Интересна работа дури 3 случаи познавам како овој погоре. Ова нова мода да не е? Страв им било, па ајде кај синот. Раат немаат младите. После оди по комшии и оговарај ги.
Па друго е за самио себе да си готвеш друго е 10 усти да ранеш и да пренесуваш на една маса поарно ако сакат така нека си изнајмат некој куварка или кувар
Абе како така, кој да и дозволи? Се знае таму живеат син и и снаа и, она има дом. Седи некое време дур се помири со животот и новата ситуација и си оди дома сите да си продолжат со животот. Ако не ко така недај боже (не посакувам ничија смрт), некогаш и за мајка и/татко и ако останат сами, соба да направат, да си се соберат сите на куп.
Не и е до стравот толку колку што сакала да ви се пикне. Тешко се помируваат со тоа некоја да им го земе саканото синче и да го оддели од нив. А и на синовите очигледно им одговара мамичка да е до нив. Си требала да се спротиставиш веднаш. Сега ќе имаш проблеми, маж ти сигурно ќе ја брани а таа ќе кука на сите страни како ја бркаш.
Kako sto napisa tuka, taka ke mu kazes na mazot ti. Ili napraveti za nea poseben del vo kukjata ili neka se vrati na selo. Ako i e strav da sedi vo kukjata neka zeme nekoja kirajdzika da sedi so nea(taka napravi edma prijatelka od majka mi). Ne moze ti cel zivot so nea da sedis zasto nea i e strav da bide sama.
Епа вака.. јас на свекрва ми до сега не сум и пререкла збор, кога од коѓа ме вадела си ќутев, се што ми сметаше му кажав на маж ми, прво не знаев како, тој не беше тука кога се породив, ем без нас ем да му трубам за мајка му ама кога се видовме разговаравме и ме поддржа. Обично така функционираме од старт, проблем излегува некој, ние на маса, разговор културен и проблемот е решен. Година дена кај што живееме со маж ми заедно, останав трудна ни се пресели дома демек за помош ајде реков, ја и маж ми секако бевме излезени дома само за јадење, можеби некој ќе искоментира еј па си имала секој ден ручек што се жалиш. Мир луѓе, мир сакам, да го гушнам маж ми на раат, да излезам од капење по гаќи ако сум забораила пешкир, да гледаме филм како што од самиот почеток имаме на вика пред легнување, а не да заспие во дневна во 9 и ние како восочни фигури да не мрдаме. Си има стан, си има маж, кученце си има зошто нема осет дека ние сме млади и сакаме малце простор за над? Беба е малечка, кога ќе заспие следува нашето време абе една прегратка е доволна.. ми обеќа дека нема да ми се меша, маж ми ги замоли на фин начин дека беба е наше дете и ние одлучуваме, скишно додека не е тој тука води психолошки рат со мене. Кујната кога ќе дојде не се знае што кај е, се ми преместува, летото прошло кога видов дека во спална алишта преместувала јас нервен слом кога не добив, јас соблечи го бебе таа натуркај го со ќебе, јас пушти глас на ТВ, таа исклучи го ама ја сум инает поголем од неа. Прифати да доаѓа на 2 дена со спиење кај нас (на 60км од Ск живее) и кога ќе дојде се понаша како да е газдарица ( ако го имаш ти купено станот и поклонато на син, син ти е женат и има своја фамилија, прифати дека не ти е уште место тебе да воспоставувап ред како тебе ти одговара), јад сум самотњак, уживам да сум сама и кога живеев со моите за мене рај беше кога они беа на работа. Мајка ми еднаш ми нема отворено шкаф, јас ден денес не знам што се наоѓа во регалот в дневна ако нема нешто мое тамо, кај женава тука тоа правило не важи. Ги поднесувам тие 2 дена во неделата, ајде внучето да си го види ама сношти слушам како му соопштива на маж ми дека јуни месец ќе била цело време тука кај нас оти свекор ми имал работа во друг град па таа да не вила сама, знам дека ќе ви сметам му рече, а маж ми на тоа, нормално дека ќе ни сметаш, зачути. Денес пак истиот муабет од околу мене, јас игнорирам као не знам за што правиш муабет. Не знам што е со свекрвиве ама патат да бидат газдарици и тешко им е да сватат дека децата имаат своја фамилија. Ние со маж ми кога ќе си оди утре пак ќе седниме на маса за разговор ама изгледа треба на чоек малце погрубо да му кажеш за да укапира дека смета.
