А добро маж ти само за правење деца ли служе? Самите правите мажите да се пасивни со вас со деца со се околу бракот, стегни го малце бре покажи авторитет како жена дете си родила продолжуваш фамилија..
Повеќето мажи уствари си се понашаат така како што сакаат дека им е дозволено од жените. .. " не можам да го чувам страв ми е"... "на работа бев уморен сум " ( и милион др оправдувања) ... Демек ние жените 100 имаме родено и сега за 101-то искуство имаме. Треба компромис за детето и општо во бракот... За темата за свекрви не навлегувам дека и тука мажот има голема улога за тоа дали ќе има мир и хармонија и најбитно обостран почит. .. Ова општо го пишав онака без некој да потенцирам
Лесно е да се напрае дете убаво им е тогај а кога треба да се чува и воспитува никаде ги нема и нетреба да се дозволува само фокусот на свекрвата овде и сопругот е крив што сте дошле до таква ситуација ако бил вистински маж ке ве заштити и одбрани а не како само да е присутен и само да ја има титулата на татко..
И у овој случај не е крива свекрвата Крив е МАЖОТ мачки да го гребат Ако он туре граница свекрвица може само трици да јаде
Менталитетот е сеуште кај нас таков. Уствари и кога се мажат мајката им вика " слушај свекрвата свекорот, маж е... Ќе шета.... Ти дома ќе седиш со децата" Сваќам има терсене свекрви али синчето од почеток ако се постави праведно колку-толку барем сопругата ќе има мир знаејќи дека тој е со неа.
Здраво девојки, ете ме по долго на темава. Минатата година со маж ми добивме ќерка, после 3 години брак се одлучивме на чекор правење дете. Живееме сами во стан. Јас имам редовна работа, иако сум сеуште на породилно отсуство, но тоа не е доволно за да си купиме поголем стан, бидејќи имаме потреба. После нова година, маж ми отиде на работа во странство кај девер ми и кај свекор ми. Свекорот е преженет и таму живее. Пред 2 години го зеде девер ми, а сега заедно му помогнаа на маж ми да оди на неколку месеци и да заработи. Имавме план да го продадеме сегашниот стан, па со парите што ќе ги донесе мм да ја пополниме разликата и ако треба да земеме уште некој кредит со симболична сума. Предвидено беше мм да се врати во Април, но со ситуацијата се искомплицира се, па сега ќе дојде дури крајот на јули. Проблемот заради кој сум сега тука е свекрва ми, односно мајка му. Живееме одвоено, но нема ден откако замина маж ми да не ме замара, да ми ѕвони, да доаѓа да ја гледа внуката, а пред тоа не беше заинтересирана. Неколку пати ја опоменав заради вирусот да одбегнува да не посетува, бидејќи она и не се варди воопшто. Си оди на работа, по комшии, по маркети , а јас не би сакала да ризикувам ниту за мене ниту за керќичката од 10 месеци. Денеска излегов со малата на прошетка до парк и кога почна да и се приспива си заминавме. Ја ставив да спие и по неполни 15 минути ете ја свекрва ми на врата. Баш и не и се израдував, затоа што директно од работа дојде кај нас. И реков да седне на двоседот , бидејќи малата спиеше на тросед, но како да и реков седни до неа и не мрдај. Ме праша кога заспа и викам сега скоро. Епа ајде ќе почекам да се разбуди да ја видам. Океј, не реков ништо, од култура ја понудив и кафе. Свари ајде ми вика, ќе пијам, имаме време и онака. Го сварив кафето и таман да и го однесам, ја гледам од кујна наведната и ја бакнува ќерка ми. Значи полудев. И изнареков се и сешто, зарем немаш срам и страв. Не ти е ли глупаво да пренесеш бактерии на детето, малку ли да си разумна. Наместо да се извини и да ја наведне главата, она почна мене да ме вреѓа. Јас сум била невоспитана, не ме бивало за мајка, сум шетала со ќерка ми , а нејзе сум и бранела да ја гледа. Маж ми имал маки со мене, многу сум трошела, затоа и заминал на работа странство. Јас сум немала домашно воспитување, којзнае што сум правела и со колкумина сум се гледала додека не бил тука, дека сум била РАЗВРАТНИЦА како мајка ми. Е тука беше крајот. Не изустив ни збор, туку само и се свртев и и удрив 2 силни шамари. Буквално не размислив воопшто. Таа беше шокирана, ми рече за ова ќе биде тешко тебе. Стана и си замина со плачење. Не знам што ќе правам, не сакам да го нервирам мм, и онака му е доволно тешко таму каде што е. Си имавме убави планови, не сакам да ни се расипаат. Само се плашам да не му се јави и да не му изнакаже 1000 невистини и нејзини верзии. За 2 часа треба да се видиме на камера, не знам како да реагирам, секако стојам зад тоа што го направив, но се сомневам дека може да ни направи проблем. И онака е огорчена бидејќи живее сама, не сакам и нам да ни го загорчи животот.
