@Jana06 каде се истрчав јас да се докажувам дека сум мајка над мајките? Тоа што напишав дека со мм сами си ги гледаме децата? Ти се истрча да навредиш дека не ги почитувам родителите на мм, ниту ни дошле, ниту сме им отишле баш како Баба Ванѓа да си, ем вреѓаш, ем жртва изигруваш.
Кој почна со -саможивници, егоисти и уште нешто беше не памтам, за оние што напишале дека децата самостојни треба да се и дека не е должен родителот да им обезбеди куќа или стан? Пошто тоа беше муабетот наназад. Никој не избркал дете на 18 од дома, ама ете ти почна прва со претерување а сега као нападната па се жалиш.
Баш напротив, нигде јас не трчам. Фино лепо си образложив што и како мислам ама ти упадна со напад како само тие со патолошка смеат да имаат помош, мрзи сме, МОРАЛА свекрвата да помага и најјакото специјална снегулка Јас имам емпатија кон тие што им е тешко, не ги напаѓам дека 'изигруваат жртви', саможивници едни. Ќе пукнете од љубомора што на некои им помагаат и им даваат, а вас ништо не ви дале, па сега као вие хероите се сами сте постигнале и вие така ќе ги воспитувате децата се сами да си купат, немој нешто ваше да им дадете Та за нив да не работите случајно Една да се најдеше да ја советува како да и пристапи на свекрвата или да ја охрабри дека ќе успеат и сами. Одма да се напаѓа дека е материјалистка или мрза. Вие семоќни суштества. Сте се заглавиле во кредити за стан и цел живот за тоа ќе работите и после немало на децата да дадат, па нема... Шо ќе дадеш? Еден стан на сите деца? Огромен успех, браво за сите шо се исфаливте.
Прочитав неколку страни и уште не сум сигурна што е главниот проблем за кој коментирате @Jana06 дури не ми се верува што прочитав. Замисли мене моите не ми дадоа ДУРИ ни еден стан ама цел живот ке сум им благодарна што ме воспитале како што ме воспитале и за подршката од нивна страна па јас на помалку од 30 години си имам мој стан и ред други работи заработени со сопствен труд. На децата ке имам да им оставам повеке, не се секирај ама мене целта ке ми е да бидат изградени индивидуи што ке бидат способни да се грижат сами за себе. А не да кукаат и да чекаат се на готово. Не мислам дека свекрвата/свекорот или родителите на жената треба да се незаинтересирани за децата, во тој случај само би била на дистанца со нив. Колку тие за мене толку и јас за нив. Ама престанете да осудувате ако некој не е ЖРТВА за своето дете, оти тоа не е здрава врска. Треба да се има граници, а кога даваш се од себе без никаков критериум - резултатот е 'дете' над 30 години што уште чека на некој друг а му го среди животот.А тоа не е целта на некои од нас.
Кој сака нека живее во заедница, ама никој не може да ме разубеди дека така е поубаво отколку одвоено да живееш.
Живеење на посебен спрат не е живеење во заедница - ако мислеше за конкретниов случај. Исто како во зграда. И може совршено да се функционира на овој начин ама се треба малку осет од двете страни.
Абе вчера имаше фина, културна дискусија. Си кажаа повеќето мислење, одредени си се испофалија и почнаа да се убацуваат ликови со навреди и величење без да прочитаат назад. Е сега, со убаво не се разбираат, па кога ќе им вратиш безобразно како што заслужиле боли. Е и другите ги боли кога лупате глупости за да поентирате ама за другите баш ве заболе, тоа веќе го заклучивме.
Апослутно се согласувам дека кревање на спрат не е “се на готово”, ама е различно од тоа да се купи плац па истите работи да се поминуваат (ни едното ни другото не е лесно). А при купување на стан кога се што вие со труд сте направиле некој го искалкулирал во цената на станот и тоа е “на готово” - не се согласувам.
Уште нешто, сосема џабе се замарате за ШтО ќЕ Им ОсТаВиМе На ДеЦаТа. Децата ваши најверојатно нема ни да останат во државава, така да џабе е и 100 стана да купите. Освен ако ви е за фалење нели
И без да сфатиш кој е главниот проблем си додаде плус и од тебе. Oh well... Ајде вака да сумираме: 1. Никој не би живеел во заедница ако не мора. 2. Никој не рече дека родителот има доживотно право да го финансира детето. (Ама одредни персони поради поента, го увалија истото, демек ако речеш дека не е ок свеки да не се јави и да праша како сте и дал треба нешто, автоматски си паразит и чекаш да те финансира (вклучително и ти го алудираше истото)). 3. Нема ништо лошо во здрава врска меѓу родител и дете, а тоа е златна средина, не посесивност, не апсолутна незаинтересираност. 4. Еве пак: никој не е должен да те финансира, посебно не доживотно. 5. Ако старите не можат и не сакаат да ти се најдат во мака, нивно право. Дегенски е да гледаат дека сопственото дете пати, да можат а да не помогнат, ама пак нивно право е!
ја нема да дозволам да врзам дете и да се гриже оно за мене при имајки своја фамилија си има старечки домови за тоа
Не знам кои се глупостите што јас ги 'лупнав' и навредив друг? Навреда видов само во твојот коментар дека тие што земале кредит за стан се неспособни и е неуспех да се остави само еден стан на децата. Успех е да одгледаш дете што само ке се грижи за себе а не да чека од родителите. Не може мене да ме боли ништо што некој го напишал на форум, нели тука сме за да споделуваме мислења. И затоа го споделив и моето оти сметам дека многу е нездрав тој балкански феномен - родителот да има должност цел живот да се жртвува за "детето". И родителите што не се вклопуваат во таа замисла за пожртвувани родители и умеат да воспостават здрав однос со децата се навредувани со егоисти и слично. А баш е спротивно.
Јас коментирав за постот на @Jana06 не конкретно за проблемот од @Nevenche26 . Извини не знаев дека треба да прашам за дозвола пред да пишам мислење
Па каде на друго место би биле способни? Страшно се извртува секој муабет, да го извадат човек од такт. Па увреџени, леле како не ми било срам. На такво безобразие уште финоќа бараат. @Yowannty Секоја чест на трпението да останеш културна и убаво да објасниш на вакви персони. Само џабе трудот, пак ќе отидат во екстрем.
Се збореше дека сами си направиле за да разбереме дека не чекале од родителите и тоа се преврте дека баш готовански требало да им купат и уредат живеалиште. Се збореше дека со бебе болно 5 дена не се јавуваат нит проверуваат дали се добро и тоа се преврте дека сакаат 8 саати да им чуваат дете. За чистењето не коментирам зашто не разбрав кај се разидовте. Јас проблемот не го најдов во тоа дека родителите малку помагаат финансиски или физички, туку дека се нема морална поддршка, па ако од неа произлезе понуда за финансиска или физичка можеш да ја прифатиш или културно да ја одбиеш. Комуникацијата е проблемот, ако јас не ја прашам свеква ми дали е добро нема да знам, а ако не е добро и не ја прашам дали и треба помош нема да имам ни опција да понудам или помогнам, исто и таа кон мене, ако праиме формален муабет двапати месечно нормално дека не можам да очекувам дека ќе знае кога ми треба помош, дали ќе ја прифатам е друго. За мене, кога некој ќе ми каже “тука сум барај ме ако ти требам” значи дека веќе имам помош иако фактички не ми помогнале туку се понудиле, ама јас знам дека ако на полноќ треба да тргнам на лекар на пример, не сум сама и сум посмирена. Во муабетов 100% е вклучен е сопругот, ќе работи, чува деца, чисти и готви, помошта е кога и двајцата не можеме да постигнеме нешто, што ретко се случува ама пак често ни понудена помош
тоа е нивен проблем не мој пари се праат додека сте млади Да сецразбетеме за се треба две страни У случајот снаа в.с свекрва За да имаат коректен иднос треба и двете страни да попуштаат некогаш ти некогаш она,у глобала ја не сум човек шо се врзува со пријателки другарки да сум газ и гаки јбг не сум таков карактер и затоа и до син снаа нема да сакам близина -ке почитувам, ке помагам кога јас можам ,и ере за старт ке имат живеалиште