Во Индија мора да јадат луто... Имаат толку многу патогени во воздух вода храна.... Топло време и влага ухууу.... (и јас и давам луто на мојава не ме тепајте има 15 месеци) @Nevenche26 абе јас си родив женска мини копија на мм, задоволство ми е кај шо ги гледам и ич не се нервирам.... Јас викам, и на прабаба да личи, само да е здраво, право
Така е, најважно да се здрави. Мојава ќе пукне што син ми личи на мене и отворено покажува. Сега па и очињата почнаа зелени како мене да му стануваат, викаме зелени ќе му бидат, вика да му го јадете г*зот. Ко бжем битно е тоа. Ама само да не е како мајка му, проста маса..
Да, во право си, мм вика само на себе си личи. Не е битно на кого личи, јас и му викав на мм, дека сакам како него да е, ама она ме нервира, све што прави син ми све или како мм или како внук и од ќерка и. За банални работи прави споредби, пример аа сакаш благо како татко ти и ти, а јас се давам во благо повеќе од мм. Што да е, син ми е како него според неа. Детево покажува желба повеќе за во вода, мм не сакал ич да игра со вода, жими што сака да се тушира, инаку езеро, море,под сенка да седи, 5 пати дали ќе се избања и ја кога пред нејзе реков, еве за нешто си на мајка ти, јас цел ден можам да се цапкам во вода,ете ти ја неа, ааа тетка му многу сака вода . Ок у реду е, може ли детево мое според неа, на мене да е или на било кој друг или треба за се копија на нив да е. Мајка ми и покажува слика од брат ми бебе, повеќе личеше на него син ми во тој период, оваа вика да сваќе личи стварно, си оди мајка ми, прв муабет пред комшиките леле исти е како татко му истииии абе кај сњ роди ваков, све како него. Жената секој ден и е тој муабет. Како да не е син ми своја личност, друго дете, туку како мм да го гледа она во него.
Леле со што се замарате значи. И мајка ми и свекрва ми го прават ова, мајка ми се и вика дека е моја копија и шо сеа маж ми да рипне и да се нервира. Свекрва ми чека на ќерка ми косата да и поплаве како татко и. И двете де на тетката, де на вујкото личело и така. Они си наоѓаат сличности со нивните деца може има може не, ама мене па тоа ич не ме замара.
Лелее како ја трпиш незнам, не збирај многу оти ако избувнеш еден ден лошо ќе биде секој ден и ги плеснувај па може ќе се освести. Од простотилук е, од ништо друго. Како гордост им е демек види нашата фамилија е ептен лична, па и внуците на нас личат, да се знае! И свеки така коментира за внуците, сите си личат на нејзе и на синовиве. Како растат многу повеќе физички си личат на снаите и намерно и го повторам тоа, да се свести. Сеа па за постапките и карактер збори дека на нив ќе бил, само они се. Внукот само што се роди се зафркаваме што ќе биде кога ќе порасне нели таков адет има, и јас викам нека биде успешен како мама(има убава работа и високо образование) и она вика ааа не, тој ќе си биде молер како татко му едвај чекам да си имаме детенце па да ја слушам како тресе зелени.
Хахахаха абе како може да се исти.. И мојава, сѐ на баба и дедо е. Ни на татко му не е, само на нејзе и маж и. Па вика паметен да бил на неа, таа кутрата од муабетиве се глеа каква е. А моја потесна фамилија сите високо образовани. А овие све кој од кој
Што има врска образованието со паметот и интелигенцијата? Еден куп луѓе не завршиле високо образование, па се попаметни и од луѓе со три факултети. Не е гаранција дека си паметен ако си завршил факултет.
Се сложувам, ама тоа не е така во конкретниот случај. Самото тоа што се фали дека е најпаметна кажува каква е.
