучовечки односи , знае да ме насмее и да ме замисли. И единствена константа е она дека " не можеш друг човек да смениш, можеш само својата реакција на него да ја измениш". Среќни празници и уживајте со јајцата од свекрвите, јас исфарбани готови купив од маркет ( една недела стари оти овде протестантски Велигден),и најубави ми се и ако добијам труење, нема кого да обвинам
Да игнорираш и да бркаш своја работа не е исто што "да трпиш и ќутиш". Ако влезеш во било каков дијалог не си ја надмудрила, туку си докажала дека сте на исто ниво. Многу е едноставно, си наоѓаш некое хоби, правиш се што те прави среќна, гледаш мажот, децата... Е сега, освен ако те прави среќна да се препукуваш....
Од мајка до свекрва има голема, огромнааа разлика никогаш не ги споредувајте, мајкати може што сака да ми каже ама некоја си таму да зборе што сака нее Јас ке додадам мудриот попушта, паметниот напушта ако не годе свекрва, свекор а мажот ништо не превзема јас ке го напуштам. Никој никој не е должен на овој свет да трпе, пример некои не се по природа мирни и да простуваат или да игнорираат други се избувливи со цела рака апчиња за смирување и антидепресиви, со тешко минато и да и дојде некоја да ги малтретира ма ајде бре какво игнорирање?
Знаеш што е игнор систем? Пример свекрвата вика: во наше време се готвеше од вечер за утре, за ко ќе дојдеш од работа да имаш ручек, а ти викаш аха да супер и пак кога ќе те фати мрза продужуваш да купуваш готов ручек на пр.од Гала кујна. Наместо да избувне кавга од типот која си ти да ми кажуваш, вака ем си тераш по свое ем кажуваш дека не те интересира што мисли... А што е најважно не си правиш тензија со мажот од типот мајка ти вака и мајка ти така... Едноставно е.....
Абе не заебавај некој да ме влече за нос да му траам у кој век живееме да ми замерува некој и да има предрасуди оти не се правило јадење или заши мажо постилал алишта а не јас поарно ке наебам и маж и свекор и етрви и се у пм и ке живеам сама срекен живот. Зашо мора се снаите да преќутуват и да игнорират? Зашо пример не е свекрвата да ја игнорира снаата или ке лета снаата како партал
Има разлика... Во вакви ситуации како примеров јас што го кажав се игнорира, замисли, треба да се "оскубеш" зошто кажала дека порано готвеле од вечер за утре, а мене ме погодил муабетот зошто купувам? (Ова само како пример го кажувам, не е нешто лично). Не зборам за сериозни проблеми кои сме ги читале во темава, туку за баналности! Како што гледам тука за најмала ситница снашкиве се наорлени за кавги!
Од капка вир немора да ти каже типична навреда или пцовка туку ова се провокации а со тоа ако прифанеш да живееш душата ке ти ја изваде. Не го разбирам твоето оправдување на ваквите провокации со игнорирање, знам многу овакви ситуации таквите провокации се најопасни индиректни
Не е оправдување, едноставно јас така сум одлучила да функционирам... Си го гледам семејството, домот имам добар социјален живот, премногу обврски за да тупам мозок со баналности. За мене, да се замараш што кажала жена на која младоста и поминала во 20 ти век, наместо да ги уживаш благодетите на домот и семејството и сл. е огромна будалештина! Да стварам тензија на самата себе, на мажот на детето и да го полнам домот со негативна енергија зошто свекрвата ми пратила јајца, а јас сум сакала да фарбам, по мене, е еднакво како да си пукаш во нога. Едноставно тераш како што мислиш дека треба, имаш поддршка од мажот, не перцепираш туѓи констатации и чао пријатно. Да имате реализиран социјален, љубовен живот, да имаш се за да имаш нормален живот, а да тупиш мозок со тоа шо кажала свекрвата е неиживеаност. Како да живеете за да се докажувате на свекрвите колку сте модерни, колку сте јаки на вилица, недопирливи, а уствари само сте опседнати!
Не сум должна никого да трпам. Дома кај неа ќе кажува правила. Кај мене не. Јас и плескам во фаца. Ако нешто не ми се допаѓа одма реагирам. И не знам дали ме прочита. Јас ИМАВ проблем со свекрвата. Веќе не. Овде само пишувам што правеше она. А зошто веќе немам проблем? Затоа што си знае каде и е местото сега. Ја гледам еднаш во годината. И не гледам никаков проблем.
Немаш проблеми, дај боже никогаш да немаш и дај боже мислите да ги форматираш, оти од уста не ја вадиш, според тебе, после се, заслужува толку посветено време на форумов и надвор од него, односно да ти биде најисцрпена тема на муабет?
Јас кажувам што ми правеше. Си споделувам мислења со феминките што имаат проблем. Или не треба воопшто да се коментира на тема свекрва?