За дел од работиве имаме сличен проблем, мој совет ти е, почни со строго кажување се во лице. На пр. Ова јас овде сакам да стои и нема потреба да го преместуваш, ако беше да стои таму, ќе го имав оставено. Крај. Ако има противење, ти ќе речеш ама јас вака сакам да е. Неможеш со нив поинаку, со фино па ич, ретки се таквите. Јас на син ми алиштата на сушара внатре ги сушам, она еден ден дошла горе дур не бев дома, ги однела надвор на тераса. И реков што има она да ги вади надвор, ако јас сум си ги оставила внатре на мојот спрат, дека не се за надвор, да беа јас ќе ги имав однесено. Не и текна веќе. Одма од корен сечење. Кога чекав со убаво да е, никогаш не беше по мое. Изедов триста нервози. Сега со повишен тон кажувам од одма, на кој не му се допаѓа нека си се лути. Мм има кренато раце, изназборуван е исо убаво и со лошо, некогаш не ги ни слуша, ама јас неможам.
Што е бе тоа два дена во неделата заедно? Какви два дена, еднаш месечно, на кафе да дојде и да си оди истиот ден.
@Bubish26 какво седење бе какви гости, дали е нормална женава, а и маж ти реално, извини вака, да ја трпам мајка ми или свекрва ми да ми спие дома у дневна нема шанси. Мојата еднаш лани кога маж ми беше у странство спиеше тука, долу кај мене на топло, јас ќе пукнев, маж ми и кажа веќе да не и текне тоа и крај од тогаш. Може да спадне сега на кафе ако сака да пиеме и толку, а у иста куќа сме. Убаво ќе и кажеш, јасно и гласно, нема веќе што да спиеш кај нас ниту да отседуваш тука, а ако се буни и таа и маж ти, ќе ја викнеш и мајка ти и ќе речеш барем ако иаме помош мала, сеа да иаме скроз ништо да не фаќаме ете нека ги и двете па да видиш како ќе смени игра. Глупости. Не ми е јасна која е поентата да спие кај вас?
е ајде де, во друг град живее и да не патува истиот ден ама бар на две недели.. и тоа купив нова постелнина, јас со мала Австрија кај мојте идам дома ја барам нигде перниците, прашувам маж ми, он не зн @Mantub спие оти живее во друг град, ќе дојде на пример денес утре си оди ама идеава да седи цел месец и е крајно безобразна. 100 пати маж ми и има кажано, не се разбира со убаво , треба ептен да сме груби и да се искараме.Не ни знаеше тој дека има она се преместено, јас си ќутев и нервирав додека не пукнав, гледам остава сега на кревет ако нешто е суво од алиштата ама инает е голем, правиме муабет за човек што кога ќе го извалка чаршафот го турка на другата страна само да не знае некој дека она го извалкала. На против маж ми е за се на моја страна ама ептен мора да ја фати за коса што се вика и надвор оти нема разбирачка. Мајка ми исто не ми е тука за помош, а и не барам, различни се скроз, барем има осет мајка ми. Иде од странство жената и плаќа хотел да не е кај нас, не можиш ни да ја убедиш дома да остане. Се спремавме намерно да одиме кај нив на еден ден за да не дојде и знаеше и сепак рече еј ам ја веќе трнав на пола пат сум, попиздевме, дојде тука, маж ми лут она упорно не и текнува дека е вишак.