Па незнам, на пример не сум навикната мајка ми да го тупи кој на кого личи или внуците на кого личат, па ваљда затоа ми е преглупо за секоја ситница да се кажува дека личи на татко му син ми или самл на нејзината фамилија. Вујна му на мм и вика дека и на мене личи, она одрекува. Попросто амин
Ама проблеми имате... Женички бе, не се секорајте толку стварно се глупости, не вреди да се навраќате...
Абе она за многу работи несмее уста да отвори, зошто знае дека ја многу многу не мислам ни пред кого ни што ќе одвалам, ама вака кога ќе ја одвали некогаш некоја, за награда е. Едната внука од брат ми иста е како мене, и брат ми сам ми кажува, ама не кажуваат секој ден ни мајка ми ни он, еве леле иста си како тетка ти леле, свесни сме, нека е жива и здрава каква сака нека е. Препрости се, ја незнам сами себе како се трпат. Јас се направив и правам да сме во океј односи, мм само им пререкува и он, неможам да кажам дека сум сама во ова, ама претеруваат бе. Спремај и тренирај живци за своето, ќе ти требаат. И нервирај ја ти неа, не она тебе. Ако незнаеш како, повеќе совети инбокс, факултет завршив,смер "Нервирање свекрва"
Ostavete gi zenickite neka si zboruvaat... usta ne im se zatvara na lugeto neli naucivte do sega! Kaj mene sveki e dobra nit se zamara nit nisto...(ne ziveeme zaedno,ama ok si komnicirame). Ama svekorot e za 1000 svekrvi, vcera svekrva mi mu vika, pa ako bese zena tesko nas ke bese... Smeski... neka si zboruvaat kolku sakaat! Osmeh na licu i kraj na programata!
По примеров заклучив дека свекор ти и свекрва ти се добри луѓе. Некој ден уз кафе речи и на свекрва ти да не се лути и да не те сфаќа погрешно, речи и дека го цениш тоа што готват и за вас, речи дека ти се бендисува храната од свекор ти дека беспрекорно готви човекот, арно ама кажи дека ти си млада, башка веќе со син и сте си посебна фамилија, речи и дека имаш желба да готвиш за вас двајцата дека сакаш да си створиш таква навика и дека ти е мерак. Речи и за викенди може заедно да јадеме, еве некогаш и ти ќе направиш јадење за сите... Мислам дека ако бидеш фина и искрена нема да ти се замери и нема да ги нарушите односите. Позз
Види, во право си. Сум се забележала дека сум особено нетрпелива кон свеки. Јез да мајка ми вакви селски муабети никад не правела, ама и да прави ќе и речам да прекине и крај. Некогаш си се чудам на паметот што дозволувам да ме дирне таква особа со такви муабети, ама ете, имам работа на себе за да поминам преку тоа . Си олеснуваме тука, полесно ни е кога ќе напишеме, знаеме дека со фино не бива, барем кај мене. За да се спасам од неа треба да бидам крајно идиотски настроена и да не комуницирам, ама и тоа не оди, јас не сум така воспитана, па ќе и ќутам и ќе трпам, до одредена граница де
Верувај ми, се испокаравме пред неколку месеци,јас и она сами, паднав на ств ниско ниво, зошто ми ги спои, демек многу сум ја навредила со тоа што се скарав со неа, му кажав на мм, ми рече во право си, ич да не ти е гајле има среќа јас што не бев, повеќе ќе имаше викање,поминаа 3 дена жената како ништо да не било се однесуваше, све по старо. Значи ЏАБЕ Е. Вака сега она ако сака нека се нервира, јас по свое си терам, за мој сопствен мир, кај мене на спрат си знае кога може да се качи кога не, мада скоро и не иде и ич не ми чуе,дете кога сакам јас гледа (себично знам, ама да си затвореше уста со време за некои работи, јас ќе и го давав кога ќе посакаше).
Добро е што имаш подршка од мажот ти, мојот е секогаш на нивна страна (свекрва ми и свекор ми) многу е приврзан со неговите а јас вријам..