Абе неможеш да знаеш дали е исправно да растат со нив во близина или не. И мајка ми сметаше дека треба да растам со нив и растев, ама како... Баба ми по татко, све ми допушташе само за да ја сакам и ме оставаше што сакам да правам, супер ми беше,(што не велам дека е исправно), одев на плажа со другарките/другарите од зграда, по цели денови не се прибирав во стан, па после другиот месец морав да седам кај другите баба и дедо, зошто нели така е исправно. Е таму баба ми и дедо ми не ме оставаа нигде да мрднам, децата пред зграда си играа, овие 1 саат ме оставаа и урлаа по мене од тераса, цел ден со баба ми дома затворена, на +35 степени и навечер морав со нив да шетам иако дете ко дете сакаше да си игра со деца. Баба ми само ми презборуваше нешто за мајка ми и татко ми, се караше со мене и кажував на мајка ми, јас сум претерувала. Во бус дедо ѓи ќе ме враќаше дома, по пат обавезно се караше со деца зошто седеле , не станувале на постари, а пример автобусот полупразен, сето тоа влијае некако на детето. Кога станав поголема одбивав да одам и мајка ми си сфати. Не сите умеат со деца и некогаш е подобро да ги нема, отколку ние мајките со сила да им правиме некаков притисок на децата за со баба и дедо и да им останат непријатни сеќавања од детство.
Хаха па ја и ти скоро генерација ( јас имам 28г затоа толку се препознавам во твоиве постови. Буквално ко моја фам да опиша. Мајкам ми и баба ми не се сакаат оди само за празник од почит и уште си ја вика МАМО од почит. Ама не ја поднесува. Но јас секогаш сум одела преку цело лето кај нив, секој втор викенд кај нив на спиење ја сум сакала. Обавезно убави ручеци сите братучеди собрани деца галама гунгула. Ова со коронава е прв пат да се немаме видено со месеци. Ама порано сите деца беа така со баби и дедовци. Мие на одмор баба ми ќе дојде ќе зачисти дома ќе повади цвеќиња. Еве сега ја и мм на одмор свеки ќе дојде за цвеќе не и текнува да отвори бар да излуфтира стан...за разлика од тоа мајка ми ми го светнува станот. Да не се разбереме погрешно ја тоа не го барам, ама помош ко помош е далеку од добродојдена. Еве и сега трудна сум еднаш не рече да дојдеме да исчистиме пред бебето генералка. Туку само знае Да не сме се мешале?? Што да не се мешаме? Стај маска и дојди помогни.. не разбирам утре како ќе доаѓа бебе да види ако не сака да дојде да припомогне?
А зошто да ти зачисти? Сама си чистев пред пораѓај, мм земал исмукал и наместил постелина за бебе. Зошто да ми чисти друг во мое? Поубаво сама да нејќе да се меша. Дете ќе си гледа, ако сака,нема што да ми чисти, за утре да слушам дека она ми чистела. Ни она ни мајка ми. Маж ми и јас сами. И пред бебе и сега со бебе. Се породив царски, маж ми чистеше првите неколку дена. Никој не ни е должен да ни чисти во наше.
Тоа е работата треба да сака да помогне. И не е поентава ДА МИ ЗАЧИСТИ туку да ми помогне. Не планирам 8ми месец трудна со средства да удишувам цела бременост апче за глава не се напив.Не реков дека е должна одма се погрешно сфаќате ама побогу зошто да не дојдат бе да помагаат? Не разбирам...ти нема ли на детето утре помош да му понудиш? Да му помогнеш во чистење во готвење? Мм нема поима од гптвење ако дојам ќе ми треба некој да ми донесе ручек или ако не па да не јадеме. Баба не е само да му купи чоколадо, убаво е да се дојде и да се помогне кога се има потреба. И она еден ден ќе остари со 2ца сина е кој ако не снаа ќе и зготви да и однесе?
