Можат. Ене го комшијата уште во 6:25 пијат кафе у дворот. Јас тогаш идам на работа. А овде уште во 5часот наутро е гужва по улици.
Епа ако не те занимам зошто упорно се трудиш да ми објасниш дали можам или неможам јас нешто да правам,еве веќе скоро 24 часа? да, во право си, ама со некои коментари како тоа јас сум безобразна, или не било можно тоа што го правам, не се согласувам, затоа и се трудам да објснам, ама гледам дека е џабе. Искрено не сум нервозна, ама зошто упорно се обидуваш да ми објсниш дека тоа што го правам е невозможно, ако мојава реалност за тебе е теорија, добро. Ти понудив да ти објаснам во приватна порака за да сфатиш како и што работам, ама не ти овде сакаш пред сите демек да ми докажеш дека јас тоа што го правам е невозможно без никакви познати детали на кој начин и како тоа го правам, да, уствари е возмножно.
Супер, за се си во право. Јас несакам комшии на гости пред 10, а и луѓево со кои се дружам се исти. Џабе ми ја објснувате и ѓомити правдате свеки, јас и мм ја знаеме, си го знае нашиот став, ние нејзиниот и нема што да ми чува дете. Крај, толку
Па во комшии не, ама со кафе во паркче да, зошто на запад не љубат по дома да се собираат па по паркчиња се собираат и си оговараат додека деца си играат. И на запад имаат проблем снаи и свекрви. Твојата свекрва може заслужила, ама културно е да сместиш некој на место без да го навредиш. Не знам како успеала да го израсне синот возрасен и толку свесен а таа жив пробисвет, страшно!
Тоа што дебатираме за една работа нема никаква врска со твојот живот. Ти зборуваш теорија, не работиш дремеш на форум, јас ти кажувам во практика како е. Е сега што не знаеш да прифатиш и си тераш со глава во ѕид од инат смешно ми е. Зборуваш за нешто невозможно.
Мислев дека си саркастична со мислењето као друга девојка на твојот пост пишала и погрешно сфатив. Инаку не гледам за што треба да се извинам ,јас ништо не кажав лошо ниту пак измислив нешто. Како што ти ми пиша со ист тон ти одговорив и јас . Читала не дочитала па пишува реферати ...
Еј ни ги заеба животите сега дека свеки нема да ти го чува детето. Мислам еве, не можеме да се прибереме после твоево КРАЈ
Јас не се мешам во темава, ама се зачитав и морам да те прашам, зошто ја имаш таа потреба да се оправдаш пред членкиве? Оставаш впечаток дека ти треба некој да ти потврди дека си во право, а свекрвата во криво. Ако не сакаш свекрва ти да ти чува дете ок, нема потреба да се објаснуваш за тоа што е нормално, што не. Ако тебе не ти се оди на кафе пред 9, старите си идат, од 6 се станати, немаат друга занимација. Големата работа. Јас на пример не се дружам со комшии воопшто, ама не гледам лошо некој ако се дружи (добро, освен во пандемијава де). На детето ти си му мајка, си одлучила дека не сакаш така за него, терај си така и не мора да се докажуваш.
НЕ гледам проблем со Невенче, жената не сака да се замара со кафиња со некои, што не ги поднесува, тоа е сосема во ред. И јас не би сакала, со некоја што не ми иде муабетот да ми доаѓа сабајле на кафиња. Која сака нека биде, брачеда, свекрва, пријателка. Утринското кафе за некои е ритуал и сакаат во мир да си го пијат. Се надевам дека разбирате дека постојат и интроверрти, и дека не се зависни од дружба. Други па, си ја гледаат својата работа, и немаат време за рекла кажала и да се замараат за туѓите занимации.
Кога свекрвите беснеат и прават лом по дома тоа е сосема нормално. А ако снаата се брани и не попушта тогаш одма безобразна ќе ја направите. Па после ќе се чудиме зошто си даваат право да се мешаат во се.
Затоа што сум осетила,а ти не осетила. Не сакам да ме вознемируваат по лп луѓе кои не работат ништо друго туку седат на форум и верглаат напразно.