@Bubish26 тебе веќе женава ти е одмилена, ништо чудно штом толку се меша. Ако мислиш дека ова се случува оти станот е нејзин па поклонет на син и, понудете се као фол да почнете со исплаќање како на рати за да биде ваш, гарант ќе одбие оти влезницата за мешање ќе ја изгуби. Ако и двата со маж ти сте на иста мисла, рачунај ако ја спукате калимерата со нејзе, таа можда нема да доаѓа а ти вечно ќе бидеш кривецот. Нема да сака да си признае дека и син и и замера на мешање преголемо. Не можам да го сфатам јас ова "иди ми-доџи ми" , иако па сите барем во темава жустро реагираат ако некоја на пример на золва и замери дека доаѓа кај своите ако е таму и снаата. Во стил- тоа може, кај своите си доаѓа, а свекрвица не може во сопствен стан/ спрат да си дојде. Не знам дали ме сфаќаш, до човекот е , не е до местото .. лесно ќе ја ставите во ред ако не ви е грижа за можни последици. Се може да и истекне ако сеуште е сопственик на станот. Моите родители ми купија стан и кога ми рекоа да го префрлат на мое име, ич не се израдував оти знам дека ако се скарам , ќе испадни им го зеде станот и ги шутна. Ама јасно им беше дека нема мешање , самостојни сме и фино лепо и под кирија можеме ако се прават главни. Мада, не ни дојде до таква ситуација, оти во тој дел се разумни. Зошто по ѓаволите би трпела некого , ако не морам.
Мајка ми е многу отворен тип, в лице се може да ти каже, јас сум чоек што голтам додека не пукнам ама ако пресечам кај мене завршено е. Кога се роди малава мајка ми ја замоли да не остави сами, млади сме, време за нас ќе имаме помалце ама тоа што го имаме да го искористиме. Таа рече дека и на ќерка и ќе и оди дома кога ќе се омажи да и прај јадење (иначе јајце не знае да спржи) ахам и рече мама колку би ти дозволил зетот да те гледа секој ден со тенџерињата таму. Еднаш ме нема за нешто пофалено и ако рече ќе биде со пола уста, не може да се помири дека и покрај бебе имам секогаш ручек,торта, се е цакум пакум, дека ептен мразам расфрлано. Секогаш прави споредба со ќерка и, а е постара од мене 6 години. Маж ми е за се на моја страна, не можи и тоа да го прифати дека не е закачен за нејзината сукња. Кога бевме дечко и девојка дека врска на далечина јас поминувајќи од една продавница се сетив да купам прва заедничка постелнина и ќебе убаво за него, го испратив по пошта да не знае она со порака, додека не дојдам да те греам јас ти го подарувам ова ќебе да те топли. Постелнината почнавме да си ја користиме, кога се роди малава и кога за прв пат и замерив нешто ( иначе не бев МК на почеток),кога решивме дек е време да си дојдеме тука, почнале генералка да праат и и се скинало платното од перницита од гарнитурата и зела ја набутала внатре постелнината што знае дека ни е омилена Дојдов јас, барам секаде ја нема, прашувам маж ми не знае ни он вика ја користам само кога си ти тука кај фатила нозе. Кога дознав како карпа да ми паднала на глава.. безобразлук не виден, можда некој нема да се замара за такви работи ама ептен ме повреди. Ја истадов и не му ни кажавна маж ми, можеби грешка ама ајде викам да не праам кавги (уствари она почнува се).
Браво за мајка ти, свесна за работите и директна. Не се нервирај за се што ќе каже свекрва ти: дали те пофалила ил' не , дали ке оди кај керка си со манџи, дали и е криво за нешто ( веројатно и е).. се се тоа некои минорни работи кои по 10 години веројатно нема ни да се сеќаваш ни да ти биде гајле. Ама за мирот сопствен мислам дека вреди најкултурно без преќутувања да и кажете како може најубаво да функционирате, без спомнување ситници како дали го валкала чаршавот па криела и кој бил поголема домакинка. Ситници се тоа што произлегуваат од покрупни нерешени ствари.Нека се лути колку сака, ако прави тензии се разбира дека подолго останување е нон сенс . Кажете и дека го разбирате меракот за детето ама за време на тој месец и вие можете кај неа да одите повремено, а секој пак да си ја има слободата низ дома. Мора да сфати дека е гостин, а гостин непоканет не се оди.
Imam svekrva kako da ja neam ne ja interesira nisto ni maz mi ni mene sama zivee samo poranesnata snaa ja gleda taa e mazena na nea i i pomagala kazuva soprugot kako kjerka ja sakala nas koj ne sisa
Па и мојата ништо не ја интересира во врска со син и,само ќерка и и е битна,единствено што сака се да знае,сегде да се меша и кавги да прај а за арно нигде ја нема.
