Најлошото нешто што можеш да и го кажеш на една жртва е дека таа е крива за насилството што го трпи. Обично луѓето кои не можат да се тргнат од ваквите ситуации, или им е премногу страв, или се пораснати во токсично детство/општество/наметнати правила за тоа кој е главен во куќа и дека ако те тепа значи те сака. Да беше така лесно заминувањето од ваквите семејства, насилство ќе немаше и затворите ќе пукаа од насилници. Точно е дека не можеш да помогнеш на некој доколку тој сам не сака да си помогне но со тоа што ќе и кажеш дека таа е крива не и помагаш па ич. Секако дека жртвите на семејно насилство и вакви слични случаи веќе си мислат дека тие се криви и дека го заслужуваат тоа, па уште некој друг да им каже наместо да им пружи поддршка. Многу од нив се во илузија и е навистина тешко да им се помогне. Но не, не се криви. Никој не заслужува да биде тепан и малтретиран. Најлесно е да се каже, па раскини му, разведи се. Демек на нив не им текнало тоа, но се чувствуваат како да се во безизлезна ситуација. Исто има многу случаи каде што некој од страна го пријавил случајот, а жртвата негирала и застанала на страната на виновникот. Многу фактори влијаат на ваквото однесување и е навистина тажно. Треба да им се помогне на сите но треба и да дознае од каде потекнува таквото однесување што довело до сегашната психичка состојба.
Ми се повраќа од вакви родители Ако не сакаш животот да ти се претвори во кошмар, собери сила, остави го.Нема ама го сакам зашто верувај дека ќе биде и полошо, и од него и од неговите. А колку време сте во брак/заедно?
И јас ова го мислев. Верувај тој што еднаш кренал рака на тебе, пак ќе крене. Приказните од типот дека ќе се смене, не држат вода ич, бидејќи тој така пораснал, гледајќи го татко му како ја тепа мајка му, па сега и тој тоа ќе го прави на тебе, а тие уште и "браво" ќе му кажат. Најдобро е да ставиш крај бидејќи вака само ќе се измачуваш и еден ден ќе кажеш - камо да имав храброст да си заминам порано..
Далеко од воа шо го пиша сум јас, против сум за насилство врз жени можеш во такви теми да ме читаш како ги бранам жените, знаеш зашо се криви? ја будала ли сум да се мажам со некој коа знам дека е насилник, друго е и мачкал очи ја сакал ја мазел и после чудовиште да се роди во него ама уште од почетокот таков нема шанси. Али сега нема бегање и најдобро е да се врати кај нејзините друго чаре нема, што треба ајде втората фаза на насилство да му мина и пак да се смире дајте бре луѓе..
Верувај , не знаеш какви све свекрви има . Баба ми е како на членката свекрвата , иста . Татко ми и јас многу и презборуваме , а мајка ми и сестра ми триста болести фатија од што ја трпат и и ќутат . @Skrsena123 тој твој маж , ниту ти посветувал внимание , ниту ќе ти посветува . Точно , не треба да го влечеш ти кон себе , туку треба сам ДА САКА да биде привлечен од тебе и да ти посветува внимание . И свекрва ми се бунеше што маж ми го свртел вниманието кон мене откако се земавме , демек јас сум го зела вниманието што он го имал насочено кон неа , па го насочил кон мене тоа внимание , што апсолутно нема врска . Јас кога се вселив во таа куќа , бев многу млада , 17 години имав , ниту се трудев да му пренасочувам внимание , ниту имав време за тоа . И рече маж ми : " како да не , ништо таа не ти украла , ти не се секирај за тоа , јас сум сакал да и посветам време и внимание , и сум го направил тоа , и ќе го правам секогаш " . Ниту една жена со сила не може да натера маж да ја сака или да и посветува внимание , или обратно . Ако јас сакам , на Марсовец ќе го насочам моето внимание . Ако не сакам , нема жива сила што би ме натерала на тоа . И под итно да ја оставиш амебата од сопруг , бидејќи тој што пораснал гледајќи насилство , таков и ќе стане . Можеби ќе прекине кога нема да е способен да се гледа сам себе . Тогаш ќе му требаш и ќе биде " Циле - Миле " со тебе само за да му ги собираш го**ата . Не ти треба такво говедо верувај .
