Епа секој си има свој став околу тоа.Сите ние сме биле пред тоа изнашетани,ама ние 4 год сами немаме излезено.И баш би ми пријало да имам еден ден да седнам негде без да пазам дали трчало,паднало,раат да јадам и сл.Мислам на повеќето би им пријало да имаат таква одишка еднаш во месецот.
Да ќе го гледаш, бидејќи ти е родител тебе или на твојот сакан, те створил, те воспитал, те ранел. Пред се е човек. Еден ден и ти и јас и многу други, ќе бидеме стари и посрани а можеби и бетер, ова не е вратка дека ти ги гледале децата туку тебе и твојот сопруг. Мене и моите сестри не одгледале само моите родители без помош од ниедна страна НИКАКВА !!!. Дедо ми и татко ми (неговиот зет од ќерка) никогаш не биле блиски дури на моменти не ни разговарале... ама погоди кој беше до него во последните денови од животот, кој му менуваше алишта, кој го ранеше бидејќи забораваше и да џвака сам па мораше некој да го потсети, кој му готвеше. Верувај во такви моменти кога еден човек е на крајот од патот размислуваш многу подруго. Ти посакувам ова никогаш да не ти се случи. П.С Извинете за постот оффтопик
Еве се вратив да ви ги разрешам дилемите, оти се почна од мојот пост каде пишав дека свекрва ми ни ми помага ни ми одмага. Дека никогаш не не прашала за финансии, дека не ни овезбеди живеалиште, дека ако не појдеме ние, или не се јавам јас никогаш нема да заѕвони, дути ни кога ми беше болно 7 месечното синче. Причина за тоа не сум и дала никогаш, никогаш не сме се скарале. Можеби не и се допаѓам нејзин проблем, на син је му се допаѓам 15 години хиихи толку сме заедно Двајцата работиме државно, земавме станбен кредит. 15 000 плаќаме рата хахах јас сум брутално искрена. Внатре од вињушка до мебел до апарати татко ми ми го опреми. Првата година со бебе мало, нови трошоци , памперси, ваков сируп, такви капки. Гости за станот за бебето софра да ставиш па неколку свадби ќе ти испаднат, некој роденден. Па кола да регистрираш. И сега ми велит некоја таму дека е нормално, и е во ред свекрва ми што не се задумала, да рече деца ако зачкрипи тука сме.
Добро бе жени а тие мажи за украс ли ви се или тоа не е машка работа да ви помогнат и да чистат, готват, па во денешно време сите баби над 60 години имаат проблеми која со коски која со некои органи и што они да дојдат да ви готват а маж ви да леже и чека абе ајде
Абе така зборат жени што седат дома не работат и лажат дека свеки не им чува деца врска нема со реалноста и се лупаат во гради
Внук ми е викенд кај една баба друг викенд кај друга баба. Сестра ми и маж ми ќе излезат знаат и во кафана да седнат ако ништо си седат одморени дома. Ем бабите среќни ем родители одморени. Не се они свесни колку значи изгледа викенд дете да биде кај баба. Посебно кога двајца родители работат до 17-18ч пошто само државно е до 15ч ние што сме приватно и што сме во скопје кога е гужва пред 17:30 тешко да се собереш дома...ама неее они нејќеле деца да им чуваат не бидете себични деца си растат и сами ќе одат кај бабите не се секирајте
На страна муабетот за свекрви/снаи, само сакам да кажам дека можам само да сонувам некој некогаш да ми земе дете на 1 ден, а камоли повеќе со самото тоа што живеам надвор од Мк, оваа опција ми е засекогаш елиминирана. А деца на бебиситерки не доверувам. Сите кои ја имате оваа опција, ценете ја.
А по мислиш сама преживеав вака? Цела бременост потешко од лажица немам кренато, вц само тој чисти да не дишам отрови, првите два месеци јас само за бебето се грижев се друго тој и плус дежураше секоја ноќ додека дојам да не заспијам. Или го думка за јас да дремнам некој саат. И двајцата ненаспани. Ете мајка му на него нека му помогне ако нејќе на снаа и.
А јас пак мислев родител си за цел живот, тоа да ти било дур наполни одредени години детето. Ја да ви кажам, булшит!! Детето секогаш ќе биде центар на светот на родителите. Пред се секогаш ќе биде дете за нив, а потоа се останато. Не постои старосна граница што одредува центари на светот за еден родител. Да, утре детето ќе си има свој живот, јас ќе имам мој, тоа не значи дека срцето ќе престане да ми гори за него. Колку само бесчувствителност, саможивност и его вреска во темава.
