Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. ceki89

    ceki89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    баш ми е мило ова е многу редок случај свекрвати знае како да се однесува со снаа бидејки и она имала свекрва па знае како е , мојава никогаш немала свекрва и затоа не размислува дали навредува или не а заборава дека и она има керка што утре ке и се омажи па ке видиме како е...
     
  2. maculencence

    maculencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми,сме заедно година и пол...А веќе година дена како одам кај него... Со мајка му имаме феноменален однос... Понекогаш мислам дека односот со неа ми е многу подобар од оној што го имам со мајка ми... Уште од почетокот си ги кажав своите правила, и тоа како јас функционирам,можеби затоа и толкудобро функционираме. Тоа што утре ден ке ми биде свекрва не треба да значи дека треба да и се тресам и да и се плашам на секое повишување на тонот. И јас не сум најдена на улица и јас доаѓам од семејство... Така да девојки, мој совет е уште од самиот почеток убаво да си се изјасните кој сте и што сте... :)
     
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    173.992
    Е, тешко се живее во заедница-кој не пробал не знае „што испуштил“.

    Туку ,тоа што кон снаите се однесуваат така недолично -и така и така-ама кога ќе дирнат во она кај што секоја мајка најмногу ја боли-детето,е тука веќе нема коментар.

    Ме интересира,ги чуваат вашите дечиња или пак се презафатени со чување на децата од ќерките?
    Значи ,зборувам за деца на возраст кога не се за во градинка,да го испрати/пречека од училиште,да му даде да јаде,а не детето да седи гладно бидејќи сте излезени и сл.?
     
  4. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Во принцип не премолчувам ништо, и никому должна не останувам. Во 90% од случаите во моментот ми текнува како да одговорам на дадена провокација. Арно ама во животот секогаш ме провоцирале небитни луѓе, случајни минувачи во мојот живот, и искрено да ви кажам дури и да останале подолго во мојот живот, научиле дека со мене нема закачање. Мислам, бујрум, слободно боцни ме, ама издржи го и мојот контра бодеж. Сега ова напишаново звучи како јас да сум офлеле мајко, но не. Јас само се бранам себе си и го бранам она/оној што го чувствувам за свој.
    Е сега што излезе ситуацијава: госпоѓава свекрва била баш од оние луѓе кои постојано нешто боцкаат, постојано нешто се чешаат со некого, арно ама, ич не сака некој да ја боцне нејзе!
    На почетокот (живеам во заедница со неа скоро година и пол) преќутував. Не сакав да бидам некултурна, нејзините боцкања ги примав на шала, дури и ќе се насмеев (си велев, добро ајде оваа шала нека е на моја сметка), имав почит кон нејзе (едно е постара, друго е мајка на сопругот ми). Меѓутоа таа моја сметка стануваше се‘ поголема и поголема т.е. таа постојано правеше некои „шали“ на моја сметка, никако да се случеше да каже нешто на своја сметка или на сметка на син и (мажот ми). По неколку месеци (околу 2-3 месеца) јас почнав се‘ што ќе каже да си ставам на срце. Си плачев често, скоро секој ден. Понекогаш со солзи, понекогаш само душава ми плачеше.
    Духовно почнав да слабеам, почнав и да си ја преиспитувам одлуката за брак (бидејки уште по веридбата живеам во нивната куќа). Мислам, едно е љубов, а сосем друго е да си сам против сите. Јас токму така се чувствував. Ми се смени животот за 180 степени и нема никој да застане покрај мене. Сопругот не сакал да се меша меѓу нас :fubar: (демек меѓу мене и неговите). Единствена потпора гледав во родителите (иако не сакав да им се жалам- да не ги загрижувам, но за жал и по мене се гледаше дека нешто не е во ред). Си правев филмови, да си се вратам назад кај моите, да ја раскинам веридбата....па она класичното: што ќе речат луѓето, па дали ќе го преболам и сл. Дури од кога сопругот увиде дека нема никаква иднина за никој од семејството доколку живееме во заедница (а тоа беше првобитниот план) разговаравме: или ќе одиме под кирија и цел живот ќе бидеме кираџии, или ќе живееме уште некое време во заедница дури не заштедиме уште малку пари па со кредит од банка да си купиме наш дом. Ја одбравме втората варијанта и еве сеуште сме во заедница, но некако си мислам, барем психички нема да се разболам, бидејќи ме грее надежта дека во блиска иднина ќе се иселиме од овде.
    Помина некое време, нејзиниот однос кон мене не се подобри, и јас почнав да и враќам на закачките, онака на шала, но сепак доста остро. Кога, види ја ти неа, ами таа не знаела да прима удари, само да задава. Веднаш нејзе глава ја боли и 2-3 дена не ми прави муабет! Па што се задеваш со мене бре? :fubar:
    И не и дојде памет, пак се задева и пак подбуцнува...ми пукна филмот и сега веќе ептен не премолчувам.
    Ќе сум била некултурна, дрска....секаква - не ми е гајле! Не можам веќе вака. Па не сум на улица најдена бре, не сум од камен! И јас имам чувства! Не и доаѓа на памет дека ме повредува?
    Сега бар и го знам лекот. Подбуцнува? Ќе и вратам и барем 3-4 дена нема да ми прави муабет. Раат!
    И пак ми е мака, навистина ми е жал, бидејќи се‘ можеше да биде поинаку. Можевме да останеме во пријателски односи (сепак му е мајка на сопругот).
     
