Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Како и да е убаво ти рекоа членките, прво не сте стекнале се сами, требало да купите прво плац, да изградите, да платите комуналии и се а не вака на готово, над нечиј друг покрив сте направиле. Требало да седите оод кирија и да градите. А додека правевте не заборавај каде сте живееле, еден спрат подолу од каде што сте сега, во куќата на свекрва ти.
    Друга работа убаво викаат не е твое на мт е. Ако еден ден ти рече чао ти отишло целото вложување.
    Ама ти не се секираш, имаш дел од твоите и таму ќе одиш затоа што нели несакаш ништо да ти дадат, се ти сама си направила.
    Добро било кога човек бил "вака независен и се направил сам", добро е.
     
    На Stressed Out, Dalia93, felisitas и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Не бе, ќе си земам се што е мое од спратов и ќе си се качам во кола и ќе си одам. Ѕидови се прават со малку пари. Башка нема што да ме брка, не земав дебил за маж. А и стварно темава не е за имот и наследство па да анализирате што имам, што ќе имам.
     
  3. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Имам право, и проблемот јас не го гледам во друг туку во себе. Мм кога ќе го побараат ги одбива и после јас викам ајде греота се, и ние ќе остариме, немој така. Дури понекогаш ми се лути што го притискам и самиот ми вика имаат на кого да се обрата, немаат потреба од мене.
    Само јас сум крива, и верувај повеќе услуги јас им правам него мм. Ама тоа е.
    И дали зборам за мм како за напуштено дете, можеби да, бидејќи секако бил напуштен. Уште пред полнолетство бегал од дома поради тоа што му го правеле. Затоа се дистанцира од нив, не поради мене. Јас не сум го ни познавала во тоа време. Затоа во мојата ситуација не е така за да речат снаата им го оттргнала синот или го учи дека се лоши. Знае тој уште пред мене какви се.
     
    На Puffy2019, Skorpija25 и Milkiway им се допаѓа ова.
  4. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Муабетот беше за иста особа како гледа на работите од перспектива на баба ,а од друга како свекрва ,убаво им е на керката некој да и помага и да ја гледа,ама кога станува збор за снаата таа не заслужува ништо па дури е и крива....тоа ми беше муабетот а мислам се подразбира ...
     
    На Anyshka, Stressed Out и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  5. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Сакав да ти доловам дека сепак сте добиле нешто, не сте без ич.
    Како што рече ѕидовите се прават со малку пари а стан се купува со многу пари. Намештајот и се вматре исто кошта колку и бо стан и во куќа. За сам треба навистина да бидеш сам.
    Погрешна одлука сте направиле затоа ќе ја трпиш свекрва ти.
    А знам дека некогаш нервира и само да те погледне.
    Во свое сам, баш сам е друго.
    Ниту ќе гледаат кој ти дпаѓа, ниту за родител ќе ти преречат, ниту попреку ќе го гледаат. Ќе си ја знаат границата бидејќи сите ќе ви бидат гости па нареден пат може и на заклучена врата да наидат.
    Зборам за било кој што се меша во односот помеѓу младите брз разлика свекрва, јатрва, сестра, мајка.
     
    На Puffy2019, Skorpija25, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Се забега од темата. Како и да е, колку и да не сакате помош од свекрвата ако загусти или искочи нешто у 5 за 12, лошо или добро, ти се слошило, на другарка и се десило нешто, ти затребало нешто од маркет итн секогаш ви е таа на располагање, колку и да не сакаш ќе го оставиш да го причува. Мене не дај боже нешто да ми се деси како што сум нонстоп сама.
     