И јас имав проблем со тие ручеци кога се омажив. Да сме ручале со неговите, не викале. Јас одма пресеков и му кажав на маж ми, да сакав цело време да ручам кај твоите немаше да правам кујна од 3000 евра. Јас сакам сама да си готвам и да ручам со маж ми. И он после два три пати ги одби кога не викаа и изгледа си сфатија дека треба малку да олабават. Сега идеме може еднаш месечно. Не знам зошто се вакви луѓево? Јас сфаќам дека старите сакаат да седат со младите ама треба бе да се има осет малку. Некои луѓе се стварно мн напорни. Не ми е бе интересно да седам со нив, што барам да седам секој ден со свекори па и со моите. А Моите па ич не се такви баш ми имаат кажано нема да ве викаме нема да досаѓаме, кога сакате вие да дојдете тогаш дојдете и не мора ни да се најавувате.
Не знам дали сум лоша и злобна ама на моменти сакам да немам свекрва. Се таа знае, се она најдобро, се она вака, така, онака итн. Се имаме скарано неколку пати и подигнам глас, не збореме по 2-3 дена ама таа пак по старо продолжува. Не требало бебка да ја бањаме со купки доволно било сапунче(така било со другиот внук од деверот), бекутан, канбебе, памперс не биле добри(бидејќи внук и се нафрлал од тие не требало и ние на нашево да ги користиме требало дајперс тие се покажале како квалитетни), почнале со внукот со кашички од 3 месеца требало и ние така ама и покажав статија дека бебињата на мајчино млеко треба од 6 месеца со пробување вкусови па ајде тоа некако го прифати без замерки. Требало тетрапак да даваме, односно млечни каши а јас и велам не тетрапак си имам доволно јас млеко. И цело време вели мене бебево како да ми е заслабнато, како да не напреднува добро, абе само збори само колне. Него го ставале во дубало од 6 месеци требало и нашево а не од 7. Му давале смоко, сокови, бисквити, манџи, чоколадо абе тотално се на него без правила и така требало и ние на нашево. Сега ми вели ќе оди баба до чаршија и ќе ти купе на тебе сокче ние ќе се учеме да пиеме сокче, а од неќна и велам дека не сакам сок на бебе да давам бидејќи има шеќери и запчињата ќе и се расипат што е во случај како внукот бидејќи сите заби му се црни и испаѓани од што пие сок. Во врска со се ги споредува децата, како правеле со едното така треба и со другото. Башка тоа што детето е крајно невоспитано. Сака да ја бацува ќерка ми во лице, ја тегли, сака да ја држи а има само 4 години и цело си игра надвор со земја, со валкани работи и после ја фаќа ќерка ми а сето тоа баба му дозволува бидејќи ако не е по негово одма плаче. Луѓе мир немам дали ви се верува? Кога ја бањаме сакал и тој да гледа и тој да ја посипува со кофичката и баба му дозволува. Неќна ја бањавме тој не беше тука и кога дозна кога си ја викна, цела куќа ечеше сите комшии не слушнаа. Не знам што да правам, мажот ми ме подржува ама и тој му дозволува на внукот се и сешто. Не знам дали е до мене дали сум премногу себична или пак они се премногу допуштени. Ми се иде да си ја летнам со се дете ама немам кај. Моите се во странство требаше и ние да одиме ама работите се пролонгираа. Неќна свекрва ми прави муабет со татко ми и му вели абе јас не ги пуштам децата да дојдат, бебето е мало, уште цица, не се слободни они уште во бањањето, таа тука ќе си најде работа и се, и си мислам во себе абе кој ја прашува оваа дали она дозволува или не за ние да си одиме. Не знам што да кажам, ми се плаче, ми се колне мир немам во душава. Огин сакам да ја изгоре, да ја снема само нека ме остави во мир. Детево е паметно се памти ама невоспитано. Ние велиме трај не викај спие малата, тоа црка. Што да кажам, што да направам?
Сериозно мислиш дека маж ти те поддржува? Да те поддржува, ништо од ова немаше да ти се случува.Тој треба да и каже на мајка му, на што личи ова...
Ме подржува, бидејќи и тој и вели ама она не се разбира. И кажува дека не треба тоа да го прави ама таа си тера по свое.