Пролистајте на темава наназад, ќе видите дека не е ова прв случај каде има физичка пресметка меѓу снаа и свекрва. Па има постови каде и свекорот мава. Имало и за коса влечење.. Не верувам дека приказната е измислена.Ехее...колку вакви двобои има секојдневно, само си остануваат во рамките на фамилијата. Јас знам за една пријателка која ми има раскажувано за свекрва и.Толку лоша женичка, општо позната по лошотилок, баш нејзе свекрва.Живееја во заедница.Немаше чаре да се делат некако.И деца се израѓаа и кат се дигна за посебно да се младите, ама не, старава 100 работи смисли само да им се качи на катот. Невестава до толку се поремети што правеше план како да ја бутне свекрвата по подрумските скали. Маж и возеше шлепер и со недели не беше дома, тие две сами. Едвај ја разубедив да не прави глупости. ... Имаме околу себе куп примери кога свекрвите вадат од такт. Затоа, оди си под кирија , заклучи си ја вратата и кога ќе звони некој гледај низ окцето.Ако ти е до гости-отварај.Ако не - не си дома. Моја куќа, мои правила. ...само страшното е што немаат сите можност за посебно да живеат. Затоа, памет во глава. Не да бирате богат маж, зашто сите неможат да бидат богати, туку да бирате разбран човек со кого можеш да ги преживееш ваквите нечии каприци.
Ај само замисли за некоја година здравје твоето дете има дете и ти вика ааа мамо ти требљ да заслужиш да го видиш внучето.Молам??? Некиј пат коментирате чисти глупости
Тоа се природни припадности. Исто како свекрвата на снаата да и рече: треба да го заслужиш син ми. ..не дека нема свекрви кои така рекле, има и тоа како ..не дека нема снаи кои така и рекле на свекрвата Разни луѓе, разни карактери.
Ако не сум заслужила ќе ми рече. Затоа ќе си го знам местото кај ми е. Бабите имале право на внучето ахахаха било кој на светов ако не се понаша ко што треба нема да го гледа. Ако сака да го гледа ќе им дојде памет да не демонстрираат простотилук и да прават се спротивно со внучето од тоа што ќе им се каже. Не е исто. Синот е возрасен и сам носи одлуки. Ако не му влијае добро жената сам е свесен да и раскине, не му треба мама да го советува на 35 години. Додека пак детето е мало и родителите одлучуваат за него. Ако јас сметам дека некоја особа негативно влијае на детето, јас ќе пресечам, неможе детето.
Еднострана си во размислувањата. Еве зошто. Малку ли има во темава примери каде синот е закачен за мајак му и прави како таа сака.Жената и најдобра на свет да е ако ја слуша мајка му, ќе ја остави, ќе ја малтретира, ќе ја понижува... Еве видете какви коментари има наназад. Детето е мало. Да. Јас носам одлуки поврзани со него, ама не е хумано да му речам: мајка ти да не доаѓа, не го заслужила.Лошо му влијае. Тоа е не човечки. Како тоа треба бабата да заслужи да го види внучето. Едно е да правиш рестрикција во гледање, посети, дружби со баба и дедо ама сето тоа на суптилен начин никок да не се најде навреден. Друго е : не го заслужила. Терминот е крајно безобразен.Иритирачки. Јас знам дека свекрвите се посебна категорија жени и не се такви од што.се свекрви туку тоа е карактер на човек.
Бабата од старт имала право да биде со внучето. Без никаква заслуга, само зошто е баба. Откако не почитувала некои правила, го изгубила тоа право. Е сега не заслужува. Може да заслужи под одредени услови. Ама обично тие што не почитуваат правила на родителот, никогаш нема да се променат и пак да го заслужат правото. Ич не ми е гајле за бабата. Јас би си гледала за моето дете. И мене мајка ми ми се лутеше со месеци зошто не и ја оставам малата за долго. Отворено и кажав дека не и верувам дека ќе ми го запази редот што си го водам по детето. И кога се прилагоди, сега по 3 дена седи кај неа, ама знам дека нема да ми прави глупости позади грб.
Abe olabavete malku... Sto vie ? Vakva baba onakva baba... Deteto e dete i ima pravo da zivee ,normalen zivot,bez da gi ograicuvame,kako vo stakleno zvono. Malku vo porealen svet moze?! Ke porasnat i se ke im se ke im se razjasni!... Ostavete gi na mira, blagodarni ke vi bidat.
