Ако имам ќе дадам, ако не нека се снаоѓаат. Ако е мое, дур било дете се за него сум правела и на старост ли да делам од уста да си купат стан? Треба ли некогаш јас да поживеам или и на 70 години жртва за децата да одам? Ако цел живот и јас и мм пример работиме за минималец, на 50-60 години колкава финансиска помош можам да му дадам? Дај боже да имам, ама ако немам ете му спрат посебен, ако несакаат нека се снаоѓаат. Не се деца на 25 или 30+. Ќе го научам да знае да штеди пред да се ожени, за да има некој денар за нешто.
Аман не збори за маж ти ко да е 3 годишно дете. Да не знае некој дека пишуваме во тема за снаи и свекрви и одстрана да чита ќе мисли дека збориме за мало детенце кое го напуштила мајка му. А за тоа кога ќе се разболи и ве побара, не и помагај ако не сакаш. Имаш право на тоа
И каде пишав јас дека не готвам за два или три дена, или било која што тука пиша? Се збореше за тазе породена нека си го стави гравот ќе се вари, не сакам да помислам дека било која жена во моја блиска околина кога ќе се врати од болница со бебе ќе треба да готви у кујна, не е страшно и тоа ама јас се понудам или без прашање ќе однесам и ќе си одам без да сметам и мислам дека бар малку ќе и олеснам да си има за јадење. И баш поентата е дека тие што живеат на 5мин се понашаат како да се на 5000км, тоа за мене не е во ред, ни од свекрва, ни од снаа, ниту од пријателка. Овде ако се збори за снаа испаѓа сите снаи се лоши, ако се збори за свекрва сите свекрви се лоши, не е така, се збори за конкретен “проблем”, членката од кај што потекна муабетот пиша “ниту помогнали ниту одмогнале” убаво си кажа дека не и одмагаат, и ај адвокат да не сум и за мене ќе си кажам како јас да сум пишала, јас свекрва ми не би ја осудила за вакво нешто дека е лош човек, туку се чудам зашто не и текнува во даден момент како блиска особа да се понуди или без многу бука да помогне. Таква се трудам да сум јас и да останам таква кога ќе бидам свекрва,
Правите како да е нормално бабите да не сакаат да си ги гледаат внуците, како да се бесчувствителни и немаат осет за своите деца првенствено. Па нека е клише, ама има ли помило од тоа да дочекаш детето да ти има дете? Затоа чудно е такво ладно и индиферентно однесување на некои баби. Не се странци, фамилија се. Што е толку проблем ако сакаат да помогнат и помогнат? Има и досадни што мешаат нос кај што не треба, ама тоа е друга екстрема. Поентата ми е, ако на некоја снаа и е чудно незаинтересираното однесување на бабата и го каже тоа, не мора да се скока дека била готованка, жена да барала да најми за чување и 300 други обвинувања.
Па обично штедат луѓето и пред брак за учество, па земаат кредит со заедничката заштеда. Не е невозможно да си купат сами и не сите земаат стан со помош на родителите. Инаку помош како помош е секако добредојдена, ама само доколку е од срце. Не би сакала да ми се пререкува за тој стан или било што друго.
Од родители со вкави мислења, најчесто излегуваат деца паразити. Како млад брачен пар да дојде до сопствен дом? Одговорот е многу прост- со работа. Океј е поделбата на имот, и помошта во меѓувреме за одредени (не)материјални ствари, ама нон стоп да гледате деца, кои повеќе не се деца, апсурдно е. И во таков случај, не им помагате, а одмагате. Кога тоа "дете" ќе застане на свои нозе? Да не се мачи како родителите што се мачеле... па не мора да се мачи на тој начин, гарант ќе има свои проблеми за решавање кои во даден момент ќе се поголеми од тие на родителот.
