Ајде и јас да ви се придружам мали веќе од година ипол оди во градинка најдобриот можен избор во животот. Се радува секој ден и е така весел само што ќе му ја спомнам си има другарчиња денот му поминува во игра. Со баби што ќе научи тоа дете ништо. Макар што моево на свекрва неколку пати и е оставено ни да го заигра ни ништо цело време телефонот и игри му пушта а не го ни гледа често. Кој што сака нека каже некогаш не се да им речеш да причуваат ни кога немаш друг избор. И затоа се сама е најдобро бидам дете во градинка одам на работа после работа дома малку да зготват и си го земам сите среќни и задоволни.
Леле читајки ве страв ме фати, да отвориме друга тема Како да препознаете мамино синче пред да биде доцна? Барем ние немажените да спасиме глава
А јас како да научам да не се замарам со што рекле и како рекле. Вчера ни донесоа маса нова, свекрва ми и маж ми се скараа оти таа беше упорна со настојувањето да ја наместиме како таа што сакаше, маж ми и рече кај тебе горе мести си како сакаш кај нас ние како сакаме и се изнервира она, јас дека сум мирна и за ништо не преречувам се заврте накај мене демек за подршка, јас не попуштив и реков дека вака ми се свиѓа повеќе и како се налути и се качи горе и сега јас цел ден сум на мисла. Знам дека не треба да ме засега и да игнорирам ама ужасно мразам конфликти и сакам да сум мирна, иско сепак знам дека бевме во право. Многу е своеглава жената и знам дека тоа е карактер и нема да се смени па морам јас да се научам да игнорирам, а не можам, две години поминаа и уште се осеќам незгодно кога ќе преречам нешто.
Јас да сум, ќе ја отерам у три лепе. Пак ќе се нервирам, не да не, ама ќе ја отерам. За тебе, не важи то. Од искуство, што помалку споделување работи, функционира добро.
Па на почетокот споделував повеќе и за се имаше она мислење, после тоа увидов дека подобро функционирам ако не и кажуваме ништо, пример не и кажав дека го зедов фустанот за свадбата, го однесов кај мајка ми, оти ако и кажев и покажев, ќе имаше зошто сега, па што ќе биде до свадбата, па ова па она, оти у принцип е особа што нема срам за ништо, а јас не сум таква си ги знам границите и секое понашање вон нив ми е некултурно. Ама ете ова не можам да не го споделам оти у иста куќа сме значи го виде татко ми кога ја донесе масата и нормално спадна, ми вика во мојот проект не беше масата вака, она е архитект, јас и викам е во мојот беше, на моменти ме потценува и како да заборава дека јас сум дизајнер на ентериери и дека мене тоа ми е работа. И пак ќе кажам жената не е лоша, напротив, многу е океј ама си има таков карактер, сака да е во право и сака да е по нејзино, не прифаќа туѓо мислење и јас мора со тоа да се справам некако. Маж ми пример е експерт во игнорирање и него ама уопште не го дира што ќе кажат, ми рекол дека јас сум му најбитна особа и дека само јас шо мислам го интересира, ама нему му се родители па и да му се налутат нема да е за долго, јас не сакам да се карам со нив, во иста куќа сме и сакам да имаме соживот, полесно е и за двете страни, ама не знам како да ставам граница за да мојот мирен карактер не предизвика да ме сметаат за мекуш и дека можат да ми кажуваат што и како да правам без да им се спротиставам.
Лесно е, кажи и Јас сепак мислам како *Името на мти*, на крај краева ние тука ќе јадеме треба да ни е убаво, не се сеќирај, горе не ти преместуваме. Нема што да се сеќираш, тоа е што е. Ние кога праевме кујна дојде свекрва ми и си даде мислење, јас кажав дека мене ми треба таа кујна и толку излезе. Ако е таква да дава мислења тек ти е назад зимата, ехее колку антибиотици “испил“ син ми по совет од баба, па никому ништо. Она има едно мислење, моето е сосема спротивно, ама гледам се помалку да ме боли глава. И кај мене маж не се замара и тоа е тоа. Со тек на време се помалку ќе споделуваш и тоа е тоа. Само без нервози, оти така ќе имаш поинаква слика за ситуацијата, така ќе те замара тоа. Утре задутре дете кога ќе дојде тогаш ќе имаш проблем, ова ништо не е. Такви се бабите/свекрвите, тоа им е работа.
