Тука повеќе би рекла дека зависи од жената. Кај нас под автоматизам не се сака свекрвата/ снаата, не си дозволуваме да се запознаеме како особи пред се
Во ковид ситуацијава мн знаеш каде оди трета жена и што прави. Не работите и затоа така гледате на работите. Работа од дома и мало дете се неспоиви. Работиш 8ч од-до, состаноци, други зависат од тебе, мора да си достапен и 1.5 год дете само што се заигрувало со саати и гледа ТВ е СФ.
Твоево не е снаодливост, безобразие е. Да ми рече некоја за твој инат не правам така... Толку очи ќе ми види. Ама пусто баба е па за внучето те трпи. Му се чудам и на маж ти, како дозволува така да разговараш со мајка му, јас да и речам на свекрва ми за твој инат... Додуша мене воспитувањето не ми дозволува на возрасен така да се обратам, ама па... Аплауз за тебе, али ти не си најмајка, има такви кои по 3-4 работи работеле, и празник и делник и викенд и успеале да изгледаат деца. Многу често она што ти си го препишуваш како искреност уствари е чисто безобразие, искрено е да речеш Јас мислам дека е добро облечен, нека е, не треба тренерка, а твоето е безобразие. Ај скокни па речи оп, не туку опкај пред да скокнеш. Вие децата многу сте ми смешни со тој муабет Ако се омажам некогаш (ама не сакам да се мажам) Ако не сакаш нема што да се плеткаш со семејството на дечко ти, врски 6 годишни, па да се чукаш у гради. Оние кои не се мажат навистина нит мајки ги интересираат нит па циле миле со родителите на дечкото. А дете ако родиш го раѓаш од љубов, не за да го дадеш на свекрва да го чува. А браво! Точниот муабет! Децата знаат многу убаво која е баба а која мајка, знаат дека кај баба може се, а мама е строга, и тоа е нормален тек на работите. И моето е лудо по баба му и тетка му и јас сум пресреќна што има таква личност во животот од која ќе научи како да сака и биде сакан. Кога немаш работа тоа ти е, не спијат бабите со пладне па да чекаат да се расонат натенане. Ок, не ти одговара свекрва ти, не го оставај, ама со односов ништо не праиш. И одлучи веќе, работиш или не, маж ти ти помага или не, зошто викаш сама чувам дете и работам, што е невозможно со годинаипол дете, викаш маж ми го чува а јас средувам, а после оди попладне приватно. Дете од годинаипол само не се чува, сем таблет систем цел ден во раце. А да не забораиме и во темава си прилично активна.
Чекај малку, од каде знаеш дека јас моментално не работам? Живо ме интересира како знаеш што се дрзнуваш овде да пишуваш дека не работам. Друга работа, на свекрва не и оставам дете од причина што ми има згрешено во животот и пред да затруднам и откако се породив. Jас не сум од оние, демек не ја сакам свекрвата, ама помош ќе барам од неа. Затоа мајка ми ми е достапна кога ми треба. А доколку мајка ми не можеше, ќе најдев дадилка.
Никаде не пишав дека не сакам да се мажам читај убаво ако не си разбрала прочитај пак а не само пишувај нешто колку да пишеш,кој простотилак човече. Инаку не сум дете имам 24 години. Кај прочита дека не сакам да се мажам баш ме занима , да не имаш шизофренија гледам ти се причинуваат работи . Богдачува еј секакви ги има по форумов.
По муабетите се гледа И полека со тонот малку, не мора се на кавга да терате. Дали мајка, дали свекрва помош треба во оваа ситуација. Да е нормално време, никој не ми треба и јас не сакам од никој да зависам. И баба ми и имаше мн згрешено на мајка ми, па и ме чувала и никогаш збор не ми рекла лошо за неа. Баба ми па мене мн ме сакаше, едно женско по 2 сина и 3 внука јас мн касно дознав што и како се дешавало пред брак и почеток на брак на моите. Друго е ако е негрижлива, немарна, мивка и сл. Тоа е веќе др причина за неоставање дете.
Не работи тоа е проблемот. Затоа и не разбира дека нема шанси сама со дете да работи. Замисли пет дена по 12 часа а само викенд одмор, оди кажи дека можеш. Еве јас немам дете ама после 12часа јас попрво гледам да легнам а не па да направам храна за на работа за наредниот ден или дете да гледам и да го занимавам до 12 часот навечер. Шанса нема.
Јас ќе ти се извинам, пошто друга девојка пишала на твојот пост дека не се мажи, не си била ти. Ама ти со твоево понашање... Срам да ти е! Какво ти е тоа однесување, шизофренија! Ти дали имаш 2 грама памет под фризурата? Дали знаеш дека моментално не ме навреди само мене туку и еден куп други луѓе! Срам да ти е! Научи се прво со доблест да одговориш па после коментирај. И да, дете си, иако имаш 24г, дете си.
Добро ајде цитирај ми го постот и мене ме интересира кога сум пишала . Какво ми е моето однесување? А твоето какво е да измислуваш работи и да ми ставаш зборови во уста ? Очигледно имаш некој опасни делузии , инаку 24 годишна индивидуа е веќе возрасна личност срамота е вакви основни работи да не ги знаеш барем од општа култура .
Твојот живот не ме занима, ти и така сама си го раскажуваш тука. Јас ти кажувам практика,ти збориш теорија. Тоа е тоа. Нормално беше кога бев мала и имаше хармонија. Тебе се ти е ненормално,само ти си нормална
Да редовно мајка ми и баба ми си пијат кафе со комшии и роднини пред девет. Нормалниот свет е станат уште од 7/8 . Живеат заедно и хармонично веќе 25+ години, мајка ми одеше на работа, а баба ми ме чуваше-никигаш не сум имала проблеми да знам кој е кој. Баба ми ме вика ќерко од љубов, а не дека ми се прави мајка. Патем и на мајка ми ја вика ќерко.
Сцерква ми заслужува таков одговор и полош, само јас сум преблага, син и знае каква е и све и има објаснето. Некоја што сака да е мајка место мене и да ме избрише од животот на моето дете, полошо заслужува. Реслно не го ни гледа. Кој што си посеал тоа ќе си жнее. Кога живееш зс комшиите живеј со нив. Прочитај ми ги старите мислења ќе видиш Хаха епа мене не ми е нормално некој да ми дојде пред 9. Вас ако ви е,чекајте си ги. Отиди му на германец, швеѓанец пред 9 дома
Ама ти не си ми дома да знаеш. Ако сакаш ќе ти пишам во лп и фирма која е и се. Веќе кога толку си сигурна јас што правам и како И? Тоа значи тие што се дома, може да си одат од куќа на куќа уште од 7?
Имаш видено ти како на запад стануваат пред изгрејсонце за да тргнат на работа? Патем во Шведска конкретно имаат култура на фига-пиење кафе и јадење блго со пријатели по неколку пати на ден.
Одговорот го имаш во горниот пост. Јас се извинив и пишав каде сум згрешила. Не скокај! Тоа ти е таа одлика детска! Може си возрасна индивидуа, али имаш детско однесување. Ако се извинеше и ти на коментарот ќе мислев дека со возрасен човек разговарам, ама вака, со дете 24 годишно си правам муабет. Делузии не знам што се искрено.