Ама чекај сега, млади сме ние што знаеме, они по 2-3 деца изгледале, све знаат. Тоа е најјакиот момент. За сваќи не правам муабет, мојата е лицемер, иде мајка ми, она најмногу ја сака, си оди мајка ми, се што правам по свое (а тоа е буквално се), мајка ми ме подучила да не ја слушам ич, порано кај смееле збор да им преречат на свекрвите, а богами јааас многу сум била по зборувањето. Најјака ми е баба ми со тој муабет која е побаба. Она ми била повеќе баба и поблиска фамилија, од другата баба,зошто ми била баба по татко. Бравос!
Како и одговараш, односно се однесуваш кога ти се прави најбаба, небаре чувале тие пп 100 деца и се искусни?
Секојпат различно, за да незнае да ме прочита и да незнае кога ме нервира, па така она се нервира, јас си уживам, доста се нервирсв јас. Само на едно цврсто стојам - Не бирам пред кого што ќе и одвалам, зошто стално пред луѓе пререкува, демек она најбаба, најсвекрва, мене не ме бива, и јас ќе и стропам нешто на што нема коментар и луѓето неа и се смеат, а не мене. Како на пр. пишав овде, последно се трудеше пред комшика поточно роднина во комшии живее, да ме нсвреди дека единствено јас дома не носам пари, демек она со копање бавчичка носела, јас никако, само и ја плеснав реалноста дека син и неговата кола не им ја дава зошто е релативно нова и скапичка, а мојата што јас ја донесов и сегде ја носи и денар не дала за неа,што е воедно 6000 еур, (многу повеќе од нејзината бавча), ако не престане да вреѓа безпотребно, нема да влезе веќе во неа и автобусот што го има зсборавено како изгледа, ќе го посетува редовно за буквслно сегде и разговорот тука заврши. Значи јас сум личност што се би дала, ништо материјално не ми значи, ама кога жена од 60 години со месец стаж, ќе ми држи лекции за пари носење дома и ќе ме вреѓа зошто 4-5 месеци не работам, на мои 27 години, со 8-9 години стаж, епа извини ама не ќутам. Во главно се отксжува од многу зборење, облечи му елече студи, добива аха сега и влегувам со дете во кола и да ме нема. Или облечи му трењерка свежо е, нема една, па да шета по куси, добива - е баш зишто ти ми рече, сегс не го облекувам. И така Само помслку притресување, немс потреба за 60 годишни неижживеани нерви да губиме
Ја одма се контрам на такви глупости. А од кај е тоа правило дека некоја е по баба. Може да е побаба едната према другата во однос на тоа која колку е наклонета кон внучето, според мене. А крвно, исто се и двете. Не дека не сум чула такви "мудрости", ама не ми е јасно од кај им е ископано тоа правило по баба, по важни, по блиска фамилија.... Ама се мислам дека е поради не познавање на биологија и како се зачнува дете. Мислат дека иде детето од мажот а мајката е само кутија во која се развива 9 месеци. Фала богу во мојата фамилија нема такви филозофи.
@felisitas тоа е одраз на простотилак. Знаеш како е....идеш во нивна фамилија и забораваш дека имаш родители. Мора свекривата да ја слушаш. Во спротивно, не те воспитале како што треба. Тогаш си срам за фамилијата.
Мојата не рекла да ја викам мамо. Не смее ни да рече. Јас немам мајка и нема шанси друга жена да наречам мамо. Тоа со викањето мамо останало уште од времето. Доказ за почитување.
Кое почитување е тоа ако јас ја викам вампирка на друго место а пред неа викам мамо. Поарно тетке, стрино бла бла него лице да и правиш.
Е па во тоа е проблемот. Ако не ја викаш мамо, тоа значи дека не ја почитуваш. За нив почит е да им одиш по газот. Инаку, ти си лошата снаа. Од искуство зборам. Не и ќутам и не чинам. Искрено...ме заболе.
