Како не ви здосади само да го повторувате истото? Си наметнавте сами и си одговарате сами на нешто што не ни беше тема првично.
Замисла за успех бе... за шетање дете кога другото е болно се збореше, за да прашаат, повторувам, прашаат, дали сте ок со финансии (кога веќе даваат на другите синови /ќерки) и да се помогне кога жена е трудна, ама ок, се јавивте сите што сами кршевте камења за да изградите куќи на земјиште што сами си го израмнивте со голи раце.
Абе се започна од она "како мисли да го гледа детето, ако не помогне", "нека стави маска и нека дојде нека помогне да исчистам", "нека ми пушти една мсшина дур е маж ми на работа" и најјското "јас сум против средства, не чистам, мм е греота да го мачам, свеки треба да ми чисти вц во мојот стан". Ај све друго е бремена, може треба помош, ама последното? Како го жали маж и што чисти вц, а она нејќе да го чисти јер нејќе средства, па треба мајка и и свеки цел живот да и чистат нејзино вц? Све ќе разберам и оставете на страна кај живее, стан, спрат ама ова некој друг да очекувам да ми чисти мое вц нема да го разберам. Ако вас ви е нормално мене не ми е, ова е форум има право секој да и каже што мисли, јас моето мислење го изнесов. Нема зошто ни свеки мене да ми чисти вц кај што мо*ам,нити па јас на неа и свекор ми па макар како мајка и ќерка сме се сакале. Го поминав тоа еден период со заедничко вц, не фала
Се надевам дека сите што сами си сте створиле се ,ни еден ден не сте биле под кровот на свекорот,и дека од првиот ден сте отишле во лично ваш стан купен без ничија помош. Мада јас за мои години не познавам се уште некој таков ,а да сум чула богаташи да се пофалат ,на синот му купив стан ,нека си одат таму ни да им се мешам ни да ми се меша. Што е за право никој не би одбил тоа и би посакал такви родители. Ама млади да кажат собравме пари заедно да купиме???но ке речат-'дадоа родителите од двете страни да ни купат стан'.Кој е будал стан заедно да купува со некој пред брак ,коа не знае шо го чека, луѓе у брак па се разведуваат, не па дека ке има сигурност во врска. И дајте шо се докажувате?од еден општ муабет дојде на тоа јас за себе си кажувам а у ствари ги напаѓам остатокот,а реалноста кој знае на кој како му е,под маски сите сме јаки.
Има такви што не сакаат. Не можеш со сила да ги натераш. На едното дете му помагаат, а на другото не. Е тоа не можам да го разберам. Ако веќе давам, ќе давам на двете деца. Ама се е од инает спрема снаата.
Видиш нигде не реков па дека мене некој ми помогнал во мајчинството ,имав два царски реза од кои од првиот едвај жива остснав ,со сепса и ревизија на живо ,останав 20 дена у болница,за втората бременост,Киров ми рече барај си крв да не ми останиш на столот...останав 7дена на патолошка уште десет по царски..и никој не ми помагна ..не можев да се исправам 40дена,мајка ми дојде првата недела за првото,па си отиде као и било страм свекрва сум имала да не се лутела, .и сама си ги изгледав двете ,маж на работа у смени. Не ми беше муабетот шо јас сакав и што јас поминав,но и те како ми требаше помош ама немав,плачев од болка дур ја кревав преоблекував,бањав,чистев ,еве порасна за некоја година дај боже ке имам внучиња,и моето дете нема да си го оставам само коа помош ке му треба,и ме заболе свекрва и дали ке се лутел или не. И сметам од секогаш било родителот нешто остава децата доградуваат и така со поколенија, им даваш основа они се надградуваат ,за децата живееме. Па реално за кој ти е толкава куќа ако не сакаш за децата да оставиш, една соба им е доста е на двајца. Другарка имам не се мажи зема добра плата,можеше ама не си купи стан,живее на 40+со цимерки,го шета светот си угодува. Зашто еве ке вложува у стан ке си крати а ке нема на кој да остави. И децата на ластовичките се враќаат на старите гнезда. Ако куќата се води на име на свекор и пиши пропало,по развод ништо не и следува
Секој со своите околности. Јас имам посебен спрат со посебен влез што сами ги направивме. Куќата е на има на мм и свекрва ми е на спрат под нас. Се одлучив да градам прво затоа што свекрва ми е жена која има многу осет за туѓиот простор и интима. Имам другарки кои се не во посебен стан, туку и во друга држава па имаат проблеми со свекрвите многу повеќе него јас. Второ, си добив 110 квадрати се по мој ќејф градени и уредени со 35 000 евра. За тие пари не можев да купам ни гарсоњера на многу полоша локација. Интима имам, кога се карам со мм фала богу не се слуша затоа што е квалитетна градба, за разлика од фушерајски згради кај што го слушаш комшијата како прди. Од каде право да судите нечии животни одлуки? Дали некој земал станбен на 30 год, дали некој живее под кирија, дали на некој му се посреќило па добил наследство ? Читајќи ја темава останав со подзината уста од женска суета и простотилук. Мн мн ниско. Кажав макар и бан добила затоа што се згрозив.