Зошто да треба да сака да помогне? Мајка ти викни ја, тетка, жена плати си за чистење, од каде тоа дека свекрвата треба да ти зачисти пошо си трудна 8ми месец? Маж ти нема појма од готвење и место да си речеш маж ти да научи да готви, ти викаш свекрва ти да носела ручек. И не сфаќаме погрешно, не превртуваме, не дека кажуваш некоја тешка несфатлива ситуација па да сфаќаме погрешно. Едноставно, милиони трудни жени има по светов па не останале гладни ако не е свекрвата. Ако мажот ти нема појма од готвење ќе научи, нема мајка му да ја чека ручек да му носи. Јас стварно не разбирам како може дете да раѓам и да очекувам сите да си го прилагодат животот на детето. Како можела да дојде да го види без да помогне. Така ќе дојде, ќе си поигра со него и ќе си оди. Твоите обврски се твоја работа.
Сериозно? Цела бременост и вц на работа чистев и дома чистев заедничло вц ни беше со свекор ми и свекрва ми, нашето не беше готово. А да си на 5000 км далеку од сите? Кој ќе ти чисти? И маж ми незнае да зготви, знае компири да испржи, супа да свари, јајца да спржи, салата да си направи. И јас доев на почетокот и готвев. Мислам сериозно? Гравот стави го да се вари, запржи го и ете ти ручек. Поголемиот дел од манџите не треба да им стоиш над нив пола ден. Направи денес повеќе, пикни во фрижидер за утре. Претерувате стварно. Може нејќе да се меша зошто незнае како ќе реагираш на мешање. Може она чека помош да побараш. Не гледаат на нокти луѓево кој што сака. Мада дај боже мојата да беше ко твојата, највеќе ќе си ја сакав. П.с. Не ти одоговорив на прашањето. Неповикана нигде нема да се мешам. Ако сакаат помош ќе речат, ќе прашаат.
Леле како успеа зборовите да ми ги превртиш. Хаха знаеш што само ја живеам со нејзин син и на негонтреба да му носи. Што е должна мајка ми да чисти чистачка е? Можат и двете можат да се менуваат...Кај сестра ми со царски 1 нед одеше мајка ми 1 недела свекрва и. Извини ама ова бебе е и мое и исто толку на мм. Зошто само од женска страна да се помага? Те молам не ми ги коментирај постовите на сите само им ги испрвртуваш зборовите
Ама зошто упорно кажуваш дека они треба да ти помагаат? Маж ти незнае да исмука? Незнае со арф кадата да ја помине? Доместос во шоља да истури? Маж ти тррба да го прави тоа, не други
Затоа што нејзе никој не и помогнал затоа труби тука. Немала родители такви кои ќе и посочат пат,јбг. Исто пропаргира да не се мешаме у туѓи животи, а овде веќе знае какви ѓаќи ти носиш. Страшно.
Точно мојава не е таква да збори дека помогнала. Напротив и сега знае ручек да прати од кеиф. Исто и мајка ми знае Јас не средувам искрено сум многу против средства. Мм чисто со средствата дома. Јасно ми р готвењево секако грав нема да јадеш ако доиш но сепак убаво е да се има помош ако се може. Ако сме на 5000км тогаш ќе мислиме. Сега сме сите заедно на 10мин возење.
Ти кажав јас од кога останав трудна повеќе од чаша дома немам кренато. Мм и он е греота не може се сам да прави вас ако не ви е жал мене ми е. Трча со ќеси од маркет трча на лекари да ме носи трча да чисти 1 неделно генералки... Не се срамиме да кажеме дека Ни треба помош и да работи од 8 до 19 некогаш ама што имам да се правдам вие терајте сами ние ќе бараме помош па кој колку може ќе ни помага
Не реков само од женска страна де. Двете нека помагаат. Ама ако сакаат. Ако не сакаат сами со маж ти ќе се снаоѓате. И треба да почитуваш ако не сакаат да помагаат. А не да се лутиш.
Пример беше гравот. Исто е со леќа, грашак, боранија и незнам што. Епа ете имаш колку толку помош од нив,не треба да се претерува. Тпа што ти си против средства, не е проблем на мајка ти и свекрва ти. Неможе они цел живот да ти чистат дома кај тебе.