    На Martka, candy.cane, Mami3 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    а што реков јас да ги раниш и сметки да им плаќаш??/ До милиметар се дели имотот ...тоа се чека една соба да им дадеш зашо и ти да не си имала основа како ке си доградела поткровје врз двата спрата од свекрва ти???..тазе земени уште некој дали и се вработил ,а во нашава држава и за колку пари ??ке најде пари за плац да купи или за стан .?/ за под кирија теско со една плата или пак два минималци ..зашо освен сметките треба и да се јаде,а и не е само тоа....освен ако не е лопов па средил работа ..за да стигне до пари за стамбен кредит да земе му треба влог ..кој за неколку месеци не се собира покрај тековни трошоци ....не ми се јасни математикиве...мое е ама врз на свекор ми куќата ...па ти уживај си , ,ама многу значи да има собче за почеток кај да се сместат ..сигурно после они од тебе нема да чекаат,а доколку чекаат значи ти така си ги научила..А помош да почуваш саат бебенце дур мајката си среди други работи низ дома,да го прошеташ саат време газот ке ти падне.и ти ке прошеташ и со другите баби ке се видиш,.комишика да ми рече ке го причувам нејзиното а не пак моето внуче... себичност до бескрај...Сопстевеното внуче нема да го сакам ради снаами ....

    Да ке имаат заштеда доколку се над триесет години двата ...освена ако од 18 не работат ..а и која плата би ја земале без школо.Да земаат добра плата треба бар факс да завршат ...со приправнички стаж дур дојдат до посакувана плата да можат да штедат мислам бајаги годинки треба да поминат ,плус млад човек видел своја плата сака да си купи што посакувал да прошета ...така да не познавам некој што на 25 си купил стан ,без помош од родителите ..и за кредит да земеш ти треба неколку илјади евра влог ..малку не изводливо ..е сега да се земат напостари години коа се реализирани веке е друга песната ...
     
    Последна измена од модератор: 8 август 2020
    На Anyshka, Mami3 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  8. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не напишав дека сопственото внуче нема да го сакам ради снаа ми. Кај прочита такво нешто? Кај прочита дека нема да сакам да си го чувам внучето или дека немало да го шетам?? Јас зборам за финасиска помош.
     
  9. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.649
    Животот не е црно бел, а не се ни односите меѓу луѓето. Некои од мислењата вриштат од математичка коректност, и егоизам.
    Многу се натегате со тоа чиво е. Затоа низ државичкава ни наша, има толку оттуѓени фамилии.
    Да не се разбереме погрешно и јас имам патено од свекривата моја. Имам патено и мала од роднини заради тие имотни натегања. В гроб си заминаа, останавме непрезборени.
    Се мажив, никој ништо не ми дал, живееме како што знаеме и минимално, за разлика од сестрата и братот на мм, на кој му обезбедија се, нас ништо, и на тоа ништо уште сол на рана ни тријат, како сме неспособни, и со неброени боцки кога ќе се видиме. И, сум била болна и неподвижна, не прежали свекре, еден повик, а камо ли да дојде да помогне. Се, мојот маж, да е здрав и жив.
    Јас при сознание дека снаатз ми има таков проблем, секако би и помогнала. Тоа е таа емпатија и чувство за солидарност, за која зборуваат некои членки погоре. Жена може најдобро да ја разбере друга жена. Ама ние сме си една на друга непријател.
    Утре да има потреба, јас ќе и помогнам, а не како таа мене, еден збор за поддршка, камо ли помош во тие работи што ги набројувате, не сум добила. И не, не сум побарала, сано овде гласно разнислувам, колку суровост има во некои луѓе, истовремено сум помирена дека едноставно постојат такви. Затоа и назад напишав, нека не ве чуди, исто така нека не ви е мака. Крај краева оној што губи се вашите свекрви.
     
    На SandStorm, LadyR, Puffy2019 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Извини ама мене не ми треба кредит ,моето го поминав ,градев правев не отидов на направено ,фала им беше за едната соба која ни ја дадоа ,после со помош на моите родители и кредити си изградив колку два стана,ама да не беа моите не знам како ке почнев со се,сеуште на факултет маж со сто евра плата ..многу беше изводливо да се платат сметки и помине месецот плус и да собериш пари за влог во банка за кредит .
    А иначе по муабетот и претпоставка од кој крај доаѓаш не би рекла дека не си добила бар спратче од свекор ,зашо во тој крај колку и да е сиромашен човек со помош на земјоделие обавезно за синот има спрат ..со ретки исклучоци ...јас сум женско па од истиот тој крај родителите се потрудиле за кров над глава .Ама штета отидов во велеградот ...Каде сите се дотерани и прошетани, доволно е гарсоњери створиле па да мислат и за децата .

