1.И се правдаш за твое бебе (што има да и докажуваш да отвараш статии да и читаш?) 2.Маж ти ако те подржува ќе ја пресече 3.Детето не е криво и не го мешај. Такви се 4 годишните, ќе видиш и сама. И мојата внука е таква ама не е она крива, тоа е само дете. 4.Ќа научиш сама да го бањаш и не и барај помош за ништо да знае дека сте независни од неа.
Не го мешам детево, таа сама ги споредува. Ако сака нешто да даде на ќерка ми јас и кажам не а таа ми враќа со па на "Дарио" ние така правевме. Тоа вака му дававме, тоа така дававме треба и на твоево исто. Мене ми смета само што е невоспитан бидејќи стварно е. Кога нешто не е му е дадено тоа црка. На пример неќна сакаше пиво да пие и му дадоа мала чаша ама тој сакаше уште и кога не му дадоа дете цело маало дигна на нозе. И таа не ми го почива авторитетот на мајка кога кажам НЕ значи НЕ а не таа ајде баба ќе ти даде.
Види мојата е 16м па ако не добие се мава на земја Ама тоа што свеки се праве дека може да одлучува вие сте криви.Скроз исклучите ја од обврските кон бебето, сами гледајте си го, ако ви рече нешто, само речи и добро и пак терај по свое. Веројатно и за внучето одлучувала па сега и на вашето сака да одлучува. Ваше е дали ќе и дозволите.
@Tinkerbell11 потполно те разбирам. И јас имав баш буквално ваква свекрва ко што ја опишуваш. ЗНачи стави ја на игнор, јас така не правам и готово. Дури ни маж ти не може многу да ја смени зашто она ни него нема да го слуша..не сис тавај јад на душата да се нервираш. Излези од соба и не и зборувај многу многу..Јас за моето дете така сакам и точка, не образложувај...и ако имаш можност заминете со време...
Не те поддржува. Не сфаќа колку се нервираш. Што е тоа, и вели дека не треба. Треба да и каже дека не смее, а не дека не треба. Да и се развика ако не и доаѓа паметот. Да не и дозволува да ти се меша и физички ако треба. Нема да и дозволи да влезе со вас кога го бањате бебето и слични такви работи. Зошто и отвораш статии да и објасниш? Така и даваш повеќе сила дека таа треба да ти даде дозвола за нешто. На прашањата нејзини "зошто" треба да одговараш со "затоа што јас така сакам". Зошто маж ти му дозволува на внукот да го тегне бебето. Немаш поддршка од маж ти, тоа е проблемот
Можеби така изгледа дека немам ама имам. Во безброј конфликти имаат влегувано поради мене ама жената си е таква. Не слуша.
Види, стариве, секогаш се знаат и во се ќе се мешаат. Особено мајките (и мајка ми и свекрва ми) јас кога се породив реков: мое дете мои правила, вие нас сте нѐ изгледале како што сте сметале дека е исправно, сега на нас е редот. Меѓутоа многу зависи и од самата жена, мене свекрва ми уште ме прашува сѐ за бебка иако е 1,3 години. Многупати сум и рекла океј, ама сум терала по свое. Нејзино е да каже мое е дали ќе го применам нештото, но се се сведува до карактерот на жената и нејзиното образование. Не велам дека свекрва ми е со факултет или пак е сјајна, но треба да си го знае местото. И сопругот ѝ кажува понекогаш кога ќе претера... Но тоа е многу малку...
Ко што рече @Ygritte , тие со искуство родители (баби, тетки), све знаат. Јас накратко имав и мајка и сверква на припомош, колку помагање, толку одмагање видов. Дај му да цица, гладно било, жедно било, дај му ова, напрај му она, покриј го, облечи го. Мораш да имаш став да и се поставиш, твое дете, твои правила. Колку е воспитано или не, другото дете, не е твој проблем. Се надевам ќе се преселите набрзо, дотогаш живци ортоми и терај по свое. Не гледам што има маж да се меша како медијатор, ти своја политика и настрана. Има педијатри, книги, статии за деца денес милион, дубаче и смоки не се за дете, ни сега, ни во иднина.
