Ова може ќе звучи неубаво ама определени личности се си дозволуваат баш зошто не очекуваат дека ќе сносат последици од нивните постапки и зборови. Јас здрава права кога сум не бацувам бебиња и деца, не па сега со коронава. Односно, децава што ги обожавам не сум ги ни видела откако почна целава ситуација, зошто никогаш не се знае и малку треба за трагедија. Кај е замолена да седне на страна и да држи растојание, уште се залепила за детето и го бацува. Е богами за тоа заслужува шамарчина. И ич не ми е галје. Јас на место на мајката би одлепила. Ама буквално би одлепила!!! Затоа, @macmacuf и да не е тоа вистината, играј на таа карта, дека во афект си ја удрила кога си видела како го бацува детето. Дека си изгубила контрола. И биди ( или глуми) потресена, изразувај жалење, кажувај како си разочарана од себе си и од својата постапка ама се нека биде од аголот дека си се распаметила од страв за бебето. Не му се обраќај на сопругот, туку на таткото на вашето дете. Спаси го бракот, свекрвата веќе секако е отстранета од твојот живот после ова.
Е а мене ме интересира колку свекрви во мк ги имаат удрено снашките, а синовите не престанале да комуницираат со мајка. Да ја удриш не си смеела. Ама и вие не зборете за свекрвата ко да е цвеќе за мирисање - во твој сопствен дом да ти рече курва и не те бива за мајка. А ти што мислиш сега што ќе се случува, како маж ти ќе реагира, @macmacuf ?
Не ми врати, нема зошто да лажам. Не ме ни допре. И нема да се претставам како жртва во ситуацијава, но нема ни да дозволам да ги минува границите.
Јас верувам дека ќе наидам на разбирање, маж ми не е избувлив и тврдоглав. Напротив, секогаш разумно ги толкува работите. Не се плашам од развод, бидејќи знам дека нема да дојде до тоа. Единствено ќе ми е многу криво ако му каже сега, додека е таму, па да си има нервози и притисоци. А, кога ќе си дојде, јас секако ќе му кажам се.
Јас не би се довела во ваква ситуација ни услови да ја тепам. Напротив ја сакам свекрва ми. Секој може да изброи до 10. Прифати дека проблемот е во тебе. Така можеш да почнеш да се оправаш. Ти си агресивен насилник. Ист ко мажи кои тепаат жени. Секој насилник вината си ја бара во жртвата. Да беше обратно, маж ти да и зазврзеше шамари на мајка ти,тука сите ќе те советуваа да го оставиш. Единствен совет кој можам да ти го дадам е да си ја прифатиш грешката. Да ја кажеш вистината на маж ти ,без да манипулираш со плачки и да и се извиниш на свекрвата. Да си ја средиш контролата на бесот. А да ,и да престанеш да гледаш видеа и слики со тепачки меѓу свекрви и снаи. За срамота.
Веќе кажав дека ја прифаќам одговорноста и не манипулирам на било каков начин. А за останатото, дај боже тебе да ти е секогаш убаво и да си останеш и понатаму така безгрешна.
Му се јави на маж ти да му кажеш што си направила? Не сум безгрешна. Туку почитувам и не повредувам туѓ физички интегритет.
Јас имам таква свекрва која вреѓа,користи лош вокабулар,агресивна,снима како камера 24/7,се прави верник голем а си тера швалерај.Ме има нападнато неколку пати и кога се породив.Ми се мешаше за бебе се умислила она му е мајка.Никогаш ја немам удрено само се бранев да и ги задржам рацете да не ми го удри малиот и и се случи ми го удри.Маж ми се има видено дури како мачка ја влечеа од мене а јас бебе во корпа држев,па и во рака кога ми беше малиот.Маж ми знае каква е од тогаш од бебе малиот го нема пипнато забрането и е и веќе нема одење кај нас на спрат.Кога се породив има правено проблеми моите да не доаѓаат или другарка,моите два пати дали ми дошле и она одма се качува пијат кисела вода она им ги зема чашитр ги носи во кујна само за да ги закача.Кога не сме дома има викано бравари правела копија клуч алишта ми фалеле,сум наоѓала и некакви си амајлии испишани намачкани.Дури и свекорот го малтретира не дозволува неговата фамилија да дојде на гости, сите ја знаат каква е и ја избегнува секој.Дури ни со една родена сестра не зборува,себе се надигнува а друг да понижува.Едноставно си терам свој живот со мм и малиот,кога и да се сретнеме во двор ја избегнувам.Она провоцира збори но јас себе си се знам каква сум и тоа ми е доволно,син и знае каква е не се спуштам на нејзино ниво утре да се тепам.Кога ме нападна фино лепо ја пријавив ама со таква само красна далечина помага.Само чекаме да ни се отвори прилика за странство или да си земеме стан.