    А вие цело време се контрите за финансиска помош??? Извини не знаев се почна со помош после пораѓај ....у право си не им давај пари...ке си се шеташ ти ке уживаш ти е гајле за децата,ке им дадеш над твојот кров да си доградат карабина...
     
    Последна измена од модератор: 8 август 2020
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.679
    Допаѓања:
    174.035
    не ,не грешка си
    од свекор имаме кука ама не
    еве здравје боже на пролет почнуваме да градиме од ново кука наша за мене и маж ми
    син ми ке го има станот во кој сега живееме
     
    На Mami3, teaiva и stetoskop им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.488
    Допаѓања:
    127.347
    Пол:
    Женски
    Од вашите родители и свекор и свекрва не можете да очекувате цело време да ви чуваат деца и да доаѓаат да ви чистат.За децата биле должни,ама не се и за внуците.
    Друго е ако тие сами сакаат.
    Во ред е и ако имате итна потреба.Но,не е за цело време.
    Некои се со болести,некои уште работат.Не е во ред да им ги тупнувате.
    За чистење,ќе си зачистите кога ќе имате време или платете некоја жена да ви зачисти.
    Значи...
    Имотот на твоите родители е твој или делумно твој доколку имаш брат/сестра.Имотот на родителите на твојот сопруг не е твој,туку нивен и на твојот сопруг и на брат му/сестра му доколку ги има.
    За да е домот баш твој или треба од твоите родители да го наследиш,или да го купиш од друг човек со твои пари,или пак да купиш плац и од темел да го изградиш со твои пари.
     
    На MeowMeow, Veta, Puffy2019 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    26.409
    Пол:
    Женски
    Па никој со сила не му тупнува ништо или со сила бара
    Цело време истиов муабет се зборвит а ти само го повторвиш :drunk:
     
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Да ти одговорам и на овој дел, не го дочитав прееска. Како што пишав ако немаш за стан и немаат како да ти помогнат, опција си е кирија, опција си е заедница, ако не си во состојба да си заштедиш пред брак. Ако имаат и сакаат нека дадат. Ако немаат, нема ни што да ти дадат. Тоа ми беше поентата.

    Јас не велам да не помагаат. Нормално дека ќе помагаат ако можат. Само велам дека не сите де закачени за мама и тато да им земат кредит и да им остават наследство. Јбг некои мораат сами да се снаоѓаат. Тебе ти зеле кредити, те обезбедиле, ок. Не е невозможно млад брачен пар сам да се снајде за стан, побогу неколку познавам. Ако ти не си успеала сама, не значи дека е невозможно :)

    Е сега годините ги спомна, во однос на тоа, семејство се планира. Ако некој нема услови, не може да им рече дома ајде дајте за кредит ако немаат луѓето, а во меѓувреме да се шета под одмори, побогу сакале да прошетаат млади биле? А овде немаат кај да живеат па им земаат старите кредити. Flawed logic much?

    А помош секако дека е добредојдена, не мора да е финансиска. Нормално дека ќе ти помогне кој може. А и кој сака. Не секогаш ќе сакаат, па ќе мора да се снаоѓаш сам.
     
    Последна измена: 7 август 2020
    На Puffy2019, Idedemja и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    Значи маж ти е возрасна особа, не дете, не може ти да си крива, свекрва ти да е крива, само тој никако да завземе свој став, сите му влијаете. Не коментирам веќе на случајов, пошо се избега од темата

    Се е кажано.
    Особено болдираното, да не се збори за синовите дека треба да се центар на светот на свекрвата а начукале по 35 години и имаат жена и деца.
     