Абе и јас сум порасната со кравјо млеко од 2,5 месеци, ама пред 28г. Еее јас, ќерка ми и внука ми (после 28г.) не сме со иста ДНА... И свеки му давала гриз на 4-5 месеци, ама и реков баш истово, сега се е поинаку, воздухот што го дишиме е различен не пак децава.... Некој трошел пари, време и ум за да не научи што е добро а што не.... Се надевам дека ќе се среди проблемот.... Не очекувам свекрвата да е повеќе од 55-60 години
Абе не оти знам дали е сега поправилно, ама ептен сум сигурна дека смоки не се храна Само уште бабите да го разберат тоа. Иначе во Индија и на бебињата им дават луто, и од нашите смоки и ајвар има полошо
Исто исто како јас да сум пишувала, само што другиот внук не е размазен, туку споредува све со него. Леле бабе исти си како Иван, леле бабе и Иван вака правеше. И демек син ми бил копија на мм, па се што прави син ми истооо абеее све исто како татко му. Мене тие споредби страшно ме нервираат и ми се преглупи. На пр. син ми сака леб, кифли и ете ти ја свеки "леле бабичко исти си како татко ти и он многу сакаше лебче". Абе за све нешто истии. И мојата све знае,ама баш све,од бањање, од облекување и како што прави ќерка и со син и,така јас требало да правам со син ми. Неможеш да ги смениш, мм војни има водено, со убаво, со буквално урлање, џабе е верувај. И јас се расправам и џабе е. Ние ништо незнаеме, они треба деца да ни изгледаат. И ние сакаме да одиме во странство, она вика вие нигде нема да одите, дур не ви ги изгледам 2-3 деца. Јас машина за деца сум според неа. Или па некој ја праша неа што да правиме ние или па што мисли. Од старт ја исклучив за све и сега и е криво, само гледа да ме натера да и го дадам кога работаѓ нешто, да шета со него по улици да ја гледаат и да кажува демек дека јас чистам она дете шета, ама дете мое кога смукам од смукалката не се двои, кога бришам бара крпа и он демек брише и нејке да чуе за било што друго во тој момент, па џабе и е. Значи чаре ти е сама све да си правиш, ни за до вц да не и го даваш и да не се замараш, сега по ново она нешто си збори како и стално, демек на син ми му збори, а уствари мене ми пререкува, јас ја игнорирам. Само и менувам тактики, незнае како со мене и се откажува. . Зошто јас да сум нервозна, кога може она да е.
Искрено, малку претерувате. Заеднички ручек еднаш неделно/еднаш во две недели никого нема да убие. Секој ден сте сами со сопругот, готвите и јадете заедно, во ред е да отидете кај баби и дедовци да се порадуваат на внуците. Не е тоа мешање никакво. Ценете го малку повеќе тоа што го имате.
Па одиме , еднаш - два пати месечно. Тие секој ден не викаа, не сакам секој ден да одам. За мене тоа е претерано. И немам деца.
Кога ќе имаш деца ќе стане уште понапорно. Сега е полесно да пресечеш. И да, доволно е 1 - 2 пати месечно. Уствари, доволно е онолку колку што сакате да одите. Не да е форсирано. Некој ако сака и секој ден и тоа е ок, само да се сите страни задоволни.
Не сме финансиски моќни за да можеме под кирија да седеме. Да имаме каде, многу одамна ќе сме испаднале од таа куќа.
Е па ќе ја трпиш и ќе се надеваш на подобри времиња. Од тие причини јас од старт сум одделена. И ние не бевме финансиски моќни, ама успеавме во намерата. Сега е само гостинка кај мене. Среќа што ретко доаѓа.
Снајдете се странство поарно таквите како неа живеат по 100 години сигурно до 50 години нема да ја трпеш тие уживат да те јадат од внатре.
Цел ден сум со низок притисок па видов сте ја активирале темава. Ви благодарам, одма ми го дигнавте, сега ми е таман.