1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.236
    Епа свекрвата од жал за син и ќе се умеша.
    А снаата од жал за свекорот случајно?!??
     
    На crazylady, baby-star, queen007 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.485
    Допаѓања:
    7.352
    Пол:
    Женски
    Абе да сфатеа еднаш свекрвите дека снаите се омажиле за синовите нивни, а не за нив, многу помалку проблеми ќе постоеа. Почит меѓусебна да, коректен однос да, ама нема потреба од ништо повеќе. Ниту ми е мајка, ниту ќе ја замени мајка ми, ниту па се однесува како да ми е мајка. Никогаш нема ни да ја викам така. И што е толку проблематично ако имам различен однос со двете? Не ме пораснала свекрвата, па магично исти да ми бидат. За детето си има правила, важат за двете. Сигурно нема да и бранам на свекрвата благо да му дава на детето, а на мајка ми да и аплаудирам. Многу мешате мајки и свекрви, врска немаат една со друга. И односот не се гради на основа на тоа, туку по заслуга. Ако мајка ми е некоректна, ќе си го добие. А не, ако свекрва ми си го добие, одма да биде зошто на мајка ти така не и кажеш? Па ќе и кажам ако заслужи, нормално. Однесувањето прави одбивност, а не титулата свекрва.
     
    На Anyshka, Frost1, Осе и 24 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Правилата наши важат и за мајка му и за мајка ми. Со мајка ми се слушам секој ден, со свеки никогаш на телефон освен ако нема некоја причина. Си има син нека и се јавува. И маж ми не и се јавува на мајка ми.
     
    На Anyshka, Izzy_0504, Bobsponge и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Колку би сакала вака. Не сум човек што сака да збори на телефон, ни со мама не се слушам секој ден ама свекрвата е многу досадна. Ај да ми се јави да ме праша како сум, бебето како е, да се пожали/пофали нешто... Не. Се јавува да испита, да дознае нешто околу син и ако ја интересира зашто он баш не ја рецка и ништо не и кажува. Многу пати и кажал да не ме замара мене со нејзини глупости и сега има нова финта - ми се јавува само ако е сигурна дека он не е дома и пред да праша нешто ме моли да не му кажувам и да остане меѓу нас. Два дена пред пораѓај ми се јави потресена на телефон, пола саат плачеше за нивни проблеми, кавги и глупости, ме испотресе и мене едвај се смирив. Маж ми партал ја направи, се правдаше пред него, се извинуваше и пак по старо. Многу е токсична и мрачна, само се жали.
     
    На Anyshka, Regina.Phalange, Ladybug98 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.485
    Допаѓања:
    7.352
    Пол:
    Женски
    Леле и мојава, да сум и се јавувала секој ден. . Па нешто ако му кажам на мм што зборела душа ја боли, само ми потенцира да не му кажувам. Да бе, ќе те кријам од маж ми. А ако ја слушне да ме замара и се дере. Последно, јас бев крива зошто не вечерал навечер и ослабел. Хелоу :fubar:
     
    На Anyshka, buba4e89, Meckicja и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Не и кревај. Едноставно не и кревај.
     
    На Осе, WildMk, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.744
    Допаѓања:
    32.100
    Пол:
    Женски
    Ова со јавувањето на телефон е честа појава. Јас со неа не се ни слушам по телефон. Нема потреба. Маж ми и се јавува. Јас со татко ми ретко се слушам. Маж ми не му се јавува. Секој своето нека си го гледа. Свекрвите бараат почит, а под тоа подразбираат многу работи. И ако не правиме така, ние снаите не чиниме. Муабет од култура е сосема доволно. Не сме воспитани. (facepalm) Они ги слушале своите свекрви, па треба и ние нив да ги слушаме.
     
    На Ladybug98, edna_malecka, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.236
    Попрво би рекла дека се радознали:D
    Сакаат да знаат дали син им се храни како треба, дали спие доволно..
    Па преку муабет со снаата ќе разбере дали дет'то има редовна столица:D и други проблеми во секојдневието.
    ..каде биле ,што купиле, од каде толку пари, да не заглават па кој ќе враќа пари|(...кој им дошол на гости, каде биле цел ден..
    Свекрвите се остарени грижливи досадни мајки:|
     
    На LunaGrey, Ladybug98, Rose96 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    147.107
    Пол:
    Женски
    Не се битни ни свекрви ни снаи. Мажот е битен. Умешност е да држиш одредена дистанца, да знаеш како да избалансираш и да пресечеш двете кога ќе почнат вид дискусија, караница и сл.
    Вујко ми беше таков. Не беше приврзан со баба ми, ама мн респект имаше за неа , не живееја заедно, вујна ми исто респект према баба ми која беше ПРЕТЕЖОК човек, ама кога они две ќе се срчкаа асално за нешто вујко ми у старт сечеше и двете ги зачепуваше. Никогаш не дошло до голем "фамилијарен дефект" поради него. Точно знаел како да изреагира во дадена ситуација.
    Реткост.
     
    На Осе, neno0o, H.VAGA и 15 други им се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Еве ти го одговорот, во болдот, како никого не навредуваш, мислам ај за мене ме боли уво ама да ми вреѓаш блиски е стварно претеризам.
    И не потенцирав јас на секое за швалерот на свекрвата туку ти, мене многу ми е гајле дали се швалерисува твојата свекрва или не само мене ми падна тоа во очи дека многу им водите есап на свекрвите дури и за сексот со кого го имаат.
    Патем од каде знаете дека тоа не го прави во договор со свекорот?
    Не мора па се снаите да знаат.
     
