Две работи ме интересираат, извини ако навлегувам кај што не сакаш и игнорирај, ама во склоп на муабетот е па ќе те прашам, значи втор ден од пораѓај ти правеше ручек а дома ти беа и мајка ти и свекрва ти, они што правеа? И, кога ти се појави проблем си лежеше ама и си подзабришуваше прашина?
Да ја бев една од тие членки што ја "нападнаа", ама извини никој не ми поклонил ништо,сама кренав спрат и денар не ми дале они. Све си направивме сами со мм и уште правиме. Баш зошто сами правиме имаме уште работи кои треба да ги направиме и не чекаме од никого ни финасиска ни било каква помош. Никој не ми се меша во кујна, си имам моја и дете никој не ми зема нигде без прашање, зошто така сама сум си ги наредила работите. Ја гледам и ме гледа само на излегување/влегување во/од двор. Јас не сум некоја прошетана зошто живеам со нив, баш напротив штедам за да си досредам све дома. Кога нешто не се знае, подобро е да не се збори
Па тебе и онаа другата ви е криво за туѓиот двор. На секое реплицирате,оти сами све сте направиле никој не ви помогнал. Па се запрашавте што сте посебни вие што немавте кој да ви даде... Така било пишано и сега?!
Ова со пикањето на снаата на синот на тетка ти, го заробила и дрн дрн, ти е сосема непотребен муабет. Па и немал среќа
Први се јавија во коментар идниве свекрви со коментар дека сами требало да си створат се и никој во ништо да не му помага. Тие се нели, мајки кралици и све сами си направиле а ние кутрите кукаме дека ако ни трееба помош сакаме да ни биде дадена. И тоа не којзнае каква бе луѓе, еднаш да и текнеше нешто самоиницијативно да направи. Јас никогаш нема да и речам исчисти ми ова или зготви ми она, но треба да се има осет на новопечени родители да му се понуди помош и никој тоа за зло не го зема. Изгледа вие што се буневте во иднина не планирате да му се најдите за ништо ни на детето што сте го родиле, од каде овој ладен однос не знам...
Мислиш дека нема кој да ми даде? Не греши, несакам. Мајка ми 1000 пати се има понудено на секаков начин, несакам бе. Сакам да си се мачам, да створиме сами да си легнам навечер да знам дека секој денар, секоја капка пот си е само наша. Секако наследство од кај мајка ми ќе си добијам, не ме мисли толку. За што да ми е криво? Маж ми знае да пушти машина, знае да чисти, знае сам да си направи јадење. Не чека на мене све, а ни на мајка му. Повеќе ми личи дека на некој друг му е криво за туѓиот двор.
Чекај како немало кој да им даде а спрат во чива куќа кренале? Значи ти дале спрат од куќа? Нас ни толку не сакаат да ни отстапат па еве сами си плаќаме кредити. Дај боже и ја да имав спрат да со дадев 15.000 еу и да си завршев работа ама не ја и многи други заглавуваме со кредити 50-60000еу...Они си мислат дале спрат завршиле работа тоа што ти мислиш дека сами сте напрајле тешко. Сами е сами од 0 без спратови без дадени станови како ние што сме со мм.
Извини што да ми биде. Два стана,кола имам, се е на мое име. Не сум побарала ми оставиле. И сега ? Образложи ми што треба да ми е криво
Искрено не знаев дека сме толку Еманципирани ко за народ што не носи маски оти корона не постоела и носи деца на бајач пошто плаче од уроци. Алал да ни е
Конкретно зборував што не мрднале со прст и не им помогнале. Све сами направиле,купиле стан, со кредит без или под кирија и крпат крај со крај. Мир имаат ама на темава се жалат како не добиваат помош. А ако им дале спрат тоа е веќе друга тематика.
Па незнам еве ти прва го спомна тоа криво демек ти нас ни го пиша.Образложи мене за што ми е криво. Да не пишувам сега и јас и мм што имаме, ќе излезе дојдов да се фалам. Како што ме направи лом претходно, зошто сум била горда сама на себе.
Па ти и скокна на членката очекувала помош,а ти не си добивала. Мислам која логика е на секоја членка да реплицираш како се ти си направила, никој ништо не ти дал. Добро кажа и? Секој си има различни гледишта, некој сака помош, некој не и тоа е. Не мора за во туѓ двор да трипаш и да ти е криво. А криво ти е...си имаш подголтнато. Пак ќе ти кажам јас се имам и ништо не ми фали а сепак живеам во странство и плаќам кирија. Јас што имам постигнато за една година - САМА ти ни толку со маж ти нема. Има луѓе што можат и не можат.
Ти златна ништо незнаеш. Сама си кажа, ти дале. И јас имам пола куќа во тестаѓент што пишува дека ќе е моја, ама не скокам да се фалам. Јас сум имала понудена помош, не сум ја сакала. Фала богу способна сум моето домаќинство да си го водам сама со мм. И ти незнам што скокаш толку.
А значи така, ништо не сакаш ама бараш пола куќа. За тебе нас што ни дале сме неспособни и не знаеме. Има разлика меѓу пола куќа и цел стан Ти реков - криво ти е.
Како се претставувате како никој не сака наследство и сам ствара а во секоја куќа скарани има за имот. Ќе мисли чоек у Шведска живее коа ве чита.
Е де, а нејќела ништо. Двојни арашини. Се прави на форум кралица “ја се постигнав сама,ништо не ми треба,ништо не барам”, малку да повлечеш за јазик и си излегува се на виделина.
Не барам, така решиле мајка ми и татко ми. Утреден таа куќа ќе си ја продадеме со брат ми и ќе си купам 2 стана од мама и тате, исто како тебе што ти дале хехе
Абе да, сигурно сакаш да се мачиш, и овде сакаш да продолжиш заглавена во бубањ на темава, а нејќеш да шеташ место тоа. Кого тоа мислиш ќе излажеш сем сама себе? Еве и ја барам стан. Ако ги прифатев парите свекрва ми што ми ги нуди, веќе 2 години ќе имав стан и тоа ќе пиев кафе на тераса со поглед на море. Ама одбив. Ми праќа ручек 2 пати неделно минимум. Уз ручекот секогаш праќа и салата, се исецкано само да зачинам по вкус. Секоја сабота ми пазарува овошје и зеленчук и обавезно ги мие пред да ги прати. Дур бев трудна ми се наоѓаше за чистење и перење. Ако ми затреба, нема шанси да ме одбие. Секогаш се јавува и прашува дали ни треба нешто и дали и кога ќе може да го види бебето. Сум и кажала дека не ми треба ништо, ама ете таа си сака. Чим сака нека. За мене е голема помош, оти сабота место да се затворам дома и да готвам, ја шетам. Кога се во село, одам вадам цвеќе и подзачистувам прашина. Сакам да и оставам пример на ќерка ми како треба со родител, мој и на маж ми. Сите знаеме како е најдобро. Секој да има доволно пари за дом, за деца, за шетање и никој од никого да не зависи. Ама реалноста често пати е многу поинаква. Да гледам дека пати и се мачи, да можам и да не помогнам, па кај ќе ми оди душата? Или да се мачи и пати и да не прифати помош од инат на свекрвата? Глу пос ти! Не бидете инати, нема круната да ви падне. Само ќе имате здрав однос и ќе бидете добар пример за децата како едно семејство треба да функционира.
Охоо па ти спрат и пола куќа затоа што ќе ти е да дојде да ти помогне тие и многу напрајле. Мене ништо имот не ми дале на изволте затоа викам бар да дое да потсреди да осетам дека имам свекрва