Не се сите исти, ама вистина кога ќе прекршат многу работи, не заслужуваат. Неможе јас да седам во двор, она тука со моето дете, да фати да ја снема цел саат ни да каже каде отишла, ни телефон во неа ни ништо, по улици акај и кога дојде па што морала мене да ми каже, јас не сум и ксжувала неа ксј го носам, зошто пази она и јас исто сме му на син ми. Неможе јас да речам не му ги ксжувајте лигаво зборовите, нека се учи чисто да збори, свекор ми во очи со потсмев да ме гледа и да му вика "ајде лечи главче шакам, дај главче (гравче). Неможе јас да речам денес изеде едно животинско доста е благо, одам до внатре, се враќам за 2 минути ги гледам му бутаат во уста чоколадо, кога реков зошто му давате не му давајте чоколадо, дајте му банана на пример, "е дедо оваа мајка ти не ти дава да јадеш,сега ќе ти го земе чоколадото нема веќе онс ќе си го изеде". ИДИОТИЗАМ НА НИВО. И ред други глупости. Итоа како треба зсслуга, затоа сега само во мое присуство дете гледање. Ако им се свиѓа ок, ако не немора да го гледаат.
@Nevenche26 со жаж ти под мишка и одете си. Таму, така ќе биде и никако поинаку. Ако не можеш да се одделиш, тогаш научи се живееш така, ама брз нервози зашто тие и бракот и здравјето ќе ти фо земат. @Fleur-De-Lis , нешто ти, нешто таа...КОМПРОМИС. ..ако мислиш да живееш со неа
Па ако е вистински сопруг ке се оделат и оделно ке живеат не со некоја свекрва да му ја малтретира сопругата и децата. За тоа мислев не дека не е крива сопругата
Точно нејзино ќе е ама да ти каже бе Мамо не си заслужила да го гледаш?Свесна ли си ти шѕо би значело ѕоа за тебе,да ти го каже роденото дете што цел живот си го посветила на него, си го сакала чувала и се по ред и на таква радост да не ти даде НАЈМИЛОТО-внучето да си го гушнеш???Не ме заебавај ез разлика какви и да ти се сваќањата тоа не е во ред
Стварно мислиш дека поголемиот дел од нас тука би шамарале? Немој на тој начин да си ја оправдуваш сама на себе постапката.
Ние сме одвоени на различни спратови, а сега за скоро за се ќе сме одвоени и за сметки,секако си имам приватност, никој веќе не ми иде без да чукне на врата и се тоа е во ред, мм е злато од човек, за се е на моја страна и пред нив и кога не сум јас присутна не дава прашина на мене да падне, ама ова све што го кажувам е кога ќе излезам во двор. И да сме на друг крај на светот, овие исти ќе се, на видео ќе ги прават истиве глупости, и ги прават на ќерка и. Со брат му на свекор ми (чичко на мм) куќа до куќа сме, нс внук им исто му прават. Иде јатрва ми од работа и свекор ми му вика на син и ееј дојде мајка ти од работа, речи и што си дошла оди си таму, ни сметаш тука. Со некои луѓе џабе е се.
Убаво кажа спиди, да не се повторувам, бабите никој не ги реди на тест прво, туку им го даваш внучето тие тераат со главата в ѕид и пошо гледаш дека нема разбирачка, го кратиш гледањето. Не е нечовечки. Нечовечки е јас конечно да се остварам во улогата на мајка, да сум спремна да умрам за детето ако треба и на сето тоа некоја да ми каже не те бива за мајка или да не спијам цела вечер ако кивне детето пошо се мислам дали е корона или обична настинка и некоја да дојде и да го бакне, а пред тоа со цела зграда комшивки пиела кафе, ама баба била и може да се курчи. И не зборам за свекрва. Мајка ми да прави така истото важи и за неа. Правилата мои мора да се почитуваат, а не бабите да полемизираат со мене дали претерувам, тие да кажуваат пошо тие знаат подобро, нели 3 деца изгледале и испади од сличен тип. За моето мајчинство да му се оправдувам на некого не планирам, или ќе почитува или ќе ја затвори вратата однадвор.
Ne ne ne ne sum jas za losite i za dobrite. Nemam maka so sveki. Istoto go pisav pogore da gi ostavat na mir decata. A na devojceto rano i e za zaklucoci od 1mes, sto mozi da vidi.
Кај свекрва секогаш снаата ќе се осеќа како гостинка, туѓа куќа туѓи правила и никој не те прашува дали ти одговара туку мораш да се прилагодуваш... Затоа не се мажете со мамини синчиња, туку барајте самостални мажи...
Не бе овие твоиве се ужасни, те читам и друг пат, е овде стварно да заминеш треба настрана и да ѕвони на врата и да не отвораш, гледање само 1 годишно за роденден, пошо човек што пробува детето да го с'сне против мајка му демек ти ќе му го земеш чоколадото и ќе го изедеш се прости луѓе што не заслужуваат да ги погледнеш, а не па на внуче да му се радуваат.
Ау немој молимте, нема да и е убаво на бабата, а на мајката убаво ќе и е секој ден да се расправа со неразбрана личност. Баш ме заболе ако не и е убаво. Ако сака да и е убаво ќе почитува тоа што ќе и се каже, не да не знае да ја држи устата затворена
Зависи и со кој став ке влезе снаата,дали е за замерка или не. Дали ја погледнала укосо,дали му рекла бабе,сине,душо... На снаата може се да и смета ,и како диши свекрвата ,а основата лежи во патолошката омраза. Кај тебе се приметува нетрпеливост кон свекрви. А за децата е секогаш убаво да градат спомени со баба и дедо. Не треба да им се одземаат само затоа што снаата не ја поднесува свекрвата.
Знам, нас ни е во план странство,ако не излезе ништо ќе се делиме сигурно во стан или нова куќа. И онака не гледа два пати неделно по 1 саат, тогаш ич.
Седи аман, ти знаеш психолошки профили на сите овде, кај кого се приметува нетрпеливост, кај кого се приметува скриена агресија. Намали доживљај Јас упорно зборам за постапки на бабата кои му штетат на внучето. А не, мене ме погледнала накосо, нема да го гледа. Ама си љубиш да превртуваш муабети постојано. И јас велам дека е убаво да градат спомени. А ако тие спомени се негативни, нема да ги градат. Просто и едноставно. Кога ќе пишам дека не треба да ги гледаат внучињата заради лични препирки тогаш можеш да ме цитираш, а сега пишам за негативно влијание на бабата врз внучето така да што да ти одговорам не знам. Никаде не пишав да не ги гледаат затоа што снаата не ја поднесува свекрвата и мислам глупо е да измислуваш само за да додадеш драма на коментарот, возрасна си