Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.471
    Допаѓања:
    34.809
    Пол:
    Женски
    Моето мислење беше погрешно сфатено, но Ок. не сум личност што се препукува на нет, не е ни место ни начин.
    Како и да е, убаво ми е вака, мене единствено нешто што ми е важно е мојот вереник, неговото разбирање и неговата почит,се останато е под точка разно....и небитно...
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43

    фала ти за советот,,,ама каква глава таква капа,,ако му е таков паметот будалски, нека пати,,зошто јас не сд е карам ради некој мој со него????затоа што сум сфатила дека не терба ради трети личности да с екарам со мажот ми...а ние од кога знам само за трети луѓе се караме,никогаш не сме се карале за нешто што нас не засега.искрено да кажам,,,без разлика кој го испровоцирал тоа мене ми се смачи веќе да го трпам тоа....и веќе толку ми се одмили сопругот што ме тера да го избегнувам,,,вчера дојде дома јас си заминав в спална,,не сакав да седам со него в дневна...пред тоа пиев кафе со мајкаму...пред да стигни тој дома си заминав в спална за да сфати дека немам јас проблем со другите туку со него,,и дека со сите можам да се разберам само со него не....и ноќта заспал в дневна(јас не ојдов да го рабудам,како што го будев порано),,и после дојде в спална,ме прашува како сум,,и ме гушна,и ме бакна,,јас не реагирав ич...нека осети како е да си отфрлен,,,а и веќе не се замарам со него веќе...ми треба време да се смирам...дури сакам да отидам кај моите на неколку дена да се смирам,,а тој никако не сака да одам...многу ми е пдообро вака,,да не комуницирам многу со него па да видам дали му недостигам....
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    да ви кажам .јас не го фермав тој по мене само иди,,,му се развикав на телефон тој ден за братучедаму,,,му реков ајде остави ме раат,преку глава ми си,,,вака,,така,,се му изнареков,,и му викам ајде чао,зафатена сум,не можам со тебе да се замарам.....и псоле тоа,ми се јавува на работа..вака,,така,,и ок,јас ладна,зборувам нешто што нема врска со нас,,,и толку,ајде чао,пријатен ден,,пак ладна...вечерта пак ладна...другиот ден му пратив на фб порака од форуми како другите ги опишуваат своите партнери,,а како јас него,,,,,,,и ми вика зошто вака вика ,јас не те малтертирам тебе секој ден,,и јас му викам не сакам да зборувам за тоа...и ок....веќе 5-6 дена онака ладно со него,тој излези јас ич не го барам на тел..сам се јавува ми кажува овде сум,уште малце ќе си дојдам,,и јас ок....и онака ладно,,тој ме допира,ме бакнува,,јас ладна само.......му викам чекај пеглам,,чекај имам работа....итн.....да види како е,,ако муе убаво така,нека прави како правел...само знам дека вечерва ќе мора да попуштам,,знам што сака сега.......не знам дали ако не му дадам...може полошо да се рефлектира...и во забуна сум,,,а многу го сакам,,вечерва сонував лош сон,,и веднаш го фатив за рака...се уплашив....не знам што да правам...дајте ми некој совет.....го сакам а сакам и да страда малку,ради тоа што ми го прави.....
     
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Можи недолично ќе делува мислењево. Ама на проблемите со свекрвата требало порано да си мислите. Уште пред да се фатите со дотичниот ви сопруг или додека врската ви била на почеток требало да си истражите за него, која му е финансиската состојба , од какво семејство е и сите тие работи. Е сега некој , ќе речи најважана е љубовта, да најважна е ама сите се сакат , дури не дојди сметката за струја и се има пари да се плати или дури не мора мажот да се стави на средина меѓу мајката и сопругата. НА крајот на краиштата после 20 години , треба на секој дечко да гледате како на потенцијален сопруг, како стареете се подразбира дека треба поќе да пребирате , бидејќи и самите врски се посериозни , а не само го сакам , преубав е , треба на се да си мислите. На крајот , на краиштата треба да сте среќни што воопшто сте се омажиле има прекрасни девојќи што никогаш нема да се омажат. Има други шо не можат ни дечко да си фатат. А вие овде сте зеле да се жалите за свекрвите, издржете некоја година тие секако за брзо ќе умрат или вие ќе се отселите или потрудете се да се отселите.
     
