Ако јас сум го купила станот не смее ни свекрва, ни сестра, ни золва да доаѓа кога сака. Затоа инсистирав да имаме наше, за да не се прават другите господа.
Е па тоа е веќе друго. Јас ви дадов стан. Има да ме трпите. Затоа и коментирав во другата тема дека најдобро е да се независни младите. За да не ти се качуваат на глава.
Тоа го пишав. Нека се моли да не пријави старата во полиција. Нека оди кај неа, нека плаче, нека моли за прошка. Ако помине со кажување на маж и , ќе биде страшно ама не толку колку потврда од доктор и пријава во ЦСР.
Не би ме чудело свекрвата да пријави. Ќе направи се што може да ја оцрни снаата. Еднаш свекрвата страшно ме навреди. Следен пат нема да знае што ја снашло. Ако треба и кривично ќе одговарам.
Оф-топик. Нека се брише мислењево ако треба. Туку @Cosmi, пошто сакаш да ме цитираш, баш се навратив на твоите мислења во темата „Таксист нападнал жена“. Дека мене тука ми се здаде дека оправдувам физичко насилство а ти во таа тема ми се закачи што сметав дека не смеел да ја удри. Ај препрочитај си ги мислењата таму, па дојди назад на темава да се објасниш. Зошто нели, никој од нас не оправдува насилство Таму став дека жената не е невина зошто му ги скршила брисачите (иако коментарите беа дека треба кривично да одговара за материјална штета) а тука се изнаскока против насилството. Дека нели, во тој случај, бидејќи му ги оштетила брисачите, крива е, а тука во темава ноу, ноу, никакво насилство, без разлика на причината. Или кога се зборови тогаш самоконтрола, а кога е предмет, тогаш океј е тепање? Двојни аршини нешто спомнуваше вчера...
Абе готово,ќе скапи в затвор Не е толку едноставно заминувањето в затвор, без грижи. Прво и основно како ќе докаже свекрвата дека членката ја удрила кога не е психички стабилна. Па уште кога знаеме како стојат кај нас работите в полиција, никој не се замара со ништо, особено нема служба да тропне на врата да ја повикаат снаата оти ја тепала свекрвата.Јас не верувам. Далеку од тоа дека го одобрувам физичкото насилство,не смее да се случи макар и последна опција да е. Или со разговор ако има простор за тоа или секој на своја страна. Најлесно е да се истепаме ако ни оди некој на нерви ама тогаш не би се разликувале од животните.
Сакам да те цитирам па ти ме цитираш,не јас тебе Мене ме мрзи и да ти реплицирам од што гњавиш Ај добар совет ми даде @DAngel врска нема таа тема со оваа ,овде свекрвата не е насилник. Да ти цртам? Во таа имам напишано дека Двајцата се насилници.И беа. Бидејќи . Секое насилство е казниво по закон. И кон движен имот. Бабава не е. Појасно ти е сега ,или уште ќе се радуваш што ја истепала снаата.
не дека јас сакам така ти кажувам како е законот за семејно насилство казната е затвор до 5 години на свекрвата и треба само лекарска потврда о пријава во мвр
За другата тема која ја начнавте. Не може двајцата да се насилници ако тој неа ја удри, а таа му скрши брисачи. Никогаш никаде на светов никој не одговарал исто за кршење брисачи и за удари врз друг човек. Со самоодбрана има врска пошо возачот може да се самоодбранува ако го удрила него. Ако му скршила брисачи не е самоодбрана. Туку се изнервирал со нејзина надворешна постапка ко што се изнервирала снашкава со бакнувањето на бабата првично, исто така надворешна постапка. Како ти се различни?
Колку што се сеќавам на видеото,таа прво му кршеше брисачи,па тој ја туркаше и ја бутна на земја. Што се случувало претходно Господ знае. Како и да е,врска со овој случај нема.
Се едитирав. Таа прво му кршеше брисачи (надворешна постапка, нема допир ) после тој ја нападна. Исто ко што бабава прво го бакнала внучето и ја изнавредила снашкава (нема допир) после оваа ја напаѓа. Таму жената кршела брисачи, овде свекрвава со психичко насилство настапила. Како ти се различни ми беше прашањето пошо викаш дека таму двајцата биле насилни, а овде не.
Најпрво, се моли @DAngel да се јави на рецепција и да расчисти ситуација Пошо ете, некој нешто погрешно разбрал. Не, @Cosmi, сори Признај си дека имаш двојни аршини кога е насилство во прашање Во што е разликата меѓу двете ситуации? Објасни ајде Во ланската случка најпрво случајот на насилство беше многу пострашен од два шамара. Жената како тресна, лошо да ја удреше главата немаше да стане. Причина за тоа насилство? Брисачи кои колку чинат? 150-200 ден? Тогаш неколку пати повтори „ама туѓ имот“. Тогаш не беше ситуацијата црно-бела, нееее, тогаш и двајцата беа криви. Вчерашнава ситуација. Баба бацува дете во време на корона (иако е замолена да седи на страна), мајката одлепува, свекрвата ја вреѓа мајката, не бира зборови, мајката и удира два шамара на бабата. Е овој пат не е важно како дошло до тепањето. Нема разбирање за околностите во кои се случил чинот. Снаата е насилникот, бабата е жртвата. Е како бе не е тогаш жртва и жената со брисачите? Нели никако насилство, тоа осудуваме. Или океј е ку*ва како мајка ти да се каже, ама рацете подалеку од брисачите? Опасен двоен аршин Косми.
А тоа имаше своја приказна. Имено жената сакала да се вози во такси а немала пари да плати и нели кога дошло време да плати немала. Бидејќи немала сакала да наплати возење со давање сексуални услуги кој и коштале повеќе од едно такси возење. Кога човекот т.е таксистот не сакал да и врати пари таа збеснала. И после сите знаат што се случи.