Неможе да ти рече - ќе живееме во еден од моите.5 стана па да не бидне ништо? И што оти си разговарал?? Не разбирате дека има ситуации во животот? Затоа реков, ако сакаш да си СВОЈА, тогаш имај си ти стан, па барај си маж.
@stefanijata Ова твоево е Свекрва ми ми досаѓа ама живеам кај нејзе дома и нејќам да ми досаѓа. Маж ми (кој патем јас свесно го одбрав) нејќе да се оддели од мама. И јас не сум ни 1 процент за живеење во заедница. И сфаќам дека нема секој пари за наново да гради куќа. Ама ако има за под кирија, одете и таму бидете газди, не во домот на свеки. Е сега дали маж ти ќе се лутел дека го одделуваш од мајка му.Ти не го одделуваш, маж ти да беше свесен, зрел маж сам ќе речеше настрана да живееме. Што пишаа горе, и ти си се одделила од твоите. Ама ти кога си стапувала во брак си ја знаела ситуацијата. Си знаела колку е тој приврзан со мајка му и си знаела дека ќе живееш во заедница. Ваквите прашања се решаваат пред брак. Не знам што да ти кажам. Многу е веројатно дека ќе ти рече дека го одделуваш од мајка му, штом ти така размислуваш за него, сигурно го знаеш дека е таков. Ама тој не е мало дете за ти да го одделуваш. А ти си знаела на што се согласуваш пред брак. Свекрвата е дома, ти си дојдена. Сурово ама реално. Многу пати се зборело низ темава, било многу сурово да кажеш дека снаата била дојдена. Епа кога ќе дојде на веќе воспоставен ред и дом, нормално дека е дојдена. Остави ја свекрвата, ти со маж ти имаш проблем. За реновирање нема што свекрвата да ви дава пари. Вие возрасни луѓе сте или што? Работите? Пари од никого не треба да чекаш, не сте деца веќе.
А мене не ми се јасни оние снаи ем не ги поднесуваат свекрвите, а сакаат дете да им чува. Не зборам за некој од тука, туку ги имам во близина такви. Епа затоа ќе се меша свекрвата. Не ја сакаш, ама зорле да ти чува дете и додека се бањаш. Епа ќе си ја трпиш.
Која по што сака ќе си трага, што е проблем? Ако и се може, оти па да не. И да, ако некој не мисли, и кога ќе купите ваш стан, пак мама може да е главна, тоа не се знае. Ете кај моите е таков примерот. Затоа многу паметување, не.
Тоа и јас го зборам. Нека трага, ама нека не паламуди дека и пречи свекрва. На нејзина адреса како сака- така. Ама на свекрва адреса....цк
Прочитај ме, се редактирав. НА МАЈКА МИ НА АДРЕСА, пак беше мама на татЕ главна. Тука да те видам па што да правиш? Друг стан да купиш? На месечината да избегаш?
Забегавме од темата. Наместо за снаи и свекрви збориме за Дали да се живее со свекрва. Да се вратиме на основниот проблем на бракот и општеството- нејзиното височество СВЕКРВА.
Нема да си со таков маж, мислам дека тоа се познава уште од рани почетоци на врска, едноставно природно е да се одделат децата од родителите, а има мажи што и на 60 години се плaшат од 85 годишната мајка. Порано било поинаку, скоро сите биле такви, сите живееле во заедница, и сите трпеле. Сега имаме поголема слобода, сите сме вработени и не знам зошто да се трпи кога нема потреба.
Уште поарно, да го смените насловот на темава во: Приврзаноста на маж ми со неговите родители, ни предизвикува брачни проблеми.
Референтке одма се гледа со каков маж си имаш работа уште кога ќе се начни оваа тема. Може да не биде ништо ако си наивна и те врти како сака. Не се тоа "ситуации" во животот, ако од чиста мира се премисли. Затоа се разговара навремено.
Љубовта е слепа ...а свекрвите се нај битната споредна рода во бракот. Ете,нема свекрви на форумот општо за да видите и какви снајКИ има. И овде што се пишува...сме ја чуле другата страна??? Не. Зошто да судиме тогаш? Може добронамерен совет, да споделиме искуство, да разгледаме ситуација од повеќе агли... Ама да ја осудиме секоја свекрва - не.
Никој не ја осудува секоја свекрва. Секогаш има исклучоци и секако дека не секоја снаа е цвеќе за мирисање. Всушност може и едната и другата да се добри и фини, ама генерацискиот јаз, различните размислувања и навики си го прават своето. А свекрвата воопшто нема да е битно каква е, ако ти си го избрала вистинскиот човек. Љубовта не е слепа кога се работи за зрели луѓе кои знаат што сакаат. Само што кај нас се влегува во брак психички спремен за кавга со свекрвата, затоа што голем процент од младите не можат да си обезбедат свое живеалиште и очекувано имаат проблеми во заедница.
Муабетите пред брак и во брак немаат врска. И стварно се претерува со тоа што мислеше. Еве јас пред брак кога сме зборувале сум кажувала дека не ми пречи да живеам со неговите. И навистина не ми пречеше. Но кога се веривме односите почнаа делумно да се менуваат а тек кога дојде бебуш се се смени. Е сега што требаше да каже мм, не го интересира кога самата сум кажала дека не ми пречи. Пробувавме многу пати да разговараме со неговите, видовме не оди и се тргнавме. Што ако сум разговарала пред брак? Можев ли да предвидам како ќе биде кога ќе бидам со дете? Можеби ќе продолжеше коректен однос но ете не продолжи. Па да ме оставеше мм да се нервирам секој ден, и покрај неговите разговори со кои ништо не се променило тој да ме гледаше како тонам е ќе го оставев без око да ми трепне. Не со дете, со сто деца да бев ќе го оставев. Тогаш тоа би било пораз за мене самата, дека не сум го одбрала вистинскиот човек. А зошто би трпела и седела ако тој нема разбирање за мене, зошто јас би имала за него. Не сум донтолку мазохист да си ја мачам душата. За мене е најбитно моето дете да расте во мирна и хармлнична атмосвера, и ако неможеме заедно да им ја овозможиме тогаш гинптпишувам сите токсични луѓе и сама ќе му го овозможам тоа. Битно е разбирањето од мажот и реално согледување на работите од негова страна.
Мојата свекрва го постигна врвот, бремена сум во се меша уште сега за бебето за контроли за све иде со нас, и кога и реков не мора ка дигна куќата во вис, се испокара со мене и маж ми рече не сакала веќе да ме види, што е тешко во иста куќа сме на различни спратови. Како кираџика се осеќам дури ни ѓубре не излегувам да фрлам, во двор веднаш ме зајадува од "Морава до Дунава" за се и сешто за моите родители за моето семејство ама буквално за се.... Сега баш кога не треба нервози да имам во 7ми месец таа се ми сервира.... Сакаме за стан некако да размислеме ама не сме воопшто при пари па сега и со бебе......
Игнорирај ја, уште поубаво што рекла дека нејќе да те види. Детето ти е најбитно, нема што да и се потресуваш што рекла. Таков човек не ти треба да ти се мота кога ќе се породиш.
Не и' кажувајте кога и каде одите. Што мора да знае дека ќе одите на контрола? Завршете работа со маж ти, па после информирајте ги дека сте биле. Дури и да ја информирате не мора. Не и' кажувајте, ама ништо.