Секако ќе ти кажуваат што да правиш се додека не с'ржиш. Карактери се тоа. Научи се да игнорираш, низ едно уво влегло низ друго излегло и со насмевка да да важи и терај си
Ете се симнаа со свекор ми и упорно за масата само да виделе ја завртеа, јас упорно си думам со маж ми сакаме да биде на другата страна ама не ме ни слушаат, не е тој тука мене никој не ме ферма. Си ја завртеа и си излегоа, ќе си пукам у колено значи, ако не се распука маж ми да рече да се селиме па ете, ќе си седат сами у цела куќа.
Не мора да значи. Кај братучетка моја не беше таков случајот. Заедно живееја две години. @1209 се знае кое е решението. Само сами. Па да видам дали ќе доаѓаат кога сакаат.
Дали ти така кул особа сериозно планираш да се нервираш за мислење на свекрвата за тоа каде треба да стои твоја маса? Дај уозбили се, не си плачка, немој да бидеш од оние што дозволуваат некој од такт да ги извади заради своеволие, покажи заби да се знае кој е кој. Милиметар нема да дозволам да ја мрдне, ако продолжи ќе се качам и нејзината ќе ја преместам. Разбирам дека сакаш да си фина и културна и можеби тоа не е твој начин ама ќе мораш ако сакаш да останеш со здрави живци. Еднаш мораш да пресечеш и да покажеш лице што може не ти е својствено, па нека те мислат и за лошотилок. Со такви нема поинаку. Ќе си купиш раат на подолг рок.
Мене ми се чини дека си пре добра па искористуваат. Врати си ја на место масата и почни малку да му возвраќаш. Не да се караш ама културно да ги одј*биш.
Чекајте другари, нов пресврт Читав во темата за кујни и видов слика од трепезариска маса, за неа ли се збори @1209? Зошто ви е така во ќош поставена, тоа ваша идеја е или на свекрвата?
Таа е Бриџо, ама не е во ќош така изгледа оти имаме таму дупка која ќе биде пополнета со полици, јас вака сакам да стои за да имам достапност до полиците, тие сакаат скроз да биде бутната до крај на долапчето и полиците да дојдат над неа, јас не сакам така оти ми изглед чудно и непрактично, инаку од лево се влегува во кујна, а пред масата просторот е многу краток па ако се врти како они што сакаат, а да не се вметне скроз во долапчето ептен е кнап просторот пред неа. Не знам дали е разбирливо Да имам простор доволно и јас би ја ставила во другиот правец и пак да си имам пристап до полиците, ама нема простор, па златна маса да ја бутам во долапот и ја затскријам ми нема логика. Просторот ни е многу мал, од дневна соба ние направивме кујна, спална која е одвај 2,5х2,5 и дневничка па затоа е малку кнап. Масата требаше да биде помала, ама здравје планираме дека натаму ќе иаме поголем простор и не сакавме нова маса, скапо ја плативме и сакаме да ја задржиме.
Многу е убава. И не се објаснувај како е подобро. Подобро е така како што сакате ти и маж ти. Вие ќе живеете таму.
Што вика Бриџа, оставаш впечаток на паметна и современа цура. Немој да дозволуваш вакви работи уште од почеток. Твоја маса твои правила. Ако сакаш и у клозет ќе ја ставиш и тоа е тоа. Покажи став и не давај да те погазуваат, после ќе биде све полошо.
@BabyT* фала, да преубава е. Точно, мене не ми смета ако дадат мислење, да речат ние мислиме дека така ќе е подобро, проблемот е постапката што тие превземаат акција без да не слушаат нас. Нема веза ќе си дојде маж ми ќе си ја завртиме пак и ќе му кажам да се качи и да им каже дека немаат право да постапат така, иако вчера им кажа ама очигледно и него не го сметаат за паметен како и мене па мислат дека поима неаме што правиме. Мада не е до нас, и кај ќерка и кога отиде на гости и направи размештај и и рекла јас додека сум тука вака ќе стои вие после местете си и тоа ми го кажа на мене...мислам излишно е де со луѓе кои мислам дека секогаш се во право.
ми се бораве во стомак од вакви сезнајки.Маж ти сам ќе ја виде масата, ти кажи му ја ситуацијата само, а он сигурно ќе изреагира. Ама моментот е и ти да пресечеш нареден пат ако пробаат нешто такво да направат, ако не пресечеш цело време ќе ти прават така додека си сама.