Прво се насмеав на пишаното , sorryyyyyy ...,па после се сетив дека и те како е битен тој момент ...и за тоа раат карање си треба услови .... Ние додека бевме у ,,заедница" -шепкавме , и за карање и за ,,карање"... Затоа не би у заедница со синот и снаата утре ...ја и сега кога ќе му дојде девојката бегам на друг спрат ... јер го окркав на времето
ОМГ ти стварно не разбираш или мене така ми се чини? Зошто побогу мене ме цитираш и упорно тврдиш дека ќе пукнам од мака зошто не ми давал никој ништо? А делот па со еден стан на кредит од 30 години ќе сум им оставела на децата епаа дојди да те гушнам стварно си бре Баба Ванѓа. Ај сега вака, ти се запна дека не се можело деца да се гледаат без помош, се гледаат и тоа повеќе форумџики го нагласеа ама нели веднаш не прогласи дека ќе сме пикнале од мака дека никој ништо не ни давал. Мене ми дадоа, повеќе него што некои можат и да сонуваат ама јас кога би можела да бирам би ги вратела сите пари, имот што наследив само да ми се живи родителите, ај сега нападни ми ги и починатите родители зошто толку ти сече. Пред да наследам си имав сопствена исплатена куќа, ништо не чекав од татко ми, земав плата си отплатив куќа, мм исто така си имаше куќа кога се земавме, заедно земавме уште една, имаме уште 5 години да ја отплатиме, една, две, три.... за секое дете куќа на страна, нема да ги условувам децата да живеат со мене, не ги родив за да ме “гледаат”. Ај сега продолжи со навредите.
@LunaGrey не прашувај како знам, ама и ако е куќата на мажот, а женава живеела Х години таму, може да бара оштета и ќе добие оштета. Не е дека баш ич ништо нема да добие. Посебно ако земала кредити или чува фактури. Е ако е на свекор, свекрва име... многу е покомплицирано. Не барав маж со стан. Маж со гаќи на него најдов. Живеење во заедница јасно и гласно беше секогаш НЕ. И татко му почина, и мајка му се разболе, и моите стареат... се' уште е НЕ. Во наше, под кирија... не ми е важно, сами да сме. И зборено е ехеее, од почеток. На иста фрекфенција сме за тоа, и многу други работи. Ако се разидеме, нека е поради нас. Ни мајка, ни свекрва, никој измеѓу.
Јас мислам дека не се разбирате @bittersweet и @Jana06. Двете ве сметам за разумни и баш ми е чудно што на темава се напнавте. Овде се зборуваше за нормални фамилијарни односи. Да имаш кому да се ослониш за не дај боже. Да имаш некој близок да ти се јави и да праша како си. Па и ако нешто ти треба да ти помогне. Родителите не ни се потчинети, немаат морални обврски спрема нас, немаат должност нешто да прават кога веќе имаме своја фамилија. Ама за мене е нормално да имаат емпатија и да се понудат тогаш кога ќе треба. Битер, кога беше со корона, ти се најдоа родителите на мт. Те читав на темата каква жртва имаат направено. Не им било обврска, ама помогнале. Јас муабетот на темава во таа насока го разбирам. За хард кор очекувања некој нешто да ти даде не сум. Ако сака ќе даде и најбитно, ако има. Како родител, не можам да замислам да имам и да не дадам. Ама не сме сите исти. Интересно е што оние што не даваат, најчесто завршуваат да бараат помош. Бар такви примери имам од околината. Ако никој не ти треба, терај ја филозофојата до крај.
И јас се чудам зошто толку ја испонападнавте @Jana06. Да ја знаете членката и да сте ја читале до сега, ќе сфатите дека таа е спротивно од тоа за што ја напаѓате. Ама најбитно е да тече кавга, макар и за еден погрешно протолкуван збор
Поделени се мислењата на сите за се, ама кога станува збор за имот од родителите веднаш ношналантни предрасуди. Секој со својата среќа. А @Jana06 не кажа нешто невистинито па да рипате. Бог да чува.