Јас да споделам искуство. Имам таква среќа што имам свекрва злато. Ние со мм се земавме за многу краток период неполни 6м. Свекор ми е многу мирен свекрвче ги држи конците во рака ама со мене се однесува како родена мајка ми е. Веќе еден месец сум преселена во новиот дом ми беше тешко на почеток да ја викам мамо и она ми рече кога ќе се опуштиш ти тогаш, јас нема да се лутам. Секој ден ми праи кафенце за добро утро или кога е на работа јас ручек. Ме кара не викам не да не се мачам да правам ручек едно друго ама не можам така да оставам сепак жената е многу океј со мене и уште да не и помогнам нешто треба да сум ств неарна. Искрено дај боже овој однос да ни потрае. Така да,не се замарајте не викам не,има моменти кога ќе каже нешто ама јас сум многу лабав тип на човек што не се замара многу кој како рекол така да и да префрли нешто кај мене во едно уво влага од друго излага. Гледајте убаво да ви е со мажулињата останатото по страна. Гушки
Па ако сркам со двете раце, и треба да ми рече! Нејзино ќе е детето, не мое. Во реалниот свет, пандемија има... ако не...
За што е рано? Да покаже рогови? Мојата е 18 год.злато.,грев е збор да речам. Аман не се сите свекрви аждаји. До кога со ваков образец. Ќе го пренесете и на децата.
Еден месец, па тоа е премногу рано. Не сакам да звучам демотивирачки. Некои многу добро се носат со тој предизвик, можеби вие сте дел од нив. ВИЕ затоа што двете мора да правите баланс, за добар однос не може ништо едностано. Кога си тазе снаа може имаш малку нереални очекувања (како јас). Потоа гледаш дека имаш различни карактери спрема кои "треба" да се прилагодиш. Во ред да речеме ќе се прилагодиш затоа што си фина, сакаш да останете во добри односи, така си воспитана. Но дали и другите ќе се "прилагодат" спрема тебе. Доволно е да не ти се мешаат во приватноста и да не ти наметнуваат нивни правила. И кај мене свекрвата е многу добра личност, какао и смуди ми прави секое сабалје (кафе не пијам). Би помогнала за се да може.. Но знае да биде и наметлива, да се замеша во приватност (можеби несвесно) Сакам да кажам тој генерациски јаз постои, а одма не можеш да го забележиш. Они имаат едни сфаќања, ти други. Потребено е баланс да се прави и некогаш од едно уво влегува од друго излегува.
Сакав само да се надоврзам на муабетот дека точно е, не е дека е свекрва, туку до карактер е. Познавам еден мал број примери каде родителите на жената се оние кои сакаат да управуваат со животот на младите. Верувам, да се отвори тема за зетовците и бабите, ќе има исто поплаки И на крај се сведува, дека постарите родители имаат проблем да ги пуштат децата да пораснат и да бидат самостојни.
живи били па видели сите што имаат синови што ќе пишуваат тука за едно 20 години Мене ми е најинтересно во темава што сите сакаат европски/амерички начин на живот, баба и дедо на дистанца, ние си тераме живот, а во исто време ако може да ни купат старите и стан и да ни помагаат финансиски секој месец.
Сега кога читам дека треба да го заслужам внучето, сама себе се прашав дали сум доволно добра да бидам баба. Дечки Едно е да си снаа друго е да си свеки. Пазам. Се е умерено. Не оти немам што да им кажам на младиве, ама си ќутам. Не проблеми под тепих да ставате, ама да си преќутуваме по нешто. За доброто на сите.
Во напредна земија ако не ги обавуваш добро родителските должности ти го одземаат правото на детето, па после те надгледува социјален работник на средбите со детето за да одлучат дали да ти ги вратат и правата и детето. Само кај нас бабата независно како се однесува без задршка го има правото да го гледа внучето. Епа затоа сме толку многу назад.
Очигледно бев протолкувана како насилник без манири, доблести и почит, па не би сакала понатаму да разгорувам жарчиња објаснувајќи се. Само посакувам ниедна од вас да не се најде во таква ситуација, бидејќи знам дека поголемиот дел ќе реагирате како мене, а може и полошо.
Полека. Немора да пишуваш ,ама немој да не потценуваш. Ние се обидовме секоја на свој начин да даде мислење. Не те познаваме, неможеме да сме пристрасни и токму тоа нашите одговори ги прави по реални. Во секој случај, посакувам да се реши проблемот без да има дополнителни перипетии. @Spielrein те молам...децата им ги одземале во странство..а тука бабите имале право. Ај помалку мешај работи.