А кoгa свекрвaтa си гo стaвa дететo свoе вo центaр нa свoј свет, тoгaш е пoсесивнa, тoгaш мaжoт е лигуш кoј се држи зa сукњaтa нa мaмa...или тoa сaмo зa вaшите децa вaжи? Или некa и биде центaр нa свет aмa oддaлеку, пa кoгa ќе зaтребa финaнсиски дa пoмoгне тoгaш сaмo мoже дa и дoзвoлиме дa јa искaже свoјaтa љубoв кoн дететo? Не збoрaм зa тебе личнo, oпштo зa пoвеќетo снaи и прoблемите нa темaвa. Знaчи кoгa им oдгoвaрa нa снaите тoгaш мaжoт требa дa е мaж и дa се oддели oд свoите и дa е сaмoстoен, aмa пo пoтребa мoже дa бaрa пaри и пoмoш oд стaрите рoдители кoи мoже и цел живoт нa леб и сoл се зa негo, пa прoблем ли е уште некoјa гoдинa? Или мoже дa е вo oдлични oднoси сo свoите сo редoвнo слушaње и гледaње, кaкo штo нели прaвиш сo некoј кoј ти е центaр нa свет, aмa aкo се oд oние штo имaaт и дaвaaт и чувaaт децa. Акo се пoсирoмaшни, јеби гa, некa си нaјдaт друг центaр нa свет.
Убаво кажано. Има жени кои мислат дека ако мажот добил, добиле и они. Е не е така. Ако му текне на мажот да те избрка, ќе леташ со се партали надвор. За членката.....нека биде среќна што и отстапиле простор за да кренат спрат. А не се должни тоа да го прават. Свекрвата можела да рече - Одете на друго место. Ама полесно е на народов да се шета и луксузира, отколку да го испоти газот и да создаде нешто свое без ничија помош.
Во ред е свекрвата да ви помогне ако сака, но сосема е во ред дека таа не ви е должна апсолутно ништо. Да ви се меша оти ви се меша, да не ви помага оти не ви помага. Крајот не ви се наоѓа!? Да, детето секогаш ќе ми биде дете, но ако знае да прави свои деца ќе знае и да ги гледа. Јас ако сакам и кога ќе јас можам би им помогнала, меѓутоа немам апсолутно никаква обврска да бидам бебиситерка на 65 години оти снаата не била спремна да биде мајка. А мажите не се ич за украс, да ги галите и мазите, оти секојдневните обврски се заеднички, тоа што таткото го подржал бебето пола час не е помош туку НЕГОВА ОБВРСКА! Ако таткото не е заинтересиран за помош и делење на обврските во домот ама баш ич не ви е крива свекрвата, а најмалку должна, туку тој со кого сте решиле да формирате семејство.
Ама убаво е и да прочиташ што имам напишано. Мм си купи плац пред неколку години, со маркица, водаз струја све. Свекор ми и свекрва ми го седнаа и рекоа: Истите пари за градење ќе ти одат, подобро направете овде, барем малку по малку ќе си ги средувсте и долниве спратови. И разговаравме и се согласивме. Они така сакаа, ние не планиравме така. И да ти кажам колку е лошо толку е и добро. На средниот спрат сменивме, прозори, ролетни, преизлакизлакиравме паркет, сменивме врати. Ставивме соларно. Се јас и мм. Што и да треба да се поправи мм прави, од струја, реновирање. Си го средуваме за нас, а воедно и за нив. Значи, не ми дале ништо посебно, инвестираме и во нивното. А и да дојде еден ден до развод, ние сме цивилизирани луѓе, нема што да ме брка. Можда не е мое, ама од искуство на познати, жената си зема све што има вложено, од мебел, од опрема. Ама секако не ми е во план развод, така да уживајте, се потам и градам нешто свое, што ќе остане и за моето дете.
Абе колку лесно го кажувате ова да создаде нешто свое, занемарувајќи го фактот во која држава живеете. Не секогаш се се случува според планираното. И јас и мм планиравме оваа година да тргаме пари на страна, а другата година да се земеме и дете да правиме, ама бебе направивме оваа година и се земавме оваа година без ништо на страна, па сега благодарение на неговите родители и на мајка ми колку се во можност ни го средуваат спратот. И да должност на еден родител е да му помага на детето цел живот, дали финансиски (не да го издржава) или да му причува дете. Секако дека не можеш никого со сила да натераш на нешто, ама секој родител е жртва за детето и до гроб ќе се труди да му помогне.
Другиве што се развеле планирале развод. Смешна си. Не знаеш животот со што ќе те изненади до после, а не пак за неколку години. Да можевме да планираме така и се да излегуваше по план, кај ќе ни беше крајот. И не, не можеш да си земеш се во случај на развод. Можеш мебел единствено. Прозори, врати, плочки, ламинат, ѕидови, подови...не можеш да си земеш. А ако му текне, нема ни еден стол да ти даде, иако ти се си купила кога си отишла таму. Па ќе се влечеш по судови. Имам таков пример. Така да, прво скокни, па после речи оп.
Да се надоврзам, должност му е да те направи самостоен човек што сам ќе успее во предизвиците на животот и кога него ќе го нема.