Каков психолошки профил сега. Го читам тоа што го пишуваш, заслужува и итн.и врз основа на тоа градам мислење. [/QUOTE]
Заслужува да не го гледа внучето ако јас и велам да постапува на одреден начин со внучето, а таа си тера упорно по свое или пробува да ми наметне дека јас ништо не знам од мајчинство. Да не се самоцитирам ама едно 3 пати пишав дека зборувам за тоа дека не треба да се меша во родителствување и воспитување пошо целиов муабет почна со тоа дека снашкава се плашела за бебето, а оваа зела го бакнувала а пред тоа шетала со комшивки. Никаде не реков дека не смее да го гледа ако мене ме погледнала накосо. Бабата може да си мисли дека снашкава претерува, може и убедена е дека нема вирус, ама ако мајката вели не го бакнувај има пандемија, а ти шеташ, а бебето е 10 месеци, тогаш не го бакнуваш пошо не си мало дете кое не може обична инструкција да следи. И пак ќе речам, не е ова само за свекрва, мајка ми да го прави истиот третман ќе го добие. Ти да си нова мајка со бебе кое го сакаш до болка и да ти плаче и да сакаш да го утешиш ама не можеш пошо свекрвава го држи в раце и трча низ соба со него, ти ја бркаш и и велиш врати ми го бебето, ќе ти е сеедно? Ќе сакаш да ја избркаш и да си бидеш со детето или ќе мислиш и тогаш на градење спомени? Пошо и таква ситуација е пишана на темава. Не се сеќавам некој да пишал не и давам да го види поши ме нервира. Секогаш ако и забраниле да го гледа имало некој јак заеб од бабата кон внучето. И викаш не смее мед, ама таа знае порано им ределе ништо не им било, му става мед на цуцлата на 3 месечно и едвај го спасуваат во болница. Ќе и го оставиш следниот пат на чување?
Zatoa sum pisala 10000 pati, majka i tatko mu trebaat na deteto i deteto e nivno, babi i dedovci vo slucaj da zatrebaat(mada i bez toa se moze, eve nie taka ziveeme 12 godini), Pa ne moze non stop da se ispravaat krivi drini vaka bilo taka bilo. Sekoj pod svoe nebo i svoj svod, ni a ni b, site rtekni i zadovolni do beskraj!
Во право е @referentka , компромис, златен компромис така фунционира се подобро во животот. Ако веќе некој мора да живее заедно, најдобро за сите би било да се одржува компромис за било што, еден ден свекрвата еден ден снаата. Ако си водиме инат еве со некој во куќи како планираме са живееме и опстанеме трезвени заедно? Никако. Можам да кажам за се нешто, за секој некој со кој си близок е потребан компромис, не преголема дистанца и малку искреност повеќе тоа е тоа Јас вака ги сфаќам работите.
Јас само би додала на сите што се расфрлаат со дијагноза шизофренија е да се образуваат малку, шизофренијата е наследна болест па ако го прескокнало мажот утре децата нема да ги прескокне така да полека со дијагнозите да не ви се одбијат од главата. Исто и што приметив е дека многу им водат сметка на свекрвите швалери имале, што ви е гајле вас дали има или нема свекрвата швалер, што ви менува тоа во вашиот живот па да водите сметка за љубовниот/ сексуалниот живот на свекрвата?
