Леле леле, не јадела два шамара оти и го бакнала внучето, туку зашто и рекла дека е развратница. Е богами да ме прави од чесна развратница ќе ја истерам на клоци право да ти кажам.
Zdravo, mozebi ke me osuduvate ama imam edno svekrviste znaci po zlobna zena nemam sretanto vo zivotov, koga i da stasa taa samo problemi pravi saka da me raskara so mazot, go bockase protiv mene deka deteto ne bilo negovo, na edniot sin go izbrka, a si e psihicki rastroena, znacit stvarno nemam komentar, so i da napravam ne cini za nea site za nea i pravele magii, i ako neso i recis i prevratis odma zema telefonot i policija da vika deka sum ja maltretirala, cudo nevideno stvarno be znam kako da izlezam na kraj, w mazot mi dzabe i vika i zboruva i pak si tera po nejzino..
@Cosmi, мислам дека мислењето ми е доволно само-објаснувачко Пошто гледам дека многу емотивно се реагираше на делот каде членката удрила, а сите го скокнавте делот каде бабата во време на корона го бацувала бебето, иако била замолена да седи на страна. Насилство нормално не поддржувам ама во исто време свесна сум дека ако намерно бодам во туѓи болни точки, може и нема да си поминам баш најдобро.
Па не ти е баш. Мислам дека ти укажав каде со напишаното подржуваш насилство како решение. Без разлика од кого е. Без двојни стандарди. Ако не планирала да прима посети и тоа се решава. Просто и едноставно. Не со тепање на свекрвата.
Убаво го прочитав твојот пост. Ама никако не го разбирам искрено. Си почнала буквално да и се дереш на жената, си и се изнакажале се и сешто (ние незнаеме што е тоа се и сешто, може и ти си и рекла многу грди зборови па сакала да ти врати во иста мера) како да си сакала да ја испровоцираш. Си можела да и ја покажеш вратата и бељата би била помала. Не го разбуеам делот каде што си се назборала се и сешто и си очекувала да ти се извини. Претпоставувам нема да каже на мт, да сакала тоа после шокот ќе го направела, ама изгледа поразумна е па ќе размисли. А тебе не ти беше жал да се расправаш дури спие ќерка ти, или се расправавте шепкајќи.
Членкава значи само барала причина за да ја удри убаво кажаа погоре сакајќи и она да и врати за да има оправдување. Многу добро знам што значи свекрва. Првата година од мојот брак беше многу далеку од добра. Замислете, маж ми е единец, на светов само него го имаше. Малце е да кажам дека како со канџи го бранеше од се. Дури еднаш му кажа она ќе те уништи она вака така. Преќутев. Да ја вреѓав и тепав кој знае и дали ќе бев во брак сега. Со време страстите се смирија. Јас бев чиста,никогаш неможеше да каже дека нешто сум и пререкла. Свати дека згрешила. Кога се породив јадење перење чистење година дена се беше од неа. Дарови подароци им немаше крај. Кога се разболе од сите јас највеќе трчав, лекови барав. Јас ја хранев јас ја бањав. Плачејки дур ја облекував ми се извинуваше за се, викаше снаа немам ќерка имам. 5 месеци поминаа како почина. Уште кога влегувам во нејзината соба чуствувам тага. Ми фали премногу се збиживме во последно време.. И така. Затоа, какви тепачки кавги, паметниот попушта и секогаш тој ќе испадне во право
Јас ги немам тие пориви да удрам некого, и апсолутно не ми е тешко да замислам дека личност која денес дигнала рака на свекрвата, утре без мака ќе дигне на сопственото дете. Едноставно, шамари не се решение, без разлика кон кого се насочени. Дали снаата кон свекрвата, мајката кон детето, мажот кон жената или пак девојката кон дечкото. За да удриш некој едноставно мора да го сметаш под тебе, помалку вреден од тебе, понизок или помалку битен. Човек со кој си на рамниште, едноставно нема никаква логика да го удриш. Ни животно не ударам, ни човек.
Мислев на пишаното дека нема да се спуштам на нејзино ниво ако ме вреѓа дека јас прва ќе почнам да се тепам,да ме има нападнато неколку пати ме удри но кога сакаше да ме нападне секогаш се бранев имам пишано дека ја држев за раце за да не ме удри дур маж ми не слушна и со свекорот ја тргаа.Свекор ми сам вика си има дијагноза шизофреничарка е.Голем манипулатор е.И јас можам што се вика фати натепај ја но не сакам.Маж ми ми има кажано следен пат удри ја ти па да види,ама нема никогаш да ја удрам зошто ќе дојде ден кога таа сама ќе си се удира за сето сторено зло на секој.Нејзе доволен удар и е што не може со нас контакт да има.Јас му имам кажано на маж ми ти збори со неа мене не ми пречи мајка ти е те родила.На мене и син ни да не ни се доближува.
