савана без да се навредиш ама по ова што го пиша треба нозе да му миеш водата да ја пиеш хахахахха на оваа денешница скапа некој да ти помогне толку е за пофалба секако да си на мое место па да видиш како е кога ке те избркаат од куката да си одиш кај знаеш и умееш а искрено јас да сум на местото на старите ваши ако се побуниш ти ке ти кажам ако не ти се бендисуваат овие врати или купи си поубави или мајка ти некати купе поубави еве старите на вереникот се залагаат со станбено прашање а твоите си се запрашала ли ???
Леле, читам и не ми се верува Некој да ни даде спрат од куќа (само за нас) НОВ, и да ни плати нови врати и прозорци, да ни плати маса и столици... и којзнае уште што не, јас и сопругот да не дадеме ни денар за тоа - и јас да се бунам? Па ако не ми се допаѓа, никој не ми брани да стегнам заби да си земам кредит и да си купам нов стан или половен (па да го реновирам целосно - со се врати и прозорци). Е сега, може едно 20 години ќе работам само за ратата од кредитот, и ќе се секирам да не останам без работа (читај без плата) па да не можам да го отплаќам кредитот и да ми го лапне станот некоја банка, ама ние сами ќе си ги одбереме вратите и прозорците! Девојко, чукни се малку во глава. Оди таму, испофали ги вратата и прозорците, насмевни се и заблагодари се! Се додека никој не бара од вас да ја дадете вашата плата (неколку месечна можеби) за тие врати и прозори, вие треба да бидете благодарни и среќни. Има една поговорка кај нас: На подарен коњ забите не му се бројат! Ајде поздрав, и немој да ствараш нервози.
Некоја млада, мрзлива невеста спиела до касно попладнето, свекрвата веќе изнервирана - Стани снао, пладне е, направи ручек. Зачисти низ куќи, другарките твој од-дамна се станати, зготвено-исчистено-испрано. А снаата,не станувајки од креветот одговорила. - Па и твојте другарки, од-дамна се умрени ! Уф и мене како ме нервираат вакви, значи јас да сум на твое место. Прва-опција би си го земала,кај мене да си живееме со мојте. Втора-опција би им се изнаврекала на свекорот и свекрвата, и ке му дадам услов или сами да купиме стан,во спротивно КРАЈ. А не да живееме во спрат, кој што тие ненормални-негрижливи-себични го изградиле. Трета-опција,прво се распрашувам што беше тоа благодарност-почит,ќе престанам да се занесувам. Сигурно твојте ти спремиле невиден чејз од неколку иљадници евра, спална-купатило-кујна-автомобил-тв-прозорци-врати-маси-гарнитури од махагони. Сега и јас го мразам, идниот твој свекор,што не те консултирал за прозорците
Некој да ми даде спрат од куќа и да ми даде пари за уредување е лотарија.Јас имам само спрат од куќа карабин, и сум преблагодарна за тоа, а не пак и да ми го средува.Сега да ти го уреди во некој стил кој не ти одговара, а ти си таму разбирам ама прозорите не се толку важни,ако се друго ти е по ќеиф.Доста е што ги купил. А знаеш ли какви примери има старите воопшто не се замарат со тоа да им го обезбедат на децата стамбеното прашање.Е тогаш што би направила?Ќе бидеш оставена сама на себе и се да обезбедуваш.Познавам 2 такви примери.Свекорот купува фармерки, патики,тренерки оргинали по 4000-5000 денари(и живее на висока нога уствари не се замара) такви и јас не купувам, а живее во 2 собен стан со двајца синови, кои подоцна ги прати домозетовци.Јас разбирам немање пари ама тоа се непотребни луксузи, а не обезбедува стамбено прашање на синовите. Јас викам за свекорот и свекрвата доста е од нив другото јас и маж ми со труд ќе го постигнаме колку можаме, ако можат да помогнат нешто плус ќе сум благодарна, ама не очекувам од нив. Затоа не се нервирај и гледај позитивно на работите
Девојки фала ви на советите и на критиките, позитивно ги прифатив. Ве читам и сфаќам дека претерав, но ете така одеднаш кога слушнав се изнервирав. Потполно сте во право, но ете највеќе замерив за тоа што не му кажал барем на син му дека ќе оди да купува. И мајка ми ми рече камо мене на времето свекор ми (дедо ми) да ни помогнеше и да ни средеше барем нешто. Не дека не ценам се што прави за нас, тој гледа колку што може уште од сега да среди и да ни помогне, за да утре кога ќе почнеме да живееме заедно да ни биде полесно, но ете за ова избувнав и побарав мислење од вас. Гледам дека не сум во право, кога ќе ми текне кави ситуации има си велам подобро да си молчам Сега кога ќе појдам таму ќе кажам дека се ми се допаѓа и дека е убаво , знам дека и тој ќе се израдува кога ќе го слушне тоа. Убаво имаше напишано една фемика, на поклонет коњ заби не му се бројат.