    Последна измена од модератор: 8 август 2020
    На Nevenche26 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  16. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Леле кое извртување муабет и тропање глупости алал да ти е. Зошто на маж 30+ години мајка му да му дава пари? Двава долни спрата секако ќе останат на мм, јас ќе му ги дадам и двата ако ги сака, ако не ги сака што да правам? Да заглавам во кредит од десетици иљади евра за да му купам стан? Ако не леб и сол да јадам па, за да не излезе дека не ми е гајле за децата. Господе боже
     
    На CameliaMiller и stetoskop им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Искрено забегавте ептен. Посебно со Чистењево абе удав сте. Ама не сте ми ни мене во кожа ни ја на вас за да тука нешто се судиме.
    3 години сме во брак. 2 год чекавме да добијам решение на работа кога сфатив дека ништо од тоа решивме по секоја цена дете да имаме за уште 1 год да се нервираме дури затруднам. Не ми дале спрат па моравме сами, 3 год со минимално не не прашале дали имаме или немаме ( според вас тука не требале да прашуваат ете добро), никогаш никаква помош не сме добивале се сме правеле сами. За сметка на тоа чекавме за бебе. Фер е? Не е и ја сакав бебе порано да имам. И да не морам да работам да си седам дома како поединци што сега ќе ми трубат за чистењево. Да си чувам дете дома зошто со 10.000 еу спрат сум кренала. Епа неговите родители не сакаа да мрднат со прст по тоа прашање. И ете пак успеавме сами. И фала богу зошто да не дојдеш да помогнеш. Може и ќе ја одбијам. Доволно е да прашаш "Дали нешто ти треба дали нешто да купиме Дали нешто да помогнеме." За да не се осетиш сам дека си. Пошто верувајте да слушате некој со години АЈДЕ КОГА ДЕЦА а вие дома ќутите и се пребројувате месецов како ќе истерате Не е баш лесно... Така да ве молам не дрндајте многу зошто не знаете секој низ што поминува и зошто на одреден начин се однесува или не се однесува. Не може Родители да се понашаат ко најголеми туѓинци..вие двојте се и понатака Ваше право
     
    На Anyshka, Stressed Out, felisitas и 15 други им се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.534
    Допаѓања:
    174.223
    Коса ми се крена читајќи ... и со прст у уста сум (facepalm)
    Абе не 35, 45 нека има синот -пак ќе давам ... и за ќерката важи ова истото ... Ја ако не дадам -комшијата сигурно нема да даде ... нека си печалат они , никој не ги спречува ,ама да имам а да не дадам -неможам
     
    На Anyshka, Martka, Stressed Out и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Не знам кој за која земја зборува ама за кај нас, ако еве родителите на младите не обезбедиле некако за учество огромен број на млади брачни парови кои ги знам не ќе живееја во стан туку во заедница.
    Друго во кои случаи нешто е твое и само твое убаво опишала погоре @nextredstyle .
    За помош на свекрва кон внуци на снаа и син и помош на снаа кон свекрва кога е повикана веќе пишав, тоа е до самите личности. Нормално е свекрва да сака да си ги види внуците, да поигра, да ги причува, но нормалное е и да НЕ САКА да го прави тоа, нејзин личен избор. Снаата за возврат може да сака да и се најде на свекрвата или не, пак е тоа нејзин личен избор. Ама да раѓате деца и да се мажите и да калкулирате и чекате од свекрви, па од старт си ставате трн во здрава нога. Се осеќам финансиски спрема, зрела за брачна заедница и се мажам и раѓам, а не очекувам од мајка ми или сверва ми да ми слугуваат. Може да сте во странство на не знам ти колку километри оддалеченост и тогаш пак ли ќе очекувате од мајка или свекрва или ќе се снаоѓате како знаете и умеете?
     
    На redhead, Puffy2019, Mami3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Значи ако не сум финансиски спремна да купам стан/куќа/спрат подолг период или едноставно двајцата работиме за минимална плата не треба да се мажам подолг период или деца да имам?
    И аргументот 'А што ако сте во странство' е во секој коментар. Ок е. Ако сум во странство сигурно нема да пишувам тука.
     
    На Anyshka, Skorpija25, Milkiway и 3 други им се допаѓа ова.