@Cosmi, пред се, и во други теми те имам приметено дека ме цитираш притоа правејќи се дека не разбираш што сакам да кажам. Ми додаваш контексти кои очигледно ги немам во мислењата. Во ред е ако не ти се допаѓа мојот став, ама ова е форум и не треба сите да се согласуваме. Пак ќе кажам, сметам дека мислењето е доволно јасно само по себе. Треба да се реагира пред да биде прекасно. Штом осетиш дека некој свесно и намерно те нервира, тргни се. Но во исто време, тој кој доаѓа да се кара и да провоцира треба да биде свесен дека и жртвата има точка на пукање. Во афект може се да се случи. И не е ова оправдување или рационализирање или апологија, туку факт. Секој има точка на пукање, секој, и најтивкиот, и најмирниот, и најпасивниот. И затоа, повеќето од нас сме доволно паметни да знаеме да не вреѓаме и да не бодеме во слаби точки. Ми ја разбираш сега поентата или треба уште еднаш да објаснам. едит редактирав зошто сметам дека избришаниот пример навлегува во туѓа приватност
Јас по импулсивно би изреагирала за тоа што ми го бацува детето отколку како ме нарекла мене и мајка ми. Ме навредувале и тоа многу. Не сум враќала ни со навреда не било вредно. Може се да каже па дури и да го убедува мм. Но тој ја знае вистината најдобро. А ако мм се доведе во ситуација да поверува тогаш подобро што го убедила бидејќи не би му ги отворила очите на него туку на мене. Уште фала би и рекла што ме спасила од некој што верува на туѓи зборови. Кога ме навредиле мм бил тој што пресекувал и велел дека нема да дозволи да ја навредуваат жената со која дели постела и која е мајка на неговите деца. Да вратев со навреди или пак насилство немаше да го видиме светлото, јазот ќе беше преголем.
Omg, сум те помешала со друга членка. Длабоко се избинувам. Сега гледам од тебе е мислењето. Бришам одма. Притисокот ми е у курац денес, век ден ми се врти. Очигледно морам да легнам малку. @Cosmi грешка моја Отидов пред да треснам уште некоја глупост. Бришам одма
Кога и да влезам у темава, благо кажано, се шокирам. Немам зборови. 2020, тепачки, колнење, пцуење, тешки зборови, клетви. Од снаи за свекрви, од свекрви за снаи. Забрани за гушкање и чување внуче, забрани за гледање со син.. Прво - никој не може да ме убеди дека свекрвата преку ноќ се сменила и станала злобна. Второ - не верувам дека таква жена би израснала син достоен да ми биде сопруг и татко на мое дете. Немам зборови стварно.
Навистина те навредила, ама овде ја слушаме само твојата страна. Што се си и кажала ти пред да го чуеш тоа од неа? Премногу ниско е да удриш било кого, тоа значи дека незнаеш ништо подобро од тоа. Јас да бев, вратата од надвор ќе ја бацуваше секој пат и до крај на живот ни за добро ни за лошо немаше да ме види ни мене ни внуче. И во најскоро време посети си психолог, за твое добро.
Без разлика какво и минато да имала жената воопшто не е во ред твојата постапка, сепак му е мајка на мт. Не е во ред и тоа што те навредила, секој би избувнал, ама ова со шамариве е премногу, ете тебе за твојата мајка те болело дека ја навредила, а уште повеќе ќе те боли ако утре твојата мајка ти се пожали дека снаата и врзала два шамара.
Ајде да пробаме уште еднаш. Не ти додавам контекст,те прашав што е разликата во насилство. Ти велиш да пазат свекрвите како ги нарекуваат снаите за да не бидат исшамарани. Јас те прашувам што е разликата со -Жените да пазат како ги нарекуваат мажите за да не бидат исшамарани? Без разлика на причината ,на провокацијата,на точката на зовриеност,не е вината во тој што збори туку во тој што физички напаѓа,без разлика кој е тој. Во случајов снаата. Вака како што велиш испаѓа дека сме животни без никаква самоконтрола и контрола на бес, потенцијални убијци. Дали тогаш насилството е оправдано?! Значи некој ме провоцира со зборење ќе го пукнам со пегла по глава и убијам,кој е крив? Тој,јас сум жртва,ме нервирал. Те разбрав ама со напишаното на некој начин оправдуваш насилство.