Мислам дека човекот немал лоша намерна,туку едноставно најдобро намерно.Сигурна сум дека ви одбрал квалитетни врати и прозорци.За лутење би било ако би одбрале пример намештај,кујна,спална,тогаш навистина.Ама вратите и прозорците се тие,нема баш и нeкоја разлика,освен нели во квалитетот.
Одма се сетив на филмот monster in law недај боже на некој таква свекрва да се погоди. Инаку јас сеуште не сум омажена но мислам дека сите тие проблеми што ви ги прават свекрвите се само за да ви помогнам понатаму,барем јас мислам така. Зошто би кажале нешто кога не би било точно? :geek: Ги подржувам и снаите и свекрвите но сепак понекогаш снаите проблемите ги прават поголеми е тоа е тоа што најмалку го поднесувам. Стара жена е има искуство,ќе каже што има вие немора ни да ја слушате,така побрзо се откачуваат. Хах,искусна сум била јас во тие работи
http://mkd-news.com/shok-duhot-na-svekrvata-se-pojavil-na-ultrazvuk-na-bremenata-majka-foto/ доказ дека и после смрта не не оставаат на мира хаха мала шала
Ех savana моиве да ми ги купеа барем прозорците и вратите фала ке им речев,ама тие велат ке пракате пари ние ке ви реновираме,ах да им реков со наши пари и ние знаеме да реновираме и по наш вкус,по свадбата од свекрва ми слушнав дури дека требало да и ги оставам нејзе парите oд свадбата таа знаела со треба да зема кујна ке купувала таа демек ја незнам...ццц ех да...
ни сама не си свесна драга што се не те чека натаму во животот со твојата мила идна свекрва хахахха се шалам драга
ех јас вчера си поседив 15 мин со идната свеки. дечко ми вареше кафе а таа ко се запна оди и ти в кујна варете го заедно, да научиш кај ни стојат филџаните бла бла... јас само и реков има време ќе научам и и упатив еден осмех и уште ми вика шубо двете ќе се погодиме а јас ни 2 ни 3 и викам само за телевизоров ќе се тепаме на смеа секако ондак ми направи пудинг и си се префрлив в детска гледавме тв со дечко ми онака гушнати и слушам едно бум не се отварај сезаме влегов сосе врата свеки еве ја дечко ми и вика барем да тропнеше а таа вика секако ништо не правевте wtf? прислушкуваше на врата или?
Не да прислушкувааат,ами тие во супер уво се претворени И јас ја имам неколку пати фатено свеки како прислушкува,ама што е најтрагично нема ни срам ни перде. Ни да се засрами,ни да се извини...демек тоа најнормална ствар е.
Срцко додека свекорот плаќа седи си и свиркај си, прозорите не се битни толку. Барем он ги плаќа. Кај нас кога се менуваа прозори свеки мој без да ни каже пошол си порачал по негови мерки како него что му одговарало и сега ние на пролет ке ги вадиме и ке прерушуваме зашто не одговараат со внатрешниот план на собите, а плус башка е тоа што од кога ги наместија ние си ги плативме. Така да штом он плаќа уживај си и помалку дискретно наговарај си какви ви се плановите за уредувањето (да им текне до каде им е границата).
Јас сум нова на сајтов па така да извинете ме ако имам некои грешки и ако во погрешна тема ми е сместено прашањето. Моето прашање е како се навикнавте на животот во друга куќа, подалеку од вашите родители, како се погодувавте со свекорот и свекрвата. Го прашувам ова бидејќи со дечко ми наскоро треба да се вериме а јас секој ден се повеќе мислам на тоа како ќе се навикнам во нивната куќа, па може нема да им се допадне мојот начин на функционирање, па може нема да им се допадне моето готвење, па како ќе се навикнам дека нема повеќе да ме буди мајка ми за да одам на работа и дека нема нонстоп да бидам со неа (бидејќи многу сме поврзани и многу ќе ми недостига), и се некои такви глупи мисли ми доаѓаат на памет. Јас ги знам неговите и тие се навистина најдобрите луѓе што ги познавам и ме сакаат многу, имам често одено кај нив и он кај мене, али друго е кога ке одиш на 1ден или на 2дена па друго е кога ке бидеш официјално снаа во куќата. Знам дека на некои од вас чудно и смешно може ќе ви биде ова што ве прашувам али ми треба мислење од вас, бидејќи ве следам долго време и давате супер совети па токму затоа и се зачленив на сајтот. Однапред ви благодарам