    На candy.cane, H.VAGA, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.744
    Допаѓања:
    32.100
    Пол:
    Женски
    Ако ја удриш свекрвата е насилство. А ако свекрвата те навреди, тоа што е? Или треба да преќутиме што и да ни се каже, јер нели, свекрвата е Господ? (facepalm) А ние снаите сме безвредни и со нас може патосот да го бришат. (facepalm)
     
    На Anyshka, emiliana, ZAHRA и 2 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Два дена терате шема со швалерот на свекрвата на Захра,занимливо.:D

    Не сфаќам како љубовникот би имал утицај на внукот,ако му е баба ќе го гледа а што она прави у својот живот не ме занима.
     
    На candy.cane, baby-star, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    3.574
    Пол:
    Женски
    Убила ме туѓа срамота(facepalm)
    Кај ја отвотив темата кај се запустив
     
    На Izzy_0504, LadyC и Mikha4 им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не и' кревај.
    Јас така ја решив.

    Кога ќе ми звонеше на телефон, не кревав и му кажував на маж дека ми ѕвони, па тој и' се јавуваше.

    Се навикна за некој месец да не ѕрнка на секои пет минути.
     
    На SummerGirl, tina2018, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    8.920
    Лошо од твоја страна што си дозволила да ја удариш. Ти може малата да ја шеташ во парк, a има шанси и по другарки не верувам така да седиш дома, a свекрвата да не ја ни допира и да седи подалеку од неа.

    Не ја знаеме ни другата страна од приказната може и ти си виновна што кон тебе упатила такви зборови.

    Што си ја примила на гости? Заклучувам врата и чао кој дака нека доаѓа, време е за одмарање.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Шамар не е во ред и е кривично дело.
    А бабата нема апсолутно право да го бацува внучето во сите услови.
    Во конкретниве, со пандемијата, никој не смее да ми го бакне детево, освен јас и маж.

    Никој жив!
     
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Баш вчера ескалираше ситуацијата кај маж ми во фамилија околу бизнисот (во кој упорно ме мешаат и увлекуваат, а јас не сакам ништо да имам со нив освен формален однос) и два пати ми ѕвонеше, не и кренав. Знам дека ме бара за да го смирам мм зашто он не им збори на свекрвата и свекорот. И веќе од сабајле почнале муабетите дека јас сум умешала прсти и сум го вртела против нив зашто досега се било во ред и откако е со мене во брак (март) почнал да приговара за секоја ситница.
    Вистинската причина зашто 'приговара' е дека ни се роди дете и како и секој родител почна позаштитнички да се однесува и сака да му ја обезбеди иднината.
    Јас сум пресреќна зашто конечно имам нешто конкретно да и преречам зашто досега требаше да и се лутам за нејзиниот карактер.

    Многу било убаво да се изолираш од токсичен човек, цела енергија ми ја црпеше со пола саат муабет. Ја прашуваш како си, како на работа и одговорот е: Леле многу ми е тешко, не можам повеќе, едвај се вратив, ме боли ова, ме боли тоа.. Па и сега ручек треба да правам, колешката ме изнервира, па корона не постои ја измислија за 5г, што има врска кој ќе ти дојде на гости, како не смееш вода да даваш на бебето сега на топлото ќе дехидрира, каков ти е тој педијатар.... И секој ден истото. Денеска уживам.
     
    На Regina.Phalange, JoanaS, Cherry333 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не баш овие муабети, ама слични на нив добивав и од свекрва ми, и од мајка ми.
    И ко ми се смачи да ги слушам, двете на игнор ги манав. :lol:
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    8.920
    И најголема курва да е не смееш да ја удариш. Ако не ти одговара и одамна и се спремаш за тепање не ја ни примај дома. А за некоја така да ти каже сигурно претходно има добиено исти зборови. ;)

    Никој не може да уништи врска или брак ако двајцата меѓусебно немаат разбирање, толку им бил една свекрва се да им расипе. Се почесто слушам како фејсбукот бил крив, свекрвата била крива, мајката, другарката, не само тие двајцата се.

    Ќе го бакне еднаш, ама следен пат којзнае кога ќе има можност.
    Јас не би реагирала вака и во ваква ситуација на вирус, ќе си преќутам, ама толку ќе ја видува веќе.

    Некогаш е подобро да се замижи и изброи до 10 наместо веднаш со бес, навреди и ќотек, од мравка слон ќе се направи и посериозни проблеми.

    Ако мене не ме слуша ете синот ќе му пренесам и тој да каже да се пази, ако не ич и да не доаѓа овој период. Ама тоа да важи и за двете баби, а не ај едната не другата може,а можат и другарките и пријателките.

    И на крај пак ќе кажам нема лоши снаи ни свекрви туку синови. Тие ако пресечат ќе нема ништо помеѓу двете жени во фамилија.
     
    Последна измена од модератор: 2 јули 2020
    На Veta, crazylady, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Секако дека ќотекот не е решение.
    Воопшто не е за оправдување никакво насилство.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.