@Skrsena123 ти ова го нарекуваш маж ти? И брак? Каков брак ти имаш, не можам са сфатам, со свекрвата золвата деверот свекорор и на крај дури стигнеш до маж ти а тој не се замара со тебе. Сериозно имаш маж? Јас не би рекла. Јас од ова шро го прочитав сфатив дека за жал твојот таканаречен маж не ти е ниту маж туку непријател, по се ова имам впечаток дека за жал ниту е заинтересиран за тебе, штим тврдиш дека ниту доаѓа до тебе ниту разговара ниту има нешто. Знам дека ти е тешко, претешко, и не нема да судам зошто и како само сакам да те утешам и да ти речам, земи си го куферот и замини од таму, смогни сила, ќе видиш дека ако се решиш и сакаш ќе смогнеш и ќе си заминеш. И не, не пробувај да разговараш и да оправаш дрини туку замини. Овој маж на тебе не ти е маж ами непријател, тој маж нити те есапи у комбинација со сеење страв и малтретирање, па и фамилијата негова, срамота се што гази на земјата. Замини си девојче, не дозволувај животот да ти се упропасти. Ниту си најдена на улица за да дозволиш некој да се изживљава си тебе. Биди среќна, откачи го.
Ми треба ваше мислење незнам како да постапам ама искрено не ми е убаво. Со свекрвами од никогаш не сме биле блиски она е малце чуден карактер знае за се да замери... посебно имавме проблеми од кога добивме дете мн се мешаше нп проблемот е повеќе што она нема никаква почит спрема моите посебно спрема мајками за се и смета што и да направи посебно од кога се роди детево женава си замисли како само она да му е баба... сеа брзо се случи мајками ме испраќаше и ќе идеше на работа и ај успат викам порано ќе испафнеме до продавница да отидам и мајками ме чекаше надвор со детево у количка случајно се погоди и свекрвами да биде у продавницата со точакот само ги одминала мајками и внучето сало него му викнала бабее а он дека носел маска не ни изреагурал со мајками ни се поздравила ни застанала ако не и де огласела мајками со што правиш сваќе она на миниење више поодмината незнам дали и одговорила.. и ова не е прв пат ама мислев дека е сменета ама и сегабрзо мајками ни беше нагости во двор и она ја виде помина покрај прозорот и не ни испадна здраво да и направи па туѓинец да беше ќе испаднеш кога дошол у двор ај за тоа не ни сезачуадев мн ама за воа внучето да го одминеш зш мајками била со него утре тоа дете ќе порасне и така ќе направиш што ќе рече... ама се мислам зш кај неа мн не сака да седи плаче кога ќе го фане ија има фанато бесот зш мајками сама со неа и седи ... незнам како да постапам дали на мм да му кажам ама и он нема шо мн да смени секако и порано се случувале слични работи дури и еднаш и се развика на мајками а немаше причина она неш си имаше замислено у главата и тогаш мм демек разговарл со неа демек сватила дека не е у право и еве беше демек таман одредено време знаеше и кафе да и понуди на мајками кога ќе дојдеше сеа еве пак неш и има светнато у глава сакам да му кажам на мм зш ме мачи што бар може едно здраво да и направи а со ова само ми докажува колку ме почитува мене што мислите ??
Мислам дека со глупости се замараш. Што повеќе ве игнорира тоа подобро. Проблем ќе имаше ако не можеш да ја откачиш. А што ти е гајле ако не ти збори, баш мирно ќе ти е
Мислам дека на никој не му е дојдено до нечие почитување и лажно Здраво, како си? Ако жената си е намќор и без култура џабе е. Ти и да разговараш на темава со нејзе или само ќе се испокараш и уште толку нема да прозбори или ќе почне да поззравува и муабети од што е принудена. Никој не сака да зборува со таков човек, да врти лицемерни муабети па дури верувам оти и мајка ти. Не се замарај со нејзе и што сака нека прави. Нема причина зошто така да се понаша, ништо не сте и згрешиле туку само простоќа. Обичен човек кога ќе сретнеш по пат го поздравуваш.
Па и ја тоа викам обичен човек ќе го позфравиш а таа ми е мајка а она се понаша како да е некој странец плус и внуче нејзино со мајками било па да не застанеш да го видиш а дома ќе ми кажуваш како не сакало кај тебе не идело плачело ако го фане не ја сакало итн... утре тоа дете ќе порасне и така ли ќе го одминеш што ќе му кажам ја на тоа дете... и менервира тоа топло ладно како е расположена ќе и текне некогаш кога е мајками тука ќе понуди каге некогаш па се крие не испаѓа на улица ја среќева ни здраво да не и кажеш што жсна ќе беше незнам само знам животов ми го претвори у пекол одкога сепородив посебно....
На детето немаш што да му кажуваш, само ќе си види кога ќе порасне и сам ќе бега од баба му како што таа бега сега од него. Нареден пат и да ја поздрави мајка ти, таа нека не и одговара. Неможеш да се понашаш според расположението нивно. Јас мислам дека ептен ладно ќе сум спрема неа и само ако ептен нешто треба ќе и прозборам, инаку штом не ја почитува мајка ми автоматски и мене. Детето ако плаче, плаче од неа, а не од мајкати. Незнам маж ти што би искоментирал на тоа, ама да беше обратно до сега верувај оти немало да ти преќути.