Ама тука зборуваме за нормални односи.Не е нормално родителите да не сакаат да поминуваат време со сопствените деца и обратно.Не е нормално да создадеш семејство а да очекуваш друг да те финансира и чува дете,не е нормално да го сметаш тоа како обврска на некој друг.Тука кажувате ситуации за кои не би требало да е така.И тоа не значи дека сите снаи очекуваат да им го исчува некој друг детето,да и се чисти и финансиски помага.Не е нормално свекрвата да се прави мајка на детето и да ти ја гуши приватноста.Нормално е да си се собереме на еден семеен ручек или празничен.И тоа е доволно.Од двете страни да се имаат истите очекувања.
ке си земе кредит и ке стискаат газ 30 години да го изплатат нема кафани збираници шетања и одмори ке се научите да функционирате така
Додека да го исплатат и станале пензионери. Освен ако немаат по 500 ева плата двајцата не знам како може да плаќаш рата, а ништо да не помогнат старите. Ако не за стан тогаш за децата ќе помогнат. Сите имате било каква помош, а така се правите како да не треба по што е од свекрва и свекор, а од мајка и татко може.
Јас не гледам ништо лошо родители да помагаат, од двете страни. Нормално дека ќе помагаат, ако не на нивните најблиски, кому. Ама стари со пензија како повеќе ќе помогнат од работоспособни луѓе со плата, освен ако старите се многу имотни, а младиве не работат, не знам. А и не гледам лошо да исплаќаш кредит ако сакаш свој стан. Ако не сакаш кредит можеш и под кирија да живееш. Или во заедница. Ама ем не сакам заедница, ем сакам да ми купат стан, не иде.
"Нека се снаоѓа, и да седи на улица гајле ми е, не е е дете, возрасен е."Ова ми звучи многу злобно. Солидарност е едно, издржување е друго. Не знам кој нормален родител не би му помогнал на своето дете, особено ако се млад брачен пар кој не ни има голема заработувачка. Ја читам темава и многу ми вришти од себичност. Не успеав да ги исчитам сите последни мислења ама доволно беше за да сфатам колку ви е нормална бесчувствителноста. Никој за ништо не е должен на светот, јасно е тоа, не мора постојано да се нагласува. Ама има нешто што се вика човечност и емпатија.Ако тоа не го очекуваме од најблиските, од кого треба, од комшијата? Во фамилијата е нормално да има сплотеност, нормално е бабите и дедовците да сакаат да си ги видат децата и внуците.Нормално е да ѝ помогнеш на бремена жена со ручек, со чистење, со било што. Нормално е да се причуваат децата доколку родителите не се во можност. Ништо не треба да биде ни претерано, и тоа е јасно. Свекрвата и свекорот не работат, во пензија се, имаат слободно време, доколку се здрави зошто да не направат ниедна од горенаведените работи? Секој има право да избере дали ќе направи нешто или не, ама тоа исто така го дефинира каков човек е.Премногу го оправдувате егоизмот. Наместо да се стремиме да бидеме подобри луѓе кон најблиските, несебични и да сме тука за нив, ние ќе се стремиме да се оттуѓуваме и да преминуваме во странци. Мора да се изгради доверба во едно семејство, бидејќи тоа е примарното, ако не и единственото место каде што можеме да го очекуваме тоа. Затоа не ни разбирам како ги осудувате жените погоре кои очекувале некаква помош и најмало внимание, тоа е основно очекување за здрава човечка врска.
Нема да го оставсм на улица де, кај прочита ти такво нешто? Ќе му дадам спрат да си го реновира, преуреди, ако сака. Ако сака стан нека си купат.