Мила ако го сакаш дечко ти одењето во друга куќа не треба воопшто да те вознемирува, треба тоа да го сфатиш како убава работа, а ако одиш и постојано пекаш по мајка ти, плачеш по неа, верувај ми никој нема да те трпи, ќе гледаат на тебе со поинакви очи и нема да плачат заедно со тебе. Велиш те сакаат, добри се со тебе, не знам колку години си со дечко ти, јас на пример сум 6 години и навистина со нетрпение го чекам тој момент кога ќе живеам со него, па макар и во неговата куќа и со неговите родители во почетокот, ако знам дека тој ќе биде среќен а мене нема да ми биде ништо полошо, веднаш би се согласила. Суќната на мама одамна си требала да ја оставиш, ти имаш години колку и јас, да знаеш дека веќе 10 години живеам надвор од својот дом и тоа го чувствувам како огромна привилегија, бидејќи само така успеав да станам тоа што сум денес, одговорна и возрасна личност, без подршката од моите и со многу храброст. Сигурно веќе прочита од искуствава на девојќиве, свекрвите им се промениле кога влегле во нивната куќа и слично, но да знаеш дека доколку од почеток се поставиш како зрела и одговорна личност, доколку покажеш дека си спремна на тој чекор да стапиш во брак и да оформиш семејство, многу ќе те почитуваат и ќе гледаат на тебе поинаку, а ако кукаш по мама и се жалиш како нема кој да те разбуди насабајле за на работа, да ти свари чајче и да ти намачка лепче со путерче, верувај, нема долго да трае калимерата, ќе се распадне идилата. Малку уозбили се, започни сама да се будиш, сама да правиш некои работи во животот и на крајот од денот обиди се со мајка ти да си ги раскажете сите убави работи и да и се пожалиш ако имаш потешкотии, но не на секое едно да плачеш по неа и да жалиш што не си со неа. Само таква личност и твојот дечко и неговите родители ќе сметаат дека е зрела и одговорна жена која во иднина ќе го расте и одгледува нивното семејство. Сега е попусто да ти зборуваме ние на тебе дека не е во ред да бидеш толку приврзана за мајка ти, како да направиш и постапиш, ти на краот пак ќе си постапиш по твојата логика, но биди свесна дека твојот однос најмногу ќе ти помогне во твојот брак и новиот живот со неговото семејство.
ух гледам дека не сум само јас со свекрва хехех....не ми прави нешто лошо многу,само едноставно ми смета нејзиното присуство ,ме пука значи.......кога енервозна за нешто друго покушава да нареди нешто,,ама ништо од тоа,,,јас многу убаво се однесувам со неа,,,значи чисто пријателски,,таа некогаш повејче со мене моше да се разбере отколку со син и.....и неколку пати има направено киксови,,како на пример,,,таа пие многу кафе,,итн...и јас еднуш доаѓам од работа и само што се пресоблеков ми вика,,ајде оди до продавница,кафе да купиш....и јас и викам,ааааа сега ќе јадам,умрев денес за јаденје..и ок,не се налути се облече и отиде таа,,тука беа и син и и сите,,па не смее да наредува..че праша дали можам ане така,,ајде оди,,,после,,,претходно беа скарани со синот и таа на мене се празни...ми вика ти требаат алиштата,што си пуштила машина сега.скапа е ми вика,,и јас и викам,па ми требаат,после треба пак да ја пуштам,,и таа ми вика да заштедевме малку,,и јас и велам,еееееееее од еднаш нема гајле..и таа вика добро....а некоклјку дена пред тоа таа за време ан ручек пушташе машина со нејзините алишта...кога беше скапа струјата..ама ништо не и реков....ај да не комплицирам повеќе...а јас секогаш само ноќе пуштам машина........е сега овој мажот ми како што го прифаќаат...сега едно време заборави..сега пак му текна,,ме тера мамо да ја викам,,ама се скаравме ради тоа,до тепачка дојде меѓу нас ради тоа.....не можи да сфати дека таа не мие мајка,,,,,,,,,боже,не знам што да правам да го избегнам тоа..навистина не сакам така да ја викам.....му реков дека кога ќе треба че и се обратам така,,не можам јас на секое така........а тој никако не сака мајками да ја вика мамо,,,ја вика бабо,,,епа од каде неговата мајка стана моја:?????????????.............некогаш како дрогиран се однесува,се запнува во таа мајкаси.........ижими бога да з наев дека евакво бебе,,,дека толку е приврзан за мајкаму,,никогаш немаше да сум со него........душата ми ја јади ради неа,,,,одвартно створење/////.......му викам гледај дела а не како ја викам,,ама не разбира дефинитивно,,,,,,,како будала реагира,ако се навреди нешто мајкаму,м,не можам да го поднесам по некогаш.......никогаш не сум сакала магии...трикови,,интриги.......секогаш сум била против тоа,,но верувајте сега толку сум изреволтирана така да само да знам некоја магија одма би му направила,,како кученце да трча по мене,и само мене да ме слуша............а мајкаму ни бара такво нешто,ни се запнала...со неа можам да излезам на крајм,,,со него некогаш не можам.......не знам како да се справам со ова????????