Не е несвесно и не и е прв пат ова да тропа за инет така. Еднаш му реков он збореше со неа. Еднаш и он сам виде како тропа почна да и се дере ама ете што е злоба од човек.
Што ти е најјако? Немажена нема мозок да размисли што сака, а што не сака??? Или тоа се мисли кога ќе се мажиш??? Епа ете, членката не мислела и не разговарала со дечко и НЕМАЖЕНА на оваа тема, па види го исходот.
Јас, имав претходна врска од 6 години со дечко кој што сакаше да живее со мама и тато. Кога ќе му кажев, ние ова ќе направиме, ова ќе купиме, од него добивав одговори: ааа не тука ќе живееме, како сакаат тато и мама. Раскинав, мн јасно. Со маж ми, уште дечко кога ми беше, јасно ми кажа, дека со неговите нема да живее (тој и како дечко, си имаше направено доле само за него дневна, кујна и wc)... Не ми е јасенн тој брак, ако се плашиш да разговараш со сопругот. Кажи му дека не можеш да живееш таму, ќе најдете заедничко решение. Ние живееме во иста куќа, на посебен спрат, имаше ситуација кога имавме кратко несогласување со свекрва ми, маж ми кажа пакувај куферите, одиме под крија (иако вложивме над 20.000,00 евра во куќата). Мое мислење е дека немаме проблеми со свекрвите, имаме проблеми со мажите.
имаш право ,коментирај си. мене само ми е несфатливо како некој што живее сам или со родители дели памет на жени што живеат и делат секојдневие со маж,деца, свекори.
најјако ми е што се препираат со членки а не го искусиле тоа. од каде знаат како е? ок е да имаш мислење ама не се препирај со сите. (иначе не зборам лично за тебе кажувам како пример) јас немам деца и сега треба да се расправам со мајките со деца како они погрешно прават ,не треба вака треба така. од каде знам како е со деца? совет и коментари се ок ама напаѓање и дрско солење на памет не оправдувам (пак ќе кажам не е насочено кон тебе )
Според тебе треба да живеам во заедница за да бидам свесна какви последици може да има таквиот живот? Среќа па еве навреме размислувам за тие работи, затоа и си земам за право да коментирам.
коментирај не реков не ,нормално е да имаш мислење и треба да го имаш. ме нервира кога се напаѓаат членки, не треба вака требало онака. од каде знаеме како им е? поготово ако не сме искусиле таква ситуација?
Аман од муабети- што мислеше пред да се мажиш Колку работи преку ноќ се менуваат.. Сеа едно збориме, после две години може ќе смениме мислење. Кога си дечко и девојка се разговара ама кој може се да предвиди. Не е ова пред истражна постапка па да ставиш на распит секаква точка. Има начин за се. Ако нема.со убаво, тогаш не е на одмет и расправија со мажот.
Каде ја нападнав те молам посочи ми? Доволно сум возрасна и свесна за да знам дека живот во заедница не може да функционира. Секоја чест на исклучоци ако воопшто ги има. Не треба да се доведам во ситуација да го искусам тоа за сфатам дека е погрешно. Баш поради тоа се мисли навреме. Доволно е да го земеш во предвид тоа дека и сопствените родители се повеќе ти сметаат колку повозрасен си, за да знаеш дека посебно со туѓи родители нема да ја добиеш таа хармонија и приватност која ти треба.
ама јас воопшто не мислев на тебе. не ни сум ти ги прочитала мислењата,не ни знам дали си во брак или не. општо ми беше кажано. има во темава такви што напаѓаат и тоа не е во ред.
Не, кукла. Јас тоа не го правам. Некој што се подебавал со мене, па уште да му се понижам. Не оди тоа така кај мене.
Не сум во брак сеуште, меѓутоа не сметам дека не сум компетентна да коментирам на темава поради тоа, па затоа и ти одговорив. Се сложувам дека напаѓања не се во ред.
А какви муабети ако не такви? Точно, се менуваат работите. Ама и да се сменат, кога си разговарала, дискутирала на темата, тебе барем ќе ти е полесно. Ќе знаеш дека си направила што е во твоја моќ, тоа што некој од денес за утре, решил да извољева...нема решение. Ама така да се бувнеш на слепо и после о, леле... И не, не зборувам на памет. Имам примери околу мене. На моја блиска кога и се збореше на темава, мислеше сон е ќе се разнесе. Е сега е, о леле... Ама не се ни потруди. Оти ќе го грабнеше друга лепотанот. Друго, велиш расправија со мажот...знаеш дека има мажи, ако земеш да се расправаш на таа тема, ти вика - АКО НЕ ТИ ЧИНИ, ОДИ СИ??? Ај па расправај се со ваков ако не. Или по негово, или по ничие.
Ако немаш разбирачка и на било која тема да збориш може истото де ти го рече. Колку муабети и да правиш, пак може да се изјалови...и сеа???.. Или можеби гледаш дечко-ок е....излагаш со него и правиш интрвју дали мисли со мајка му да седи...не мислел...идеш даље, се земате, привремено кај него додека да се среди станот. ..ама татко му почина и сега несака да си оди да ја остави мајка му сама. Што правиме?! Немојте така, се се менува. И жената се менува. И јас не зборам на памет.
Колку ми е ова глупаво. Мајка му сама, леле леле. Ми се гади од вакви мажишта што мислат дека мама сама ќе биде.
Не е баш така. На таа тема, делење од цицето на мама, се посебно чувствителни. А, за тоа, татко му почина па да живееме малку со мама (читај, додека е жива), а имаат готов засебен стан за живеење, другарка ми раскина долга врска. Ако отидеше да живее таму, муабети други освен за умирачка и кој бил болен од рак, немаше друго да чуе.
Ма какво привремено живеење. Ни ден не сакам во заедница. А тоа привремено може да биде и за подолго време. Ехееее...колку бракови пропаднале заради тоа. Среќа што немаа деца.
Епа жени, ако не сакате свекрва,.тогаш купете си стан и бирајте со маж по мерка. ..не трагајте по маж со стан, нема што да водите муабети со него за живеалиште, нема никој да ви досаѓа зашто е ваш станот
А кој трага по маж со стан ? Тие прашања заеднички се решаваат, баш и затоа се водат тие муабети со него и навреме Патем има мажи кои и 5 станови да имаш пак ќе сакаат со мама и тато да живеат, затоа се разговара.