    На Anyshka, scarlet и SweetDream им се допаѓа ова.
  5. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    габе ти е срцка како и да се поставиш само стапни во таа кука како снаа а не како девојка ке видиш како преку нок ке се смени за 360 степени
    мене свекрва ми кога бев девојка премногу ме сакашсе и поштуваше и јас неа дури ако се скаравме со дечко ми она му цркаше и го тераше да ми се јави да се смириме ама после свадбата оп се наопаку
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Ве разбирам јас многу добро...и се е тоа убаво што велите ама...
    Постојат и многу случаи кога снаите се проблем.На пример твориш куќа,домаќинство и дојде утре снаа ,те истера во мемлива соба...или мисли дека си должна да и готвиш и пеглаш..и ќе бидеш секогаш на изволте кога на неа ќе и притреба .... |(
    Сите жени вклучувајќи ме мене треба да знаат...денес се снаи ...утре се свекрви...и без обзир на улогите треба да се биде човек.
     
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    јас сакам да прашам нешто и би сакал поискусните да одговорат.

    со мм живееме сами со години а од кога се веривме одиме кај него. ( еден викенд во месецот) и како што имам спомнато луѓево се супер едвај чекаат да не видат не даваат со прст да мрдниме. е сега од кога се зедовме јас продолжив да си се понашам исто, за викенд спијам до касно (бидејќи ми е единствен ден за одмор) и во рок од тој ден два додека сме таму јас не работам ништо. значи се запрашав дали јас како снаа би требало сега да почнам да се грижам за нивната куќа? еднаш ја средував нашата соба и сакав да сметам ова она не ми дозволија само избришав прашина и кога излеговме они ја сметиле собата. не ми пречеше абсолутно но ми беше чудно. искрено јас не се чуствувам должна да работам нешто таму а знам и дека мм нема да ми дозволи но се плашам да не се навредат или налутат не би сакала да бидам лоша снаа. значи ние не помагаме за ништо ниту зимница ниту нешто друго, ние сме си посебно со наши обврски и мм кога сме таму освен шетање и спиење не сака да правиме ништо друго :D можеме да помогнеме финансиски но не и физички :) дали ваквото понашање би им пречело нив според ваше искуство?
     
  8. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107

    Леле душиче и ти си имаш мака со золвати с с с иста ситуација, но јас не сум бремена, тебе потешко ти е и + не работиш. Јас работам 8 саати во денот и таа работи па така не се гледаме многу многу, но кога е дома страшна работа мојава има 26 години и таа нема ни дечко ни бутур, и само нешто и фали нешто и е, до мајка е пикната абе Бог да чува уште циц*а да и даде :lol: Ако кажам нешто само ми префрла и јас не сум во право ама јас и тоа како и враќам убаво некогаш зошто многу ме нервира. И кога ќе ги прашам општо како сте низ дома и оваа не зборува па си викам со умот МА КОЈ ТЕ ШИША !!! И оваа нешто се фура работела многу на нозе била цел ден не можела да фати еден тањир да измие, да помини да зачисти малку МА ЈОК !!!! Ако неа и е убаво денес треба на сите да ни е, а ако е станата на лева и не и е како што треба, треба и нас да ни е неубаво. Искомплексирано ми делува некако (да не грешам душа ама така ми изгледа). Ајде не се нервирај ќе се среди се, само трпение. Јас со душа чекам да се направи спратот и да си бегаме со вереникот горе, да не ги гледам посебно золва ми и свекрва ми, свекор ми супер си е ептен спрема мене е ок. Ајде само Господ здравје, со душа чекам ги бројам деновите да се преселиме горе. Поздрав до тебе гооооолем и да не се нервираш немој сега кога си во таква состојба ти посакувам само најубаво и имај трпение. :inlove:
     
  9. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    И јас така мислам на почеток е мила, фина абе да ја мачкаш на лепче, ама после с с с може да биде прикриен ѓавол со рокчиња. Дај Боже да биде како што викаш на почеток како што била, но според мене мислам дека ќе се смени. И кај мене на почеток кога одевме како дечко и девојка, кога одев кај нив, седни снајке уживај ние вака ние така, свекрва ми: јас вака, јас онака, ти уживај, сакаш ова сакаш она, триста муабети.... ама после се смени СЕ !!!
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Мое искуство, не и пречи а и да и пречи тоа и е :D . Мислам дека не и пречи. Си функционираме во стил ,,не ми се мешај во кујната и не ти се мешам,,. За генералка ако сакаш ќе ти викнам жена да ти исчисти зашто јас немам време. Па и немам, одам на работа + дете... Пензионерка си е и се вртка по дома а плус и ќерка и е дома (немажена е) па уште трета жена е веќе гужва пред гол.

    Џоел, па ти си гостинка кај свеки ;) . Можеш да и се понудиш онака од куртоазија да и помогнеш нешто ако и треба помош. Друго е да е болна или неможе да работи па да ,,мораш,, а овака свиркај си. Абе сите ги чуваат тазе снашките по дома :D а и не живеете заедно и затоа мислам дека нема потреба да се оптеретуваш тоа. Највеќе ќе ја израдуваш да спремиш нешто благо и да и однесеш :!: да видиш што фалење по комшивки ќе биде :lol:
    Зависи од ситуација до ситуација а и тоа што велиш дека имате соба во која спиете кај нив е таа мислам дека е паметно да ја зачистуваш колку и да вели она дека не треба.
     
    На Moira, SweetDream, Palchica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Сакам најпрво најискрено да ти честитам..денес не е воопшто лесно да се најдат толку разбрани современи и културни свекор и свекрва како твоите,особено во нашава средина која во однос на ова прашање релации меѓу снаа-свекрва се уште поголемиот дел е со заостанати и застарени сфаќања,кои мислат дека синот ја довел снаата за да им биде слугинка низ дома,мило ми е што постојат и вакви исклучоци.
    .Во врска со твоето прашање дали се лути или би се налутила затоа што не учествуваш во домашните обврски досега сигурно ќе ти дадела до знаење било на директен или индиректен начин,според изразот на лицето,расположение,однесување и сл сигурно би забележала нешто но,мислам дека нема потреба за што да се грижиш.Биди среќна што уште од првиот ден не ти ги натоварила сите обврски на твој грб,зошто има и такви свекрви кои одвај чекаат да им влезе снаа в куќи од таа причина,па дури ни гаќите сами не си ги перат или се прават скроз мрднати велејќи дека незнаат како се вклучува правосмукалката на вода.Доколку тебе ти претставува задоволство и имаш желба може некогаш и ти да го направиш ручекот или да помогнеш во подготовката но,не си обврзана ти и сопругот си имате свое гнездо и дом.
     
    На Anyshka и joelle им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    И јас се мислев за истото, кога одев порано таму не ми дозволуваа со прст да мрднам, па си викам сега кога ќе одиме можеби ќе биде друга приказна, не за друго, да си знам, ако треба да се помага да помогнам. И ние исто одиме да се одмориме и поспиеме, па затоа и мм ми вика да не се замарам со глупости.
    И купив јас минатиот пат еден парфем, се утепала фалејќи се душичка, ме застануваа на улица да ми кажат дека многу и бил убав парфемот. :lol:
     
    На i-v-a-n-4-e, Moira, joelle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    МАЖОТ КОЈ СИ ЈА ТРЕТИРА СВОЈАТА ЖЕНА КАКО ПРИНЦЕЗА Е ДОКАЗ ДЕКА Е ОДГЛЕДАН ОД КРАЛИЦА!!!!

    Па сега вие видете и што се одгледани нашите мажи!!! ;)
     
    На Anyshka, elena.mak, anule88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    Здраво душички какосте гледам има нови на форумов прегратка и бакнежи до сите и се разбира огромна подршка Кај мене е стандард не се мрда :rofl: :rofl: :rofl: се едно исто си зборува таа милата 200 на саат ама гледам да ја кликнам на игнор и не и се замарам многу многу Помалото детенце ми беше на државен натпревар по математика го освои 2 место така да денес сум посебно среќна утре бидееќи фаќа викенд планирам да повикам некои пријатели да се опуштиме малку денес сите ми честитаат детево среќно шо да ви кажам знаете што ми рече МАМА УСПЕАВМЕ ПОДОБРИ СМЕ ОД БАБА :D :D :D и се качува горе на спрат милата свекрвица и ми вели АМОРИ ПА ДЕТЕВО ШО ОСВОИЛО ја гледам онака смешно ми падна бидееќи не ме вика по име туку АМОРИ и детенцево и вели бабо освоив 2 место денес на натпревар по математика и таа целата абе си ги знаела задачите инаку ти од кај ке знаеш толку селанке една демек на смеа и си замина тоа во инает мој али нека тера не ми смета Мажми е непоправлив како и вообичаено мамино синче искрено многу мие тешко мислам дека се кршам на милијарда делови ама не се давам секогаш сум оцерена со децава се занимавам пред 1 недела почнав на курс по англиски и албански бидееќи ни треба за на работа така да ептен сум турбо сакам да ви кажам да не се замарате да си гледате и правите како на вас ви одговара што би се рекло како на вас вие ќеиф занимавајте се со нешто и најбитното НЕ ЌУТЕТЕ тоа е катастрофална грешка чест никому до граница јас едвај се опоравив бев катастрофа ама како господ никој нее немој те да губите надеш секогаш бидете позитивни ве гушкам
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Денес од сабајле ме ‘‘израдуваа‘‘. Кај вереникот дома средуваа некои работи реновираа тоа се за нас, бидејќи јас и тој тука ќе живееме, а неговите родители си имаат посебен спрат. За поголемите трошици финансираше свекорот. Еве на пример кога купувавме маса, теписи тој даде пари а ние си ги одбравме по наш вкус.
    Е сега требаа да се сменат прозорите и вратата, а свекорот без да зборува со нас си отишол и си одбрал. Кога слушнав се налутив, му реков на вереникот зошто тебе не те викнал па да одите заедно да одберете или да не праша нас какви сакаме, а тој ништо туку си отишол и со одбрал сам. :@
    Па нели ние двајца тука ќе живееме, зошто да не си одбереме по наш вкус.
    Како ние двајца да не постоиме и да не се слуша нашето мислење.
    Навистина се налутив, што мислите како да реагирам кога ќе отидам таму и кога ќе ги видам новите работи? Некој совет.
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    савана прозорите и вратите се битни пред се заради заштита на електрична енергија топлина итн. сигурно свекор ти знае подобро од вас што треба да одбере а што се однесува на естетскиот изглед па нема мн разлика од врата до врата и прозори се знае нови убави... според мене не треба да се нервираш за тоа сепак таа е негова куќа и тие битни работи ако ги одбрал во ред нека му се направи ќејфот немора да полудуваш заради тоа.
    Сепак треба да имаш почит што човекот ви помага финансиски и ви дозволува вие да си бирате. ех камо мене некој така да ми помогнеше... прво види ги може ќе ти се допаднат немора да значи дека ако он ги одбрал нема да се убави.

    тоа е мое мислење и како јас би постапила во таа ситуација а за натаму ти си знаеш...
     