@kukla21 не знам од кој е наапана @Jana06 па мене ми се пушти со секакви навреди, можеби се баш за мене, може ме помешала со друга ама ваљда имам право да се одбранам кога ме напаѓаат. Мене и тогаш кога имав корона а и сега ептен ми се најдоа родителите на мм, доволно беше децата што ги земаа не знаејќи дали и тие се заразени па да бидат реална опасност по нивниот живот, до гроб ќе им бидам благодарна и еве скоро 4 месеци како седам кај нив со децата а мм не може да дојде ради затворени граници а и ние ради рестрикции не мижеме да си одиме дома, не дека ќе ме пуштаат да си одам ама и да сакам не можам. Работата е што јас не очекувам дека МОРА да ни се помага, дали за деца, дали за домот, дали за финансии, нема никогаш да речам ааа родителите на мм се шетаат по светот а мене нема кој да ми почува 5 минути бебе да се истуширам, сум го чекала мм да дојде од работа за да можам да се туширам и готово. Имаат право и они да си го живеат животот, израснале четворица синови, ги изнеле на прав пат и уште колку треба да се жртвуваат за “децата”. За внуците се јавуваат на телефон, вибер итн кога имаат време, сеуште работат, плус имаат 11 внуци не се само моите и се трудат колку можат да им посветат внимание и не можам да се бунам зошто не дошле да ми исчистат, зготват итн кога сум била бремена или од кога сум се породила, за тоа сум се ослонувала на сопругот и на никој друг. А сум напишала и порано а и сега каква и помош да им треба на родителите на мм прва ќе бидам за помош, ништо материјално не ми треба за да ако има потреба во старост да им се помогне, не е условена мојата помош и почит, доволно е што израснале прекрасен човек со кого јас го делам животот.
Епа да ете си има начини. Имотниот лист од нашиот стан е на наше име и парцелата на куќата е поделена исто и пола е наша. Ние си ги средивме работите пред време за да не се замараме во иднина. Е сеа си плаќаме кредит, ама и да купевме стан ќе плаќавме кредит ... само што вака повеќе ми се исплатеше зошто за истата сума што ја потрошив за градбата, да купев стан ќе живеев во 70-80 м2, а вака живеам во 150м2. Ептен се добива на квадратура. Секој со свои желби нема потреба од дрски забелешки, кој што сака нека си праи. се забега во темава за свекрви и снаи
Аман бе луѓе да му се одмили коментирање ... што има да ја "знам" членката за да коментирам за некое мислење??? Коментирам за тоа што го пишала, не за неа. Мене ми падна во очи нејзиниот пост кај што ги навредува тие шо отплаќале стан цел живот и затоа искоментирав а никаде не навредив. Инаку еве сеа конечно го исчитав и почетокот на дискусијата... може да пишам мое мислење? Членкава првично што ја начна темата не напиша какo што и вие пишувате - дека е фино и нормално да се понудат родителите, туку како тие требало да дојдат да и зачистат низ дома, оти госпоѓата чаша не дигала откако е трудна, ептен била против средства па родителите вакви такви, уште што не изнакажа. Ставот и беше ептен незрел. Ако ви се понудат и прифатете супер, ама не очекувајте дека е нормално некој да ти биде слуга на скоро начукани 30 години. А нејзиното мислење баш така звучеше.
Мислењата надовор од темава, како и мислењата со лични навреди се избришани. Ве молиме продолжете со нормална дискусија околу темава. Секое отстапување од ваква дискусија ќе биде соодветно санкционирано.
И после ке збориме за извртување на зборови Не ми е чудно ако на бремена и се гади од средства. И ја би пазела на тоа. Ама имаш маж да ти помогне, имаш и алтернативи т.е. природни средства за чистење. Сигурно не би чекала на свекрва да ми чисти. Мене би ми било и непријатно ама ако на некој тоа му е ок - супер. Ама за тоа треба свекрвата или кој и да е да предложи, а ако не ти предложи и тоа е ок и не значи дека свекрвата е себична или нз што. Почудно е да се очекува некој да ти изиграва чистачка при толку опции - дома маж, природни средства, плаќање жена.
Боже господе ова на мене алудираш? Тотално извадено од контекст Прво не ни почнав со дискусија се надоврзав на други. Треба од почеток да читаш да сфатш што сме дискутирале. Тоа и беше разговорот Убаво е некој да ти понуди помош кога ти треба конкретно не ми било понудено ниту еднаш помош. Тоа дека не дигам Чаша е бидејќи маж ми ги работи сите тешки работи дај боже на сите мажите да ви се погодат така. Мене бар многу ми значи, вие кои се осеќате способни за бременост работете јас не се осеќам. Пред бременост ја правев се сега улогите се сменети. Ме терате да се објаснувам за глупости искрено. Значи не смееш да пишеш ништо без да бидеш извртена.