Не реков дека се лутам ако не помогне. Ама дека треба зошто и нејзе свекрва и помагала живееле куќа до куќа и фала богу уште живеат и нејзината свекрва уште зна Да де од ова ништо не смееш дхри доиш бар таков ми е списокот. Не гледам ништо лошо во тоа еднаш некој да ми донесе ручек или дури мм работи 10-12ч да дојде дома да ми уклучи машина, да ми помогне. Еве ја братучедка породена тоа го прават и свекрва и и мајка и она не глеа толку трагично. Маж и работи они 2 се околу неа и фала богу помага.
Нема полошо од жена да навредува жена. Илј некоја да е помајка од друга. Сестра ми со згрешени анестезии при царски од кревет не стана 2 нед а зет ми на работа и ај објасни како да стане за јадење ако не ј носевме поскужавник во кревет пошо дп вц моравме да ја носиме на раце нозете не и функционираа. Нејзината свекрва еднаш не се пофалила дека и го исчувала детето или дека и замила садови... Ама да не бевме ние не знам како поинаку би успеала да опстане со бебе за кое немаше млеко да го дои. Значи мораше некој и храна да му прави . Ама немаат искусено такво нешто на своја кожа а не секој сопруг знае да зготви или па може да земе одмор или боловање
А нај јако е кога некој нема поминато низ фазите на мајчинството ,ама дели совети и се прави дека знае се . Има тешки бремености, тешки пораѓаи, кога мора да се лежи и мирува ,и те како некогаш помош е добредојдена..различни се сите бремености,сите пораѓаи но и справување со постпородилните обврски и секоја планина со својата тежина...Колку е само лесно да им судиш на другите и да им кажуваш што и колку можат...немам зборови.
Незнам, еве можда ја сум саможивник и нејќам помош. Работава е ти што очекуваш, ама не и кажуваш нејзе, туку нас. Седни ја кажи и ги овие работи, дека маж ти 10 саати работи, ти треба повеќе помош, види каков одговор ќе добиеш и тоа е тоа. Ние овде напразно збориме.
А зошто да не помогнат? Никој не рече дека се должни. И јас не сум должна на стара баба да и помагам да се качи по скали ама сакам. Ако вие сте ладни луѓе и сами со мажот/дечкото сте си доволни, има луѓе што сакаат близина, фамилија, друштво. Не мора свекрвата да помага, нека помогне мајка, сестра, золва, другарка. И како членката погоре што кажа има тешки пораѓаи, не можат сите одма да станат, не знаат сите одма да си го избањаат бебето, се плашат. Мажите работат, одат по маркети, по доктори, по аптеки. И тие се луѓе што сакаат да одморат, да јадат. Јас бев царски ама одбив секаква помош зашто се плашев од корона. Се измачивме со мм ама секогаш имавме ручек, беше испрано, испеглани, исчистено. Ама не може и не сака секој. Мене ми е убаво вака зашто сум контрол фрик и сакам јас да исчистам за да знам како е исчистено. Ама зошто да не ме праша дали ми треба помош? Па сега ова бебенце што го чувам како капка утре ќе порасне во маж и треба да го заборавам? И ќе се слушаме еднаш неделно службено онака и ако ми рече на жена му дека и треба помош со моето внуче јас ќе речам Ааа извини ама јас не сум должна, јас си го завршив моето?? Бог да чува.
Ама ти не си ја сакаш свекрвата. Сите мислења во оваа тема ти се. Има луѓе што сакаат помош и внимание и од свекрва. Тебе кој те нападнал за сите лоши мислења овде? Ти зошто ја напаѓаш нејзе?
Мислам дека погрешен тон им даваш на работите што ги напишала членката, еве јас сама растам деца, со минимална помош/кеиф на баби, ама кога дете ми е болно 5 дена добивам од другарки поддршка “ќе го земам за да се одмориш”, или имаш ли за јадење, тоа не значи дека сум неспособна да се мењам со маж ми да одмориме или да нарачам за јадење, тоа значи дека другата страна ништо не ја кошта да понуди или да помогне. Исто и за помош при опремување, тоа што имаат не значи дека во моментот не може да снемаат, тоа не е изнуда на пари туку човечки е да се понудиш ако можеш