    На AIT, bittersweet, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    ^ Што и како да реагираш ако се веќе купени, наместени и платени. Завршена приказна, туку одиграј тактички и стави до знаење дека за нешто друго требаат ,,старите,, со ВАС да се консултираат.
    Кажи си -
    ,,Лелеее нови прозори и врата?!? Па кога ги купивте?!?! Ти ,,маж ми,, знаеше, а молчиш не кажуваш?!? Абе убави се прозорите ама јас би ставила други врати,, :devil:

    Потруди се да муабетот биде пред свекорот и свекрвата.

    Едит- во ред е што вика Џоел не носи одлуки пред рака. Ама јас сепак мислам дека треба заедно да се договарате за се
     
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ох савана, камо на сите така да им помагаат постарите, финансиски па и да прашуваат за избор и да оставаат на нас. Треба да си среќна што вашиот свекор се ангажирал на тоа поле. Мислам дека тој сигурно не би ставил нешто неквалитетно, сепак треба да се направи со тие прозори и врати добра топлотна и звучна изолација. Мислам дека не треба навистина да се лутите, ама навистина. Можеби требало да ве консултираат и за ова, но навистина не е никаков кикс ... баш мислам алал да им е што толку ви помагаат. Навистина останав малку зачудена дека се лутиш вака многу... Замисли наместо спрат од куќа да ви земеа стан под кирија или купеа, ќе добиевте прозори по дифолт... не е лошо верувај. Ние исто живееме на спрат од куќа, фамилијарна куќа. Станот на времето кога се изградила куќата е затворен со прозори и нормално тоа што се ставило тогаш е далеку постаро како модел од она сега што се нуди. Во спалните имам обични прозори без никаков специјален механизам ниту пак дупло стакло. Но, што е тука е. Среќна сум и за она што воопшто го добивме, тоа е огромна помош. Замисли наместо вака спрат од куќа да живеевме баш во заедница... има и други работи во станов кои ги затекнавме како стан нов кога ќе купиш, зарем требаше сега да кршам плочки да менувам санитарија затоа што не е по последна мода? Нема шанса. Кога ќе имам вишок пари можеби, засега сум среќна и благодарна што сепак тие ни дадоа покрив над глава. Немој да ме сфатиш погрешно, сврти се наназад и види со какви се други проблеми се занимаваат брачните партнери... нерешени стамбени прашања, беспарица,... :*
     
    На Anyshka, eli25, katalina и 9 други им се допаѓа ова.
  19. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    да ти кажам право прозорците и вратите дома се најмалку битни, какви и да се пак ке треба да ги бришиш, пак ке треба да чистиш, битно е маж ти да те сака и да те подржува, оти полошо е ако е спротивното, тогаш за ѓабе ти се убави и вратите и прозорите, не се задевај за физички променливи предмети, гледај да биде убаво во домот од аспект на разбирање, сакање, да не се чуствуваш осамена, и да се согласуваш и со свекрвати и свекор ти пак колку толку. поздрав и не си го оптеретувај главчето со глупости :*
     
    На Anyshka и girl1985 им се допаѓа ова.
  20. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Савана, ама воопшто не треба да се лутиш. Прво ве финансира без проблем, второ, може имал причина што не ве викнал, на пр. нашол може на попуст човекот врати и прозорци, па не сака да ви каже (не дека е срамота да е на попуст), можеби се мисли да не претерате со цените, па да не може да плати... сакам да кажам, секаква може да е причината. Може едноставно мислел дека тоа и не е толку важно, прозор ко прозор :) . Допрва ќе одиш во таа куќа, не си прави тензии, посебно што работата е завршена. Не знам каков ти е свекорот и какви ви се односите, ама сега, со овој памет, јас дури и би го пофалила на изборот (ама зборам да ми е овој памет за пред 10 години :D ), зашто и да се буниш и да мрчиш, работата е завршена, а ќе ти се памти лошиот збор. Немој со кавги да влегуваш во куќата штом веќе треба да си го живееш животот таму. А прозорците нема ни да ги приметуваш, верувај :) . И за комодитетот дека некој друг ве финансира нешто и ќе жртвувате. Се си има цена во животот :!:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.