@macmacuf, џабе ќе го пишувам следново, биднала работата веќе ама ете, нека стои зошто може на некоја која чита сега ќе и направи разлика. Затоа се реагира со време. Штом си дојдена до тоа дереџе да гледаш слики каде свекрва јаде ќотек, значи многу си блиску до точката на пукање. Дистанцирај се, намали комуникација, тргни се на страна. Па во ова време на корона, ептен е најлесно „културно“ да се изолираш од некого: „Страв ми е од вирусов, имам мало бебе, нека помине ова, па ќе се видиме“. Ти иде на нерви? Не ја примаш дома. Верувам дека ти пукнал филм, ама не си смеела да си дозволиш да дојдеш до таа точка после која нема враќање. Свекрвата ти е ѓубре, да, ама ете, сега ти си и дала муниција да ти направи сериозни проблеми во бракот. Си ја истепала мајка ти на мажот. Колку сака нека е реален и рационален, емоциите не се лесни за контролирање. Како што тебе (оправдано!) те заболел коментарот дека мајка ти е распуштеница, замисли како ќе му биде на него вечер. А до идните свекрви кои читаат, не ја нарекувајте жената на вашиот син распуштеница и не ја вреќајте мајка и, и нема да бидете зашамарени. Или за коса извлечени надвор од домот, сеедно. Зошто никој нема бесконечна толеранција, па дури ни тивките снаи.
До денес немав појма дека постојат слики и видеа за тепање свекрви. Па со години тоа да ти биде хоби. Не станува овде збор за пукање филм, јас мислам нас ни праи некој филм.
@macmacuf ама зошто физичко насилство? Зошто се осуди да и дигнеш рака и тоа не еднашка, два пати? Не си требала да си дозволиш да и паднеш на навредите. Сега тоа е што е, според мене најдобро да му објасниш на маж ти се како било.
Е сега не те разбрав, те нападнала неколку пати и ти не се тепаш за да не се спушташ на нејзино ниво? Па тоа е самоодбрана веќе, ќе седиш некој да те удри само за да не се спушташ на негово ниво?
Oпшто кога се збори, нема оправдување за насилство. А да издвоиме посебни примери од индивидуи, тогаш ќе најдеме 10 оправдувања. Ако маж и' jа удрел мајка и' можда ќе речевте Бегај од таков насилник, утре и на тебе и детето ќе дигне рака. Сега нема истото да го речете за маж и' и детето. И сфаќам. Ама барем во други теми престанете да го користите она нема оправдување за насилство. Зашто кога некојА стварно ќе се исповеда, срце немате да осудите. И пак ќе речам, сфаќам зошто е така. Не ја бранам свекрвава. Ама да запамтиме - се брои до 10 прво нели?
Значи,според напишаново исто би било -Жени,во расправија не го нарекувајте мажот идиот,или ѓубре и нема да бидете зашамарани. Подржуваш насилство?
Па @ZAHRA нормално нема да се спушти на тоа просто ниво, завршила со неа за цел живот. Ниту дава детето да го види што е најпаметно. Ако и она се тепала кај би им бил крајот? @Mantub
Кога напишав што се случи, спремна бев на секакви осудувања, критики и навреди. Но, свесна сум дека не е правилно, колку и да ми згреши, овој пат сум јас виновна. Сепак , не значи дека моето трпение нема граници и дека можам на се да прогледам низ прсти. И ќе ве замолам, читам ме напаѓате како сум можела два пати да ја удрам и зошто не сум запрела првиот пат. Едноставно се случи во миг, ја удрив од двете страни со една рака. Океј, јас сум виновна, не е никаков начин и решение. Но , ве молам не судете само виртуелно. Некои зборови повеќе болат од 1000 шамари.