Јас мислам дека на времето се така воспитувани, заостаната работа, демек овие по татко се побитни, оти нели снаата оди кај нив дома, мора да мјарка по свеки мамо, мажот глава на фамилија нели е.... Незнам преглупо нешто
Золва ми ја викала свекрва ми мамо и мојава еднаш ми кажуваше нешто и ми рече "золва ти ги вика мамо и тато, правилно ја имам воспитано" и ја на тоа и реков "мене па чудно ми е на други да им викам мамо и тато, освен на моите мајка и татко, неможе некој што ме не родил и не правел се за мене, не ме исчувал да го викам исто како родената мајка, она ме има научено да почитувам постари и доволно е". Молк, све во лице и штама.
Секако нема да чиниш, ќутела не ќутела. Од кај им се сељандурскиве размислувања.. Мојава беше увреѓена зошто сама не сум осетила потреба да ја викам мама. Па дури сакаше по нејзино да ме натера да ја викам, за да слушнат сите колку се сакаме де. За све ѝ попуштам ама за ова бев децидна. Ни кад. Устава не ми вика, не може
Mojata uste pred da se.lzememe mi rece ako ne mozes ne me vilaj, vikaj me tetka...i slicno... Ne se lutat, barem ne rekle zosto ne gi vikam, svekorot pa za cudo vika" e ne moze da se kaze, edni se majka i tatko drugi ne mozes taka da vikas"( obicno kaj nas toj e poveke po takvi raboti). Im se obrakam so dedo i babo, dosta e
Свекрвите треба да сфатат дека бракот е заедница помеѓу синот и снаата, а не и они да идат во пакет. Ние сме три јатрви. Со едната не и ќутиме. Ама другата е многу мирна. И пак не чини. Значи...проблемот е во свекрвата, а не во нас.
Pa i ko nemavme, ne gi vikav. Togas i nevesto me nervirase, a pa mm do den denes me nervira so toj muabet(i toa na majtap me nervira) ne pa da go misli.
Една колешка свекорот го нарекла тато, а овој и се обратил со тоа јас не сум ти татко. Никако не се погодува. Иначе ја гледам девојката на внук ми секој ден е кај нив па и спие таму, мене ни ми пречи тоа, нивно е што сакаат ќе прават, само после да не биде ааа јас не знаев какви се и какви им се навиките. Има еден куп како неа, 24/7 се таму, гледаат кавги, колку толку знаат колку членови живеат таму, каков карактер имаат старите, знаат колку пати се вклучува машина, што се купува за јадење, колку се троши итн. Неговите неколку пати ги имам слушнато пред други како и наоѓаат маана што се била кај нив па требало да планираат поубаво јадење нели дека таа е таму, па расчистете си со синот, а не неа да ја расправаат секаде. Она била виновна што му одземала внимание на синот и тој не помагал по дома. Она виновна што требало поубаво јадење да спремаат.
Убаво и рекол. Кога трчаат да се лижат на старите и не знаат да разликуваат почит од газење себе си, и малку им е.
Ако го нарече чичко сигурно ќе и каже дека не е на татко и брат, ако е на име, па не сум ти јас другар. Едноставно не знаеш како да му се обратиш.
Никако, ако сака нешто да го праша или му каже, дирекно ќе почне без да го нарекува некако. Јас моите не ги викам никако, ако сакам да ги прашам нешто им одам и дирекно почнувам, нема што да им се обраќам сега чичко, тетко, мамо, тато. Кога дојдоа да ме побараат, бидејќи мајка ми ме натера да ги наречам мамо и тато, така им се обратив ептен со пола уста, и тоа беше прв и последен пат така да им речам. До душа одма уште тогаш ми рекоа не мора да не викаш мамо и тато, како сакаш така викај не, дали на име како ќе ти дојде така. И мене ми е глупо да им се обратам на име, а мамо и тато исто ми е глупо и не ми излегува така да им речам, почнав така дирекно да им се обраќам.