Имам снаа за братучед таа децата и ги остава на тетка ми и си шета секаде сама. Внуциве се со баба им прават со неа јадат со неа спијат уште мама што не ја викаат. Ама тетка ми не им се прави мајка туку на снаа ми и одговара така за да има повеќе време да шета и одмара.
Имам ваква ситуација во комшии, типкава си иде од работа накај 6-7-8, а уствари работи до 4. Си дреме по кафиња, си оди кај мајка и, шопинг, детето свеки и го чува преку 12 саати. И уште и маана наоѓа, две куќи се една до друга зошто свекрва и не и чистела и ручек немало за неа после работа, само детето и го чувала. Незнае како да се справи со сопственото дете и кога е слободна оди и го носи неа. Свекрва ми и љубомори на свекрва и, како она шетала внуче, по цел ден биле заедно, од јутра до сутра по улици и по комшии е бабава со детето, а мојава ни 15 минути не го гледа. Мене ми вика мојата "ене види ја што и фали на Ивана, си шета топ и е, доаѓа дома детето јадено, бањато спремно за спиење". До кој степен одат со тој мозокот јас незнам што замисли си имаат, ваљда дека ние деца зс нив раѓаме. Незнам како можат, јас неможам да ги разберам.
Па затоа реков, прво нека си роди детенце, па после пак да сподели искуство и мислење од друга перспектива. Дај боже пак да си се сакаат така со свеки, па од толку љубов може ќе спијат на иста спална со бебето да го чуваат и двете
И тебе ништо нема да ти фали да олабавиш малку и да прошеташ како Ивана. Не секој ден, ама од време на време. Мислам дека ќе ти годи.
Хаххаха си шетам јас со син ми и мм секој ден, кога ќе потпорасне ако има желба ќе го оставам, олабавена сум, уживам во тоа да сум мајка. Не ми треба да шетам без дете, а моето да е по комшии и да слуша разно разни муабети со баба сервис. Јас не сум порасната по куќи,нема ни син ми да гп учи никој да е покуќар. Фала на совет.
Не мора , да. Ама веќе кога го спомна. Ич не е нејзино да се меша. За неа нејзиното е правилно, за таа Ивана своето. Сакаше да испадне најмајка или не знам. Мене ми е муабетот како за на сред чешма.
Немање социјален живот и истите филмови си ги развиваш во глава по едно милион пати. Па од прост муабет, излегува муабет со скриени намери, кој што сакал да каже, па вака мислел, па вака ме опули кога кажа. ееее. Колку си повеќе ангажиран, помалку време имаш за глупости. Мозокот е чудна работа
Абе и ќерка ми е по 8-9 саати со свеки, јас работам, според вашиве критериуми и јас сум лошата мајка чие дете е цел ден со баба ѝ ...
Не работев поголем дел од тоа време, ама сепак ја праќав кај баба и'. Тие сакаа, таа сакаше, мене не ми пречеше.
Мајка ми е цел живот домаќинка, чат-пат подработуваше некаде, но жена сама земјоделец, по цело лето баба нѝ нѐ чуваше. Ништо не ни фали и примерни и воспитани сме, сега ќере е исто со баба ѝ. По цел ден ја занимава, ја храни, ја облекува. Женава се прероди со неа. Ич немам против. Меѓутоа ако беше некоја со батал муабети да ја занимава и по комшии да ја расте ќе ми пречеше и тоа како.
Тоа е тоа... сите имаме различни видувања Иначе, и јас сум со баба растена. Бог да ја прости, по пеесе пати во денот не миеше раце и лице