А какво е тоа право на внуците што го имаат бабите и дедовците? Законско, морално, уставно...? Јас не сум баба, имам уште време, ама сум тетка. Кога ми го даваат внук ми на чување, ми оставаат и распоред за јадење и активности. Дали се согласувам со сѐ? Не. Дали исполнувам сѐ? Да. Не е мое дете и не се мешам, освен ако ми побараат мислење. Неповикана да солам памет, не доаѓа во предвид. На крајот на краиштата, поважно ми е внучето, отколку моето его, односно да испадне на крајот по мое. И не сфаќам кој е тој порив, потреба да се оди против волјата и желбата на родителите? И зошто? Така да, моментот со преќутување го користам кога не се работи за моето дете. Но, кога во прашање е доведено моето воспитување и одгледување на децата, не преќутувам. Мене лично, тоа на почетокот ми направи проблеми во односот, за на крај да пукне. И место да се решеше сѐ со нормален разговор, моравме по потешкиот пат. Ама затоа сега, за сѐ се прашуваат и мама, и тато. И уште едно сакам да кажам. Ние како народ си патиме од некултура и ништо друго. Колку пати ми се десило кога ќе ги виделе во количка со цуцла, баби што првпат ги гледам во живот, дофрлања од типот: Што ти ја ставила мајка ти таа цуцлата? Или: Што не те облекла мајка ти потопло? Имам еден куп други примери. Ако така се однесуваат со мене, замислете дома какви се. Еднаш имав и ситуација кога рендом жена ѝ тутна крем бананче на поголемата ќерка кога имаше годинка. Ѝ викам фала, ама не јаде. Па добив "лекција" како она е баба и таа им давала на внуците, а и на децата кога биле мали. Па после и таа доби лекција од мене и маж ми дека не треба да се меша кај што не ѝ е работа. Е сега, некој ќе каже од милост. Ама, ти со цел памет да одиш кај непознати и да делиш храна, е вон памет, затоа што не знаеш дали детето има некакви алергии, а и да ви кажам, ептен изгледа сомнително. Али на крај убедувањето беше врв во цела ситуација. Затоа ќе кажам, од некултура, безосетност и его си патиме.
Свекрвите не се цвеќиња, ама и снаоте се отров...посебно мајка и ако се замешува, е тогаш -колапс. Се омажила, фамилија ствара, ама што ќе каже мајка и , најважно е. А ваму го критикува маж и како неможел од мајка му да се оддели. Сакаш хармонија??? Седете си сами и независни во ваш дом. И мајка и свекрва гости да ви се. Нели кога ќе се земете дрпате станови, мебел, пари, покуќнина од старите, верувајте дека на глава ќе ви го извадат.
Од почеток треба да се постават јасни граници, што понезависни тоа помалку мешање ќе има. Помош? Не фала, за ништо. Најголема помош е да си стојат свекрвите а, а и мајките на страна.
Седи си мирна. На повеќето овде не им одговара тоа што го пишуваш. Иако не се мирисаме со свекрвата, не ми е проблем она да ги гледа децата. Ама за чување, да. Затоа што не го почитува тоа што ќе и се каже. Ако јас и кажам не му давај на детето благо, тогаш она треба да ме послуша. А не инает да тера. Така правела со нејзините деца. На мене ми е гајле како она ги чувала нејзините. Не дека го бранам татко ми, ама он разбира кога ќе му кажеш. И со свекорот немам проблем. Помалиот кога имаше една година свекрвата сакаше да му даде кикирики да јаде.
Знам Ама не измислувам, пишувам точно како што искуството ми покажало Зашто сум и снаа и свекрва. И како едното и како другото се држсм на страна, не сакам многу мешање. Не се нудам безврска за помош, ако не побара некој нешто не давам, зашто понуденото никогаш не се цени.На цена е само ако побараат од тебе. Како свеки, не сум 7/24 слободна, нека ми се јават и нека ме прашаат дали можам и сакам. Што сум дала, сум дала за да се среќни и не сакам да ми бацуваат рака.Ама да бараат од тоа што го имам и што е мое...незнам таму...таква смелост и дрскост. Како снаа...ми доаѓа на кафе, збориме за првата светска војна, за земјотррсот во Скопје и -чао. Не ми дала ништо, не ми гледала дете. Коа ќе дојде тешката старост, ќе помагам ради човечност , ради маж ми.