Се во ред што те извадила од такт, ама немаш право да удираш некого само затоа што те навредил. Утре ќе го навредиш маж ти, во ред ли ќе биде да ти плесне 2-3 шамара онака од нога?
Сте претерале и двете. Кажи му што и како се случило затоа што може таа да му каже по нејзино па да испаднеш ти виновна. Искрено не требало да ти го доведува детето во опасност и плус да те навреди така, ама требало и ти малку да се контролираш. Да сте останеле само на кавга ајде де, ама си ја удрила. Во еден момент сите сме посакале да изреагираме како тебе, ама се контролираш...
Ау ситуацијава брзо ескалира, не очекував. Право да ја удираш немаш. А тоа што таа доаѓа неповикана во време на пандемија, и во твојот сопствен дом те нарекува развратница и дека не те бивало за мајка имаш право да ја избркаш и никогаш повеќе да не и дозволиш да види дете ни на слика. Таков простотилук само во Македонија има. Ама не си смеела да ја удриш.
Лошо. Си дозволила да те мрдне од место. Ама се десило веќе. Јас би се извинила за шамарите и ќе пробам да ја оправам работата додека е свежо зашто којзнае што се може да му каже на маж ти. Мајка му е, колку и да те сака ќе го боли. Ти си и удрила шамари за навреда на мајка ти. Аналогно на тоа, што треба тој да направи со тебе? Во моментов се зависи од неа, па гледај да средиш со неа. На маж ти објасни му се убаво, извинувај се, кажи дека си избрала, те вреѓала.... Како што било. Со среќа.
Си направила голем проблем се надевам свесна си. Не само маж ти, било кој маж не би останал рамнодушен жена му да ја тепа мајка му? Ти ги разгледав мислењата и мислам дека ова ти било и намера.. Многу погрешно! И зарем неможеш во парк вирус да фатиш или од твоите родители или другарки или само од свекрва ти ќе фатиш ? Буквално сите мислења ти се како би ја натепала свекрвата. Ете успеа Ќе ги видиме последиците..
И како е исто шетање во парк и бакнување дете? И кај прочита дека кај нејзините родители и другарки го носела бебето? И нема тука што да разјаснуваме, мајката кога ќе постави правило тоа треба да се почитува, а не уште да и вика дека не ја бива за мајка или дека е развратница и тоа дојдена во нејзиниот сопствен дом.
Што демек 4 месеци со нејзините се нема видено ? Ајде жити се Аман нормално е себе да се правда Вреѓање е едно, ок преќути снимај ја со тел како доказ кај маж ти,не се спуштај на нејзино ниво и заврши со неа за цело време а вака?
Ама неможеш да претпоставуваш дека се видела со нејзините кога не знаеш дали се видела. И таа не и забранила да го гледа внучето, напротив и кафе станала да и вари. Секој се плаши за своето дете од вирусов и нема што да објаснува за тоа. И плус и да не е вирус, што бара непоканета и ненајавена на врата? И како смее да си дозволи да и рече развратница и не те бива за мајка? Нема да ја удрам, ама дете нема да види ни од километар повеќе. Не јадела ќотег пошо го бакнала внучето. Јадела ќотег пошо прво јадела трици. Резонирај. И не ми одговарај дека оправдувам насилство пошо и пишав два пати на членката дека не смеела да ја удри.
Не, и јас не ја оправдувам свекрвата што го бакнала детето. Би се изнервирала и јас во оваа ситуација, ама реакцијата на членката е претерана. Во никој случај нема право да удри некој. Можела со муабет да се разбере, ако не чао, пријатно, нема потреба од тепачки.
Ама никој не го оправда тоа. Ни еден коментар не напиша некој - браво, така требало. Ама не ја превртувај работата дека кутрата јадела ќотег пошо го бакнала внучето.