и што демек оправдување е тоа ке си остарел Ами вие шо мислите како се печалат станеви и куки? ке тропниш три пати и толку твој е Не ке си спечалиш сама
Дали некој е должен да ви помогне? Не. Дали е човечки да се помогне? Да. Ама, светот е преполн со различни луѓе и различни карактери мора да прифатите дека постојат и вакви и такви. Секогаш кога правите нешто (а посебно деца) мора да сте спремни дека во тоа сте сами (вие и маж ви), ако се најде помош супер, ако не здравје. Разбирам дека сте очекувале помош и сега сте разочарани дека не сте ја добиле и тоа е ок. Ама тоа што многу ми падна во очи од муабетите што ви ги читав наназад е како сте лути на свекрвата бидејќи не ви помага, а треба да ви помогне бидејќи маж ви не знае да готви. Свекрва ти не рекла да в матично, маж ти рекол. И јас не знам да готвам, ама па затоа јас немам деца. Пред да го истурите бесот на некој со кого не сте во брак, разговарајте со тој што сте, а на 30+ години не знае да готви
Шо младина сте вие бре чекате и се крстите да ви дадат старите стан кука деца да ви чуват да ви помагат финансиски а вие шо? ке се е@авате само и ке шетате а? Ааа нее не ке си напните газ и ке си спечалите
И јас сум царски породена па прв ден не ама следниот си напраив ручек. И тоа и мајка и свекрва тука, и за бањање и за се, сама. Оти помошта не може вечно да е тука, кад тад мора да станам. Ти како тргаш одма мора да биде со некоја катастрофа, од кај знаеш, може најлесно да поминеш. И мм чистеше, па што, не му падна чинот. Јас 1м лежев не мрдав, па никому ништо, маж средуваше. Ама пред тоа и на работа одев и средував и се, никој на сила не ме тераше сакав. Ако нема здравствен проблем ќе си работиш, зошто да не, не си болна, трудна си. Јас го чекав со години детето па пак си работев нормално, без никаков проблем, кога се појави проблем си лежев. Средства не вдишував, ама можев прашина да забришам и да наредам машина за садови, маж ми носеше алишта јас пружав. Во нормална бременост, трудни сме, не болни. Јас не доев, полошо, се молзев по 40мин 5 пати на ден, изгинав, 11м, па никому ништо. Ај малце похрабро, ќе станеме мајки, посилни треба да сме, не да кукаме.
Ако де браво за тебе така треба. Ама да не заборавиме не сме сите исти не сите исто болката ја трпиме и не секоја исто поминува на царски. Тоа тебе не те прави подобра мајка од мене од сестра ми или од некоја што лежи патолошка па мора свекрва да и чисти. Дај боже да сум способна и ја сама да можам
Obicno lugeto koi ziveat poblisku go imaat toj odnos i toa svakanje deka mora da dojde da pomogne, bebe imalo, pa gradinka , rucek i sl... Nie ne ziveeme vo ist grad(Fala Bogu ni so dvete strani) i ne sakam da mi doagaat koga ke im tekne,ne sum naucena da neznam koj vlegol a koj izlegol od doma. Kluc nemaat da se pokanat sami. Decata si gi cuvavme sami, 2 se sega golemi i sakaat i sami da sedat,a bebusot sega im remeti plan ama se naviknaa deka ima treto. Nemoze da se otugis,no zaednicata e maz zena i deca,nema potreba od nikoj nesto da ti nosi da ti praka,da ti cuva. Se slucilo da treba , se javuvam na tel mozes li da dojdes mi treba toa i toa. Ama toa bilo 5 pati za 11 godini. Koga se nemalo izbor.
Колку што забележав, 'себичните' мислења беа напишани од членки со поклонети станови и спратови и сега зошто свекрвите на нас под кирија или со кредити да ни помогнат еден месец да можеме и ние да 'издишеме', да си платиме еден викенд некаде или да се почастиме нешто. Јас не сум ни помислила вакво нешто ама сум во групата под кирија и знам колкава помош би ми била. Истите тие што ја нападнаа членката што ја начна темава штом сте толку самостојни не се жалете веќе дека свекрвата ви го земала детето да го причува или ви се умешала во кујна со тоа што направила ручек туку излезете од нејзината куќа, платете кирија и дојдете пак во темава.