Точно. Сите имаме точка на пукање. Јас пукам понекогаш повеќепати во неделата. Ама има разлика меѓу пукање со пцуење, со лупање врати, со тежок збор и со физичка агресија, макар и крената рака. Да реагиравме сите така, нит ќе постоеја семејства, нит брак ќе опстоеше, ниту пријателетва ќе имаше. Ноу, ноу. Многу мразам ад-хоминем осуди и никогаш, ама никогаш не сум ги користела, но членката си има подлабок и посериозен проблем отколку момент на афект.
Е добро де Ја удрила и сама е свесна нема што да и попуваме во секој еден пост Жената праша и е загрижена за маж и што ако дознае додека е во странство @macmacuf Ако му каже ќе дознаеш од маж ти. Ама може колку толку свесна е па ќе почека да се врати. И таа е шокирана сега. Нз дали е паметно да и се извиниш, направи како што мислиш, објасни и се убаво како дошло до тоа да ја удриш Веќе се случило и тоа е тоа, гледај да не се повтори Значи за удирањето и жената е свесна дека згрешила кажа сто пати и сите сме свесни и тоа е тоа И мене ми е интересно дека два пати и се обидувам да замислам ама не можам, за два пати да ја удриш стварно не знам не ми е јасно, за вториот пат на другиот образ се врти дланката или се удира со надворешната страна од прстите? @Marinicaaa Жената има потврда од лекар дека има шизофренија? Или така ти е зборот. @ZAHRA И твојата има шизофренија или така ви е зборот?
Свекор ми е доктор во пензија.И он ни има кажано она е шизофреничар треба да се лечи,да пие апчиња.Ама она ниту се лечи ниту пие апчиња.Таа е таква одамна, прво кога се запознава се прикрива дека е добра,најпоштена најдомаќинка е секој на нејзе е љубоморен,и прават лошо,комшиите и стават ќиселина во цвеќиња а нема врска ,потоа следи лошото.Таа на секој му прави проблеми и бељи со сите е скарана од сестри,браќа,син,комшии.Кога нејзина мајка и вика дека е злобна.Она сака на сите животот да ни го контролира да е главна,она за се да се прашува.Кога свекор ми не е добро и не може да ја коси тревата она го мава со камења.Сок му прска во очи,Не сака да му ги пере алиштата,цела пензија му ја зема,не дозволува ниту неговата фамилија да дојде на гости никогаш не дошле,она си има свој спрат,он спие во подрум тука има соби и купатило.Не смее од неа кај нас да доаѓа,кога одиме кај него она одма се црта на прозор.
Жената се исповеда и кажа дека и е жал за случката. Да го врати времето-неможе. Сега да е, знае и сама што треба да стори а што никако да не стори. Ептен со напади.. Кажа дека е свесна за испадот. Мој искрен совет: @macmacuf Оди со детето кај свекрва ти. Извини и се , ама искрено. Кажи и дека не си добра со нервите ради тоа што маж ти ти фали.Кажи и дека не си го замислувала животот ваков-разделени да сте и плус ова со коронава ептен тешко ти паѓа стравот од болеста зашто си сама без син и... Кажи и дека ти ќе кажеш ако треба на син и за големото недоразбирање. Ако сака таа, заедно кажете му. Поарно пред тебе да збори со него отколку да незнаеш што се му има кажано . ...и, веќе колку и да си нервозна, рачето прибери си го при себе. Ко што знае свекрва да исфилува и надгради ситуација,никој друг неможе. Со среќа и пиши како си поминала.
Ама ако жената навистина има шизофренија тогаш таа тоа не го прави намерно. Таа жена мора да пие лекови и некои инекции на 6 месеци ли се ставаат или секој месец. Значи таа не се прикрива дека е добра туку такви се тие личности како да имаат две личности. На таква личност не се замерува туку се лечи доброволно или со сила. Знам дека може да те удри и нападне, а не дај боже може и да убие некого. Јасно ми е се. А свекор ти ако е доктор значи по некоја логика не би требало да дозволи на жената да и помине ден без лекови. Може жената да има мн добра душа ама поради болеста да напаѓа. Таа не свесна тогаш и и потребна итно помош од некој. Крајно за почеток да и се подметнуваат лекови. И дека велиш нит се лечи нит пие апчиња. Не е тоа главоболка па сама да посегне по аналгин да се напие. Не може сама да се лечи и да пие апчиња.