  5. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Со инает нема ништо да постигнеш!!!Не ја влошувај и комплицирај ситуацијата и онака е доволно комплицирана.Биди среќна што и покрај твоето вакво однесување се уште се труди и се грижи за тебе.Немој да ме сфатиш погрешно, ги прочитав и твоите претходни постови не го оправдувам ни неговото однесување,едноставно те советувам да изиграш малку помудро во овие околности ;) Искористи ја неговата потреба за нежност и внимание во твоја полза односно со други зборови сврти си ја водата накај твојата воденица!.Најверојатно некои работи него воопшто не му се јасни и не сфаќа што сакаш да постигнеш,каде греши????Зошто го казнуваш на овој начин?????Еве и да го прифатиме фактот дека тој е под влијание на мајка му или едноставно е така воспитан и очекува од тебе така да се однесуваш.Ако сакаш да си го сочуваш бракот верувај со водење инает тоа нема да го постигнеш!Се што ти треба е многу љубов,нежност,разбирање и пред се најмногу трпение,чекор по чекор ќе успееш.Како велат трпение спасение.Ќе си легне на брашното!!!
     
  6. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    OMG :x :x :x

    А бре девојче. Точно е дека за љубов не даваат леб во продавница и дека со љубов не се плаќаат сметки за струја, вода итн. Но ако нема меѓусебна љубов, почит и разбирање, џабе е и еден куп пари да има тој твојот дечко - потенцијален сопруг. Ако те изневерува и понижува на секој чекор, џабе е и во најскапа кола да се возиш, и во најубава куќа да живееш, па и послуга да имаш. Ако те малтретира физички и психички - се‘ е џабе! Во мое време таквите ги викаа спонзоруши!

    А што се однесува до свекрвите, моето искуство, а овде читам и искуството на 90% од феминките е дека: штом им стапнеш в куќи - се менуваат за 180 степени! Нема врска колку време сте се познавале, колку сте се сакале, колку ви одел муабетот до пред да им станете снаа. Па дури и ќе те убедуваат дека едвај чекаат да имаат снаа дома. Дрн, дрн јариња...

    А за пребирливоста... Не е чудо што имало толку прекрасни девојќи што не се омажиле, па дури ни дечко не можеле да си фатат.
     
    На Anyshka, Treki, rici.aaaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Под финансиска состојба сакав да кажам, дали ќе живеете посебно или зааедно со неговите родители, во иста куќа различен спрат или сосема одделени. Или колку би можел тоа да ви го обезбеди во иднина. За се друго си во право. Поточно кога добро ќе размислам, не е до неговата финансиска состојба, туку до тоа колку е паметен, вреден, работлив, за да можи да ви овозможи пристоен и мирен живот,подалеку од свекрвата. И навистина , е многу лош тој стереотип дека ако е богат, тогаш одма тој е женкар има потенцијал ,за несреќен брак, неверства и сл. Па многу мои другарки имат прилично богати дечковци што се прилично пристојни, прибрани и добро воспитани деца и успешни на факултет, навистина се сакаат тие(дечковците) први им пристапија , на другарките мои. Освен ако јас сум премногу наивна, па не ги гледам работите , какви што се сеуште.
     
  8. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    попуштив хехе...вечерта подизлезе и рече ќе се врати за еден час..ми рече да го чекам,,знаев што значи...се облеков секси,,а тој дојде,купил вино и кондоми....јас ја имав стоплено собата...и знаете натаму,,бидна....и после тоа веќе се се среди сега за сега....сега е супер со мене,и мајкамуе супер...додуша јас со нејзе сум немала некои големи проблеми,тоа го избегнувам ако ансетам такво нешто,,бидејќи ако се скарам со неа смирување нема...а со него скарај се смири се....ама навистина многу знае да ме повреди понекогаш...да ме понижи,,несвесно,,не знам како.....еве знае да биде супер човек,,да ми посветува внимание,,итн...а не знам зошто,,пример по 1 месец или емсец и пол откако се било супер избувнува,и само се кара,,како да ме мрази,,,тоа не можам да го сфатам.......
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Како може цело семејство да одмора со една туристичка карта?
    - Картата и се дава на свекрвата и целото семејство одмара...
     
    На senza.parole, delvi, PeaceLoveBasketball и 9 други им се допаѓа ова.
  10. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    хехеххехе.многу јако........вистина е така хехех
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.395
    Сакам да ви казам дека ете неколку месеци сум во брак но со свекрвами сум си топ. Уште на почеток си разграничивме многу работи кој што како и си направивме еден разговор и немаме никакви проблеми се е толеранција и разбирање. Во принцип секој си има обврски и си го тера неговиот план, од сабајле заедно кафе моабет и секој по работа навистина сега за сега немоќам да се позалам, дури она се прилагоди на нас наместо ние на неа. Па и ние сме двајца она сама само со почит и разбирање се се постигнува.
     