Па детето од неа плаче не од мајками.мн ретко сака кај неа да отиде да го земе у раце и да отиде тоа е кратко.. и знам дека и мене не ме почитува мн одмана ми го има докажано тоа а со ова гледам сало дека не се сменило нишо лице ми прави само ради детето за да може да го гледа... имаше еден период не и правев муабет ама ми беше мн грдо зш у иста куќа ист двор се среќеваш детето тука ја не одев кај неа и ако мм и го имаше однесено детето да го види неможев да го земам незнаев ни шо му давала за јадење изгубив контрола после ај демек се смени мислев и ај у иста куќа детето расте што пример ќе му дадам нему и ај шочнавме ама она очигледно е иста или ја прифаќаат на моменти мајками со месеци не идеше кај мене ради неа ама демек се смени беше ок одредено време ама еве некое време неш пак и има светнато ама нз ни што и сеа зш така пак се понаша спрема моите.... ама таа ми е мајка а јас на неа сум и снаа ако ниш др направи и здраво не е било кој на ичица па да го одминеш како туѓинец... само тоа е она по нз кој пат ми покажа што култура има... ама има ќерка ј она да видам дали со зетот и неговите кога ќе се омажи таква ќе биде
Abe oti si go zamaras umot so gluposti.Zivej si so mazeto slozno,a dugite pocituvaj gi i muva neka ne te laze .Koga ke vides vo zivotot sto se vistinski problemi nema da ti bide gajle dali majkati i svekrvati se pozdravuvaat. Ne trosete si gi nervite za banalni raboti.
Znam deka e neprijatno,nezgodno ti e,te maci... no se dodeka nemas problem vo brakot mislam deka site drugi semejni odnosi se pomaku vazni( ne nevazni,pomalku vazni)! I jas imam takov problem,ne megu majkite no so dr dvajca od familijata,ne e seedno no nema sto da se pravi. Ednostavno ne se site luge isti, moras da go razberes toa. Mene mi smeta premnogu i jas se nerviram zatoa i ti se obrakam na tvojot post no ne mozes lugeto da gi promenis.
Не ми се верува решив да му кажам на мм ама како и секогаш пак си ја брани мамичка... испадна дека мајками е крива зш ми кажала лн и кажал на мајками дека мајкаму не сакала да си има работа со неа о да не ја задева викам па тогаш зш седеше и пиеше кафе кога дојде неколку пати и сеа наеднаш на улица те среќава и еднп здраво не вика на шо личи тоа пиеш кафе со мене после ни здраво не викаш наедмаш мора да има причина... уше ми вика сум се замарала со глупости зш ја и он ќе смесекарале шо требало да се испокарам ли со мајками.. викам бар мислев се сменила ама гледам дека не и ми покажува со воа колку она ме почитува... незнам и зш му кажав кога секогаш си ја брани уше и мајками испадна крива
Стварно бараш проблем ама нема. Поминала заминала и не и направила муабет на мајка ти. Голема работа. И детето не прашала како е, и што ако не прашала. Верувај ми кога ти велам подобро да не прашува одколку да ти се меша за се околу детето. Едноставно терај го денот без да се замараш .
Не за да праша за детето дома знае да се меша ама на улица бе гк одминуваш ај сега е мало утре ќе почне да разбира ќе го одминува ли ако биде со мајками на што личи тоа. Кога ќе праша што ќе му речам не е салам бабати ли како ќе му објаснам ??И друго салам човек ли е тој пиеш кафе со него утре на улица здраво не ти вика а не знаеш зошто??
Леле утре мислиш што ќе си му кажела на детето. И мојата баба свекрвата на мајка ми не беше фина личност па мајка ми не размислуваше што ќе ми каже. Едноставно ќе порасне детето и ќе сфати дека постојат различни луѓе сите со својот проблем. Не велам дека е нормално тоа што не ви направила муабет, велам дека не треба да ти е гајле и да се замараш. Проблем е кога не можеш да ја откачиш, а ако не прашува за внучето ич нека не прашува цел живот, баш ми е гајле
Она за внучето прашува со нив у иста куќа живееме дур од кога се породив премногу се умеша се замисли како она да му е мајка буквално за се се мешаше имаше период кога она ми кажа никон да не идел до 40 дена ни моите да не иделе... едрн период не и правев муабет е баш од вакви нејзјни испади и она беше крива и мсилев се покајала бар мм така кажуваше ама сеа гледам колку се каела она пак е истата.. проблем она има со мајками не ја сака и неможам тоа да гк сженам ама ако ме почитува како снаа може на улица здраво да и каже а не да ја одмине какп странец башка к пред тоа кога и да дошла седнала кафе пиеле заедно си правеле муабет и по некое време не со виделе ни ниш на улица се среќаваш здраво не викаш а причина??? После зш малото не одело кај неа плачело од неа дали тука и падна криво зш со мајками мирно беше а со неа не е плаче по мене.. неможам да ја сватам ни разберам...