Што се одесува за сопругот стварно е греота. Но таа поделба не почнува одеднаш, мора од секогаш да постоело двоење. А што се однесува на тоа дека им фали на децата не се секирај, "кога нема, без њега се може". Она ќе биде пишман со текот на годините
Исто и кај нас. Со таа разлика што деверите имаат повеќе и пак нив ги жали. Ама знаеш како е.. Не ја сакаме снаата, нема да и ги сакаме децата. Како снаата од улица да ги донела. Бог да чува се. За маж ми ми е криво. Како да нема фамилија. А и децата како што растат гледаат дека бабата и дедото не ги рецкаат, па не ни сакаат они да ги гледаат.
Аха...дека на сопругот му фали затоа пиша дека не и текнало на свекрвата да ви помогне да го уредите станот...сентименталности сега. Ако некој ти недостига ќе сакаш да го видиш, не да очекуваш тросед да ти купи
Па кој пиша тросед да ми купи. Јас можам да и се јавувам ко будала да е прашам како е што прави, она еднаш не греши да сврти. Рпденден им немам промаршено. Тоа го зборам. Маж ми ме кара да не одам да не и се јавувам , мене ми е глупо и пак ќе и свртам, ќе поминам. А финансиски сум моќна и се трудам да створам уште повеќе да им оставам на децата, за разлика од нив, лежи лебу да те јада.
А што ти е гајле како живеат тие? Ти ако сакаш финансиски да им створиш на децата работи, тие ако не сакаат нема да работат, ќе уживаат и тебе тоа не те засега. Твојте пари не ги трошат. За нивни пари уште да не треба да ти полагаат сметка. А ако си финансиски моќна нема да спомнуваш како не ви помогнале да го уредите станот. Ако си толку моќна плати си дадилка нека ти помага кога ќе ти крене детето температура. Свекрвата може нејќе да се замара со деца, сака да си поужива во староста. И свекрви има секакви, ама и снаи како тебе
Аман! Што ве засега дали свекрвата и свекорот лежат или работат. Глејте си ваша работа. Ако не се јавуваат они, ни ти не се јавувај и готово.
Ај жити се можеш да делиш памет тука до утре ама за некои работи не си во право.И мене ми е несфатлив делот бабата и дедото да не сакаат барем еднаш во неделата да поминат време со внуците.Значи батали и финансиска помош,и за помош околу чување,ама да не сакаш внучињата да си ги гледаш воопшто не е ок.Тогаш имаш некоја емоционална бариера.
Јас не делам памет, вие очекувате свекрвата да не се меша, ама пари да ми дава и да ми го причува детево. Јас на членката ја цитирав пошо напишала, свекорот и свекрвата лежеле, а она била многу работна, свекрвата не и помагала за детето, не им помогнале финансиски кога го уредувале станот. Ниту една од овие работи нема обврска свекрвата да ги прави. Свекрвата дали има емоционална бариера е нејзин проблем. Не му е твоето дете центар на светот, на секого
Пошо е прекултурна, мажот и ја моли да не им се јавува, оваа едноставно не може да не и честита роденден на свекрвата
Мене моето ми е мене центар, не очекувам на секого да му е центар. Роди дете и чекај ја свекрвата да го гледа, па зошто не доаѓала, како не и е срам. Бруки
Прво си премногу безобразна. Второ твоето дете ти е центар на светот,очекувано ми е и маж ми на свекрвата да и е,ама изгледа не и е. Трето си родив две,сама си ги чувам,и свекрвата и свекорот до сега ни немаат дадено никаква финансиска помош. Четврто треба да и е срам што не доаѓа,уствари жал што пропушта дел од нивното растење.
Аха...помалото имало температура 5 дена, како не и текнало да го земе поголемото да одмореле. Ни еднаш не ги прашала пари дали им недостигаат месецов. Може нејќе да трча по внуци и нема обавеза да прашува дали им недостигале пари ко тие двајца да се мали деца, а не возрасни вработени луѓе. Ако им треба помош нека побараат, не да чекаат да им текне на другите.
Зошто на свекрвата би и било внучето центар на светот? Свекрвата нема живот, тебе те чекаше внук да и родиш. Некои баби се цело време со внуците, некои нејќат и немаат енергија на старост да трчаат по деца и тоа е во ред. Сакаат староста на раат да си ја поминуваат, не да ги чуваат твојте деца. Па и 70 годишни биле. Срам ќе ми беше да помислам, а не да се жалам
Јас имам таква.Секој ден им врти на моите деца им кажува колку и фалеле,ама никогаш не дошла да ги види.Од роденден на роденден.Јас сум скроз помирена,гледам и на мм му стана сеедно.Ама дека е нормално не е воопшто нормално.Убаво кажа членката,да дојдат да си се напијат кафе,да поминат саат два со децата.
Па ок де. И? Ќе ја молиш да дојде? Не сака, не сака, баш ти е гајле. Татковци, мајки ги оставаат децата, а не па баби и дедовци. Мене ништо не ме чуди.
Мене да ми ги испревртиш зборовите нема да успееш.Јас ниту барам да ги чува,ниту да ги финансира,ниту пак реков оф одвај чекале снаата да им роди внуци.Они се тие што зборуваат како внуците си ги сакаат премногу.Внуците не им се центар на светот,ама синот им е,така?Значи ни него не го гледаат. И не,нема потреба да трчаат,ќе си седнат на кревет,ќе си поразговараат.Па побогу 2 саати во неделата ниту е помош,ниту чување.Тоа нормалните луѓе го нарекуваат уживање.