    На karenin, senza.parole, Treki и 5 други им се допаѓа ова.
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Не го користете вашиот сопруг како посредник помеѓу вас и вашите свекор и свекрва. Кога имате можност, избегнуваjте комуникација преку трето лице и комуницирајте директно. Не барајте од вашиот сопруг да поразговара со неговата мајка за нешто што таа ви го кажала и со кое ве навредила. Прво, таа може да си помисли дека ја кодошите кај него, а второ, со тоа покажувате слаб карактер. Бидете доволно смели да ѝ се спротивставите и да ѝ кажете дека направила нешто кое вам ви смета. Можеби било ненамерно, можеби било намерно, но во секој случај, треба да го решите проблемот сами, а не да го вмешувате саканиот и да го принудувате да зазема страна.
     
    На BettyBoop25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    така е...мојто брак се распрадна поради тоа......започнаа проблеми поради мајка му- и кога еднаш ќе се створи јаз меѓу партнерите лесно се зголемува.....

    еве на пример мајка му правеше милион сплетки, ме вреѓаше ме омаловажуваше.....а пред него беше жртва невидена.....

    од друга страна јас да не ја навредам, гледав се со добро да и кажам што ми смета, а таа после тоа од инает го правеше........и јас се жалев кај мм(бившиот)......и овде се за**ав....

    таа играше така што најпрво му велеше колку ме сакала колку сум и била мила, и дека и било многу криво што не сум ја сакала, сум ја вреѓала и што ли уште не.....

    тој ќе излезе-таа си ги покажува забите....јас ќутам ....ќе си дојде тој ја нему ќе му се истурам......се караме....ние се караме таа ќе се качи да дофрли оган: ех синко синко и мене така ми прави...јас ја сакам како ќерка а таа ништо не цени бла бла бла и еве дупла кавга....

    тој ќе излезе и автоматски јас станувам неспособна, ненормална и што ли уште не......

    мој совет пред мажот ништо.......само со нив остро...а ако се пожали нешто нему изигравајте жртва......можеби не сум во право- но од искуство оваа поука ја извлеков...... со човек што е „болен„ за внимание и тој да биде нај нај, што не сака „да го дели “ синот.....само така-дволично...со неа војна, пред мажот жртвено јагне....
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Sherryl потполно си во право и свеки моја сакаше да игра вака ама ја средив јас на време па сега ја нема ни да се јави (мн добро сум ја средила)
    Може и погрешно да сум постапила ама на почетокот многу беше фина спрема мене и наеднаш се смени , почна да ми збори за некои си бифши на мм како иделе кај него како спиеле и 300 чуда е тука јас се сменив кога ги седнав и двајцата се соочивме и она да си признае дека ми кажала а не јас ко будала да се карам со мм а она да си се смешка.. и уште многу сплетки ми правеше со мм ама мм ме знае дека јас сум како што вика он без цензура , се и лупам во фаца .. она се правеше жртва некое време и на крај пак искочи по моето .. дека стварно глуми и не е таква како што се претставува.. најбитно ми е што мм ми верува и ме знае дека јас за џабе не кревам панка и не се нервирам.. :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе кај мене. Мојата потенцијална свекрва сите години наназад добра добра, со либерални сфаќања што да ти кажам. И сега ние решивме да почнеме заеднички животи, ама сами. Леле почна роговите да си ги покажува. За кого сме правеле куќа, што ќе кажат комшиите, на гости нема да ви дојдам и што уште не. А ни помага, ни некој и бара нешто. Јас сум запрепастена. Ама решена сум сами и крај, па неможам да го живеам животот за тоа што ќе речат комшиите, па што сака нека биде. Плус не зависам од неа ништо, сами си ствараме и купуваме. Само прави безвезе притисок и проблеми.
     
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    :rofl: :rofl: ]:) :devil: тек је почело чекај рано е роговите само што испаднаа а кога ке пораснат и ке почнат да боцкаат тогаш е смешката хахха море батали свекрва комшии ако имаш можност сами од сама поубаво нема верувај
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Абе толку ли не ти текна да ја снимаш па да му покажеш на маж ти?
    Таа свекрва ти штом така се понаша изгледа многу била по сериите, епа требало и ти малце да играш. :x
    Инаку вчера баш читав информација дека скоро пола од снаите не зборуваат со свекрвата :lol:
     
  18. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    лелел што читан се нежувам значи мојава свекрва била петка :D
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Целата финта и е како ќе се одели од синчето и ќе тргне по паметот на жена му :)
     
  20. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    леле и ние ли ќе бидеме такви свекрви :worried: