Исто, @Cosmi, во дискусијата за такстистот неколку пати ми реплицира дека сум „тупела“ а ти беше таа која ме цитираше. Сега ми викаш дека гњавам. Јас ни на тебе, ни на било кој друг член така му се немам обратено. Ако за тебе се во ред такви зборови во комуникација со форумски членови, за мене не се, и се баш одраз на нечија култура Ако имаш проблем лично со мене, сандачето ми е отворено па пиши ми таму, да расчистиме што е работата.
Од кај го извади ова сега ти. Препирката беше пошо немала ситно да му даде, а тој немал да и раситни. И мене сто пати ми превртеле очи кога сум извадила 1000ка ама тоа не е мој проблем.
Па не се. Бабата може да провоцирала но физичкото насилство е извршено од снаата. Или бабата заслужила да го добие тоа што го добила затоа што го бакнала детето? Самоодбрана биле шамарите? Значи ако некоја жена прави психичко насилство на сопругот,тој ако ја истепа тоа самоодбрана ти било. Ако некој чепне дете,не е решението вреѓање и тепање. Односите снаа /свекрва се делумно лоши и од воспитувањето дома. Свекрвите се учени,снаата ќе им го земе синот и нема да им го гледа добро. А снаите па од деца слушаат за свекрви /вештерки па ги мразат од прв ден. Моите ќерки,никогаш не слушнале збор за свекрва ми, немам и што,се надевам дека утре нема бар од нивна страна да ги сметаат свекрвите за зло,туку за луѓе со доблести и мани,ко сите ние. @Nausicaa Прво спојуваш два различни случаи. Тој случај ,не го мешај со овој,неспоредливи. Не се менува фактот дека снаата извршила примитивно физичко насилство,никако. Тоа е се што треба да се каже на темава. Како ќе се оправа со сопругот,бабава итн,е нејзино. Едит Немам ништо против тебе лично,нит па имам што да ти разглабам на пп.
Не, јас не реков дека снашкава требало да ја удри. Ако ме читаше ќе видеше дека 3 пати досега реков дека не смеела да ја удри. Само не ми одговори на прашањето, ако жената ги искршила брисачите, а не го удрила таксистот, како тоа ја прави повеќе насилник од бабава што прво се пика во бебе за време на пандемија, и второ и вели курва на снашката, курва на мајка и, и и го преиспитува мајчинството. Јас не реков дека требало да ја удри. Туку, како што снашкава не смеела да си допушти до степен на физичко насилство, така и таксистот не смеел. Жената со брисачите и свекрвава се исти. Двете не заслужувале шамари. Ама треба двете исто да ги гледаш. А не, таму си заслужила пошо му ги искршила брисачите, а овде - ништо не оправдува насилство.
@Cosmi, нема да те гњавам повеќе ама дека имаш двојни аршини, имаш Насилство е насилство, но во темата со жената ти пиша дека самата таа си има вина во тоа што и се случило. Од вчера на темава сосема друг став застапуваш, дека нема никакво оправдување за насилство (и нема, нормално). Ти ме „распна“ зошто пишав дека разбирам како дошло до моментот на насилството, иако го осудувам чинот. Ти имаше разбирање за брисачите, јас за зборовите. Која е тогаш разликата меѓу мене и тебе? Се што пиша вчера за мене, си пиша и за себе.
Каде јас напишав дека жената со брисачите заслужила насилство?! Никаде. Туку дека и таа е насилник. А со бабава нема споредба колку и да сакате. Прво,бабава не се пикнала туку снаава и отворила врата во време на пандемија. Кај мене никој не дошол 4 месеци бидејќи кажав нит примам нит одам. Ако ја примила и ја видела како се преместила ,требало да и рече,со зборови. Наместо да вреѓа ,дивее и тепа. Снаата ја вреѓала,прва. Може и таа сочно ја закрпила. Ја истепала . И сега бабава е исто со оваа што дивееше по таксито. А да. @Nausicaa Џабе ја вртиш воденицата. Јас реков дека жената што дивееше по таксито е исто насилник,а не дека заслужила таксистот да ја бутка. Ти сметаш дека бабата заслужила шамар. Не ,не сме исто.
Зошто бе Бубе? Него мислам најтешко му е, едната кука, другата пцуе... Него да не му е човек во кожа.
Нај нај оптимално е да си го разрешат ова без никој да дознае. Свекрвата ради мирен брак на синот. Снаата ради сечие добро. @macmacuf што се случи? Ние си збориме ама тебе те снема.
Јас длабоко се извинувам, највисока почит имам за @Nausicaa строго. Ги знам нејзините ставови и иако не се согласуваме во сѐ, можам слободно да кажам дека се работи за зрела и разумна личност. Вчера не бев баш најдобро, со вртоглавици бев цел ден и кога видов активност на темата од членка која во ЛП ми пишуваше како ги тепа најблиските и како ужива во насилство ми се виде како @Cosmi нејзе да и одговорила и затоа изреагирав. Дури три пати го препрочита мислењето и искрено ми се виде како да е друга членка, а не @Nausicaa . Знам дека срање направив, ама немам што повеќе да кажам освен дека немав намери да обвинувам за нешто некој што не заслужил никако, најмалку пак некој што секогаш бил коректен. И да, пишав за грешката и се извинив, така да, @Cosmi нема потреба тоа да го користиш како некој доказ за некое твое мислење или сфаќање
Што сторивте со темава бре? Ќе се испоколете кој е у право свекрвата или снаата, а таа прикаска ко измислена ќе да е. Да бе, два шамари, како да не. Ќе седи жената мирна, еден шамар па и уште еден. И со плачење ќе си замине. Аха...
Жената со брисачите направила насилен акт со тоа што ги скршила, ама и свекрвата многу јако ја заебала работава со тоа што и изнакажала. И тоа е насилство, психичко. Како што на работа за мобинг се сметаат навреди. Пак да повторам, никако не смееле да се случат шамарите, никако. Ама многу повеќе ќе ми беше жал за свекрвата ако го бакнела бебето иако неодговорно, сепак невина грешка. Во таков случај да можев и јас ќе ја пријавев снаава во полиција. Ама тоа што и рекла курва и не те бива за мајка, хм драстично ми ја намалува емпатијата за неа. Сега ќе се премислува следниот пат пред да преиспитува нечие мајчинство пошо мајките на мали бебиња доволно се критикуваат себе си дека се лоши мајки. Пак ќе речам не оправдувам воопшто и не мислам воопшто дека си заслужила и јас да сум во иста ситуација нема шанси да и влепам шамар, боже чувај. Ама дека многу ми е жал, не баш.
Јас не сфатив кој на кого шамар удрил, ама гледам дека има 100 страни испишани за шамарот ама не читав, ќе кажам само дека во 21 век никој на никого не смее да си дозволи шамар да удира, снаа и свекрва, преписка до степен за лепење шамари?! Ужасно, морбидно, трагично. Шо правете бе жени?! Абе јас ќе почнам мажите да ги жалам покрај две жени што не можат хормони да си смират. Можам да замислам како живее еден маж покрај преписки на две жени во неговиот живот
Доволно ќе беше само вратата да ја отвори и фино лепо да ја избрка. Ова со шамариве, нека се подзамисли малце, да не има напади на агресија и да оди на советување. Колку и да сум на страната на снаиве, сепак ова ја прелива чашата и е насилство. Те разбирам и тебе не ти е лесно после целиот тој инает и навредливи зборови од нејзина страна, и се надевам дека за шамарите ќе се извиниш.