Хахахахахаха абе ти ништо незнаеш, се обидуваш да се направиш паметна и си го пикаш носот кај што не ти е место. Крај краева што ти е гајле толку за мене ја незнам. Еве ништо не работам, вистина во право си, немс што тебе да ти се правдам за нешто што не е твоја работа. И сум осетила доволно за да си ја обезбедам сама комоцијата во која денес живеам благодарение на моја пот.
@Nevenche26 во право е членката погоре што ти пиша да не се објаснуваш и правдаш. И мислам редно е да престанеш да реплицираш и да посетиш поведри теми. Гневот ти го разбирам зошто имам свекрва што не можам да ја сварам ама ни под разно не ми текнува да ја редам на форум каде што ќе налетам на моја осуда и нејзина поддршка па после ќе реплицирам со денови. Си ја оговарам со другарка ми што ме поддржува скроз..а, осетливи теми особено кај што очекуваш сите тебе да те тапшаат по рамо не отварај на форум.
Де бре жени, темава е снаи и свекрви проблеми, за што да пишува @Nevenche26. Како и се навртевте ко којзнае што да пишува, не сака свекрва и да и го чува детето и тоа е нејзино. Секој си го планира животот како му одговара. Демек без помош од свекрва не може да се преживее. Еве јас немам свекрва па преживуваме некако.
Еве и јас да се придружам на муабетот на @Nevenche26 дека сум од тие снаи што не сакаат свекрвите да им чуваат деца. Можам за мојот пример да зборувам, ако ја замолам да причува веднаш гледа каква корист може да извлече. Е јас тоа не го сакам. Пр да побара нешто пред да ја замолиме да ги причува да ја сватам дека има потреба и сл. Ама во толку години неколку пати е замолена и тоа во крајно безизлезни ситуации и тогаш обавезно нешто и притребува. Друга работа е што некако низ нос ќе биде тоа извадено. Подршка и за тоа низ комшии одење. Точно стари се нека си одат и за таму ми е гајле кој доаѓа а кој оди. АМА во време на пандемија да земе мое дете и да шета низ комшии е малку потешко. Викате дека не е опција жена за чување да се земе во вакво време, ама ако е некоја позната, од доверба, со препорака попво жена ќе земам отколку секој ден свеква да ми шета дете низ куќи. Зарем одењето со дете по комшии не е ризик, кој ги знае и комшиите кај одат и кој им оди и дали се пазат. Друго и да сум дома ни јас несакам комшии рано рано. Па дури и викенд кога сум послободна несакам гости пред 14-15ч освен ако не сме си договориле седенка. Сакам да си одмирам или прошетам, да си ги видам децата, да исчистам и им зготвам нешто убаво, а не во 10ч да ми дојде Трајанка да ја оговара Стојанка, баш ми е гајле за двете. И најбитно и со деца се постигнува да се работи. Можеби не секој ден 12ч ама во некои ситуации и 12 па и 15ч. Таквите денови не би сакале да знате како изгледаат а посебно не куќата како изгледа во такви денови . Ама ништо не е невозможно. Се останувало и до 5-6ч сабајле за да се заврши се, дури сум се прашувала дали да легнам 2ч да поспијам или кафе да правам. И не сум со едно дете Никој не дошол да ми помогне а понекогаш и мм не е дома со денови. И покрај се ова не оставам свекрва да ми чува дете. Можам се сама и со љубов го правам тоа. Верувам дека многу не има вакви во овој период што се снаоѓаме.
Искрено, се претера малку со тоа се може ако се сака. Во ред е, ви верувам дека можете сами, ама ако вие можете не може секој. Секој има различни работни обврски. Со моите работни обврски незамисливо е да треба да си сам со дете. Не сум мајка, но еве кажувам дека и вака едвај стигнувам да направам било што зошто некогаш цел ден ми е букиран со состаноци кои знаат да траат по неколку часа, со 5 минути пауза помеѓу. Пак ќе речам, сосема е во ред вие што можете да си ги чувате сами без помош децата, па и без маж. Ама не е секаде така и не секогаш се може без помош од страна.