И плочите скршени ако ги земеш што ќе ти се после? О Боже, циркузи. Добро, штом толку си сигурна во маж ти, се надевам дека нема никогаш да се разочараш и во него, а и во твојата слепа верба. Оти има и такви. Колку сакаш.
Еми имотот стекнат во брак се дели на пола. Ако има бракоразводна постапка и се реши мажот да остане да живее во куќата - и исплаќа половина од вредноста на имотот на жената. Ако имотот е стекнат ,купен, изграден пред да стапат во брак , не и следува ништо на жената(и обратно).
Знам Луна. Ама знам и дека овде во многу случаи не е така. Знаеме како е во земјава, едно пишува на лист, друго се прави. Знам лично пример каде нејзините го опремија цел спрат, дојде до развод, на неа не и даваа да пристапи до спратот, а не да земе нешто. Се влечеа по судови неколку години, не знам каков е исходот.
Имотов е на име на мм, мене тоа воопшто не ми е проблем, имам мој дел кај мајка ми таму ќе си одам, ако дојде до такво нешто. И развод ми испланираа. Чудо
Моја другарка се разведе, станот што го купија откако се земаа, го продадоа после развод и парите по пола се поделија. Не знам во каква ситуација била твојата пријателка ама законот е тој. Без разлика што е името на маж ти на имотниот лист, ако тој имотен лист се извадил додека бил во брак со тебе- ти следува половина. Мислам дека нема потреба од препиркања, сите животни ситуации се различни, премногу се суди и се напаѓа во темава.
Ти го испланиравме, само таму ни е паметот. Тоа се планира предвреме, оти живот е, еднаш донесува, друг пат однесува. Некои паметни луѓе, таму некаде и предбрачни договори склучуваат, ама каде ние со нив, можат вода да ни носат колку памет ни тече низ ушите. @LunaGrey со стан е подруго, ова беше спрат од куќа. Затоа го правам муабетот, оти и во случајов е исто така.
Има разлика од патолошка бременост до бремена сум, не сакам ништо да работам, мм не знае, мора свекрвата да дојде да чисти, ручеци итн дека нели кога си бремена си специјална снегулка. Сите фази ги поминав на мајчинство, три пати, последниот пат кога останав бремена имав 5 месечно бебе па освен мм кој земаше породилно никој не ми помогнал, мајка ми почината, татко ми во друг град, родителите на мм си се вработени со обврски, не дека никогаш не дошле ама тоа кога они сакале, имале време и им дозволувале нивните обврски. Не очекував од никого потпора и помош освен од сопругот па ете и тој период го поминавме со три мали деца, не умревме, рогови не ни никнале дека никој не ни дошол да ни исчисти, зготви, да ни почуваат децата, а ги почитувам бескрајно родителите на мм зошто му се родители, не е условена почитувањето. [/QUOTE]
Па затоа ти викам, мажот може да си остане на спратот ама ќе си дојде проценител, ќе си процени вредност, ќе се подели на пола и мажот ќе си ја исплати таа половина. Е сега има ситуации кога се игра прљаво и пробуваат да ја преварат жената , ама законот е тој , кучиња не сме па да не бркаат, имаме права.
Леле ај не треси Има мажи што живеат во куќа или стан што е на име на жената и обратно. Сите на развод ли ќе мислат што ќе добијат. Еве ние изградивме куќа, ама местото беше на име на таткото на мм тогаш. Фактички Како подарок е местото,а куќата ние ја правевме.И не треба да придонесувам? Па си викам што биде нека биде. На тоа ќе мислам. Мм ми рече ако дојде до развод, ќе ми даде сума на пари
Немој сега така, несакаат овде да прочитаат дека некоја е способна ручек да направи и дете сама да си чува, што делат обврски само од маж. Да, предбрачен да си направевме, за миЉоните дан си ги делиме.
Ох невенче... И јас немам милиони ама предбрачен си напраивме. Свеки ми праќа ручек за викенд, а преку недела сама готвам, со дете дома што проодува. 12 месеци само 2 пати на пола час ја причувала оти морав на доктор, иначе не давам дете да ми чува за ја да шетам. И замисли, имам разбирање кога ќе речат дека им треба помош оти знам јас колку сум исцрпена. Ниту се неспособни сами да се гледаат, ниту побараа спрат, ниту јахта. Сите одговорија дека малку сочувство од некоја мајка не е на одмет. Али ај продужете како барале родителите да ги издржуваат, барале имоти, барале чудесии, оти супер е додавањево милион работи за праење поента.
[/QUOTE] Ќе си пукнете од мака шо не сте специјални снегулки. Се почитувате да, ни ви дошле, ни сте отишле. Вришти почит.
Некој што не ти е поддршка во такви тешки моменти никогаш нема да ти биде. Пред две и пол години почина мајка ми, и да не беше тој, јас не знам што ќе правев со себе. Најголема поддршка и утеха имав од него. За тоа што мајка му не ти покажала никакво сочуство не ме чуди, и јас поминав низ тоа, па и навреди голтав. Ама за тоа што тој не покажува сочуство и не пробува да те сфати за загуба на родител не е нормално.
Не ме ни чуди што немате никаков однос со свекрвите ако вака се однесувате и во реален живот. Како дојде до закључок дека ниту ми доаѓале, ниту сме им одела на родителите на мм? И да ќе си пукам во колено дека не сум специјална снегулка.
Не душо. Требало да ги прочиташ мислењата назад да сфатиш за што збориме. Ама ти се истрча да кажеш колку си мајка над мајките. Баш тоа зборевме дека би сакале да доаѓаат, да причуваат внуче, да се јават да прашаат како сме, дали ни треба нешто. И јас сум сама со маж ми, не ми готват, не ми чистат. Ќе пишев дека сум со царски ама и тоа не признавате. Нема врска, не се жалам. На крајот на денот среќна сум. Не само што не ми дале ништо туку и ни го земаа местото од кај што го вадевме лебот. Сега сме со мало бебе, под кирија, со кредити и живееме само од моето породилно. Денеска маж ми се понижи по 100ти пат да се јави, да проба да се смират и пак ни свртеа грб. Денеска официјално ставаме крај. Вредни сме, ќе се снајдеме барем знам дека е крај и нема помош од таму. Душата ме боли за маж ми дека родителите му го забија ножот и ќе почнеме не од 0, од минус. Злото од блиску доаѓа.