Мене ме има застанато една баба зошто не слушна со маж ми како велиме дека детето не мора да се крсти со име по празникот на кој е родено. Кога се навреди женава, денот го донел бебето не сме смееле поинаку. И јас и одржав лекција така убава што не мислам дека некоја следна ќе има таков проблем со бабава изгледа мислеше дека ќе и ќутам пошо е постара и автоматски и е дозволено да ги вади отровите кај ќе стигне ама се заебала малце Компромиси за воспитување можам само со маж ми да правам. Сите други се небитни фаци кога станува збор за дете. Не знам кој ги научил бабите дека имаат право да кажуваат што и како околу внучето и уште да се лутат ако не ги послушаш. Тоа е за мене чист простотилук ништо повеќе. На никого не му солам памет ако не ме праша. Трчање со совети ко баш тебе да те чекале да им кажеш. Ама цела држава ни е таква. Стојам на банкомат, еден зад мене ми кажува кај да кликам. Ама кој те праша сите мислат дека имаат право да пикаат нос
Колку само сакам да те читам, и заради животно искуство што имаш , и ради тој ефикасен attitude... Јас од дете бев кондиционирана наопаку. Едно мајка ми ми велеше дека кога ке сум се мажела, ќе ми ги кршеле " рогчињата" , поважно - гледав дома однос снаа свекрва со години, со незгодни снаа и свекрва пред очи. Ама ете, фина свекрва ми се погоди, која и ни помогна доста на наше барање со бебето а и после, чување кога е болна, за што патуваше од друг град.. Мислам дека си многу во право за тоа нудење и барање помош.
За жал ретко кој применува ваков однос како @referentka што опиша. Најчесто на старите им се оставаат децата да ги чуваат без да ги прашаат дали сакаат и дали можат, а од друга страна се жалат дека не се почитуваат правилата за чување на снаата. И јас сум снаа, ама од старт си живееме посебно. Ме одбила свекрвата кога ми била потребна помош и не ми било сеедно, ама тоа е тоа се снаоѓаш сам. Ништо не очекувам од неа, одам кај неа како на гости исто и таа кај нас. Ако со некој муабет не се согласувам велам да да во моментот и си терам како јас мислам. Не го оставам маж ми да решава со неа, ако ептен мора да и одговорам на нешто со што не се согласувам и го кажувам тоа смирно и образложено. Според мене поставување граници и дистанца е решението на голем дел од проблемите.
Во денешно време на градинки, служби со жени за чување и што и да е, да си ставам трн во нога и да чекам и барам услуга од свекрва која намерно ми тера инает на се побарано за добро на моето дете и нејзиното внуче треба озбилно да не е нешто во ред со моите сфаќања и очекувања. Од тоа его, инает и што и да е страда само здравјето на детето. Ама стојам зад тоа како што во напредниве земји за да бидеш родител и ги уживаш тие права треба да ги заслужиш, ако не нема дете, ти го зема системот да се грижи за него, исто така и за бабите сметам, треба да заслужат. Ама кај нас не се знае кој јаде, кој пие и кој плаќа, сите се генерали по битка и секој се знае подобро за другиот отколку за себе. А тоа давање храна по деца, со кое право? Има деца со тешки алергии не смее само дај му од милост. Прво прашај дали смее, тоа дете некој го направил и родил, прашај ги нив тие најдобро си знаат што смее а што не смее детето.
...ама кај тебе. Секаде не е така а ретко која ќе признае. Еве јас признавам дека со мајка ми се слушам секој ден и ме боли за неа а према свеки сум пристојна, не се слушаме секој ден и кога не беше арна не бев загрижена колку за мајка ми. Бев, ама не толку колку за мајка.
Изгледа мене ме цитираш.Добро знам дека шизофренијата е наследна болест.Јас кажав само свекорот што на нас ни има кажано.Ааа навистина ептен и водам сметка браво како знаеш,жал ми е ако не се изнашета убаво дека после тешко на нас .Па сама го носи пред куќа и во куќа.Нормално ли е тоа покрај жив сопруг и син?Ако ти си имаш такви сваќања тоа е друга работа.Ама мене да ми се меша во брак и за дете,а таа да си се швалерисува и да ми пипа таква бебе,да ме вреѓа и да наредува епа не може.А најмалку утре ќе дозволам моето дете утре да мисли дека е тоа нормално.
Не се однесуваше постот конкретно на тебе, повеќе бевте со шизофренични свекрви што имаат швалери, изгледа швалерајот е side effect на болеста. Мене не ми е нормален болдираниот дел, ај сопругот ама синот каква врска има со љубовниот живот на возрасната му мајка? ОМГ сериозно не смее свекрвата таква “гнасна” да пипа бебе? Дека е баба не смее веќе да Има секс или тоа исклучиво со свекорот или ни со него не смее, ќе е гнасна, ти гнасна си после секс, не си го фаќаш бебето??? Не ми се верува со какви глупости се занимавате.