Па не ми дал сеуште никој ништо бе. Тоа ќе е за 30 години можда од сега. Јас пензионерка ќе сум тогаш. А кога збориме за двојни аршини, жената имаше пишано "како сака да го гледа детето, а нејќе да помогне", "нека стави маска и нека зачисти", "мм дур е на работа да дојде да ми пушти машина". Еј а јас кога пишав на почетокот дека перевме во иста мсшина во куќава, ме осудивте како тоа не ми било срам мајка му на мм да му ги пере гаќите, како не и било грозно,а шо на свекрва и на членката не би и го рекле истото? Двојни аршини де Ама мама ќе ми даде, кога ќе умре, а мама млада ми е уште. Ваљда за 20-30 години. До тогаш сигурно нема да седам на улицс и да чекам наследство Нашиот здрав однос одамна го нема, не по моја вина. Инаку во право си за напишаното, искрено ми се шета не дека не, ама ќе си ја испружам чергата до кај што ми е. Доволно ми е да одам на плажа за викенд, зошто ми е блиску.
Ништо не знаеш тоа да ти кажам. Колку да си ја задржиш круната збориш. Се ти нешто се пронаоѓаш, те болеше кога ти кажав дека имам се, па ми кажа сум се фалела одма,како ти се имаш и се поседуваш...бла бла Види срце мене не ме занима твојот двор ама еве ќе те прашам: Мама ќе ти даде,а тато што ќе ти даде? А нели рече и двајцата ќе ти дадат? Одлучи се, да не испадне со прстот у уста да седиш.
Хаха абе ти скокна да ме судиш кога си бев горда сама на себе за работи кои сум ги постигнала, ти сега овде си се пофали што имаш, ајде сега и јсс ќе се фалам, како деца во школски двор. Можам да нспишам што сакам, незначи дека е вистина, така? Татко ми не е жив,затоа пишав мајка ми, ама заедно го имаат створено. Нејсе, не ми одговори на прашањето зошто двојни аршини?
@buba4e89 @Nevenche26 женски темава е за проблеми меѓу снаа и свекрва, а не докажувања која колкав имот има, стекнат или наследен.
А чекај спратов кај што живеете е кај свекрва ти или кај твојте? Пошто нас ни толку не ни дале. А ако си кај свекрва ти и тврдиш дека никад не ти се качила горе за да ти се "меша" тешко тоа. Можам да претпоставам дека сте се искарале и затоа си толку гневна сега према сите што сакаме помош од свекрвите. Во иста куќа не е лесно да живееш затоа и ние Сами ствараме не отидовме на полесно во спрат
Ај ако не степајте се која имала повеќе наследство, о Боже Спојлер Ауч @candy.cane пишала веќе сега гледам
Над свекрва ми сме,да. Не ми дале спрат, ни го даваа вториот спрат, не го сакавме, над нивните два, мм крена карабина, стоеше така некое време и се средивме. Не сме скарани, ама и поставивме граници, се понашаше како све нејзино да е. Сега да сака да дојде или треба да ми ѕвони на тел или да тропне на врата, а за неа тоа е помижување и не иде. Ептен ретко некогаш. И ние од 0 почнавме, имавме на страна кај да направевме куќа, ама мм не сакаше, после се покаја ама тоа е. Сега е се како што си сакаме, само во двор се гледаме и ете така еднаш неделно на кафе или ручек, секако го гледа внучето, не и е забрането.
Па нејзино е не знам зашто викаш Мисли дека е нејзино. Што дека сте направиле карабина пак е куќа нејзина може не сакала таму да живеете може и они сакаат сами никој да не им се меша како вие
Не и докажувам, она рече криво ми било оти она се имала,се сама постигнала и цело време на секој туѓ проблем тоа го зборува. Нејзе не и дале ништо,се она сама. Добро и сега треба тоа на секој пост да го збориш. Уста не затвори.
Ама ти незнаеш што сме се договориле пред тоа. Она несакаше да сме посебно, она нејзиниот спрат ни го даваше. Не е нејзино, спратот ни е на име на маж ми. Доволно? А куќата е од свекор и свекрва и уште. Не ја има она правено. Значи моето си е мое, нејзиното друг и го има направено. П.С. Јас ич не им се мешам. Како станари во зграда си се понашаме.
Тоа е работа не е ваше. Чекаш на некој друг да ти даде за да можеш да живееш да имаш каде а тука ми тврдиш како ја сум можела помош да барам. Извини ама и ти зависиш од нечива помош. Да не ви дала кузнае дали ќе си размислувала и на брак и на деца...не е така? И тоа пак не е твое. Твое ќе беше да си купела плац и да сј почнела не од 0 туку од минус како Јас и мм што почнавме без денар и без ничив имот . Џабе прајме муабет искрено и џабе живееш во илузија дека сами сте напрајле
Ама ова е мое, на име на мм. Има плац мм негов купен, ама се договоривме со свекор ми и свекрва ми вака да е пред да градиме.Они имаа желба да сме над нив. Ништо не ми дале. Разбираш? Значи ова е мое, колку станот што е твој. Не се грижи за мои приватни работи, види збори си со свеки дали ќе сака да ти го чисти цел живот твоето вц, зошто маж ти го жалиш, а ти нејкеп средства. Остави ме мене, јас тешкото го поминав.
Не е твое, на маж ти е.Ништо немаш на твое име, се е на маж ти. Тоа значи дека еден ден кога ќе се скарате ќе може да те брка.
Ќе ми чисти него како прва снашка сум башка прво внуче ќе ме гледа ко капка вода. Со мм заедно под рука ќе си чистат ја ќе си шетам на чист воздух...Абе девојче кој како ќе си ја нареди во живот.
^Ќе ти чисти, ќе ти чисти, спиј си ти на тоа уво. Впрочем ти не треба да и се лутиш на свекрвати, таа не ти е должна да го чисти вашето вц, туку обратисе кај твојот маж, зашто мама нема ни потреба, ни волја ни па е таксана да ви биди чистачка!
Аха значи само за прва снаа и прво внуче важело. Ништо, родителиве мои веќе имаат внуче јас ич да не се надевам на припомош
Не ова за свекрви важи твоите родители ќе ти помогнат сигурно и на мојте ќе е второ внуче ако ништо од една страна ќе ќарам чистење